Со меѓусебни обвинувања и жестоки реплицирања меѓу новата власт и опозицијата во тек е собраниската седница за избор на новиот владин состав, која започна во 11 часот. Во излагањето на експозето, Мицкоски најави намалени даноци и зголемени пензии, влада на економски развој, раст од пет отсто на БДП и годишна инфлација од 2 – 2,5 отсто годишна инфлација. Од собраниската говорница, Мицкоски вети и намалување на невработеноста на 7% и зголемување ...

Денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево. Хеликоптерот исфрли над 25 тона вода и во координација со силите на терен пожарот е ставен под контрола, информира МВР. Овој пожар беше единствениот кој остана активен од осумте пожари на отворено во последното деноноќие. Пожарот бил активен со различен интензитет, повеќе денови. „Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, ...

Под мотото „Спектакуларно непослушни“, денеска се одржа петтиот „Скопје Прајд“. Почетната точка беше во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот започна собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори започна протестниот марш по скопските улици, а на крај парадата завршува со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк. На прашањето зошто името на парадата е „Спектакуларно непослушни“, Кочо Андоновски, член ...

Градиначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, во својата предизборна програма насловена „За Гевгелија гарантираме“, како еден од приоритетните проекти за градот го наведува проектот Реставрација на „Стара чаршија”. Проектот се наоѓа на седмата страна во програмата и е сместен во делот за топ 10 приоритетни активности. До денес, за проектот е започната само изработка на техничка документација. Поради тоа ова ветување го оценуваме како ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 225 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,96%, а 36,04% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 55,39%, кон Итната медицинска помош 31,13%, кон пожарникарите 10,54%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. 12 пожари вкупно на отворено и неколку помали ...

Министерството за надворешни работи ги советува сите македонски државјани кои се моментално во Либан, да ја напуштат државата во најбрзо време поради влошената безбедносна ситуација на територијата. Оттаму апелираат и да се одложат сите патувања кон Либан, кои не се неопходни. „Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан,“ се вели во апелот на МНР. Ова се случува откако ...

Собранието на Република Северна Македонија, со 77 гласа „за“ и 22 „против“, ја избра новата Влада, чиј состав го предложи новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскиoт фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. Во владејачкото мнозинство учествуваат три политички субјекта, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, а согласно резултатите од 11. парламентарни избори, ...

Христијан Мицкоски ја презеде функцијата премиер на Република Северна Македонија. Денеска се одржа примопредавање на премиерската функција помеѓу досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, и новоизбраниот претседател на Владата. „Констатирано беше дека преодната Влада и државните институции успешно одговорија на должноста за организирање слободни, фер и демократски изборни процеси и овозможија мирно и демократско примопредавање на власта. ...

Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин. „Апелираме до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управуваат со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот“, велат од ЦУК. Најголеми се штетите од невремето во ...

На веб-страницата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова не е наведено уставното име на државата „Република Северна Македонија“, ниту на македонски, ниту на албански, ниту на англиски јазик. Очигледно е дека објавата користи фотошоп за да поентира политички и да привлече што е можно повеќе кликови и реакции, пишува Вистиномер. Објавата ја пренесуваме интегрално: Објава на Фејсбук тврди дека на официјалната веб-страница на претседателката ...

Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни, најавува новата министерка за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која денеска ја презеде функцијата од досегашниот министер Јетон Шаќири. Како што посочи по средбата, многу скоро ќе започне процесот на темелна обнова ...

Повеќе од две децении нема решение за расчистување на депонијата во село Никуштак во општина Ликово. Жителите изгубиле надеж дека овој проблем ќе се реши и и понатаму се загрижени за своето здравје. Од Општина Ликово се правдаат дека расчистувањето на дивата депонија се врши редовно и дека „многу брзо ќе ја оградат депонијата“, нешто што го тврдат уште од 2017 година, пренесува Порталб.мк. Јавното комунално претпријатие на општина Ликово „Пиша“, ...

Поразителни податоци објави Државниот завод за ревизија, а во однос на ефективноста на преземените мерки на надлежните органи за заштита на критичните информациски системи. Со ревизијата на успешност опфатен е период од 2020 до 2022 година, но и период пред и по завршување на ревизијата, до денот на изготвување на извештајот. Ревизијата утврдила дека институциите и органите не обезбедуваат ефикасна и целосна заштита на критичните информациски ...

Телевизиската серија во развој „Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои главната награда на престижниот Conecta во Толедо, Шпанија, интернационален маркет за креирање, развој, продуцирање и финансирање на телевизиски содржини. Проектот, како што информираат од ОХО продукција, влезе во претселекција за наградата меѓу триесетина серии во развој и беше издвоен како најдобар од страна на интернационалното жири. На доделувањето на наградите, ...

Поранешниот заменик министер за здравство на Украина Михаил Загричук, според неофицијалните информации во украинските медиуми, е осомничен за мешање (интервенирање) во единствениот државен информациски систем за трансплантација, односно за манипулирање со листата во автоматизираниот систем кој одредува парови – донор и примател на орган, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која ...

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднел пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд, информираа од судот. Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот. „Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи ...

Како дел од грантот „Аll we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE”, финансиран од страна на ОБСЕ-Мисија Скопје, на 21.06.2024 година во просториите на Уметничката галерија Тетово (стариот АМАМ) се отвори изложба од делата на тематскиот стрип конкурс на национално ниво. Беа доделени дипломи и сертификати за учениците, менторите и училиштата од овој град, коишто беа вклучени во грантот. Како што истакна Томе Трајков-координатор на грантот и Стрип ...

Јуни е месец кога компанијата Дизни и нејзините поклоници традиционално ја одбележуваат годишнината на Пајо Паторот, а во 2024 година станува збор за голем јубилеј: 90 години од првиот цртан филм со него – „Мудрата мала кокошка“ (The Wise Little Hen) од 1934 г. Оригиналното име на Пајо Паторот е Доналд Дак, а на просторите на бивша Југославија името Паја Патак му го дале во редакцијата на белградскиот весник „Политика“ во која за прв пат се ...

УНИЦЕФ објави прирачник на тема „Видео игрите и децата: Водич за родители“. Водичот е прилично корисен, со практични совети за родителите како да се зголеми комуникацијата како и надзорот и заштитата на сопствените деца да не претеруваат со играње компјутерски игри, што е високорастечки тренд. Во водичот, фокусот е ставен на тоа како да се креира позитивна и безбедна гејминг околина за вашето дете. Овој водич е всушност интервју со експертот за ...

Порталб.мк спроведе анкета во врска со проблемот со сексуалното вознемирување на Универзитетот во Тетово, Универзитетот Мајка Тереза и Универзитетот на Југоисточна Европа во Северна Македонија. Од 122 лица кои одговориле на анкетата, 24 изјавиле дека доживеале сексуално вознемирување. Студентите не ги пријавуваат овие случаи, бидејќи се плашат и не веруваат дека нивниот случај ќе има позитивен епилог. Од универзитетите велат дека не примиле ...

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја да не ја снабдува Украина со оружја, велејќи дека таа би направила „голема грешка“ доколку тоа го стори, пренесува Би-би-си. Изјавата на Путин доаѓа откако јужнокорејската власт соопшти дека го отвора прашањето на доставувањето оружја на Украина, како одговор на договорот потпишан меѓу на Русија и Северна Кореја оваа недела, во кој стои дека двете држави би си помагале меѓусебно во ...

Македонската извршна власт во 2023 година има минимален пораст на отвореноста според Индексот на отвореност на национално ниво кој Фондацијата Метаморфозис го промовираше денеска на настанот „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“. Вкупниот резултат на извршната власт во Северна Македонија (Владата, министерствата и извршните органи) достигнал 67 отсто исполнетост на индикаторите. Покрај Владата која исполнува над 78 отсто од ...

Почнувајќи од 2021 година секоја година во главниот град Скопје има најмалку едно убиство, а во последниве четири години дури 6 убиства имало во Општина Чаир. По секоја трагедија од ваков вид граѓаните се растревожени, кај нив одново се буди чувство на страв и несигурност, а штети трпат и бизнисите. Последен случај на убиство е убиството на 29-годишниот Амар и ранувањето на други две лица. Граѓаните бараат враќање на „маалскиот полицаец“, а пак ...

Во деновите пред пристигнувањето на руските воени бродови, на интернет кружеа слики и видеа, кои наводно го покажуваат пристигнувањето на фрегатата „Адмирал Горшков“ во пристаништето во Хавана. Таков е и случајот во објавата што ја рецензираме, но видеото е старо и не е од ова неодамнешно пристигнување, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во ...

Жителите на Виена се гордеат со тоа што нивниот град на разни начини им овозможува пристап до чиста вода, што е особено важно за заштита од жештините. Низ главниот град на Австрија се поставени модерни чешми од кои бесплатно може да се пие или наточи вода, а градските власти ги поттикнувааат и граѓаните и туристите да ги користат со пораки како „Пијте вода!“. Според официјалните податоци, во главниот град на Австрија функционираат околу 1.500 ...

Јавното обвинителство утрово соопшти дека, по спроведена претходна постапка, обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на еден веб-портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза ...

На 22 јуни во Скопје ќе се одржи петтата Парада на гордоста. Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска одржа прес-конференција посветена на овогодишното издание на Парадата на гордоста, каде беше најавено дека рутата ќе биде иста како изминатите години – почетна точка ќе биде паркот „Жена борец“, а маршот ќе заврши на стадионот на АРМ во Градскиот парк, каде ќе има културно-музичка програма. Слоганот на овогодишното издание на ...

Во објава на Фејсбук, која негативно реагира на тоа што Украина и Молдавија добиле препорака за почеток на преговорите за нивната евроинтеграција, се измешани: лично мислење, кое авторот има полно право да го изрази; некои непобитни факти, што, се подразбира, е исто така легитимно; но и тенденциозни премолчувања, заради кои јавноста не ја добива целосната слика за настанот; па дури и дрски лаги, кои авторот се обидува да ги протне заедно со ...

Тврдењето дека НАТО и Германија испраќаат 90 илјади војници на фронтот со Русија, е погрешно. Станува збор за најголемата воена вежба на НАТО членките која почна во јануари 2024 година и заврши во мај 2024 година. Видеото кое го споделува објавата, а кое е од прес-конференција на германскиот генерал Карстен Бројер, може да се најде на Јутјуб од 24 април 2024 година. Од видеото станува јасно дека генералот Бројер зборува за германската вежба ...

Наспроти изнесеното во говорот на холандската коментаторка, Ева Влардингербрук, одржан на конференција на конзервативци, официјалните податоци покажуваат дека процентот на мигранти кои живеат во Лондон, Брисел, Амстердам, Ротердам и Хаг е под 50 проценти, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео во кое зборува холандската коментаторка Ева Влардингербрук. Во ...

weather icon

Скопје

40ᴼ / 40ᴼ
1.54
13%
1013
weather icon

Белград

39ᴼ / 36ᴼ
2.57
18%
1014
weather icon

Загреб

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
39%
1018
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
17%
1017
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
4.57
15%
1013
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
3.16
37%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.36
26%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
46%
1015
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
5.14
19%
1014
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 36ᴼ
2.68
25%
1015
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
5.66
61%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
7.72
100%
1017
Currency

61.525

Currency

52.3161

Currency

71.2961

Currency

34.256

Currency

38.4297

Currency

65.8212

Currency

7.29096

Currency

0.66212

Currency

0.36193

Currency

0.52523

Currency

1.31169

Currency

0.61183

Алуминиум

2.61

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15240.00

Рутениум

24048.76

Калај

33.98

Сребро

1184.46

Злато

107145.23

Бакар

10.06

Паладиум

36040.99

Платина

44470.11

Родиум

176829.11

Цинк

2.73