Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Богота, 10 август 2026 (МИА) - Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот се случил на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри. Засега не е познато дали има жртви или предизвикана материјална штета. јт/ Богота, 10 август 2026 (МИА) - Земјотрес со јачина од 7,4 ...
Техеран, 10 август 2026 (МИА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи разговарал седум часа за најважните прашања со кои се соочува Иран, оценувајќи го состанокот како „многу позитивен“. Пезешкијан рече дека за време на средбата детално биле разгледани прашањата поврзани со санкциите, отпорноста и внатрешното единство, истакнувајќи дека сите државни функционери ...
Богота, 10 август 2026 (МИА) – Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Колумбија, пренесе Скај њуз. Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри. Гувернерката на колумбискиот западен регион Чоко, Нубија Каролина Кордоба-Кури, изјави дека во главниот град на тој регион, Кибдо, има „значителна штета“ ...
Техеран, 10 август 2026 (МИА) – Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за ...
Лондон, 10 август 2026 (МИА) – Светските океани достигнаа највисоко ниво на температура некогаш забележано во јули, што е делумно поттикнато од развојот на феноменот Ел Нињо во Пацификот, покажуваат податоците на службата на Европската Унија за следење на климата. Просечната температура на површината на морето (SST) надвор од поларните региони, меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, во јули изнесуваше 20,96 степени ...
Рејкјавик, 10 август 2026 (МИА) – Целосно помрачување на Сонцето ќе се случи на 12 август и ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, во Шпанија и во помал дел од Португалија. Многу други места на северната хемисфера тој ден ќе доживеат делумно помрачување на Сонцето, вклучувајќи делови од северниот дел на Соединетите Американски Држави – од Аљаска до Северна Каролина, поголемиот дел од Канада, ...
Богота, 10 август 2026 (МИА) – Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени, кој ја потресе Колумбија, а десетици згради се разрушени, соопштија локалните власти. Разорниот потрес заглави локални жители под урнатините, а има и повредени. Катастрофата беше причина за евакуација на луѓе во низа населени места, сè до главниот град Богота. Епицентарот бил во Сан Хосе дел Палмар – општина со население од околу 4.800 ...
Дњепропетровск, 10 август 2026 (МИА) - Складиштето на Светската здравствена организација во Дњепропетровск, што содржеше итни медицински материјали наменети за здравствените установи на првата линија на фронтот, е погодено три пати за неколку дена, уништувајќи ги сите залихи, објави денеска СЗО. Складиштето првпат беше погодено на 3 август, по што СЗО го оцени како небезбедно и почна да ги преместува залихите. Складиштето беше повторно ...
Берлин, 10 август 2026 (МИА) – Непочитувањето на правилата за минимална плата во Германија предизвикало економски загуби проценети на 64 милијарди евра (74 милијарди долари) откако во 2015 година беше воведена законската минимална плата, соопшти Конфедерацијата на германските синдикати (ДГБ). Според анализата на ДГБ, до која дојде германската новинска агенција ДПА, во просек околу два милиони работници годишно биле недоволно платени од 2015 ...
Талин, 10 август 2026 (МИА) - Естонската коалициска влада го загуби парламентарното мнозинство откако двајца од нејзините пратеници ја напуштија, објавија денеска локалните медиуми, наведувајќи дека владата сега е малцинска. Калев Стоическу, пратеник од партијата Естонија 200, вчера ја напушти својата партија, додека Мелис Кили денеска соопшти дека ја напуштил Реформистичката партија, објави естонскиот јавен радиодифузен сервис ERR. Ова ја ...
Рим, 10 август 2026 (МИА) – Високата вулканска активност на италијанската планина Етна денеска предизвика нарушувања во авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества пепел и вжештени парчиња карпи. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), густи текови лавина истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри. Поради ...
Кишињев, 10 август 2026 (МИА) - Беспилотно летало вчера експлодираше во близина на селото Крокмаз, на југот на Молдавија, предизвикувајќи пожар што набрзо беше изгаснат. Во инцидентот немаше жртви или повредени, а молдавската претседателка Маја Санду и премиерот Василе Тофан го поврзаа настанот со војната на Русија против Украина. Инцидентот се случи околу 13:20 часот во округот Штефан Вода. Дронот удри во дрво надвор од населбата и ...
Рим, 10 август 2026 (МИА) – Премиерките на Италија и на Данска, Џорџа Мелони и Мете Фредериксен, денеска објавија изјава насловена „Заедничка порака за Европа“, во која ја претставуваат својата заедничка визија за иднината на европскиот континент, безбедноста на европските граѓани и потребата од заштита на европските вредности и европскиот начин на живот. На почетокот на изјавата, Мелони и Фредериксен признаваат дека потекнуваат од различни ...
Брисел, 10 август 2026 (МИА) - Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, повика на брзо воспоставување центри за враќање на мигрантите во Африка, откако десетици илјади мигранти влегоа на шпанската територија Сеута. „Сеута покажа дека тесната соработка со соседните земји може да функционира. Мароко веднаш ги прими луѓето назад. Никој не можеше да патува подалеку во Шенген зоната. Европа мора брзо да воспостави центри за ...
Москва, 10 август 2026 (МИА) – Во масовен украински напад со дронови врз градот Нижнекамск во руската Република Татарстан загина најмалку 13 лица, соопштија денеска локалните власти. Шефот на Република Татарстан, Рустам Миниханов, прогласи период на жалост по нападот. Неговата влада, со седиште во градот Казањ, соопшти дека уште 48 лица се повредени, пренесе ДПА. Градоначалникот на Нижнекамск, Радмир Бељаев, пријави голем напад со украински ...
Франкфурт, 10 август 2026 (МИА) - Германската влада го гледа најновиот план на американскиот претседател, Доналд Трамп, за Газа како можност за напредок кон разоружувањето на Хамас, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи. Кога беше прашан за отфрлањето на планот од страна на Израел, портпаролот рече дека беше очекувано одредено несогласување, објавија британските медиуми. „Со толку сложен потфат, беше сосема јасно ...
Сеута, 10 август 2026 (МИА) – Повеќе илјади жители на шпанската ексклава Сеута на северот од Африка протестираа барајќи поголема помош од централната власт во Мадрид и построга контрола на границата со Мароко, откако кон крајот на јули во градот влегоа повеќе од 70.000 мигранти, од кои мнозинството набрзо се вратија во Мароко, јавуваат денеска шпанските медиуми. „Сеута не е на продажба. Сеута е Шпанија“, извикуваа демонстрантите собрани на ...
Мадрид, 10 август 2026 (МИА) – Шумските пожари на југот и во централниот дел на Шпанија, во Уелва, Кастиља и Сеговија, на околу 90 километри оддалеченост од Мадрид, и понатаму се активни, а нивното гаснење бара распоредување на голем контингент копнени и воздухопловни ресурси, соопштија денеска шпанските власти. Во гаснењето на пожарите ширум Шпанија денеска учествуваат 21 авион и околу 300 пожарникари, меѓу кои и припадници на Воената ...
Киев, 10 август 2026 (МИА) – Русија планира да го зголеми бројот на балистички ракети што може истовремено да ги лансира врз територијата на Украина од сегашните 77 на 200, изјави денеска командантот на украинските Сили за беспилотни системи, Роберт Бровди. - Дури и ако успеат да лансираат само половина од тој број, сето тоа ќе лета кон нас – рече Бровди. Тој додаде дека единствениот начин да се намали бројот на ракети што Русија може да ги ...
Атина, 10 август 2026 (МИА) – Голем број пожарникари, меѓу кои и силите од Романија и Франција кои се во Грција преку европскиот механизам за цивилна заштита, се ангажирани за гаснење на пожарот што околу 8 часот утрово избувна во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на жителите и оние кои се наоѓаат во населено место што е во ...
Атина, 10 август 2026 (МИА) – Значително е подобрена состојбата со пожарот што околу 8 часот утрово избувна во ниска вегетација во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, но една живинарска фарма изгоре целосно, а за огнената стихија целосно да биде ставена под контрола интервенираат речиси 200 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од противпожарната служба на Грција, ...
Атина, 10 август 2026 (МИА) – Со цел да се утврди дали на територијата на Грција постојат и функционираат ветерни електрани без потребните дозволи, како и дали се почитуваат пропишаните технички услови за нивна инсталација, одржување и работа, обвинителката надлежна за Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари (ДАЕЕ) нареди спроведување прелиминарна истрага, откако неодамнешниот пожар во областа Виотија ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според ...
Атина, 8 август 2026 (МИА) – Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерската одлука за „Определување на ...
10 август 2026 На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат ...
Скопје, 10 август 2026 Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува ...
Скопје, 10 август 2026 Од јуни 2024 година до денес, ниту еден од првите албански заменици-премиери во оваа Влада нема претседавано со ниту една единствена седница на Владата. Изет Меџити - 0 седници. Беким Сали - 0 седници. Арбен Фетаи - 0 седници. Вкупно: нула, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Ова покажува појасно од која било пропагандна изјава каква е реалната тежина на Албанците во оваа Влада. Функцијата ...
10 август 2026 СДСМ дава целосна поддршка на струмичките земјоделци производители на црвена пиперка. Даваме целосна поодршка на македонскиот земјоделец кој од утро до мрак е на нива, за да произведе храна за цела држава, кажа Софија Димитриева, членка на Централниот одбор на СДСМ, денеска во изјава за медиумите, што МИА ја пренесува интегрално. Барањата на струмичките земјоделци се оправдани. Тие не протестираат за милост - бараат ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Денеска официјално завршува семејното летување и екскурзијата на Мицкоски во Бриж. Многумина се прашуваат зошто Мицкоски одбра да летува токму во Брисел - административен центар на Европската Комисија, без плажа и без особена туристичка содржина, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Тој ги повика сите граѓани да останат во Македонија, да летуваат по планини и езера, да не се мачат со ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, а тоа не ни било кажано нам, граѓаните на Гостивар, нема право да морализира за случајот, изјави на прес-конференција Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за ...