
Скопје
39ᴼ /
39ᴼ



Последните измени на Кривичниот закон на Република Северна Македонија ја подобруваат заштитата на новинарите така што овозможуваат обвинителството да покрене кривична постапка во нивно име, намалувајќи го товарот на приватното гонење. Дополнително, бидејќи делата клевета и навреда се декриминализирани, бројот на приватни тужби против новинар(к)и е зголемен и претставува нова закана по истражувачкото новинарство. Овие тужби во јавноста се познати ...
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик. Публикацијата има за цел да ги насочи професорите и обучувачите на новинари да им помогнат не само на студентите, туку и на репортерите кои веќе работат во новинарството, правилно да се соочат со едно од најголемите прашања на нашето време – ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија загриженост за говорот на омраза кон новинарите на социјалните мрежи во земјава. Од таму велат дека упатиле заедничко писмо до странските амбасади и организации со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките. „Овој вознемирувачки тренд претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ...
Фотографијата на која е прикажано македонското знаме, а до него за јазик пишува Bulgarian (Serbianized), е манипулација и ги измамува корисниците на социјалните мрежи. Фотографијата не е реална туку е фотошопирана. Тоа прво се забележува кај знамињата, каде што македонското знаме не е рамномерно со другите знамиња, туку е поголемо. И алатките коишто се користат за да се види дали со фотографијата е извршена манипулација покажуваат дека ...
Европската Унија се темели на принципи кои се целосно спротивни од оние на фашизмот. Таа е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Фашизмот е екстремно десничарска, авторитарна, ултранационалистичка политичка идеологија и движење, што се карактеризира со диктаторски лидер, насилно потиснување на опозицијата, ...
Вистиномер не успеа да најде ниту една официјална информација дека Грузија ќе ги обнови дипломатските односи со Русија и ќе отвори амбасада во Москва. Такво нешто нема на официјалните Икс профили на партијата Грузиски сон и на грузиската влада. За веста дека Грузија се подготвува да отвори амбасада во Москва има деманти и од грузиска и од руска страна, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Објава на Фејсбук тврди дека Грузија ...
Вистиномер го побара видеото на Гугл и откривме дека тоа кружи на Интернет од 2020 година. На Јутјуб исто така било објавено на 5 мај 2020 година. Не е познато каде е направено видеото, но тоа е доста вирално и споделувано последниве години. „Eксклузивното“ видео од тоа како Холанѓанецот го каснала змијата нема врска со Охрид, ниту пак, со посочениот инцидент, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Анализираме објава на Фејсбук ...
Двете видеа кои се споделени во објавата што ја рецензираме се снимени далеку од Европа, поточно во Австралија и во Канада. Не постои ниту приближна иницијатива во ЕУ да се легализира педофилијата која се смета за кривично дело, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат два видеоматеријали и пишува: Педофилска ЕУ која вие многу ја сакате, сакајте ја. На првото ...
Камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата што ја анализираме манипулира и непотребно крева паника во јавноста, наведувајќи ги следбениците на Фејсбук да мислат дека камерите почнале да снимаат. Всушност, станува збор за информација дека било извршено тестирање на камерите, што е наведено во написот кој го споделува објавата, но не и во насловот, пишува ...
Во објавата се прави обид предупредувањата и констатациите дека климатските промени се реалност, да се претстават како наводна „глупост“ мотивирана од „потплатување со пари“ која ја шират „трансхуманисти, фашисти и сатанисти“. Климатските промени се најгорливиот проблем на нашето време, светот станува сè пожежок. Според шестиот извештај за проценка на IPCC за состојбата на климата, изминатата деценија веројатно е најтоплиот период во последните ...
Јавниот долг се „спушти“ под 60 отсто – во првиот изборен квартал од годинава, јавниот долг изнесувал 58,6 проценти од БДП. Идната Влада планира нов заем од 1 милијарда евра, пишува Порталб.мк. Според економистите, оваа сума отвора повеќе прашања, а едно од ни е: за што ќе се трошат парите? Новите заеми – нов „притисок“ за јавниот долг, за што ќе се трошат најавените 1 милијарда евра? Според последните достапни информации, на крајот на март, ...
Oд денеска, 19 јуни заклучно со 31 јули, физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) кои имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад преку заедничката сметка со ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива преку наплатните пунктови на ЈП Водовод и канализација-Скопје (освен тужбата којашто датира од ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април во земјава изнесувала 41.085 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Индексот на просечната исплатена нето-плата во споредба со истиот месец 2023 година изнесува 113,7. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна плата по вработен во секторите Образование (21,8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18,6%) и Информации и ...
Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е го истражува инцидентот што се случи вчера во дел од системот за снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа, објавено е денеска на страницата „ENTSO-E“. Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска. „Загрозените оператори на мрежни системи, со поддршка од соседните оператори, по речиси два часа ...
САД, Канада, Велика Британија и веројатно Јапонија, ќе ги обезбедат средствата за заемот за Украина што беше договрен на Самитот на Г7 во Италија. Како што пренесува Ројтерс, италијанската премиерка Џорџија Мелони изјавила дека земјите од Европската унија засега нема да бидат директно вклучени во заемот. Средствата во висина од 50 милијарди долари треба да се исплатат од добивката од замрзнати руски средства. „Заемот од околу 50 милијарди веќе е ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти воениот кабинет, пренесува Гардијан. Оваа одлука доаѓа кратко по оставката на генералот Бени Ганц. Тој доаѓа од центарско-ориентирана коалиција и беше вклучен во воената влада на Израел. Ганц поднесе оставка поради недостигот на соодветна стратегија за обнова на Газа по војната. Дополнително, Ганц изјави оти смета дека израелскиот премиер ги ставал своите политички интереси над спасувањето на ...
Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати и се стравува дека се мртви, во две одделни бродски несреќи во близина на италијанскиот брод, соопштија спасувачките служби во земјата, а пренесе Гардијан. Десет тела биле пронајдени вчера во долната палуба на дрвен чамец во централниот дел на Медитеранот од страна на спасувачите од Надир, брод управуван од германската добротворна организација „ResQship“. Организацијата соопшти дека ...
Речиси цела Црна Гора, како и хрватскиот регион Далмација и делови од Босна и Херцеговина и Албанија, се останати без струја. Според „Вијести.ме“, без струја се останати Сараево, Зеница и Бања Лука, а хрватскиот медиум „Слободна Далмација“ извести дека без струја се градовите Сплит, Шибеник, Дубровник, Задар, како и бројни други острови и градови. Во албанските медиуми пишува дека без струја се останати Тирана, Драч, Скадар и други. Електрична ...
Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) се согласија формално да започнат евроинтеграциските преговори за Украина и Молдавија. Преговорите ќе започнат на 25 јуни, пренесува Ројтерс. Отворањето на преговорите значи дека Унгарија го повлекла своето вето за членство на Украина во ЕУ. Ставот на Унгарија, која има блиски односи со Русија, досега беше дека Украина не ги исполнува потребните услови за да започне преговори за влез во ЕУ. ...
Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура на западот и југот на Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика. Објектите на Укренерго (украинскиот оператор) се оштетени во регионите на Лавов на запад и на Запорожје на југ, каде двајца работници се повредени и хоспитализирани, се додава во соопштението на Министерството. Таму се вели дека ова е осми масовен напад врз украинските ...
Најмалку 39 лица загинале при напади низ северниот дел на Газа вчера а спасувачките екипи се обидуваат да најдат преживеани под урнатините, пишува Асошиејтед прес. Фадел Наем, директор на болницата Ал-Ахли во Газа, изјави дека повеќе од триесетина тела пристигнале во болницата. Палестинската цивилна одбрана, група за итни случаи активна во Газа, соопшти дека нејзините работници за итни случаи барале преживеани на местото на нападот во бегалскиот ...
Грчките власти вчера уапсиле 13 лица откако огномет лансиран од јахта предизвика шумски пожар на остров во близина на Атина, пишува Гардијан. Градоначалникот на островот Хидра изрази „огорченост“ и вети правна постапка против одговорните. „Последниот пожар е предизвикан од огномет лансиран од брод и ја изгоре единствената борова шума на островот на место кое е тешко пристапно“, објави противпожарниот тим на Хидра на Фејсбук. Тринаесет лица ...
Повеќе од 1.000 аџии загинале за време на овогодинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремно високите температури, пишува Асошиејтед Прес. Најмногу смртни случаи се пријавени од Египет – 658. Индонезија објави повеќе од 200 мртви, а Индија соопшти дека починале 98 аџии. Бидејќи повеќе од половина од починатите се луѓе од Египет, државата ги укина лиценците на 16 туристички агенции кои им помагаа на неовластените аџии да патуваат во ...
Палестинската новинска агенција „Вафа“ објави дека израелските власти уапсиле најмалку 59 палестинци во близина на Рамала на Западниот брег, окупиран од Израел, пренесе „Гардијан“. „Вафа“ известува дека израелските сили привеле десетици млади мажи и ги испрашувале пред да ги ослободат. Приведувањата се случиле за време на рациите на Силвад, источно од Рамала, и Кафр Нима, западно од градот. Израелскиот информативен центар за човекови права на ...
Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Изгласано е времено запирање од извршување на оспорените одредби (т.н „времена мерка”), соопштија од Судот. Како што велат оттаму, во Судот изразил сомнеж дека оспорените членови се во спротивност со повеќе уставни одредби меѓу кои и владеењето на правото (Член 8, 1 алинеи 3 и 6), правото на гарантирана ...
Пеколни горештини и суша нè чекаат и ова лето, а климатските промени го наплатуваат данокот на невнимателност на човекот, како најодговорен за емисиите на стакленички гасови. Иако само што календарски започна, летото веќе го чувствуваме во полн замав, а заради високите температури во земјава веќе е прогласена и портокалова фаза на опасност. Жештините ќе се задржат и во следните денови, заради што Институтот за јавно здравје веќе излезе со ...
Фрустрациите заради застојот во евроинтеграцискиот процес се гориво со кое се распалува анти-ЕУ сентиментот во државата. Дезинформации и напади врз високи политички претставници, институции има не само во Украина, туку и во повеќе други европски држави. Често се испреплетуваат најразлични теми и наративи: традиционални наспроти западни вредности, се сатанизираат ЕУ и НАТО, се шират лаги за педофилски кругови, неонацизам итн. Целта е да се сее ...
Денес е историски ден! Започнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања. Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја. Македонија е нашиот дом“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почнувањето на седницата за избор на новата влада. Мицкоски го поднесе предлогот за состав на владата и програмата на 18 јуни. Собраниската ...
Од УХМР известуваат дека утре попладне ќе има локална, а во текот на следната седмица честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура. Во Скопје во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме ...
Министерството за надворешни работи објави детали за тешката сообраќајна несреќа во Грција која се случи вчера, а во која загина 29-годишна жена од Македонија. Во несреќата се повредени уште две жени кои биле во возилото, а четвртата поминала без повреди. Несреќата се случи на автопатот Егнатиа во правец кон Солун. „На Автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на ...