Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма пред локалните избори од 2021 година, насловена како „За Охрид гарантираме, создади нова иднина“, вети дека ќе биде набавен специјален пловен објект, наменет за чистење на отпадоците во Охридско Езеро. Ветувањето е наведено во секцијата за заштита од климатски промени и животна средина, каде што пишува дека „квалитетно изработената урбанистичко-планска документација ...

Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје е назначен за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Тој доаѓа на функцијата на местото на неговиот претходник, Ејуп Рустеми. Владата вчера постави нови директори на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, на Управата за извршување на санкции, на Агенцијата за храна и ветеринарство и „Национални шуми“. Сашо Клековски беше назначен за директор на Фондот за ...

Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ. Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет. „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со ...

СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.С. (57) од Битола, поради основано сомнение за сторени четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, сите од Кривичниот законик. Пријавената во својство на одговорно лице, директорка на државен ученички дом во Битола ја злоупотребила ...

Иклузивното образование е сериозен и повеќеслоен предизвик, што бара посветена и тимска работа, посочи министерката Весна Јаневска, на настанот „Разговори за еднаквост“, организиран од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Зборувајќи за децата со посебни образовни потреби, Јаневска кажа дека лично ќе се заложела тие да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите што со помош на образованието ги ...

Снимка од лет на борбени авиони без никаков извор и доказ е опишана како влетување на Русите во воздушниот простор на САД. Ако е тоа точно, а не е, тоа би бил страотен инцидент, кој би бил ударна вест во медиумите и кој би предизвикал дипломатска војна во ООН, ако не и трета светска војна. Иако на Куба, која е близу до Флорида, пристигнаа руски борбени бродови, меѓу нив нема носач на авиони, па ваков лет е неизводлив, а со своите радари и ...

Според видеото и транскриптот од нејзиниот говор објавени од страна на италијанската влада, Мелони зборува за тоа дека Украина ќе беше принудена да се предаде, доколку Западот не ѝ ја дадеше поддршката по руската воена инвазија во февруари 2022 година, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Ако Русија не ги прифати условите (на самитот за мир), ќе ја принудиме да се ...

Трозабецот е одамна поврзан со украинската историја. Тој бил знак на предците на династијата Рурик (10-12 век, време на Киевска Русија). Во 1918 година веднаш по падот на руската империја, владата на Украинската Народна Република го одобри трозабецот како државен грб. Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, иако Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година. Ова се прави со цел ...

Објавата е манипулативна и не остава впечаток дека говори за животот на познатиот американски бизнисмен Фреди Фигерс. Истата е конструирана на таков начин што делува како да пренесува приказна од С. Македонија, со цел да привлече што е можно повеќе кликови. Текстот користи фотографија од дете која нема никаква врска со приказната, таа е земена од Интернет од каде може да се купи за 40 долари и истата е насловена како „портрет од изморено дете“, ...

Станува збор за верижни реакции на руски високи функционери по доставувањето и ставањето во оперативна употреба на долгострелните западни ракетни системи што ги користат САД и Германија. На почетокот на месецот, украински пратеник потврди за Си-Ен-Ен дека украинската војска почна да ги користи ракетните системи HIMARS, испорачани од САД, за да гаѓаат руски системи за противвоздушна одбрана, складишта за оружје и други цели на руска територија. ...

Придобивките од мерката МојДДВ и натаму ќе ги ползуваат граѓаните, промени ќе се направат само во системскиот дел во рамки на Управата за јавни приходи. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител. „Мерката МојДДВ останува со истата сума за поврат кон граѓаните. Ќе се направат одредени корекции, што не се поврзани директно со граѓаните, туку системски во рамки на Управата за јавни ...

Бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за половина денар повеќе по литар од ноќеска на полноќ и ќе чини 83 денари. Цените на Еуросупер 98, Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат. Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) покачувањето на малопродажната цена на бензинот Еуросупер 95 е за 0,15 отсто во споредба со минатата недела. Од ...

Акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати ...

Јавниот превоз останува сон за над 27.000 жители на општина Ликово, кои во негово отсуство принудени се да бараат алтернативни решенија. Граѓаните бараат од властите да го стават во функција јавниот превоз кој ги поврзува со градот Куманово, но, институциите засега молчат, пишува Порталб.мк. И покрај тоа што најголем дел од услугите ги добиваат во Куманово, граѓаните на општина Ликовo за да стигнат до Куманово, но и во другите населени места на ...

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж беше пуштен на слобода во суд на островот Сајпан, американска територија во тихиот океан. Тој се изјасни за виновен за прекршување на законот за шпионажа со тоа што набавил и ширел класифицирани документи, пренесува Гардијан. Судијата во федералниот суд во Сајпан го прифати договорот за спогодба меѓу Асанж и американската влада, според кој тој нема да служи дополнителна затворска казна бидејќи веќе служеше ...

Холандскиот премиер Марк Руте денес беше официјално назначен за новиот Генерален секретар на НАТО. Назначувањето на Руте стана формалност откако неговиот единствен противник, романскиот претседател Клаус Јоханис, минатата недела изјави дека се откажал од трката за Генерален секретар на НАТО. Руте официјално ќе ја заземе позицијата на 1 октомври, наследувајќи го Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој десет години ја држи својата позиција. „Алијансата ...

Дезинформациите кои доаѓаат од владата на Србија за Косово станаа редовни и речиси истите наративи се рециклираат. Од јануари годинава се врати наративот за протерување на српските граѓани од Косово. На почетокот на февруари стапи на сила правилникот на Централната банка на Косово, со кој еврото е единствената валута со која може да се вршат готовински трансакции. Ова направи цела машинерија, почнувајќи од шефот на српската влада, Александар ...

Полицијата во Боливија го уапси шефот на групата која се обиде да изврши државен удар и да ја собори левичарската влада, неколку часа откако претседателската палата во Ла Паз беше нападната од војници. Стотици припадници на армијата и оклопни возила зазедоа позиции на плоштадот Мурило каде се наоѓаат клучните владини згради, пренесува Би-би-си. Едно оклопно возило вчера ја срушило главната порта на претседателската палата, овозможувајќи им на ...

Младинската иницијатива за човекови права во Србија вчера соопшти дека добила известување од тамошното Министерство за внатрешни работи оти се забранува фестивалот во нивна организација „Мирдита, добар дан“. Забраната за фестивалот, како што велат од таму, била објавена во форма на наредба и во неа се барало да бидат прекинати сите активности кои се дел од настанот. „Со оваа наредба, Министерството за внатрешни работи го прекрши Уставот на ...

Претседателот на САД Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп, прв пат после четири години дебатираа на Си-Ен-Ен, во студиото во Атланта. На дебатата, која беше жестока и конфронтирачка, немаше публика. Бајден уште на почетокот зборуваше со лут глас и кажа дека неговата администрација „конечно го победи Медикер“. По дебатата, Бајден им кажа на новинарите дека има болки во грлото. Трамп повтори бројни лаги, вклучително и дека демократите ...

Руската хакерска група NoName057(16) ја презеде одговорноста на социјалната мрежа Телеграм за хакерските напади врз хрватските институции што се случија во средата, пренесе „Јутарњи лист“. На мета на хакери неодамна беа Министерството за финансии, Даночната управа и Загрепската берза, а во четвртокот беше нападнат и Клиничкиот болнички центар Загреб. „Не сме ја посетиле Хрватска веќе некое време, па решивме да се „потсетиме“, напишаа хакерите ...

„Operation Overload“ („Операција преоптоварување“) таргетирала над 800 организации од повеќе од 75 земји, вклучително и над 200 сметки кои припаѓаат на организации за проверка на факти. Извештајот на CheckFirst анализира преку 200 пораки испратени до повеќе од 20 медиумски организации за да ги открие тактиките на оваа кампања. Организациите претежно добивале идентични мејлови во кои се повикуваат да проверат одредени лажни приказни, што покажува ...

Лошиот настап на претседателот Џо Бајден на дебатата со Доналд Трамп доведе до тоа одредени членови на Демократската партија да почнат да се прашуваат дали тој треба да биде сменет на гласачкото ливче со друг кандидат пред претседателските изборите во ноември во САД. Нема докази дека Бајден е подготвен да ја заврши својата кампања сега, пишува агенцијата Асошиејтед прес. И за Демократите би било речиси невозможно да го заменат доколку тој не ...

Французите денеска гласаат во првиот круг од предвремените парламентарни избори, на кои екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен би можела за прв пат да формира влада. Анкетите покажуваат зајакнување на поддршката за екстремно десничарската Национален собир на Ле Пен, но исходот на изборите што претседателот Емануел Макрон ги свика пред три недели, по катастрофалниот пораз на неговите сојузници на европските парламентарни избори, останува ...

Викенд-изданието на Њујорк Тајмс за 29-30 јуни разоткрива мрежа за трговија со луѓе со кои жители на сиромашниот Непал со измами се вработуваат во руската армија. Њујорк Тајмс известува за случаите на невработени Непалци кои, привлечени со ветувања за големи плати што ќе може да ги праќаат назад на семејствата, се задолжуваат со големи суми и заминуваат на печалба во Русија, каде им се нудат работни места во војската, но далеку од фронтот. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „големо демократско и републиканско обединување“ во вториот круг од предвремените парламентарни избори во Франција против екстремно десничарската партија Национален собир, која е во водство на првиот круг од изборите. „Големиот одѕив во првиот круг сведочи за важноста на ова гласање за сите наши сонародници и желбата да се разјасни политичката ситуација“, рече Макрон. „Соочени со партијата ...

На 88-годишна возраст денеска почина славниот албански писател Исмаил Кадаре. Кадаре, кој се спротивстави на режимот на Енвер Хоџа, доживеа срцев удар, соопштија од болницата во Тирана, а пренесоа светските медиуми. Најпознатиот албански писател е роден во 1936 година во градот Ѓирокастро во јужна Албанија. Триесет години од својата писателска кариера, Кадаре живеел во комунистичка Албанија, каде што ги напишал и своите ремек-дела „Генералот на ...

Нов извештај на Гугл покажа дека вкупните емисии на стакленички гасови на технолошката компанија во 2023 година се зголемиле за 48 отсто во споредба со 2019 година. Според извештајот, оваа разлика воглавно се должи на користењето на технологија која користи вештачка интелигенција (ВИ), пренесува Би-би-си. Емисиите доаѓаат од податочните центри на компанијата, кои претставуваат мрежа на компјутерски сервери. За развивањето на ВИ моделите е ...

Среда, 16.03.2022 година, 8 часот наутро. Невенчаниот сопруг, по претходна расправија, ја удира сопругата со бокс во левото око, а попладнето околу 16 часот насилно ја зема и ја носи на планина. На вратот ѝ става конец за да ја обеси, ја соблекува гола, а потоа се премислува – ја враќа назад дома и ѝ уринира во устата. Насилството тука не запира. Околу 20 часот, тој почнува да ја тепа со боксови по лицето и да ја малтретира. Жената успева да ...

Жителите и еколошките организации „Здрава котлина“ и „Еко долина“ од општините Ново Село, Босилово и Струмица денеска протестираат против отворање на капацитет кој ќе преработува алуминиум. За овие општини рудникот Иловица-Штука, против кој се борат неколку години сè уште не е завршена приказна, а само на десетина километри од таа локација им се отвора нов фронт кој се плашат дека исто така ќе им ги загрозува здравјето и животната средина ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
31%
1018
weather icon

Белград

31ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.57
46%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
36%
1020
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.11
24%
1017
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
53%
1020
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
7.6
29%
1016
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
29%
1017
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
27%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
33%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
47%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
57%
1019
Currency

61.525

Currency

52.3161

Currency

71.2586

Currency

34.3123

Currency

38.3912

Currency

65.8304

Currency

7.28205

Currency

0.66238

Currency

0.36287

Currency

0.52505

Currency

1.30824

Currency

0.6117

Алуминиум

2.62

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15082.50

Рутениум

22601.97

Калај

33.80

Сребро

1180.98

Злато

107082.42

Бакар

10.34

Паладиум

36298.19

Платина

43957.31

Родиум

176829.11

Цинк

2.71