Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Македонија има најевтина основна потрошувачка кошница во Европа, тврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи ги најновите податоци на Евростат. Како што рече, вредноста на основната потрошувачка кошница изнесува 49,7 проценти од европскиот просек. На прашањето дали тоа е доволно, Мицкоски одговори дека не е. Најави дека лично работи на анализа на околу 600 производи што влегуваат во пресметката на статистичката потрошувачка кошница. ...
Утре со почеток во 20:00 часот, на платото пред арена „Борис Трајковски“ се организира собир на кој ќе му биде оддадена почит на Владо Јаневски. „Утре, во 20:00 часот, на платото пред арена Борис Трајковски ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски. Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес. „Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака контролиран како што Христијан Мицкоски тргнал да ...
Државниот архив објави јавен повик до граѓаните и приватните иматели да подаруваат архивски материјали од историско значење, со цел нивно трајно зачувување и ставање на располагање за научни истражувања. Од Архивот посочуваат дека се бараат документи и друга архивска документација што има значење за националната и локалната историја, како и за политичкиот, стопанскиот и културниот живот во минатото. Подарениот архивски материјал ќе биде ...
Денес и официјално беше назначен Димитар Митревски за нов претседател на ФК Пелистер, откако претходното раководство си поднесе оставка по испаѓањето на Пелистер од Прва во Втора лига. По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, акционерот односно општина Битола го избра новиот претседател, Митревски доаѓа на местото на Александар Стефановски. 38-годишниот Митревски зад себе има успешни проекти во сферата на маркетингот и ...
Советот на општина Штип даде зелено светло за продажба на дел од акциите во сопственост на општина Штип во друштвото за спортски дејности фудбалски клуб Брегалница 2008 АД Штип. Со ова се отвара патот Брегалница да добие инвенститор, а со тоа клубот да се организира за новата сезона во Првата лига, која треба да започне на 25 јули. „На гласање ставам предлог одлука за отпочнување постапка за продажба на дел од акциите во сопственост на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека лично тој ја води операцијата за анализирање на цените на 600 прехранбени производи. Најави дека многу скоро резултатите ќе бидат видливи на терен. „Детално навлегуваме во оваа проблематика. Лично јас се занимавам со идентификување на тие 600 производи кои влегуваат во статистиката и јас лично го имам тоа како врвен приоритет“, рече премиерот Мицкоски денес по свеченото пуштање во употреба на нова ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати на Парламентарниот Самит на Парламентарното Собрание на НАТО (ПС на НАТО), што на 28 и 29 јуни 2026г. се одржува во Истанбул, Турција. Во делегацијата што ја предводи претседателот Гаши, се и пратеникот Драган Ковачки, шеф на Делегацијата на Собранието на РСМ во ПС на НАТО, како и Ибуш Јусуфи, заменик генерален секретар на Собранието. Парламентарниот Самит на ПС на НАТО, на кој учествуваат ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска со директорката на Светска Банка на регионот, Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари за ажурирање на проектната документација и обука на корисниците, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица – фаза 2: наводнување и фаза 3: производство на ...
Шкендија Арачиново е меѓу најактивните прволигаши на трансфер пазарот, дебитантот во Прва лига го промовираше 26-годишниот Верли Капанема Фереира, Бразилец кој доаѓа од нисколигашот Мадуреира. Низ досегашната кариера има настапувано само за бразилски екипи, а меѓународна кариера градеше во Белизе, носејќи го дресот на Белмопан. Силекс претстави ново засилување за следната сезона, се работи за 20-годишниот Никола Манојлов, кој доаѓа од ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, државното ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави уредување на просторот околу зградата на МАНУ. „МАНУ е една од најважните и највредните институции во Македонија, дом на науката, уметноста, знаењето и мислата што ја движи државата напред. Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, извршивме обиколка на просторот околу седиштето на оваа значајна институција. Како Град Скопје, ќе ...
Македонските ракометни суперлигаши продолжуваат со ангажирање на нови засилувања за следната сезона. Меѓу поактивните околу кроењето на ростерот за новата сезона е РК Бутел Скопје, кој во иднина ќе го предводи Стојанче Стоилов, a кој ја продолжи соработката со Дејан Михајловиќ, двете страни се договорија за продолжување на соработката до 2028 година. Михајловиќ беше еден од најдобрите стрелци минатата сезона за скопскиот суперлигаш. Во Бутел ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се подготвува за своето деби на Вимблдон, а за противник ја доби Аманда Анисимова. Ѓорческа имаше одлични натпревари во квалификациите, кои ги доби и стана првата македонската тенисерка која ќе заигра на Вимблдон. Ѓорческа во првото коло ќе се соочи со Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон, а годинава е рангирана како шеста носителка. „Квалификациите минаа одлично. Отсекогаш ...
Три второлигаши досега променија тренер за новата сезона – Новаци, Беласица и Брера Струмица со нови предводници ќе ја стартуваат сезоната. И натаму има екипи кои имаат испразнето тренерско столче, но и екипи кои размислуваат во насока да направат освежување во стручниот штаб. Кожуф и Пелистер се екипите кои и натаму немаат решено тренерско прашање. По оставката на Иван Варадиновски, Кожуф остана без тренер и засега официјално клубот од ...
Во Трубарево денеска беше отворена нова детска градинка „Кокиче“. „ Со огромна чест и гордост ја пуштивме во употреба новата детска градинка „Кокиче“, капитален проект кој повеќе децении беше желба и потреба на жителите од ова населено место. Денес тоа што долго се чекаше, конечно стана реалност. Изградивме современа детска градинка на површина од 720 квадратни метри, со пространи и функционални занимални, административни простории, современа ...
Македонскиот пејачк Владо Јанаевски ќе биде погребан во среда, 1 јули, на градските гробишта во Бутел. „Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на ...
Што ќе добие ЗНАМ, а што Вреди со реконструкцијата на Владата премиерот Христијан Мицкоски ќе соопшти утре, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денес официјално кажа само дека има договор околу ресорите. „Ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно имаме договор околу ресорите. Јас во минатото кажав додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори, ниту ...
СДСМ обвини дека Владата го довела во ризик пензискиот систем и ја загрозува исплатата на пензиите, како и функционирањето на вториот пензиски столб. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека дупката во ПИОМ достигнала речиси 40 проценти, што, според неа, е показател дека Владата нема решение за долгорочна стабилност на пензискиот систем. „Изјавата на гувернерот Трајко Славески, дека до 80% од ...
Од ноќеска на полноќ, цената на дизелот ќе се намали, а цената на бензините ќе се зголеми, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 30.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар) Дизел гориво ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата детска градинка „Пролет“ во Општина Гази Баба, при што истакна дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобар квалитет на живот на граѓаните. Тој нагласи дека првите шест до седум години од животот се клучни за развојот на децата и дека градинките се местата каде што тие стекнуваат знаења, пријателства и животни вредности. „Родителите сега ќе знаат ...
Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на ...
Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексис Г. Гринкевич, утре во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Генералот Алексис Г. Гринкевич како командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), ја има севкупната команда над операциите на НАТО на ...
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта, информира УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен ...
Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за европски прашања, Бујар Османи, го обвини ВЛЕН дека не направило ниту еден чекор кон Европската Унија и дека ги понижило Албанците во земјата. „Во рамките на серијалот ‘Две години понижување – ВЛЕН ништо’, денес ќе зборуваме за можеби најголемиот неуспех на ВЛЕН: неуспехот на европската идеја и начинот на кој тој неуспех им штети на Албанците. Ние Албанците во оваа држава отсекогаш сме биле ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата, двајцата министри изразија задоволство од развојот на билатералните односи во изминатите три децении и ја потврдија заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Во разговорите беше ...
Општина Ѓорче Петров денес ја одбележа 105-годишнината од смртта на својот патрон, македонскиот револуционер, просветител и идеолог Ѓорче Петров. Пред неговото спомен-обележје во реонскиот парк, беше положено цвеќе и беше оддадена почит на еден од најзначајните дејци во македонската национална историја. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претставници на институции, политички партии, ...
Девет независни граѓански иницијативи побараа итни измени на Изборниот законик со кои, како што наведуваат, ќе се изедначат условите за учество на изборите со оние што важат за политичките партии. Станува збор за иницијативите „Шанса за Центар“, „Независни заедно“, „Подобро за Тетово“, „Ред за Куманово“, „Поинаку – Битола“, „Зелените од Гази Баба“, „Стига е – Струмица, Ново Село и Босилово“, „Ја штитам Беласица – Ново Село“ и „Движење ...
Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење по повод смртта на Владо Јаневски, еден од највлијателните македонски музички автори и изведувачи, кој со своето богато творештво остави неизбришлива трага во современата македонска музика. „Владо Јаневски беше уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обедини генерации љубители на македонската музика. Неговото творештво, ...
Алијансата за Албанците изразува длабока загриженост за начинот на финансиско управување во Општина Чаир. Од таму велат дека општината се задолжила со два милиони евра кои, како што велат, ќе се искористат за отплата на стари долгови. „Советот на Општина Чаир ја усвои одлуката за започнување на постапка за земање долгорочен кредит во износ од 120 милиони денари, односно околу 2 милиони евра. Според презентираните материјали, овие средства не ...