Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
До 18:00 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни, еден е ставен под контрола, додека осум се целосно изгаснати. Според надлежните служби, активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, потоа во кумановското село Винце, каде што е зафатена сува трева, како и на потегот од ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски уверува дека железничкиот сообраќај ќе продолжи без прекин, и покрај големата штета што ја предизвика кражбата и уништувањето на електроенергетската инфраструктура кај Драчево. Николоски соопшти дека вечерва одржал координациски состанок со директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, и директорот на „Македонски железници – Транспорт“, Дејан Кошутиќ, на кој ...
Лубеницата и дињата се омилен избор во летните денови, но многумина ги избегнуваат поради природните шеќери што ги содржат. Сепак, нутриционистите нагласуваат дека и двете овошја можат да бидат дел од здрава и балансирана исхрана, дури и кај лицата кои внимаваат на нивото на шеќер во крвта. Иако лубеницата има повисок гликемиски индекс, нејзиното гликемиско оптоварување останува ниско бидејќи содржи големо количество вода и релативно малку ...
Огромна кражба во електровлечната подстаница „Драчево“ предизвика сериозна штета врз железничката инфраструктура. Од објектот, кој се наоѓа меѓу железничките станици Лисиче и Драчево во Скопје, биле украдени бакарни жици, шини и прачки, а според првичните проценки, директната материјална штета изнесува околу 5 милиони евра. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека со кражбата е уништен значаен дел од електроенергетската опрема, ...
Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, со победа го започна новиот шампионат во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ во првото коло од есенската полусезона на Националната арена „Тодор Проески“ со 2:0 го совладаа новиот прволигаш Брегалница. Тренерот Кристијан Фабиани се одлучи за комбиниран состав, односно со фудбалери кои имаа помала минутажа во европските настапи ова лето, но и таквата постава успеа да стигне до првите три ...
Петнаесетгодишно момче од Скопје било донесено во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ со повреда од остар предмет во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи. Според изјавата на малолетникот дадена пред полициски службеници, инцидентот се случил во скопската населба Гази Баба, каде што тој бил повреден од друг малолетник кого го познавал. Момчето навело дека повредувањето се случило за време на игра и дека немало намера ...
Општина Карпош продолжува со активностите на терен за расчистување и санација на последиците од силното невреме што неодамна го зафати Скопје. Од локалната самоуправа информираат дека Карпош е меѓу најпогодените скопски општини, со голем број материјални штети, но дека сите надлежни служби се максимално ангажирани за што побрзо нормализирање на состојбата. „Карпош е една од најпогодените општини, со голем број материјални штети, но со добра ...
Француските власти спречиле планиран напад врз синагога во париското предградие Сарсел, а шест лица се наоѓаат во притвор и наскоро би можеле да се соочат со обвиненија, соопшти францускиот обвинител за антитероризам. Според информациите што ги пренесе Ројтерс, нападот бил планиран за почетокот на јули, но бил осуетен благодарение на навремената реакција на безбедносните служби. Осомничените биле уапсени по инцидентот на 12 јули, кога околу ...
Движењето ЗНАМ не е дел од власта поради функции и позиции, туку со цел да биде коректив и двигател на општествени промени кои ќе придонесат за подобар живот на граѓаните, порача претседателот на партијата Максим Димитриевски на панел-дискусијата во Прилеп, организирана под мотото „Европско ЗНАМ, за европска иднина и европска Македонија“. Димитриевски истакна дека партискиот караван има цел преку директна комуникација со граѓаните да ги ...
Канадска државјанка со кинеско потекло е уапсена во Белгија под сомнение дека шпионирала за трета држава додека била на пракса во објект на НАТО, соопштија белгиските обвинители. Според обвинителството, таа се товари за шпионажа во корист на трета земја, како и за членство во криминална организација. Засега не се објавуваат дополнителни информации за нејзиниот идентитет, ниту за земјата во чија корист наводно дејствувала. Осомничената ...
Полемиката околу преговарачката рамка со Европската Унија повторно ја вжешти политичката сцена, откако поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи повторно го објави своето видео во кое ја објаснува структурата на преговарачкиот процес и тврди дека прашањата поврзани со Бугарија не претставуваат пречка за евроинтеграциите на Македонија. Во видеото, Османи на бела табла го објаснува процесот, наведувајќи дека преговарачката рамка се ...
Огромна количина дрвна маса остана зад силното невреме што пред неколку дена го погоди Скопје, а дел од неа веќе се транспортира од различни локации низ градот. Од Град Скопје велат дека дрвјата нема да завршат како отпад, туку ќе бидат искористени за потребите на јавните претпријатија. По невремето, кое донесе ветер со брзина поголема од 130 километри на час, низ главниот град беа урнати стотици дрвја, оштетени покриви, огради и голем број ...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со засилено темпо, а две од планираните галерии се целосно завршени, додека на третата интензивно се работи. Ова денеска го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при увидот во градежните активности на делницата меѓу Пресека и Кичево. Според него, паралелно се изведуваат работи на стабилизација на земјиштето, довршување на мостовите и на двете тунелски цевки, со што ...
Забраната за пиење и користење на водата за домашни потреби во Крушево сè уште останува во сила, откако Центарот за јавно здравје од Прилеп утврди дека водата е бактериолошки неисправна. Од Центарот информираат дека забраната ќе важи сè додека не бидат добиени три последователни примероци со исправни резултати од анализите, по што ќе може да се донесе одлука за повторно користење на водата. Од Јавното претпријатие „Комуна“ – Крушево посочија ...
СДСМ обвини дека состојбата со исправноста на водата за пиење во повеќе населени места во Македонија претставува сериозен проблем и побара итна реакција од надлежните институции. Од партијата наведуваат дека водата не е безбедна за пиење во седум населени места – Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок и Преглово, предупредувајќи дека дополнителен ризик постои и за други општини кои се снабдуваат од изворот Студенчица. СДСМ ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека случајот со водата во Гостивар се користи од страна на Венко Филипче и актуелното раководство на СДСМ за политички цели и собирање, како што рече, „евтини политички поени“. На прес-конференција во партиското седиште, Петрушевски упати критики до опозициската партија, обвинувајќи ја за манипулација со информации и создавање паника меѓу граѓаните. Како пример за ваквото ...
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по претежно суви коловози, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќајот е зголемен на патните правци надвор од градските средини поради летната сезона. На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу два часа поради зголемената фреквенција на возила. На Табановце, пак, за влез во Македонија времето на чекање е околу 30 минути. На ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека од денеска американските царини за српските производи се намалени на нула проценти, откако претходно изнесуваа 35 проценти. Во гостување на РТС, Вучиќ оцени дека станува збор за голема можност за српската економија и најави дека во иднина царините би можеле да бидат меѓу 10 и 12 проценти, но дека во моментов, додека траат разговорите со американската администрација, ќе останат на нула. ...
Бура проследена со силен ветер, пороен дожд и грмежи погоди повеќе делови од Грција, вклучувајќи ја и Атина, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и материјална штета, јавуваат грчките медиуми. Според податоците на Националната опсерваторија во Атина, најобилни врнежи биле регистрирани во централните и северните делови на земјата, додека во текот на невремето биле евидентирани десетици илјади удари од гром. Во Пиреја, силниот ветер урнал ...
По свежите утра, викендов ќе донесе стабилно и топло време низ Македонија, додека нов бран нестабилност со дожд и грмежи се очекува од почетокот на следната недела. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде најизразен во источните делови од земјата и долж Повардарието. Утринските температури ќе се ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со пораз го започна настапот на Европското првенство од Б Дивизијата, кое се одржува во Опатија. Нашите јуниори загубија од Грузија со 83-66, откако по рамноправна игра во првите три четвртини, противникот го реши натпреварот во последниот период. Македонија отвори добро и по изедначената прва четвртина (17-16), избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ одиграа одлично во вториот период. ...
СДСМ обвини дека загадувањето стигнало и до Скопје, откако во реката Вардар била забележана бела пена која се слева од Лепенец. Од партијата велат дека, по проблемите со загадена вода во повеќе градови, појавата на белата пена е уште еден показател за, како што наведуваат, системски колапс на институциите. Според нив, пената, која наликува на синтетичка материја, е видлив доказ за загадување. Во меѓувреме, на терен се екипи на инспекциските ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху во вторник ќе престојува во Вашингтон, каде што е предвидена средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, пренесе ДПА, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на израелската влада. Според соопштението, Нетанијаху ќе отпатува во САД во понеделник по покана на Трамп. За време на посетата, израелскиот премиер ќе присуствува и на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој ...
Македонска државјанка (43) е уапсена во Улцињ под сомнение дека со автомобил намерно прегазила и усмртила куче, соопшти Полициската управа на Црна Гора. Според информациите, станува збор за С.С., која по наредба на Основното државно обвинителство во Улцињ е лишена од слобода и против неа е поведена кривична постапка. Од полицијата наведуваат дека по настанот осомничената се обидела да ја напушти Црна Гора, но била запрена на граничниот ...
Собранието со 67 гласа „за“ и 13 „против“ го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор, со што официјално заврши процесот на реконструкција на Владата. Зејнула, кој е претседател на Демократската партија на Турците, на функцијата доаѓа по неодамна потпишаниот коалициски договор меѓу неговата партија и ВМРО-ДПМНЕ. Изборот не го поддржа опозициската СДСМ. Пратеникот Оливер Спасовски посочи дека нивниот став не е насочен лично кон Зејнула, ...
Општина Бутел обезбеди донација од 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар, како помош поради проблемите со водоснабдувањето во градот. Од локалната самоуправа информираа дека донацијата има за цел да им помогне на гостиварци во периодот кога водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење. Градоначалникот Дарко Костовски упати благодарност до членовите на Советот на Општина Бутел за поддршката на иницијативата, како и до ...
Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година, објави градоначалникот Александар Стојкоски. Мерката предвидува секое прваче да добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, а целта е децата да имаат еднаков ...
По периодот на високи летни температури, денеска во поголем дел од Грција се очекува значителна промена на времето. Метеоролозите најавуваат дожд, грмежи, локално невреме, силен ветер и пад на температурите под просекот за овој период од годината. Нестабилното време најпрво ќе ги зафати Јонските острови и западниот дел од земјата во утринските часови, а потоа ќе се прошири кон поголемиот дел од грчката територија. Поројни врнежи и грмежи се ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од над 1,15 милиони евра за осомничениот Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по што му е укината мерката притвор и ќе се брани од слобода. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено, заради обезбедување на присуството ...
Министерството за внатрешни работи одзеде патничко возило „Фолксваген Артеон“ и лиши од слобода возач – почетник на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово кој возел со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат. -При сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека 18-годишник, како возач-почетник, управувал со брзина далеку над законски дозволените ...