Американскиот претседател Доналд Трамп го извести Конгресот дека „непријателствата“ меѓу САД и Иран се „завршени“, повикувајќи се на тековниот прекин на огнот и оценувајќи дека не е должен да го испочитува законскиот рок за одобрување на воената акција, пренесува Би-Би-Си Њуз. Според американскиот закон, претседателот мора да добие одобрение од Конгресот во рок од 60 дена по известувањето за воена интервенција, во спротивно треба да ги ...

Утрото на Први мај, велат, во култната зграда Еуропа во Брисел, дом на Европскиот совет и Советот на ЕУ се случил, благо речено, колективен паничен напад. Не од геополитички, не од енергетски ниту пак од царински причини, туку, како што ѝ прилега на една крајно цивилизирана бирократија, паничен напад од пророчка природа. Сите европски министри за финансии итно ги шмкрнале ристрето еспресата, лате мачите и цедените лимони, ги затвориле ...

Иран достави нов предлог до пакистанските медијатори во најновиот обид за завршување на војната со САД, но Доналд Трамп рече дека не е „задоволен“ од него, пренесува Гардијан. „Во моментов, имаме разговори во тек, тие не стигнуваат до целта“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека неговите опции остануваат „или да ги отфрлиме или да постигнеме договор“. Иранските државни медиуми објавија дека Техеран му ја предал понудата на Пакистан во ...

Под слоганот „За плата се бориме, не се молиме“ Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со протест го одбележа Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов изјави дека му е жал што имаме квази синдикати кои сметаат дека не треба да се протестира, кои сметаат дека 1 мај е за луксуз во скап хотел на скапа конференција. Тој им се заблагодари на присутните на маршот. „Денеска, кога ќе се движиме до Владата, ќе ...

Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече американските трупи од Италија и Шпанија еден ден откако изјави дека размислува за намалување на бројот распоредени во Германија, пренесува Гардијан. Заканата на американскиот претседател до Германија дојде откако канцеларот на земјата, Фридрих Мерц, рече дека Америка е „понижена“ од Иран. Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО за тоа што не ги испратија своите морнарици да помогнат во ...

Жирито за награди за овогодинешното Венециско биенале поднесе оставка, само девет дена пред отворањето на изложбата, по гневот околу неговата одлука да ги исклучи уметниците од земјите обвинети за злосторства против човештвото од добивање награди, пренесува Њујорк Тајмс. Во кратко соопштение објавено на уметничката веб-страница e-flux, петчленото жири едноставно изјави дека поднело оставка „како признание“ за своето соопштение од 23 април ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски работнички протест што ќе се одржи на 1 Мај, со почеток во 11 часот, пред Работничкиот дом во Скопје. Годинашниот протест, како што најавуваат од ССМ, ќе се одржи под мотото „За плата се бориме, не се молиме“, со фокус на барањето за повисоки плати и унапредување на работничките права. Од синдикатот посочуваат дека работничката борба не се сведува само на еден протест, штрајк или ...

Доналд Трамп повторно го нападна германскиот канцелар, Фридрих Мерц, велејќи дека треба да се фокусира на „поправка на својата распадната земја“ и обид да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина – и да троши помалку време „мешајќи“ во Иран, пренесува Гардијан. „Канцеларот на Германија треба да троши повеќе време на завршување на војната со Русија и Украина, каде што беше целосно неефикасен!“, напиша Трамп во објава на социјалните ...

Претставничкиот дом го усвои застојаниот закон со кој повторно се отвора Министерството за внатрешна безбедност, со што се стави крај на рекордното 76-дневно затворање на агенцијата и се реши неизвесноста околу тоа дали илјадници федерални безбедносни работници ќе бидат платени во мај, пренесува Њујорк Тајмс. Гласањето по кратката дебата стави крај на жестоката партиска борба поттикната од репресијата на претседателот Трамп против ...

Форумот за образовни промени (ФОП) реагираше на, како што наведуваат, незаконито унапредување на Арбреша Беџети Ферати во академско звање на Медицинскиот факултет, која е и сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово. „Случајот што денес го пријавуваме јасно покажува како постојаното мобилизирање на синџирот; на роднини по крв и оние по интерес, надвладеа над Законот, Статутот и секое друго пишано правило. Овој случај е ...

Пратеникот Миле Цеков денеска соопшти дека ја напушта ЗНАМ и дека отсега во Собранието ќе дејствува како независен пратеник, истакнувајќи дека веќе не е дел од владејачкото мнозинство. Тој во своето обраќање до јавноста вели дека во политиката влегол со цел да им служи на татковината и граѓаните, но дека очекуваните промени не се реализирале. „Пред две години станав пратеник за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за ...

Автобусите на ЈСП Скопје во текот на овој празничен викенд, по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година – 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота (02.05.2026 год.) билетарниците и ...

Осумнаесет општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион се дел од новата веб платформа „Регион без отпад“, која треба да служи како централизирана дигитална алатка за поддршка на управувањето со отпад во регионите. Преку платформата ќе се обезбеди пристап до релевантни информации, податоци и ресурси поврзани со управувањето со отпад и ќе ја зајакне координацијата и размената на информации и добри практики помеѓу општините од двата региона. ...

Врховниот лидер на Иран изјави во четвртокот дека Исламската Република ќе ги заштити своите „нуклеарни и ракетни капацитети“ како национално богатство, повлекувајќи цврста линија во време кога американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне поширок договор за стабилизирање на кревкиот прекин на огнот во војната. Ајатолах Моџтаба Хамнеи, во писмена изјава испрати сериозна порака, оценувајќи дека единственото место за Американците ...

Грејната сезона иако завршува на 30 април, ќе биде продолжена и за 1 и 2 мај, информираат денеска во Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). „РКЕ ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1-ви и 2-ри мај, иако грејната сезона завршува на 30 април. Одлуката следува по добиените пет ...

Сојузот на синдикати на Македонија утре, на 1 Мај, ќе организира работнички протест, кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом, во центарот на Скопје. Под мотото „За плата се бориме – не се молиме!“, протестот ќе продолжи преку улиците „11-ти Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Васил Главинов“ и булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, до пред Владата. Од ССМ велат дека ова е осми по ред првомајски работнички проетест, на кој годинава се повикува ...

Македонија падна за уште три места подолу на Индексот на слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ), и годинава се најде на 45-то место. Минатата година, државата исто така забележа пад од 36-то на 42-то место. Севкупно земено, за две години државата се најде девет места подолу на овој индекс и премина од „задоволителна“ во „проблематична“ во однос на слободата на печатот. Како една од главните причини што ги посочуваат од РСФ, е ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од КЗ ...

САД вршат притисок врз другите земји да формираат меѓународна коалиција за враќање на слободната пловидба во Ормускиот теснец, според допис на Стејт департментот што го виде Ројтерс, бидејќи цените на нафтата скокнаа на највисоко ниво за повеќе од четири години поради страв од долгорочни прекини во глобалните резерви на гориво. Два месеци по почетокот на војната што започна со нападите на САД и Израел врз Иран, виталниот морски канал останува ...

Центарот за граѓански комуникации ги објави препораките за подобрување на финансиските трансфери од Владата за инфраструктурни проекти на општините за обезбедување фер, одржливо, транспарентно и предвидливо финансирање на локалниот развој. Како што информираат оттаму, препораките произлегуваат од неодамнешното истражување на владините трансфери за инфраструктурни проекти во општините во пресрет на последните локални избори кое покажа слабости ...

Доналд Трамп објави дека САД може да го намалат бројот на војници распоредени во Германија, неколку дена откако канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Америка е понижена од Иран. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател рече дека неговата администрација проучува и разгледува евентуално намалување на војниците во Германија, со одлука што ќе се донесе во следниот временски период. Во понеделник, Фридрих Мерц посочи ...

Цените на нафтата од типот Брент денеска пораснаа за дури 7% по извештајот дека САД разгледуваат потенцијална воена акција против Иран за да го прекинат застојот во преговорите за завршување на војната, зголемувајќи ја загриженоста за повеќе прекини во снабдувањето со веќе ограничениот извоз на Блискиот Исток. Фјучерсите за суровата нафта од типот Брент за јуни пораснаа за 6,81 долари, или 5,8%, на 124,84 долари за барел, откако пораснаа за ...

Војната на Соединетите Американски Држави во Иран досега чинеше 25 милијарди долари, изјави висок функционер на Пентагон, давајќи ја првата официјална проценка за цената на војската за конфликтот. Само шест месеци пред среднорочните избори на кои републиканците на претседателот Доналд Трамп може да се соочат со тешка битка за да го задржат мнозинството во Претставничкиот дом, демократите се високо рангирани во анкетите на јавното мислење ...

Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на новинарот Давид Илиески и ѝ наложи на Развојната банка на Северна Македонија да ги достави бараните информации од јавен карактер во рок од осум дена по објавувањето на одлуката во „Службен весник“. Одлуката била донесена едногласно на денешната седница на Судот, а се однесува на барање за пристап до информации поднесено во октомври 2025 година. Судот оценил дека банката не постапила ...

Шеќерим Ахмеди (Ел Чека) е инфлуенсер или т.н. „свиркач“ од етнички албанската дијаспора од С. Македонија, кој ги поддржуваше осудените од случајот „Диво насеље“ и беше осуден на условна казна затвор (подоцна обжалена и укината) за објавување на прислушувани разговори меѓу функционери на ДУИ, кои ги обвинува за корупција и предавство на Албанците (слично како што т.н. ОНА беше обвинувана од т.н. АНА). Тој беше суден во отсуство, затоа што ...

„Сексуалната злоупотреба на деца е тешко препознатлива форма на насилство. Најчесто се случува во тишина. Жртвите молчат поради страв, срам и недоверба, oсобено кога сторителот е некој близок. Но, проблемот не завршува тука. Кога случаите ќе стигнат до институциите, системот често реагира фрагментирано, без доволна координација и без пристап прилагоден на детето. Потребна е соодветна, навремена и ефективна институционална заштита на децата од ...

Пристигна првото прикажување на римејкот на играта Assassin’s Creed IV: Black Flag сега позната како Resynced. Не се работи за римејк што би рекле американците што би бил „just a new coat of paint“ (само замачкано со нова боја) како што беше случајот со ремастерот на играта Диабло 2 каде играта остана сосема иста, туку во Black Flag се додадени новитети во вид на нови дијалози, аудиофајлови со истите актери како и нова музика за играта. ...

Сеопфатен нов Закон за медиуми, регулирање на платформата на социјалните медиуи, заштита на малите локални медиуми, а надлежните институции треба да гарантираат дека сите фази од подготовката на ново законодавство за онлајн-медиумите се транспарентни, инклузивни и спроведени преку соработка со сите релевантни засегнати страни. Ова се само дел од препораките истакнати на денешната работилница за дигитални платформи и управување со онлајн ...

Граѓаните во сите 18 општини во Пелагонискиот и Југозападниот регион годинава ќе добијат канти за одложување и селекција на отпад, а јавните комунални претпријатија камиони во различни големини за ефикасно собирање на отпадот. Инвестициите се претходница на реализацијата на Регионалниот центар за управување со отпад, кој, за потребите на 350.000 жители од двата региони ќе се гради во Општината Новаци. Освен една централна депонија, центарот ...

Со порака дека солидарноста е основа на новинарството како професија која се базира на заштита на јавниот интерес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и во соработка со Црвениот крст го одбележа 3 мај, Светскиот ден на слобода на медиумите. Поголем број на новинари и медиумски работници, но и граѓани се одѕваа на четвртата по ред крводарителска акција и донираа ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
50%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
40%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1022
weather icon

Софија

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1022
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
5.6
42%
1021
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 21ᴼ
4.12
72%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
47%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
31%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
3.13
44%
1022
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 23ᴼ
1.54
27%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
8.09
100%
1019
Currency

61.525

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Алуминиум

3.31

Кобалт

56.29

Платина

55942.30

Цинк

0.00

Бакар

13.17

Злато

141408.63

Родиум

280515.26

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

2106.74

Паладиум

43178.45

Калај

56.26