
Скопје
37ᴼ /
37ᴼ



Паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци која беше ветена, но нереализирана, ќе започнат да се исплаќаат од понеделник, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Од таму велат дека новата министерка за образование, Весна Јаневска, ги задолжила надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ...
Заврши чистењето на четвртиот лот од малата депонија со линдан во ОХИС. Во периодот од март до јуни ископани се 450 тони на HCH отпад и 250 тони земја контаминирана со линдан. Целата количина е спакувана во специјализирани буриња во кои ќе се транспортира на конечно уништување. Од Министерството за животна средина информираат дека 240 тони линдан ископани од четвртиот лот се веќе извезени, додека остатокот ќе биде извезен до крајот на месецов. ...
Речиси 30.000 студенти оваа учебна година биле регистрирани како корисници на субвенционираниот студентски оброк, покажуваат бројките што Мета.мк ги доби од Министерството за образование и наука (МОН) – институцијата надлежна за спроведување на оваа мерка. Студентите, генерално, се задоволни од проектот, но велат оти зголемување на сегашниот износ е повеќе од добредојдено. Денеска е последен ден за користење на средствата од оваа мерка, која ќе ...
Разрешувањето на Бесиjа Иљази од функцијата економски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје предизвика спинувана невистинита реакција од лидерот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, кој де факто тврди дека таа е разрешена од новиот министер Арбен Таравари зашто е Албанка, која се борела против албанофобијата на Клиниката и генерално. Хоџа не кажува ниту дека е започнат процесот на укинување на економските директори, ниту ...
Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ – Скопје соопшти дека ја поздравува идејата за воспоставување на градски железнички превоз во Скопје, за која деновиве известуваат медиумите, а по најавата на новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски. Во гостување во вестите на Телевизија Сител, Николоски пред три дена рече дека се размислува за воведување на т.н. градски воз во рамки на Градот Скопје, по ...
Изложба на млади стрип авторки од Македонија беше отворена во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) – Битола, во партнерство со Стрип центар на Македонија – Велес. На изложбата беа претставени стрип дела од 22 млади македонски стрип авторки кои се носители на новата генерација на стрип цртачки. Програмскиот координатор на Македонскиот стрип центар, Томе Трајков, истакна дека недвосмислен впечаток е оти развојот на женскиот стрип во Македонија е ...
Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти, оценува новата министерка за образование и наука, весна Јаневска. Таа се сретнала со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи, со кој дискутирала за образованието. „Планираме историја, географија, граѓанско образование и други ...
Воведувањето на кривичното дело екоцид е значаен чекор напред во воведување вистинската заштита на животната средина, но за да постигне крајната цел мора и да се подобри правната рамка и да се специјализираат судиите и јавните обвинители. Судиите исто така треба да имаат прецизни упатства потребни за да изрекуваат конкретни санкции, а еден од условите за ефикасна заштита на животната средина е и формирање на еколошка полиција. Република Северна ...
Повеќе од деведесет и пет отсто од пријавените кандидати за насоката медицинска сестра со настава на албански наставен јазик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, се со сите петки. За 102 слободни места на оваа насока, во првиот уписен рок кој заврши вчера, се пријавиле 154 ученици, од кои дури 147 се скроз одлични. За да се изврши селекција, в петок сите пријавени ќе полагаат квалификациски тест по предметите биологија и хемија за ...
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вчера се одржа промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, беа Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. ...
Минисерот за здравството, Арбен Таравари денеска потврди дека д-р Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за државна кардиохиругија. „Да, ми потврди заменичката-министерка дека д-р Шокаровски е вратен на функцијата. Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – нормално го вратила стариот директор. Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во ...
И во новоформираната влада на Северна Македонија жените ќе бидат минимално застапени во извршната власт. Со измените во реорганизацијата на Владата, овој состав ќе има повеќе министри кои заедно со премиерот ќе бидат 24, но министерки ќе бидат само три жени, ниту една од нив албанка. Партиите молчат, а граѓанскиот сектор продолжува да апелира за решавање на проблемот, пишува Порталб.мк. Оваа влада, иако со повеќе министри, ќе има помалку ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на првата работна посета на Брисел оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во седиштето на Алијансата, соопшти МНР. Како што посочуваат оттаму, средбата се реализира во рамки на подготовките на Алијансата за одбележување 75-годишнина од формирањето на НАТО. Јубилејот ќе се одбележи за време на претстојниот Самит на НАТО во јули во Вашингтон. ...
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е ослободен од британски затвор и се очекува да се изјасни за виновен за кршење на американскиот закон за шпионажа, што ќе му овозможи да се врати дома во родната Австралија, пренесува „Гардијан“. Асанж (52) се согласи да се изјасни за виновен по кривичнотo обвинение за откривање доверливи документи за национална одбрана на САД. „Викиликс“ на социјалните мрежи објави видео од неговиот основач, како синоќа ...
Осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни, соопшти денеска Основното јавно обвинителство. Оттаму донеле наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот ...
За изградба на инфраструктурен Коридор 8 и Коридор 10д, во должина од 108 км и со проценета вредност во износ од 1,319 милијарда евра, донесен е специјален Закон со кој се уредени условите и начинот за градба. Заклучно со декември 2023 година само 0,12 отсто од трошоците се однесуваат за градба, што покажува отстапување од планираната динамика за градба. Ова го нотирале државните ревизори во последниот објавен извештај на тема „Реализација на ...
Средното стручно образование станува сè поатрактивно. Тоа го покажува и годинашниот прв уписен рок кој заврши денеска во 15 часот, а според добиените пријави, многу училишта нема да имаат потреба од втор и трет уписен рок бидејќи ќе ги пополнат слободните места уште во првиот. Од друга страна, дел од скопските гимназии кои редовно имаат најголем број на заинтересирани кандидати за упис, годинава имаат слободни места и за вториот уписен рок. Едно ...
Откако излезе експанзијата за Елден Ринг, „Shadow of the Erdtree”, публиката почна масовно да се жали дека експанзијата е претешка за играње. Тоа и е причината што оваа експанзија има многу негативни критики, а од неа се откажуваат повеќето играчи. И на Steam Reviews оценката за тоа дали е добра игра или не, e со статус „Mixed“ („Измешано“), односно играта не е толку успешна колку што се очекуваше, според фидбекот од играчите. Хидетака ...
Избран е нов претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за периодот 2024-2025 година, соопштија од најголемиот државен универзитет. Според резултатите од тајното гласање што се одржало вчера, за претседател на ова универзитетско тело е избран професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје. Димитриевски е дел од Институтот за агроекономика на Катедрата ...
Оперативниот програм во хируршките клиники е редуциран, има многу помалку операции во споредба со периодот кога работеше централниот компресивен систем. Но, сепак сè функцонира. Немаме сè уште долгорочно и сигурно решение. Ова го изјави денеска новоназначениот министер за здравство Арбен Таравари, на влезот на хируршките клиники, откако претходно ги посети салите на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, ...
Блокирани улици, автомобили со искршени стакла, поплавени подруми, уништени дрвја. Ова е билансот од вчерашните врнежи во Тетово, кои околу еден час беа придружувани со град. И додека граѓаните до доцните часови ги чистеа подрумите на нивните поплавени куќи, подрумот на Клиничката болница останува поплавен и од него се шири смрдеа. Порталб.мк ви пренесува слики од тоа што се случуваше во последните 24 часа. Секој пат по обилни дождови еден од ...
Во врска со процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување, од Центарот за управување со кризи информираат дека неа ја вршат единиците на локалната самоуправа по единствена Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи која ја донесува Владата, на предлог на Министерството за финансии. „Утврдувањето на висината на штетата ...
Со изложба на концертни фотографии како и архивски материјали, насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“, која ќе се отвори на 26 јуни во 21 часот во галерискиот простор на Мала станица, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Програмата на фестивалот е организирана во два дела: изложба на фотографии во галеријата Мала Станица „The Vlatko Stefanovski Experience“ и филмска програма од 1 до ...
По вчерашното невреме што ги зафати Скопје, Гостивар и Тетово околу 16.30 часот, од Центарот за управување со кризи (ЦУК), информираа дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК биле добиени пријава на настани во врска со поплавени куќи и подруми, заглавени коли под подвозници, поплавени улици, патишта, паднати дрва… „На повеќе улици на градот забалежено е поплавување на голем број подрумски простории. Исто така има поплавено ...
Во пресрет на изборите, сите политички партии имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите изборни програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете да има пристап до квалитетни услуги и повеќе можности да гради подобра иднина за себе и за земјата. Ова го порачаа од УНИЦЕФ во отвореното писмо до сите политички партии пред изборите што ќе се одржат во април и мај. „Децата сочинуваат дваесет проценти од ...
Вакцините спасуваат милиони животи. Ова е така заради рутинскиот календар на имунизација. Имаме вакцини за спречување на над опасни 20 болести. За прв пат во 3 децении имаме големо назадување кога се работи за опфатот заради дезинформациите. Ова го истакна денеска Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ, на прес-конференција која се одржа по повод Европската недела на имунизација. По овој повод, во секој град во Македонија ќе се посетат ...
Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може веднаш да се навикне на промените, односно му треба адаптација. Ова за Мета.мк го тврди метеорологот проф. д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет, кој ...
Најчести тужители при „SLAPP” односно стратешките тужби против учеството на јавноста, се државни субјекти и политичари, како и претставници на бизнис секторот, се кажа денеска при презентација и анализа на темата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и УНЕСКО. „Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) издаде публикација, прва од ваков вид во земјите од Западен Балкан, како до поефективна заштита од стратешки тужби против учеството на ...
Новинарот Александар Димитриевски ја доби првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2023“, за сторијата „Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“, објавена во емисијата „360 степени“. Втората награда за Најдобра истражувачка сторија ја доби новинарката Ирена Мулачка за серијалот текстови поврзани со случувањата на Клиниката за ...
Последните измени на Кривичниот закон на Република Северна Македонија ја подобруваат заштитата на новинарите така што овозможуваат обвинителството да покрене кривична постапка во нивно име, намалувајќи го товарот на приватното гонење. Дополнително, бидејќи делата клевета и навреда се декриминализирани, бројот на приватни тужби против новинар(к)и е зголемен и претставува нова закана по истражувачкото новинарство. Овие тужби во јавноста се познати ...