Иако С. Македонија предничи во меѓународни рамки по бројот на членови во партиските организации, граѓаните покажуваат ниска идентификација со партиите и ниски афекти и кон омилените и кон најмалку саканите партии. Ова го покажале меѓународните наоди од компаративното истражување на изборните системи (КИИС/CSES), кои беа презентирани денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Презентацијата ги одржаа политиколозите проф. д-р ...

На 11 март 2026 година во Големата Сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје беа презентирани меѓународни компаративни наоди од Компаративното истражување на изборните системи (КИИС/CSES). Презентациите ги одржаа политиколозите проф. д-р Анета Цекиќ и доц. д-р Јован Близнаковски, по што со свои дискусии учествуваа и Илина Мангова и вон. проф. д-р Марко Кртолица. Поздравни говори одржаа ректорката проф. д-р Биљана ...