Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Јаневска најави воведување дуален концепт и во високото образование. Со новиот закон, како што објасни, првпат се предвидени втор и трет циклус стручни студии, како и кратки студии за специјализација во одредени професии. Како што нагласи министерката со академското дуално образование ќе бидат опфатени главно техничките струки. Според министерката, овој принцип на школување се воведува и на факултетите, не само зашто тоа го бараат некои од ...
Ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, истакна дека Универзитетот очекува новиот закон да обезбеди поголема автономија – функционална, финансиска и кадровска – што е еден од клучните приоритети на институцијата. Таа посочи дека одредби кои во моментот се пререгулирани треба да се релативизираат или отстранат, за универзитетите да можат да донесуваат свои критериуми за избори и реизбори во академски звања, со што ќе се почитуваат специфичностите ...
За време на посетата, предвидена е билатерална средба со заменик-претседателот на Владата за европска и евроатлантска интеграција на Украина, Тарас Качка, на која ќе се разговара за напредокот во процесот на европска интеграција, спроведувањето на реформите и унапредувањето на соработката меѓу двете земји во пристапниот процес кон Европската Унија. За време на посетата, предвидена е билатерална средба со заменик-претседателот на Владата за ...
По повод свеченото отворање, Нептун подготви 100 награди за посетителите, како и двојно поени за секое купување, што го прави овој ден идеална можност за паметен шопинг. Целиот настан ќе биде проследен со добра забава, пријатна атмосфера и музика, создавајќи вистинско шопинг-доживување за сите генерации. Како дел од Балфин груп (BALFIN Group), Нептун континуирано инвестира во модернизација, подобрување на услугите и создавање на простори кои ...
Согласно техничката спецификација, проценетата вредност на машината е близу 3 милиони денари со пресметан ДДВ. Во случајов Општина Карпош ќе го кофинансира проектот со 330.000 денари со вклучен ДДВ, односно ќе учествува со финансиски средства во висина од 11% од вредноста на набавката. Со мнозинство гласови беше поддржана и предлог – одлуката со која Советот дава согласност за распишување на јавен повик за избор на членови на Советот за ...
Од Обвинителството нагласуваат дека во однос на реакциите на јавноста во врска со определената мерка за обезбедување – куќен притвор за Артан Груби, еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа. „Таквите ...
Од досега процесираните компании, од десет најмалку шест, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот, изјави Алиу. Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до заклучок стручната комисија на Министерството да покрене постапка за одземање на лиценците, затоа што постапката е сѐ уште е во тек. На прашање дали може да ги соопшти имињата на тие компании, ...
Објавувајќи ги санкциите на четвртата годишнина од војната, владата соопшти дека „Транснефт“ е една од најголемите светски компании за нафтоводи и дека носи повеќе од 80 проценти од рускиот извоз на сурова нафта. Целта е дополнително да се намалат руските приходи од енергија. Санкциите, исто така, вклучуваат 48 танкери за нафта, соопшти владата. „Велика Британија денес презеде решителни мерки за да ги прекине клучните текови на финансирање, ...
Според Извештајот, во декември лани на изведувачот му се исплатени 1.180.803.394 денари. На терен вршени се земјани работи на делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп- Битола. Работите опфаќаат расчистување на теренот, отстранување на хумус и ископ на неподобен материјал, ископ на материјал од усеците на трасата и обезбедување материјал за работите преку транспорт и насипување. На местата каде што е потребно преземени се мерки ...
Меѓународниот аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ аеродроми и членка на групацијата АДП и оваа година ја доби престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2025-та година за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми(ACI). Наградата која скопскиот аеродром ја добива по 11 пат е уште едно признание од патниците во заминување кои што ги пополнуваа анкетите за ...
Вкупно 76 крводарители се приклучија на акцијата, покажувајќи ја својата солидарност и посветеност кон спасување човечки животи. „Шеста година по ред со големо задоволство во нашиот хотел ја реализираме оваа хумана активност во соработка со локалната организација на Црвениот крст. Нашите вработени и граѓани одговорија на повикот и успеавме да обезбедиме нови крвни единици за локалните здравствени установи. Воедно со поддршката на ...
Во услови на ниско ниво на кислород, како оние што се наоѓаат во високите планини, црвените крвни зрнца можат да го променат својот метаболизам и да „апсорбираат“ шеќер од крвотокот, дејствувајќи како „гликозни сунѓери“, според извештај објавен во списанието „Клеточен метаболизам“. На големи надморски височини, способноста за транспорт на повеќе гликоза им дава на црвените крвни зрнца дополнителна енергија за поефикасно пренесување на ...
Кавадарчани ја запишаа втората пролетна победа и се искачија на седмата позиција со 24 бода, додека „лавовите“ останаа на 19 на десеттото место. Гостите беа поконкретни уште во првиот дел, но не успеаја да го совладаат расположениот Ристо Јанков, кој одбрани неколку сериозни обиди. Македонија ЃП се обидуваше преку контранапади, но недостасуваше завршница. Тиквеш дополнително беше ослабен со повредата на капитенот Даниел Мојсов, а во првиот ...
Преку народните ора, песни и носии, ние ја оживуваме историјата, обичаите и духот на нашиот народ, токму она што карневалот го слави – автентичноста и колективната радост, вели Ленче Карачанакова, раководителка на Здружението за песни и ора „Фолклорна низа“, кое по шести пат ќе учествува на Струмичкиот карневал и вечер, на Големото карневалско дефиле, ќе се претстави со маската „Бал на цветовите“. Маската ја симболизира радоста, разноликоста ...
„Безбедност на затвор е состојба во која затворската установа е органзирана и заштитена така што се спречува бегство на притворениците, се одржува ред и дисциплина внатре, се заштитуваат вработените, притворенциите и посетителите, се спречуваат насилство недозволени предмети и криминални активности. Се гарантира сигурноста на општеството надвор од затворот. Тоа значи комбинација од физичка заштита (ѕидови, решетки, камери) организациски мерки ...
Во студија објавена во списанието Сајанс, експерти за ветеринарна и хумана медицина истражувале можни сличности меѓу луѓето и мачките во однос на ракот. „Иако таквите врски помеѓу кучиња и луѓе беа истакнати во претходни истражувања, практично ништо не постоеше во врска со нашите пријатели мачките“, вели Луиз ван дер Вајден, истражувач за онкогенетика во британскиот институт Велком Сангер и коавтор на студијата. „Сепак, мачките, како и ...
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Оттаму потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од ...
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и ‘вртеше’ телефони интересирајќи се за исказот на Артан ...
На овој начин можеме да ги тестираме играчите од младинскиот погон и од втората екипа и постепено да ги интегрираме во првиот тим. Дел од групата што допатува во Скопје се Лино Дукетис, Макс Преглер, Јонатан Атин, Јонас Рике, Леандер Алтена, Леон Штел, Џејсон Вилфер и Павел Кравчик Им веруваме на младите. Тие веќе покажаа дека се подготвени за вакви предизвици На овој начин можеме да ги тестираме играчите од младинскиот погон и од втората ...
„Истрагата, отворена во февруари 2021 година, е насочена кон поранешни највисоки раководни лица на банката, односно членови на надзорните и управните структури и лица одговорни за кредитната политика и носењето на клучните финансиски одлуки. Според информациите што досега беа објавени во јавноста, предмет на истражување се сомнежи за незаконско и високо ризично кредитирање на компании, воспоставување систем на меѓусебни позајмици со цел ...
„Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом, соопштуваат од ЈСП Скопје. Оттаму појаснуваат дека ...
Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок коишто компаните во 2023 година го уплатија согласно Законот за данок на солидарност, објави МИА. Од Министерството за финансии велат дека процесот за враќање на средствата уплатени согласно Законот за солидарен данок е започнат. – Донесен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на ...
Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура. „Еден сегмент што треба дополнително да се доуреди е начинот и условите под кои ќе се врши откуп на оризовата арпа. Во изминатите месеци беа воочени бројни неправилности кај дел од компаниите, од кои најголем дел се санкционирани согласно постојните законски прописи“, посочи тој. „Потребно е унапредување и прецизирање на процесот за да се спречат можни ...
АМСМ соопшти дека од изутринава поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километра по бензинската станица „Детоил“, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри. Екипите на ЈП „Македонијапат“ се на терен и работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. АМСМ соопшти дека од изутринава поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километра по бензинската ...
Технологија која ве штити од љубопитни погледи Овој напредок не е случаен. По пет години интензивно инженерство и проучување на навиките на луѓето, „Samsung“ создаде фузија од хардвер и софтвер која е експертски калибрирана да ве заштити без да ви пречи во користењето. Новото ниво на приватност ви овозможува да ги проверите вашите пораки или да внесете лозинка додека сте во гужва, без да размислувате кој би можел да види. Она што е најдобро е ...
100% застапеност на Албанците во Арачиново и Боговиње, 100% Македонци во Прилеп, Пехчево, Пробиштип На локално ниво видлива е концентрацијата на вработените според етничка припадност во зависност од застапеноста на етничките заедници во конкретната општината. На ниво на Град Скопје најзастапени со 74,20% се Македонците, со 16,08 % се Албанците, а на трето место според застапеноста со 3,18% се Ромите – покажуваат последните објавени податоци ...
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија. „Титаниум“ ...
Преовладуваат пречекорувањата на најголемата дозволена брзина на движење – дури 4.691 возач биле снимени како возат пребрзо. Дополнително, кај 203 случаи станува збор за возење со неважечка сообраќајна дозвола. Намален е бројот на прекршоци за минување на црвено светло. Изминатата седмица се регистрирани само 16 вакви прекршоци, што претставува намалување од 51,5 отсто во споредба со претходната седмица, кога биле евидентирани 33 случаи. Овој ...
Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го предвид фактот дека во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека тој доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните ...
Фит Фан Волеј загуби со 3:0 од Вардар ЕМ во соочување кое беше и најинтересно во оваа рунда. Мечот се играше изедначено, особено во првите два сета, со резултатски пресврти и подеми и падови на двете страни, но „црвено-црниот“ состав беше поконкретен во финишот и се пласираше во четвртфиналето. Статус на четвртфиналисти имаат и бранителот на титулата Наковски Волеј, кој со максимален резултат го совлада второлигашот Борец жени, а со истиот ...