
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Пратеници од ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ денеска поднесоа барање за автентично толкување на член 7, став (3) од Законот за игри на среќа и за забавните игри, за да добијат, како што велат, прецизно толкување, дали одлуката на претходната Влада и раководство на Државна лотарија за интернет коцкање има законска основа. Како што соопштуваат во ВЛЕН, нивните правни тимови се убедени дека одлуките за формирање на три нови компании за организирање ...
Поради надојдениот топлотен бран кој ја опфати државата, владата донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено. На денешната седницата владата одлучи да се ослободат од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години во периодот од 12 до 18 јули 2024 година. Во соопштението на Владата стои дека е „Работодавачите треба да ги реорганизираат работните активности ...
Во близина на детското одмаралиште Бунец, некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси, реагираат од невладината организација Анима Мунди. Оттаму тврдат дека се гради стрелиште во близина на хранилиште на дивеч за кое мештаните не знаат речиси ...
Три авиони за гаснење пожар, ер трактор, ќе полетаат утрово кон пожарот што беснее на планината Серта, а попладне ќе го гаснат и пожарот на планината Огражден во близина на границата со Бугарија. Центарот за управување со кризи денеска информира дека високите температури го земаат својот данок и во изминативе 12 дена имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери. Само во последното деноноќие има 26 пожари на отворено, а од нив ...
Матка никако да ја добие заштитата која и е неопходна и по две децении откако заштитените подрачја мораа да бидат репрогласени според обврските од законот за природа донесен во 2004 година. Законот за прогласување на кањонот за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата, повеќе од една година чека да се најде на дневен ред пред пратениците во Собранието. Откако десетина години се работеше на документацијата за едно од ...
На родителите на децата со попреченост во согласност со проценката од МКФ (Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје) ќе им овозможиме да одберат во какво училиште сакаат децата да им учат. Станува збор за деца кои се инклудирани во редовните паралелки, а нивните родители реагираат до нас дека не чувствуваат корист од тоа дека нивното дете е вклучено во редовна паралелка. Ова го истакнала министерката за образование и ...
Европската унија го повика Илон Маск да одговори како ја претвори социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) во рај за дезинформации и нелегални содржини. Комисијата на ЕУ го обвини „Икс“ за непочитување на законот на ЕУ за социјалните медиуми. Платформата може да се соочи со голема парична казна од повеќе милиони евра во пионерски случај според новиот Закон за дигитални услуги, закон за сузбивање на токсичните и нелегални онлајн содржини и ...
Гејмерката MissMikkaa, која е активна стримерка на Twitch, а нејзините снимки ги има и на YouTube, ги заврши „Елден Ринг“ и експанзијата користејќи само „dancepad” – подлога за танцување, наместо џојстик или тастатура и маус. Ова е подвиг што сам по себе зборува за тоа колку добро „Мис Мика” знае да ја игра „Елден Ринг“. Особено затоа што играта воопшто не е лесна ниту со најдобарриот контролер, а камо ли вака. Нејзиното вртење на експанзијата ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година. Според конкурсот, на УКИМ има 9.921 слободно место, од кои 4.761 се за редовни студенти во државна квота, 4.210 за редовни студенти со кофинансирање на студиите, а 950 места за вонредни студенти. Најмногу слободни места и годинава има на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) – вкупно 1.030, по што ...
Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи во сабота, 13 јули, во кафе-бар „Ликвид“ во Охрид со почеток во 19:30 часот. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова – Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. „Стојановска умее со природноста на Господинов да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во ...
Денеска е последен ден да ја набавите бесплатно играта The Falconer на сервисот на Epic Games. Станува збор за игра квалификувана како истражувачка, со симулирано летање преку огромна водна површина на која има повеќе острови. Играта е квалитетна и во редовна продажба чини 20 евра. Светот во играта е квалитетно сработен, како да е потопена планета слично на книгата на Балард – „Потопен свет“ и филмот „Waterworld“ со Кевин Костнер што ...
Проектот „МСУ – Скопје ремек дела за сите“ е единствниот македонски проект избран во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“ за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи“ (BMN), од вкупно 46 пријавени проекти. Во рамките на проектот за Музејот на современа уметност – Скопје (МСУ) вклучени се организации и стручни лица на национално и регионално ниво. Креиран е концепт за спроведување ...
Роботите и ботовите преземаат сè повеќе работни места. Дали тоа води до спасување на луѓето од стрес и од напор или до масовни намалувања на работни места. Германскиот министер за труд Хубертус Хајл проценува дека вештачката интелигенција ќе принуди милиони луѓе да се прилагодат, пренесува германската агенција дпа. На пример, вештачката интелигенција може да ја автоматизира тешката работа во трговијата, банкарството или осигурувањето, рече Хајл ...
Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје нема да работи следната академска година, дознава Мета.мк. Комплексот ќе биде затворен во целост сè додека не се реновира. Откако пред десетина дена се отселија сите студенти, се затвори и третата зграда, од каде и ќе почне реконструкцијата. Нема да функционираат ниту бараките, и покрај тоа што во овие објекти е исправно сè, ниту пак студентската менза. Австриската компанија „Штрабаг“ која е избрана за да ...
Играта The First Descendant е Free to Play бесплатна најнова игра на Steam со огромна популарност. Станува збор за group to play shooter многу сличен на Warframe. Со таа разлика е што ќе ви треба посилен компјутер одошто е потребен за Warframe. За детали околу играта и други споредби уште при првата најава на First Descendant имаме детален напис што може да го прочитате овде. Играта моментално на Steam има преку 200.000 активни играчи. Покрај ...
Вистинската ѕвезда по парламентарните избори во Велика Британија несомнено е мачорот Лери кој е резидент на улицата „Даунинг“ број 10 уште од 2007 година. Секогаш тука пасивно, но набљудувачки, мачорот Лери бил дел од политичкиот живот на многуте премиери на Велика Британија, a се очекува да биде тука рамо до рамо со новоизбраниот премиер Кир Стармер. Кој е мачорот Лери? Тој е роден во 2007 година – за живот на една мачка стар, но сепак самиот ...
Струшките вечери на поезијата го објавија добитникот на поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година. Свечениот настан се одржа на 8 јули во 11:30 ч. во просториите на Јуроп Хаус Струга. За наградата одлучуваше жири комисија во состав: Славе Ѓорѓо Димоски, претседател, и Виолета Танчева-Златева и Андреј Ал-Асади – членови Претседателот на жири комисијата. Истакнатиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, во образложението на Одлуката за доделување на ...
Вкупно 52.316 студенти се запишани во академската 2023/2024 година на високообразовните установи во Северна Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Согласно извештајот, бројот на студенти во оваа академска година е помал за 2,8 отсто во споредба со запишаните студенти во претходната. Најголем дел од студентите – речиси 78 отсто, се запишале на државните високообразовни установи, додека 22 проценти ...
Отпадните води во автокамповите „Љубаништа” и „Ливадишта“, хотелoт „Св. Наум“, ресторанот „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум“, се директни загадувачи на Охридското езеро. Тие се приклучени на канализациониот систем, но истиот не функционира. Ова е наведено во последниот извештај за квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење од природните езера и проценка на здравствениот ризик пред почетокот на ...
„Иноклин“ (Innoclean) e името на уредот кој го создале матуранти во училиштето „Михајло Пупин“, а чии „сини” UVB-LED светла, го спречуваат брзиот развој на бактерии во устата и забите, во време кога луѓето се на подолг пат и немаат услови за редовно одржување на оралната хигиена. Фидан Маџоски, Марија Јованова, Зорица Геровска, Стефан Јанковски и Андреј Тодоров, се младите ентузијасти, на кои им биле потребни 20 дена да го создадат „Иноклин“. ...
Центарот за современи уметности денес постави инсталација во Порта Буњаковец, во форма на стапица за глувци, на која се испишани дезинформации околу вакцинацијата. Авторот на уметничката акција е Љубиша Камењаров, кој цели да ја покаже примамливоста на антиваксерските лажни вести, на кои „паѓаат“ граѓани кои не се во состојба да препознаат лажни вести. Дезинформациите кои беа побиени вклучуваа тоа дека вакцините предизвикуваат аутизам и ...
Софтверско инжинерство и иновации, лабораториско биоинжинерство, прехранбена биотехнологија, ветеринарна медицина, студии по новинарство… Ова се само некои од студиските програми, со кои денеска имаа можност да се запознаат матурантите – идни бруцоши, на саемот на универзитети „УниКомпас“, кој се одржа во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ). Настанот, кој го посетија десетици млади, нивни родители и пријатели, го организираше ...
По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември да ги користат учебниците кои се применуваат досега, со додатни материјали, информираат во МОН. Оттаму велат дека за оваа цел донеле одлука за одложување на имплементацијата на Концепцијата за основно образование, во седмо, осмо и во деветто ...
„Фан“ на серијалот игри Legend of Zelda по име Ентони Бреј кој живее во Англија во градот Нунитон, осуден е на 4 месеци затвор затоа што во јавност носел реплика од „Мајсторскиот меч“ од играта. Должината и големината на сечивото на мечот е само 15 сантиметри и повеќе изгледало како привезок, а Бреј велел дека го користи како „фиџет“ играчка за смирување на нерви. Не станува збор за меч во ергономска адекватна големина. Полицијата изјави дека ...
Три училишта во Северна Македонија велат дека немаат информации дали нивните ученици се на списокот на Министерството за образование и наука за добивање на средства од антикризните мерки за поддршка на учениците од основните и средните училишта, на чии семејства вкупните месечни примања од нето платата им се до 50.000 денари. Родители и ученици, изразувајќи ја својата загриженост за статусот на нивните поднесени барања за надоместок според оваа ...
Според Извештајот на агенцијата за патенти, помеѓу 2014 и 2023 година, повеќе од 38.000 патенти со GenAI (генеративна вештачка интелигеција) излегле од Кина, многу повеќе од оние поднесени од пронаоѓачите во САД, кои се на второ место. Сепак, најпопуларнитеалатки врз база на генеративна вештачка интелигенција се произведени од американски компании, како Опен АИ и Гугл. Генеративната вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да креираат ...
Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3.25, што е помалку од минатата и од предминатата година, соопшто МОН. Во 2023 година просечната оценка беше 3.65, додека во 2022 година – 3.78. Ова, според Државниот испитен центар како надлежна институција за спроведување на процесот е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени. Вкупно 14.834 пријавени кандидати, на 1 јуни го полагаа ...
Министерството за образование и наука (МОН) во моментов ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот од идната учебна година. Ова синоќа го изјави министерката Весна Јаневска во гостувањето на Телевизија Сител. Според неа, МОН ќе постапи според изјаснувањето на наставниците, но смета дека треба да има „некоја скратена, печатена форма на дневник за евиденција“. „Пред неколку дена заврши проектот за ...
Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите, односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Во оваа објава оправдувањето е дека причината била ставање крај на сите војни, што е сосема нелогично, пишува Вистиномер. Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал на кој се наоѓа девојка која носи балони со боите на знамето ...
Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот, прв со потпис на новата Влада, економистите оценуваат дека претстои период на неопходни промени, пишува Порталб.мк. Но, колку и како може да се прекрои буџетската каса, дали може да се крати од веќе дадени права, каде може да се заштеди? Оценки на економистите Со поголем буџетски дефицит, а помал економски раст во однос на планираното. Вака според дел од економистите ќе заврши оваа изборна економска ...