
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Минатата година, ако ученик беше „фатен“ со препишан дел од есејот по мајчин јазик на државната матура, есејот единствено беше бодуван со 0 поени. Но, годинава има ново правило, согласно кое ако се утврди препис во есејот, целиот испит да биде поништен. Ова објаснување за Мета.мк го дава Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), по информациите дека за време на полагањето на испитот во саботата, тестот бил фотографиран ...
Студентите сместени во „третата“ зграда – единствената од трите згради во студентскиот дом „Стив Наумов“ која во моментов е во функција, добиле задолжение да се иселат од домот најдоцна до 24 јуни, и покрај тоа што, согласно договорите што ги имаат потпишано со ДСД „Скопје“, имаат право да престојуваат таму до 30 јуни. Причината за предвременото иселување на студентите е подготовката за градежните зафати за реконструкција на домот, односно на 25 ...
Порталб е избран за најверодостоен портал за информирање за политичките случувања во Македонија, односно 2 отсто од испитаниците на прашањето „Кои конкретни медиуми, односно конкретни ТВ канали, радио станици, весници, веб-страни итн., ги сметате за најверодостојни за политички информации?“ на најновото истражување на ИРИ, рекле дека тоа е Порталб. Всушност, Порталб е единствениот портал на албански јазик кого испитаниците го спомнале како ...
Единаесет државни инспекторати се веќе дел од системот Е-инспектор, додека пет чекаат да им се обезбедат технички услови во текот на следните десетина дена. Дигитализацијата на инспекторатите ќе треба да опфати уште 12 инспекциски служби, кои се внатрешни организациски единици на органи на државната управа, но тие ќе се вклучат во електронскиот систем во зависност од реорганизацијата и оптимизацијата на институциите од кои се дел. Пред два ...
Кремљ на 16 април објави извештај од телефонски разговор меѓу Путин и тогашниот претседател на Иран, Ебрахим Раиси по повод конфликтот меѓу Иран и Израел, наведувајќи дека рускиот претседател повикал на прекин на огнот. Во соопштение на Кремљ, како што пишува „Ројтерс“, се наведува дека „Путин повикал сите страни на Блискиот Исток да покажат разумна воздржаност и да спречат нова рунда на конфронтации која може да резултира со катастрофални ...
Фотографијата која се споделува не е нова, како што сака да прикаже објавата која ја анализираме и уште помалку има некаква врска со Преспанскиот договор. Истата се споделувала на социјалните мрежи уште во 2016 година. Вистиномер го провери тврдењето дека кроасаните „севен дејс“ се продаваат без кодот „мк“ во делот на декларацијата напишана на македонски јазик и утврди дека такво нешто нема, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: ...
Германската влада не „признала“ дека нема пандемија на корона вирус, спротивно на тврдењето во објавата што ја анализираме, а која се темели на погрешно прикажување на документите од Институтот за контрола на болести во земјата. Неоснованото тврдење, кое е најновата реинкарнација на теоријата на заговор дека вирусот е лажен, се чини дека потекнува од веб-страница која редовно пласира дезинформации, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во ...
Упорно се повторува еден излитен путински наратив, којшто дури ни Путин веќе не го повторува, дека НАТО сака да ја контролира Украина за во неа да постави хиперсонични ракети, кои оттаму би можеле да ја погодат Москва за само 4-5 минути, на што таа не би можела навремено да реагира. Со тоа се оправдува руската агресија врз Украина, но тоа нема никаква смисла – во НАТО веќе одамна членуваат куп соседи на Русија, преку кои може да изврши брз напад ...
Дека немало изборна измама говори и фактот што во април 2023 година, американската медиумска куќа Фокс њуз постигна вонсудска спогодба со компанијата „Доминион воутинг системс“, која покрена тужба против телевизијата поради ширење лажни наводи дека нејзините машини за гласање „префрлале“ гласови за Доналд Трамп на контото на неговиот противкандидат Џо Бајден на претседателските избори во САД во 2020 година, пишува Вистиномер. Текстот го ...
Последните недели се одбележани со неколку класични руски дезинформации околу војната со Украина и генерално околу намерите на Западот, но се чини дека заканите упатени пред сè кон Европа од употреба на тактичко нуклеарно оружје за првпат се толку фреквентни од почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година. За четири недели дури четири закани од високо ниво од Кремљ, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Петтиот ...
Индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Цените на угостителските услуги минатиот месец, пак, во споредба со февруари 2024 година, биле зголемени за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна (за 0,3 отсто) и Алкохолни пијалаци (за 0,1 отсто). ...
Од четири анализирани општини во земјава, општина Кичево е со највисока наплата од данок на доход, 33 отсто во однос на планот. Највисока наплата на данок на имот, од 43,5 отсто има општина Гостивар, а најниска – општина Арачиново. Првите три месеци од годинава кое беа изборно „обоени“, се одразија врз општинските буџети. „Порталб“ преку приходните и расходните носечки буџетски ставки, ги анализира финансиите на општините Арачиново, Гостивар, ...
На телевизиски брифинг во средата, главниот воен портпарол на Израел, Даниел Хагари, рече дека израелските сили добиле „оперативна“ контрола над коридорот Филаделфи. „Филаделфи“ е кодното име која израелската војска го користи за границата меѓу Газа и Египет, која е долга 14 километри, пренесува Гардијан. Хагари тврди дека коридорот Филаделфи служел како пат за шверц на оружје за Хамас. Границата со Египет долж јужниот раб беше единствената ...
Судијка од Апелацискиот суд во Белград поднела тужби против српската новинарска организација за истражување на криминал и корупција КРИК поради базата на податоци „Процени кој суди“ (Prosudi ko sudi) во чии рамки новинарите ја истражувале работата на судството, вкличително и нејзината работа. Во двете тужби што судијката Душанка Ѓорѓевиќ ги поднела со нејзиниот сопруг, адвокатот Александар, покрај паричен надомест, бара и двегодишна забрана за ...
Русија денеска изврши голем ракетен и беспилотен напад врз Украина, оштетувајќи ги енергетските капацитети во пет региони низ земјата, соопштија официјални лица, пренесе новинската агенција Хина. Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго објави дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и Ивано-Франковската област на запад. „Утрово Русите извршија уште ...
Работниците од земјите кои не се членки на ЕУ од денеска, 1 јуни ќе можат да аплицираат за „карта за шанси“ која им овозможува да дојдат во Германија и да бараат работа до една година. Ова се однесува на жителите на С. Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од Косово. Правилото се однесува на оние кои имаат најмалку две години стручна обука или факултетска диплома која е признаена во државата каде таа квалификација е ...
Утрово во 7 часот се отворени избирачките места за локални избори во 89 градови и општини, меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Избирачките места се затвораат во 20 часот. Денеска, повеќе од 4,2 милиони граѓани на Србија можат да го искористат своето право на глас на локалните избори кои се одржуваат во 67 градови и општини и 23 урбани општини во Србија. Изборниот молк, кој започна во четвртокот на ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер се случи денеска околу пладне во близина на западниот кикладски остров Китнос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина. Потресот бил почувствуван во Атина и во други грчки градови, јави грчки Катимерини. Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 11.53 часот, се наоѓа на 17 километри северо-североисточно од островот. Фокусната длабочина на земјотресот е проценета на ...
Клаудија Шејнбаум победи на вчерашните претседателски избори во Мексико, со што стана првата претседателка на Мексико, пренесува Гардијан. Дополнително, таа е и првиот еврејски претседател на Мексико – нејзиното семејство потекнува од Литванија и Бугарија. Таа освоила најмалку 58 отсто од гласовите, според гласовите избројани досега. Шејнбаум е дел од партијата Морена, чиј основач е сегашниот претседател на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор, ...
Спикерот на парламентот во Грузија изјави дека го потпишал законот за „странски агенти“, кој ќе ги обврза невладините организации официјално да се регистрираат како „странски агенти“ доколку повеќе од 20 отсто од буџетот го добиваат од странски извори. Шалва Папуашвили го потпиша предлог законот откако законодавниот дом, контролиран од владејачката партија „Грузиски сон“, не го испочитува ветото поставено од претседателката Саломе Зурабичвили. ...
Од утре, 01.06.2024 година (сабота) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува претпријатието, извести Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје. Од понеделник до сабота работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од 07:00- 23:00 часот. „Апелираме корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно ...
Почнува постапката за кандидирање за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Партијата објави отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани лица. Со одлука на Извршниот комитет се распишани вонредни внатрепартиски избори, кои ќе се одржат на 30 јуни годинава. Од СДСМ соопштија дека на вчерашната седница, Централниот одбор го усвоил Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на ...
Денеска повторно ќе се гласа за нов претседател на Уставниот суд, по шесте неуспешни обиди на седницата во четврток и на нејзиното продолжение во петок. Судиите на Уставниот суд гласаа меѓу кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниедна од нив не го доби потребното двотретинско мнозинство. Тригодишниот мандат на досегашната претседателка Добрила Кацарска ѝ истече вчера. Покрај неа и двете кандидатки, другите активни судии ...
Пропадна и седмиот обид, па и осмиот обид да се избере претседател на Уставниот суд. Уставната судијка Ана Павловска Данева се повлече од трката за челното место на Уставниот суд, со цел да не предизвика уставна криза. Со нејзиното повлекување, таа остави простор да се избере Татјана Васиќ Бозаџиева, но таа, и на седмото гласање, повторно доби 5 гласови, што е за еден глас помалку од потребното двотретинско мнозинство од деветмината уставни ...
Бројот на склучени бракови во 2023 година изнесува 12.672 и е помал за 1,6 отсто во споредба со претходната 2022 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Најмногу бракови – 12,6 отсто, биле склучени во август, а најмалку во март – 5,8 отсто. Податоците покажуваат дека е најчесто стапувањето во прв брак, односно, во прв брачен однос лани стапиле 93,2 отсто од сите жени и 92,2 отсто од сите мажи што склучиле ...
Со години Кристијан Лазарев користел застарена технологија за да се движи и ориентира низ светот околу него, потпирајќи се на несмасни, роботски гласови и ограничени, често неточни апликации. Сето ова се сменило со најновите технолошки изуми и напредокот на вештачката интелигенција. „Ќе го сликам сега лаптопот и на апликацијата ѝ требаат 5-10 секунди за да ја прати сликата. Напредокот од оваа година е што можам да ѝ поставам конкретни прашања за ...
На сцената во Младинскиот центар во Охрид преку уметност, танц, театар и филм сношти се одржа перформансот „Простор за разговор“, како дел од проектот со кој се зајакнува чувството на припадност кон заедницата и треба да ги поттикне младите, маргинализираните и социјално ранливите да се вклопат во заедницата. Универзитетската професорка и уметник Рисима Рисимкин вели дека перформансот „Простор за разговор“ ги вклучува присутните отворено да ...
Министерот за правда во техничката влада Кренар Лога испратил писмо до дел од амбасадорите во земјава, но и до официјален Брисел и Вашингтон, во кое ја изразува својата загриженост за најавата на ВМРО-ДПМНЕ која партијата ја даде уште пред изборите, дека ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во писмото до амбасадорите, Лога вели дека за него и за Министерството за правда распуштањето на овие тела е неприфатливо, не заради ...
Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку сметките на партиите – парите се слевале на трансакциските сметки предвидени за изборната кампања. Мета.мк ги разгледа двата извештаја што ги поднеле седуммината кандидати за претседатели до Државниот завод за ревизија (ДЗР) – првиот кој се поднесува ...
н На 15 и 16 овој месец, ќе има две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“, со почеток од 20 часот, информираат од организацијата „Тииииит! Инк.“. Перформансот, како што појаснуваат оттаму, бил развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. „Тој премиерно беше изведен лани на МОТ, а поради голем интерес, имаше и втора изведба во склоп на фестивалот. „Мачката Елеонора“ е сработен по ...