Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Американски напади врз осомничени бродови за трговија со дрога во источниот Пацифик убија 14 наводни трговци и оставија за сега потврдено само еден преживеан, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, пренесува Ројтерс. Во објава на Икс, Пит Хегсет рече дека мексиканските власти ја презеле операцијата за пребарување и спасување за единствениот преживеан од трите напади, кои се случија во понеделник. „Четирите бродови беа познати на ...
Комисијата за човекови права на ОН заклучи дека нападите со беспилотни летала на Русија врз цивили во југоисточна Украина претставуваат злосторства против човештвото и воени злосторства, пренесува Гардијан. Во извештај објавен оваа недела, комисијата соопшти дека руските сили, кои дејствуваат под централизирана команда, систематски користеле беспилотни летала за „намерно таргетирање цивили и цивилни објекти и предизвикување штета и ...
Амазон денес изјавија дека ќе отпуштат околу 14.000 корпоративни вработени, што претставува најново намалување на работните места во повеќегодишните напори на компанијата за намалување на трошоците. Во блог пост, компанијата напиша дека отпуштањата се спроведуваат за да се помогне компанијата да стане поекономична и помалку бирократска, додека се стреми да инвестира во „нашите најголеми облози“, вклучувајќи ја и генеративната вештачка ...
Милијардерот Илон Маск ја претстави Grokipedia, алтернатива на Википедија управувана од вештачка интелигенција, за борба против она што тој го смета за пристрасност на мејнстрим онлајн платформите. Веб-страницата, создадена од тимот на Маск за xAI, беше пуштена во употреба во понеделник, пренесува Вајрд. На прв поглед, Grokipedia изгледа познато. Има лента за пребарување, минималистички дизајн и стилови на фонтови како Википедија. Но, работи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи потпишаа рамковен договор за обезбедување на снабдувањето со ретки земни елементи, бидејќи двете земји имаат цел да ја намалат доминацијата на Кина врз некои од клучните електронски компоненти. Лидерите ги потпишаа документите, кои вклучувааат критични минерали, во необарокниот дворец Акасака во Токио. Лидерите јавно не ја споменаа Кина, која преработува над 90% од ...
Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени синоќа ја погоди западна Турција, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ). По него следувале десетици нови потреси од кои најсилниот бил 4,4 степени. Локалните власти соопштуваат дека над 20 лица се повредени, но засега не јавуваат за жртви. Срушени се повеќе објекти во округот Синдирги, а има пријави и за над 500 оштетени објекти. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а ...
Независната меѓународна комисија на ОН во истрага за војната во Украина отктива дека руското користење дронови против цивили претставува злосторство против човештвото. Според извештајот на Комисијата, Русија користи беспилотни летала за да фрла бомби врз цивилите кои живеат во близина на фронтовската линија во Украина, на тој начин бркајќи ги од нивните домови и принудувајќи илјадници да бегаат од цели области. Во својот извештај, комисијата ...
Управните одбори на Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) одобрија вкупно 9,2 милијарди евра ново финансирање за проширување на иновациите во секторот за домување, зајакнување на енергетската безбедност и поддршка на здравствените и водоводните системи низ цела Европа. Управниот одбор на ЕИБ одобри прва иницијатива од ваков тип, HousingTechEU, вредна 400 милиони евра, за поддршка на компаниите со среден ...
Литванија ја затвори границата со Белорусија, откако синоќа го затвори својот аеродром во Вилнус по четврти пат за една недела откако неколку објекти, за кои се верува дека се балони со хелиум, влегоа во нејзиниот воздушен простор. Литванската премиерка Инга Ругињене изјави дека никаков хибриден напад нема да се толерира и најави дека ќе ги собори балоните откако 66 објекти беа забележани од радарот преку ноќ. Се верува дека балоните ...
Хеликоптер на американската морнарица и борбен авион се урнаа во Јужното Кинеско Море во рок од еден час за време на рутинските операции спроведени од истиот носач на авиони, соопшти американската морнарица, додавајќи дека целиот персонал е безбеден. Инцидентите се случија додека претседателот Доналд Трамп беше во посета на Азија. Зборувајќи со новинарите на бродот „Ер Форс Уан“ во понеделник, Трамп рече дека несреќите биле невообичаени и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да ја заврши војната во Украина, наместо да тестира нуклеарна ракета, додавајќи дека САД имаат нуклеарна подморница позиционирана крај брегот на Русија, пренесува Ројтерс. Путин во неделата изјави дека Русија успешно ја тестирала својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“, оружје со нуклеарна моќ за кое Москва вели дека може да пробие секој ...
Детективите што го истражуваат грабежот на накит во францускиот музеј Лувр откриле докази дека член на обезбедувањето бил во контакт со лицата за кои се смета дека се сторители. Се верува дека бандата добила чувствителни внатрешни информации за безбедносниот систем на музејот пред рацијата. „Постојат дигитални форензички докази што покажуваат дека имало соработка со еден од обезбедувачите на музејот и крадците. Беа пренесени чувствителни ...
САД и Кина се согласија за рамката на потенцијален трговски договор што ќе биде дискутиран кога нивните соодветни лидери ќе се сретнат подоцна оваа недела, изјави американскиот секретар за финансии Скот Бесент. Тој изјави за американскиот партнер на Би-Би-Си-Ес дека ова вклучува конечен договор за американските операции на ТикТок и одложување на зајакнатата контрола на Кина врз ретките минерали. Тој исто така рече дека не очекува да стапи на ...
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи доживеа убедлива победа на неделните парламентарни избори, добивајќи речиси 41отсто од гласовите со што значително ќе ја засили својата политичка моќ во Конгресот и ќе може полесно да ги спроведува најавените мерки за радикално кратење на јавните трошоци. Партијата на Милеи, „Ла либертад аванса“ (La Libertad Avanza) освои 13 од 24 сенаторски места и 64 од 127 пратенички места во Долниот дом. Со тоа, ...
Доналд Трамп изјави дека додава 10 отсто на американските царини за стоки увезени од Канада, откако покраината Онтарио емитуваше реклама во која се појавува Роналд Реган и зборува против царините. Нарекувајќи ја рекламата измама, американскиот претседател ги нападна канадските службеници затоа што не ја отстраниле пред Светското првенство во бејзбол. Премиерот Марк Карни како одговор рече дека Канада е подготвена да продолжи да гради врз ...
Кралот Абдула од Јордан изјави за Би-Би-Си дека земјите би одбиле да бидат замолени да спроведуваат мир во Газа доколку бидат распоредени според планот за прекин на огнот на Трамп. Според мировниот план од 20 точки на американскиот претседател Трамп, арапските држави и меѓународните партнери треба да ангажираат сили за стабилизација кои ќе обучуваат и ќе им обезбедат поддршка на проверените палестински полициски сили во Газа и ќе се ...
По трагичниот инцидент во кој животот го загуби татко што се обидел да го заштити својот син пред локал во Ново Место, словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска свика итен кризен состанок и најави оставки на министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Божтјан Поклукар. Како што објави Н1, нцидентот се случил во сабота околу 02:30 часот наутро, кога 20-годишен маж, припадник на ромската заедница, наводно со фатален ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази увереност дека ќе се постигне трговски договор со кинескиот претседател Си Џинпинг, откако економските претставници на двете земји постигнаа почетен консензус во Куала Лумпур, јавува Ројтерс. Состанокот меѓу американскиот секретар за финансии Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Грир со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг и главниот трговски преговарач Ли Ченгганг, одржан на маргините на ...
Француските власти уапсија двајца осомничени за спектакуларната кражба на скапоцен накит од музејот Лувр во Париз, потврди париската обвинителка Лор Беку. Еден од уапсените се подготвувал да ја напушти земјата преку аеродромот Шарл де Гол. Првото апсење било извршено околу 22 часот во саботата, кога осомничениот се обидел да се качи на лет кон Алжир, јавува весникот Ле Парисјен. Вториот осомничен бил приведен неколку часа подоцна во парискиот ...
Три лица, меѓу кои и 10-годишно дете, загинаа ноќеска во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 50 минути по полноќ во Нов Белград, нјави ТВ Н1. Според информациите на српските медиуми, станува збор за мајка, татко и нивното десетгодишно дете, кои починале на лице место од здобиените повреди. Очевидци изјавиле дека возач на возило марка „Ауди“ со голема брзина поминал на црвено светло и директно се забил во автомобилот на семејството. ...
Малезија и Камбоџа потпишаа реципрочни трговски договори со САД кои вклучуваат пристап до ретки минерали, соопшти Белата куќа на првиот ден од азиската турнеја на американскиот претседател Доналд Трамп, која има силен економски фокус, јави Си-Ен-Ен. Според деталите објавени од администрацијата, и двете земји ќе ги отворат своите пазари за американски инвестиции во секторот на ретки минерали. Покрај тоа, договорот со Камбоџа опфаќа и ...
Русија успешно ја тестираше крстосувачката ракета „Буревесник“ на нуклеарен погон, соопшти претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во неделата, нагласувајќи дека ова оружје ќе биде подготвено за распоредување, јави Ројтерс. Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов, информираше дека ракетата пиоминала 14.000 километри за околу 15 часа при тестот изведен на 21 октомври. Според руските власти, ракетата ...
Студентите во блокада најавија дека на 30 октомври ќе тргнат пеш од Белград до Нови Сад, во знак на сеќавање и солидарност со жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад, пренесува Н1. На нивната Инстаграм страница, студентите објавија дека се пријавиле повеќе од 4.000 учесници, меѓу кои и средношколци. „Нашиот тим дава сè од себе да обезбеди безбедност, сместување и основни услови за сите кои ќе пешачат. Ги молиме граѓаните кои сакаат да ...
Пентагон прифати анонимна донација од 130 милиони долари за исплата на припадниците на американската армија додека владата е во блокада, Доналд Трамп откри дека пријател му ја понудил оваа донација, објави Асошиејтед Прес. Иако станува збор за голема донација, износот покрива само мал дел од средствата потребни за исплата на воените плати. Администрацијата минатата недела издвојуваше 6,5 милијарди долари за таа намена, а следната исплата ...
Хрватскиот парламент денес, со 84 гласа „за“, 30 воздржани и 11 „против“, го измени Законот за одбрана, со што се потврди повторното воведување на задолжителен воен рок, пренесува Хрватскиот Дневник. Основната воена обука (ОВО) ќе трае два месеци, првите повици ќе започнат до крајот на годината, а првите регрути во касарните во Книн, Слуњ и Пожега се очекуваат на почетокот на следната година. Како што објави Министерството за одбрана, ...
Владимир Путин изјави дека Русија никогаш нема да се предаде на притисокот од САД, но призна дека новите санкции би можеле да предизвикаат економски проблеми, бидејќи Кина и Индија го намалуваат увозот на руска нафта откако Вашингтон ги таргетира двата најголеми производители на Москва. Рускиот лидер ги опиша санкциите на САД како непријателски чин што не прави ништо за зајакнување на руско-американските односи и обид за вршење притисок врз ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веднаш ги прекинува сите трговски преговори со Канада. Во објава на Truth Social, Трамп напиша дека земјата објавила реклама во која поранешниот американски претседател Роналд Реган зборува негативно за царините. „Врз основа на нивното скандалозно однесување, сите трговски преговори со Канада се прекинуваат“, напиша Трамп доцна во четвртокот. Претседателот на САД воведе данок од 35 отсто на ...
Премиерот на Велика Британија Кир Стармер ќе изврши притисок врз сојузниците да ѝ обезбедат на Украина повеќе ракети со долг дострел за да ги погоди руските цели на состанокот во Лондон. Премиерот денеска ќе биде домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со таканаречената коалиција на добронамерните, составена од повеќе од 20 сојузници на Украина кои се согласија да му обезбедат на Киев безбедносни гаранции откако ќе се ...
Лидерите на ЕУ ја одложија одлуката за користење на замрзнатите средства на Русија за финансирање на одбраната на Украина, и покрај апелот од Володимир Зеленски да се преземат брзи мерки и да се натера Москва да плати за својата војна. Надежите за договор за нов начин на финансирање на воените напори на Украина пропаднаа по противењето на Белгија, која ги чува повеќето средства на руската централна банка, во институцијата Euroclear со седиште ...
Од велешка адреса до американски медиум – Румен Наумовски преку своите фирми „Raww Digital“ во Велес и Флорида гради конзервативна медиумска мрежа, додека дома прикажа сто евра приход во фирма во ликвидација. Но неговото име се појавува и поради незаконска донација во кампања за американски Конгрес, пренесува Радио Слободна Европа. Од тинејџер кој водел кошаркарски блог и заработувал по 400 долари дневно стигнал до анти-мејнстрим американски ...