
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Повеќе од 50 луѓе во Индија починале од топлотен удар во изминатите три дена, како последица на екстремните температури кои зафаќаат региони во земјата, пренесува Би-би-си. Во Индија моментално се одржуваат парламентарните избори, кои траат повеќе од четириесет денови. Некои од починатите биле лица кои работеле на избирачките места, вклучително и чувари и лица одговорни за хигиена. Федералното Министерство за здравство соопшти дека имало ...
Украинските сили соопштија дека успешно го погодиле рускиот ракетен систем С-300, користејќи оружје доставено од Запад на руска територија. „Прекрасно гори. Тоа е руски С-300. На руска територија. Првите денови по дозволата да се користи западно оружје на непријателска територија“, објави украинската владина министерка Ирина Верешчук на Фејсбук со фотографија на која наводно се гледа нападот. Подоцна, оваа објава беше избришана. Како што ...
Вчера, на жешкото попладневно сонце, млади луѓе се собраа на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје за да ја изразат својата поддршка за палестинскиот народ, кој веќе осум месеци се соочува со катастрофални услови за живот, како последица на воената офанзива на Израел. На протестниот собир наречен „Солидарност со Палестина“ се одржа едноминутен молк за повеќе од 35.000 загинати Палестинци, се скандираа пораки како ...
Утре (02.06.2024) од 11.00 до 12.00 часот, поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците“, информира СВР Скопје. „Стартната позиција на трката е од Порта „Македонија, десно вдолж ул.„Димитрие Чупоски“, десно по ул.„Васил ...
Таксист од Скопје починал, додека го управувал своето такси возило во кое имало патник, соопшти МВР. Станува збор за 62-годишниот Ќ.В, од Скопје, кој возел „шкода рапид“. „На 31.05.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од ...
И поранешниот министер за здравство, Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Актуелниот пратеник на СДСМ ја најави својата кандидатура на ТВ 24. „Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ“, изјавил Филипче. По Славјанка Петровска и Јован Деспотовски, Филипче е третиот кој ја потврди својата кандидатура. Четвртото име кое се споменува во јавноста е Стефан Богоев, актуелен директор на Царинската управа, поранешен градоначалник на ...
Центарот за младински активизам ЦМА Крик традиционално организира „Летни младински инклузивни кампови“ за млади со и без попреченост. Годинава, се собираат средства од граѓаните, за што поголем луѓе со попреченост да бидат дел од инклузивните кампови. „Лани започнавме иницијатива „Одмори се“ за повозрасни корисници. Оваа година, со Извидници, ги здружуваме силите за да обезбедиме одмор за сите!“, велат од Крик и додаваат: „Зајдисонце на плажа, ...
Играта Chivalry II е бесплатна за преземање на Epic Games до четврток, 6 јуни до 17 часот попладне. Се работи за „фантазиски симулатор на средновековна битка” и се игра во прво лице, како на FPS игри. Играта е главно наменета за возрасни играчи, со низа предупредувања за експлицитноста на истата. Секако, и ова е RPG игра која има голе број корисници во последниве неколку дена. Погледнете го трејлерот за играта: Може да се каже дека оваа игра е ...
Денеска во 17 часот на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи протестен собир наречен „Солидарност со Палестина“ во организација на нова студентска иницијатива која се нарекува „УКИМци за Палестина“. Според нивниот пост на Инстаграм, Иницијативата бара од УКИМ да го прекине својот молк и да заземе став за „едно од најголемите злосторства во поновата историја“ и да застане против „геноцидот и етничкото чистење кое ...
Во отсуство на паркинзи и со присуство на препреки на пешачките и велосипедските патеки, автомобилите ги „узурпираат“ тротоарите на Чаир – од „привремено“ паркирање до трајно оставање на автомобилите на нив. Еден чаирчанец неретко се соочува со различни предизвици предизвикани од автомобилите – почнувајќи од доцнење, физички или вербални пресметки, па сè до загрозување на животот, но и смрт, како што се случувало години наназад, пишува ...
Во сабота, 1 јуни, во Младинскиот културен центар (МКЦ) Скопје се одржа третото издание на фестивалот на јапонска култура Сакура. Фестивалот се одвиваше на повеќе сцени и вклучуваше изложби, боречки вештини, балетски перформанс, пијано концерт, гејминг натпревари, мода, штандови за продажба, презентации и панел-дискусии. Во панел-дискусиите, презентациите и работилниците, учество зедоа и јапонски граѓани кои живеат во Скопје. Од организацијата ...
Случаите на насилство, особено оние на физичко насилство меѓу учениците од основните и средношколските училишта во Тетово се вознемирувачки проблем. Ова го потврдуваат и податоците од полицијата. Родителите се загрижени за овој проблем, а дел од институциите молчат. Во Тетово е формиран Општински совет за спречување на деликвенција кај децата, кој работи во оваа насока, но еден од главните проблеми останува недостигот на стручен кадар во ...
Адвокатската комора не може да ја одземе лиценцата зашто некој адвокат решил да го застапува Љупчо Палевски Палчо, бидејќи тоа е негово право на одбрана, но исто така и адвокатите имаат право да одбијат да го застапуваат него од нивни причини. Ниту адвокатската комора, ниту Министерството за правда не можат да одземаат лиценци зашто некој му станал адвокат на Палевски, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Рецензираме објава на ...
Венеција денеска воведе забрана за гласни звучници и ја ограничи големината на туристичките групи на 25 луѓе во обид да го ограничи влијанието на прекумерниот туризам врз италијанскиот град, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си. Претходно оваа година, Венеција воведе влезна такса од пет евра дневно, а во 2021 година го забрани приклучувањето на големите бродови за крстарење во пристаништето во градот. Промените на правилата за туризам ...
Откако со пиштол и нож ограбил продавница, при обидот да избега паднал и се повредил, по што сопственикот на продавницата го совладал и повикал полиција. Настанот се случил вчера попладне на подрачјето на Општина Карпош во Скопје. „На 30.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, К.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот во неговиот продажен објект на подрачје на Карпош, едно лице со закана со пиштол и нож од касата одзело пари и при обид да ...
Про-Кремљ дезинформациски наративи, кои ги обвинуваат Украина и Западот за обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо, потсетуваат на истите обвинувања за терористичкиот напад на Градското собрание Крокус во Москва, за што Вистиномер веќе пишуваше. Овие неосновани дезинформациски стории се дел од пошироката кампања на руски официјални претставници и медиуми, вклучително и на самиот Владимир Путин, да ги обвинат Украина, НАТО и другите ...
Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица, извести обвинителството. Станува збор за Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски, кои се обвинети за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Тие се обвинети за кривично дело убиство и кривично дело грабнување. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, е обвинет за помагање во кривичното ...
Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година, соопшти денеска Министерството за култура. Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравјето, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда „Св. Климент Охридски“ се доделува на поединци, група творци, екипи, ...
Наспроти минатогодишната најава дека стрипот „Алан Форд“ ќе престане да излегува заклучно со овој мај, издавачот и автор Макс Бункер се попишмани и еден од најдолговечните италијански серијали продолжува со исто, месечно темпо. Во Италија пред некој ден излезе епизодата број 660, насловена „Планот на Путифаре“ (Il Piano di Putifarre), а во него како и обично има најава за наредниот број „Скок во минатото“ (Un Tuffo nel Passato), чија објава е ...
Организацијата за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување“ на Снежана Јаќовска, Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One ...
Иако одвреме навреме излегува по некоја нова игра од „Марвел Универзумот”, Marvel Rivals која што моментално е во алфа тестирање, многу ветува, но предизвикува и доста контраверзии околу тоа колку е слична со Overwatch и во сетингот и во гејмплејот. Дури и девелоперите ги натераа тестерите да потпишат дека нема да ја истакнуваат сличноста, па кога тоа се откри се повлекоа и извинија затоа што банираа за негативни критики. Во прилог е трејлерот ...
Денеска Македонската соларна асоцијација Солар Македонија го отвори третиот по ред годишен соларен саем. Главна цел на настанот е промовирање на најновите технологии од соларниот сектор како што се: фотоволтаични панели, батерии за складирање на електрична енергија, топлински пумпи, фото/термални колектори за производство на електрична енергија и топла вода, трафостаници, громобранска заштита, инвертери,електрични возила, роботи и машини за ...
Во холовите во училиштата денеска 14.834 ученици полагаат мајчин јазик на државната матура. Телефоните тие ги оставаа во посебни кутии, за да нема препишувања, а ангажирани се и тестатори – еден за 15 деца. Одлуката годинава да се полага во холови е да се добијат пообјективни резултати и да се намали можноста од препишувања, бидејќи постоеше можноста во одредени групи и училници да не се почитуваат правилата, изјави директорката на Државниот ...
Пратеникот којшто пееше албанска химна во Собранието не е Африм Гаши, ниту е пратеник на Алтернатива. Химната ја пееше Зеќирија Ибрахими од партијата Беса. Ибрахими беше дел од собранискиот состав 2016 – 2020 година. Тој не беше пратеник во претходниот состав на Собранието, ниту, пак, е дел од сегашниот состав, кој беше избран на парламентарните избори одржани на 8 мај 2024 година, пишува Вистиномер. Текстот го објавуваме во целост: Повеќе ...
Фактите говорат дека претседателката Сиљановска-Давкова положила венци во Рим, но на нив не пишувало „нашата земја“, туку „претседател Гордана Сиљановска-Давкова“ и на венците во никој случај не стоело знамето со Сонцето од Вергина, туку македонското, државно знаме, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Објава на Фесјбук тврди дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, при посетата на Рим по повод денот на сесловенските ...
Информациите кои ги споделуваат медиумите, а кои се однесуваат на преговарачкиот процес за состав на новата влада, засега се движат само во доменот на шпекулации и непотврдени информации. Официјални информации за тоа дали е постигнат договор за состав на влада, кои партии ќе бидат дел од новата идна влада, поделба на ресори и кадровски решенија, нема од ниту една партија, а најмалку од ВМРО-ДПМНЕ. Да се зборува за некаква албанизација, притоа ...
Клип од лансирање на ракета се злоупотребува како доказ дека санкциите против Русија немаат ефект. Самиот клип е реален, но проблемот е во описот со кој тој е проследен. Тој создава впечаток дека Русија под санкции реализира скапи и сложени проекти, но тој премолчува дека овој модел на ракета не е најнов крик на технологијата, туку е стар околу две децении, а санкциите и тоа како имаат ефект, особено врз државната корпорација Роскосмос, која се ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила во близина наградот Младеновац во Србија утринава во 5:30 часот наутро откако автомобил и автобус се судриле – 37 луѓе биле повредени, а возачот на автомобилот загинал, пренесува Н1. Транспортната компанија Ласта изјави дека според информациите кои тие ги имаат, несреќата се случила откако возачот на автомобилот почнал да вози во спротивната лента на патот, по што се удрил директно во автобусот. Министерот за ...
Соединетите Американски Држави не веруваат дека нападите на Израел врз Рафах во текот на изминатата недела не претставуваат целосна инвазија на градот, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, на прес-конференција која се одржа само неколку часа откако израелските сили стигнаа до центарот на Рафах, пишува Би-би-си. Вчера имаше тенкови и пукање во центарот на градот, а претходно беше бомбардиран камп за бегалци, кој се запали и каде загинаа ...
Почнувајќи од 2022 г., ЕУ забрани неколку руски медиуми, на кои на 17.5.2024 г. им се придружија уште четири, што е потполно оправдано. Дезинформирањето, за жал, има богата традиција во Русија, уште од царевите, па во СССР, а продолжува и под водство на Путин. Тој ги задуши медиумските слободи во Русија, но лицемерно ги користи оние на Запад, пред кого сега глуми жртва на цензура. Така е и на Фејсбук, кој во Русија е одамна забранет, но ...