Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Малопродажната цена на бензинот евросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари за литар (ден./литар) и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар, а евросупер БС-98 поскапува за два денари и новата цена ќе биде 90 ден./литар. Дизелот поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 ден./литар, со што новата цена ќе биде 86,50 ...
„За жал, асоцијациите и здружението на вработени во секторот, до сега немаа можност, со својата експертиза, знаење и искуство да дадат придонес во процесот на изработка на ново одржливо законско решение. Иако сме прва линија на имплементација на актуелниот важечки закон за игри на среќа, кој е еден од најстрогите во регионот и пошироко, ни беше ускратена можноста преку инклузивен процес да креираме регулатива согласно сите европски и светски ...
Посебен повод за гордост е настапот на Илина Станојевска, која го освои првото место во својата категоријата и стана балкански првак. Овој резултат е значаен за македонскиот триатлон, бидејќи доаѓа од најмладите категории. Тоа покажува дека Македонија има млади спортисти со голем потенцијал и дека триатлонот кај нас се развива во вистинска насока. Одличен настап имаше и Јован Кутаноски, кој го освои второто место во категорија деца, со што ...
Во авторски текст за грчкиот весник То Вима, Константинос Гациос, почесен професор и поранешен ректор на Атинскиот универзитет за економија и бизнис, оценува дека таквото толкување е правно неосновано. Тој директно се повикува на членот 7 од Преспанскиот договор, кој изрично признава дека кога Грција ги користи поимите „Македонија“ и „македонски“, тие се однесуваат на грчката цивилизација, грчката историја, грчкото културно наследство и ...
„И поранешните власти во овие две држави обезбедувале консензус кога станува збор за стратешки прашања и за надворешни предизвици. Тоа не го направи претходната влада, која беше во една, би рекол, прилично очајна состојба тогаш и беше подготвена да коленичи и да прифати бел лист хартија би рекол за да остане на власт. Граѓаните тоа го препознаа, ги казнија и ги испратија во опозиција, на следните избори ќе ги испратат и на политичките ...
Жири-комисијата во состав Снежана Коневски-Руси, претседател Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ ги оценуваа претставите. Руси синоќа ги соопшти наградените, а уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, им ги врачи. Според оценките на публиката, со просечна оценка од 4,75, ајдобра претстава беше прогласена „Амадеус“ од Питер Шефер, во режија на Андреј Цветановски, на Турскиот театар. Тие и минатата година ја добија оваа награда за ...
Она што лежи под мразот на Антарктикот останало скриено милиони години, древен пејзаж од високи планини и длабоки долини, закопан под замрзнато „море“ од белина. Со децении наназад, радарските снимки и геофизичките мерења постепено го откриваат овој скриен свет, новите истражувања сега укажуваат на постоење на структура од огромни размери. Под Источен Антарктик, тим геофизичари предводен од Егидио Армадиљо од Универзитетот во Џенова ...
Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според конкурсот на МОН, првото е од 00.00 часот на 12 јуни до 23.59 часот на 15 јуни, а второто пријавување е на 23 јуни. Во августовскиот уписен ...
„Цените на нафтените деривати почнаа од денеска да се намалуваат, а одлуката која што би требало да ја донесе РКЕ се однесува за минатата седмица. Според нашите калкулации, бидејќи престанува да важи кризната состојба, бидејќи договорот е постигнат, очекувам цените да се движат тука во рамките на половина денар и исти да останат кога станува збор за дизел-горивата и околу денар и пол до два денари зголемување кај бензините. А следната недела ...
Швеѓаните имаа фантастичен старт на Мундијалот, бидејќи ретко кој очекуваше толку убедлив триумф над секогаш незгодната и конкурентна селекција на Тунис. Високата победа ја најави Ајари уште во седмата минута, а Исак во 30. минута зголеми на 2-0. Надежта на Тунижаните им ја врати Рекик, кој пред крајот на првото полувреме реализираше за 2-1, резултат со кој се замина на пауза. Сепак, по само 15 минути игра во вториот дел, Ѓокереш ја врати ...
Финалето не беше неизвесно, Барселона доминираше, Фуксе Берлин при крајот успеа да се доближи, но ништо не наговестуваше пресврт. Барселона на полувремето имаше предност од четири разлика, беше 20-16. Каталонците неколкупати имаа и највисоки шест голови разлика, конечниот резултат беше 37-34. Луис Фраде одигра извонреден натпревар, постигнувајќи седум гола од седум шута, зад него останаа Јанц и Гомез со по шест, а Макуч постигна пет. Гидсел ...
Договорот, како што денеска информира ПИОМ, го потпишале директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов и Винфред Пингера во име на австриските институции. „Сакам да истакнам дека овој Договор е значаен напредок во нашата соработка и ќе овозможи поефикасна и побрза размена на податоци кои се од голема важност и ќе придонесе да се забрза процесот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување за граѓаните на Македонија и на ...
Според неа, во современиот свет безбедноста повеќе не се мери само преку воена моќ, туку преку отпорноста на институциите, довербата на граѓаните и способноста на државата да функционира под притисок. Целта на хибридните актери често не е освојување територија, туку слабеење на довербата на општеството во самото себе и во своите институции, вели професорката Јакубек-Лалик. „Прашањето повеќе не е само каде се наоѓа една држава географски, туку ...
Во врска со најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека наесен се очекува да биде поставен камен-темелникот за брзата пруга на Коридорот 10, од Куманово до Гевгелија и дали можеби треба да предизвикува некаква загриженост најавениот „супервоз“ на релација Софија-Атина, Николоски рече дека во овој контекст визијата на Мицкоски имала важна улога во развојот на овие проекти, а дека нема случајности е споменатата средба на 18 јуни. „Колку ...
Шпанецот со грузијско потекло, Илија Топурија важеше за огромен фаворит, дури и кога беше најавена борбата многумина тврдеа дека борбата нема да биде рамноправна и му е потребен посилен противник. Но, Џастин Гејчи кој важи за американски патриот, очигледно дополнително мотивиран од локацијата на настанот, не само што победи, туку и го претепа Илија Топурија и му ја зема титулата. Борбата беше прекината по четвртата рунда откако братот и ...
Еден од најострите коментари дојде од израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич, кој оцени дека договорот е „лош за Израел“ и за „целиот слободен свет“. „Заедничката кампања постигна многу во слабеењето на Иран и тие резултати нема да бидат залудни. Ќе мора да продолжиме со кампањата за самите, на креативни начини, да го урнеме режимот и да обезбедиме Иран никогаш да не добие нуклеарно оружје“, напиша Смотрич на социјалната мрежа Икс. ...
Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Перински истакнал дека Министерството преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на нивните капацитети и поефикасно извршување на надлежностите. -Во изминатиот период преку Ресурсниот центар испорачавме повеќе важни алатки и документи наменети за градоначалниците и општинските администрации. Денеска ...
Пожарникарите од ТППЕ Куманово првата интервенција ја реализирале во периодот од 15:00 до 17:00 часот во населбата „Перо Чичо“, во близина на „Багрем бања“, каде било опожарено подрачје со сува трева. Во интервенцијата биле ангажирани две противпожарни возила и четворица пожарникари. Жителите од месната заедница „Панче Пешев“ лани и сега алармираат за речиси секојдневно палење отпад, смет, шут и гуми на потегот од Спомен-костурницата до ...
Компанијата Јунитри Роботикс неодамна го претстави хуманоидниот робот Р1 по почетна цена од околу 3.430 евра, што го прави најевтиниот модел на компанијата досега, пренесува Чајна дејли. Ноетикс Роботика го лансираше роботот Буми за 1.280 евра, додека Бустер Роботика ја претстави серијата К1 со почетна цена од 3.820 евра. Падот на цените ја зафати и индустријата за индустриски хуманоидни роботи. Моделот Т1 на компанијата Астрибот се продава ...
„РЦУК – Штип, известува дека Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) -Штип вчера во 15:05 часот, добиена е пријава за пожар во атарот на село Долани, Општина Штип, зафатена голема површина каде што горело сува трева стрниште и нискостеблеста шума. На терен биле излезени ТППЕ-Штип со четири противпожарни (ПП) возила и 15 пожарникари, од ДПД-Штип две возила и шест доброволци , еден скип од Јавното претпријатие (ЈП) Стипион Штип, четири ...
Иако сè уште станува збор за рамковен договор, тој претставува најголемиот пробив кон решавање на конфликтот што однесе илјадници животи и ги наруши енергетските пазари, откако почна со заедничките американско-израелски напади врз Иран во февруари. „Договорот со Исламската Република Иран сега е завршен“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Трут сошл околу 17:30 часот по вашингтонско време во неделата. Неговата ...
По компјутерската томографија на градниот кош, лекар од локален здравствен центар ѝ дијагностицирал можен тумор на белите дробови. Преку платформата за двонасочно упатување на локален медицински конзорциум, Џоу била префрлена во Петтата народна болница во Ченгду на операција за отстранување на туморот, без самата да мора да се пријавува и да чека ред. Откако нејзината состојба се стабилизирала по операцијата, таа била вратена во локалниот ...
Спектакл на патеката во Барселона, Хамилтон стави крај на двегодишниот пост и првпат со болидот на Ферари дојде до победа. За Хамилтон ова беше 106. победа, Ферари конечно имаа брилијантна стратегија која даде резултат. Британецот почна на меки гуми, направи голем хаос со неочекуваното брзо второ менување на гумите по што леташе на патеката и ја направи клучната предност. На крајот доби мала помош од возилото за безбедност, кое му овозможи ...
Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл оцени дека денешниот напад врз либанската престолнина се случил во особено чувствителен момент за дипломатските напори во регионот. “Нападот на Бејрут утрово не требаше да се случи, особено на ваков важен ден кога сме многу блиску до постигнување на мировен договор со Иран”, изјави Трамп. Тој нагласи дека Израел има право да се брани од безбедносни закани, но оцени дека инцидентот што му ...
Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и дневни температури од 28 до 34 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Собранието во рамки на 104. пленарна седница минатата недела ја усвои потребата од носење на предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри. Законот се носи во редовна постапка. По јавната расправа ќе следува доставување амандмани односно второто читање на предлог законот, по што треба да следува финално гласање од страна на пленумот. Собранието во рамки на 104. пленарна седница минатата недела ја усвои потребата од носење на ...
Стручњаците ја следеле таканаречената „возраст на срцето“, односно биолошката возраст на срцето во однос на реалната животна возраст на лицето. Кога срцето е биолошки постаро од организмот, ризикот од срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања се зголемува. Според истражувачите, хроничниот стрес поврзан со финансиски проблеми може да доведе до зголемено лачење на стрес хормони, покачен крвен притисок, повисоко ниво на ...
Натпреварот на „НРГ Стадионот“ во Хјустон понуди вистинска голеада. Аутсајдерот парираше до пред полувремето, меѓутоа потоа следуваше сериозен пад и тоа се одрази на резултатот. Првиот гол беше дело на Феликс Нмеча во шестата минута откако доби топка низ одбраната од Вирц. Изненадувачки Курасао стигна до израмнување во 21 минута од средбата, кога Леон Коменсиа го матира Нојер со помош на блокот пред себе (1-1). До полувремето за Германците ...
Поздравни обраќања на форумот ќе имаат Беким Сали, министер за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Јусуф Зејнели, ректор на Универзитетот во Тетово – Тетово, Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Александар Иванов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Главното обраќање, како што се наведува во најавата, ќе го има Јулијан Чифу од ...
„Во врска со став 7 од Заклучоците на Советот за проширување – Северна Македонија и Албанија од јули 2022 година, во врска со став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и споменувањето на официјалниот јазик, според нејзиниот Устав, како јазик на превод на законодавството на ЕУ, Бугарија со ова го повторува следново, бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации). Три од ...