Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Судија ...

Куманово, 5 август 2026 (МИА) Александра МАКСИМОВСКА Светската недела на доењето, која од 1992 година се одбележува на иницијатива на WABA, СЗО и УНИЦЕФ, е можност јавноста да се информира за најновите научни сознанија за мајчиното млеко и неговото значење. Неонатологот д-р Александра Христова во изјава за МИА, споделува и најнови научни сознанија од семинар во Холандија, каде биле презентирани истражувања за олигосахаридите во мајчиното ...

Охрид, 5 август 2026 (МИА) - Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и промотори на академската и културната соработка, е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, што во чест на делото на Свети Климент Охридски ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата на Бенедиктер му се доделува како признание ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира дека изгаснатите пожари се во: Општина Чучер Сандево – с. Глуво (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Мирковци (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Кучевишка Бара (ниска ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Имаме класична злоупотреба на субвенциите. Педесетина апликанти претежно од Прилепскиот регион и Кривогаштани на два или 2,5 декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун. Тоа е невозможно. И кај овците и кај кравите, што се случува? Имаме класична злоупотреба на ушните маркички со кои е обележано секое грло. Грлото угинува, а сопствениците едноставно ја земаат маркичката, ја чуваат и се уште врз основа на ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) – Сообраќајот на улицата „Перо Наков“, во делот кај Железничката станица Маџари, утре од 8:00 до 16:00 часот ќе биде целосно во прекин поради санација на патниот премин. Како што соопшти Општина Гази Баба, градежните работи на преминот ќе ги изведува ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје, а активностите ќе се реализираат во координација со СВР Скопје. – Општина Гази Баба ги замолува граѓаните и сите учесници во ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Надминување на проблемот со големиот одлив на средства за лекувања во странство и за ортопедски помагала, како и промена на системот на контрола на боледувањата ќе бидат во фокусот на работењето на директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински. Според него, во делот на лекување во странството, во делот на боледување и во делот на ИТ инфраструктура, ако сакаат да превенираат одливи мора да почнат ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Лишен од слобода е возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје - Велес, следува кривична пријава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР, денеска го лишија од слобода 39-годишниот М.Ш. од село Челопек - Тетово, кој на 2 август, околу 19:20 часот на автопат Скопје - Велес, со патничко возило ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, два се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под ...

Скопје, 4 август 2026 (МИА) Рената ПЕПЕЉУГОСКА Во однос на квалитетот на здравствените услуги, јавното здравство, вклучително и Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во ниту еден сегмент од доменот на своето работење, не заостанува зад приватното здравство, како по квалитетот на услугите кои ги нуди на пациентите, така и во однос на современата апаратура со која располага, особено по последните вложувања ...

Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. Министерството соопшти дека на средбата се разговарало за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу ...

Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди по бројот на патници и реализирани летови, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека растот на авио-сообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и целокупната економија. Николоски во емисијата „Вести ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Поголема соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, поттикнување на инвестициите и искористување на туристичкиот и економскиот потенцијал на општина Чучер Сандево беа во фокусот на работниот состанок меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски. На состанокот присуствуваа и Драганчо Апостолски, советник во ...

Скопје, 5 јули 2026 (МИА) - Царинската управа во јули остварила историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. -Најзначајниот аспект на ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното, информираат од Министерството за финансии (МФ). Нагласуваат дека податоците за реализација на Буџетот за 2026 година заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својата официјална фејсбук страница информира дека од 3 август 2026 година Бугарија воведе засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село). Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји, вклучително и од ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Министерството за финансии информира дека издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието. Дополнително, нагласуваат од МФ, издавањето на овие емисии на државни хартии од вредност се транспарентно објавени на веб страницата на ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Само преку отворен дијалог и координирано постапување, можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство, напиша попладнево на Фејсбук, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој информираше за состанок на оваа тема. - Пчеларите меѓу првите ги чувствуваат последиците од климатските промени, а нивното искуство ...

Скопје, 4 август 2026 (МИА) – Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десет километри ќе биде пуштена во употреба во следните месеци, додека рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат е мај следната година. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во денешното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, нагласувајќи дека најголем дел од капацитетите ...

Скопје, 4 август 2026 (МИА) – Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе во вториот дел од мандатот нормално е да се очекуваат избори во даден момент. Ние би биле среќни доколку одиме на редовни избори, доколку ги реализираме проектите на коишто сме фокусирани, но секогаш сме спремни и за предизвик којшто во моментот го нема, така што најверојатно ќе одиме на редовни избори, изјави заменик-претседателот на Владата и ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија, велат од МЕРМС. ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Владата денеска излезе со демант во врска со соопштението на СДСМ, во кое опозициската партија тврди дека договорот со „Кожувчанка“ за набавка на вода за пиење за граѓаните во Гостивар е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Од Владата нагласуваат дека станува збор за обид за манипулирање на јавноста и дезинформации и дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека почнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови. -Само еден клик до потребната услуга. Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Министерот за правда, Јетон Шасивари денеска остварил работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, на која била потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството и поддршка на реформските процеси. Реформите во правосудството, размената на искуства и добри практики, како и реализацијата на нови студиски посети, ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Поддршката за реформите во правосудството и зајакнувањето на владеењето на правото беа дел од темите на разговор на средбата меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон. -Во изминатиот период, преку заедничките иницијативи и реализираните проекти, се обезбедува поддршка за модернизација на правосудниот систем, зајакнување на ...

Мадрид, 4 август 2026 (МИА) – Масовниот прилив на илегални мигранти во шпанската северноафриканска територија Сеута минатата недела не ја компромитираше европската Шенген-зона за безвизно патување - изјави денеска шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомес. - Јасно е дека Шенген-зоната на никаков начин не беше компромитирана од оваа криза - изјави тој по видеоконференциската средба со неговите колеги од Европската ...

Москва, 4 август 2026 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа во украински напади со дронови во Московската област, додека најмалку пет цивили ги загубија животите во руски воздушни напади врз Украина - соопштија денеска властите на двете земји. Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од четири години, Украина разви беспилотни летала со долг дострел, способни да погодуваат цели длабоко на руска територија. Во изминатата година тие извршија ...

Брисел, 4 август 2026 (МИА) – Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската Унија се согласни дека Шенген-зоната „не претставува проблем“ по мигрантската криза во шпанската северноафриканска енклава Сеута - изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез. - Сите се согласивме дека Шенгенскиот простор всушност не е проблем - изјави Нуњез по состанокот со неговите колеги од ЕУ. Минатата недела Италија и ...

Мадрид, 4 август 2026 (МИА) – Дел од шпанските аналитичари сметаат дека масовниот прилив на мигранти во Сеута има бројни обележја на хибридна операција и не може да се објасни исклучиво со активностите на криумчарските мрежи, јави Хина. Според официјалната верзија на шпанската и мароканската влада, меѓу 40.000 и 60.000 Мароканци, претежно млади луѓе, но и семејства со мали деца, препливале или пеш ја преминале границата кон Сеута, поттикнати ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35