Кралот Чарлс Трети денеска пристигна во посета на САД во момент кога трансатлантските врски се под притисок, а безбедноста е во центарот на вниманието. Пукањето на вечера во Вашингтон на која присуствуваше претседателот Доналд Трамп во саботата предизвика притисок врз безбедноста на четиридневната државна посета, наменета за прослава на 250-годишнината од постоењето на Соединетите Американски Држави и „специјалните односи“ меѓу САД и Велика ...

Министерството за здравство на Либан соопшти дека во израелските напади врз земјата во неделата загинале 14 лица, вклучувајќи две деца и две жени, а 37 се повредени. Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно издаде предупредувања за евакуација за неколку села во јужен Либан, пишувајќи дека жителите мора веднаш да се евакуираат и дека останувањето би го загрозило нивниот живот. ИДФ подоцна соопшти дека извршиле артилериски и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осомничениот за напад врз службеници на администрацијата на гала-свеченост во саботата навечер бил „прилично болен човек“ кој бил пријавен кај органите за спроведување на законот од страна на членови на семејството. Трамп во телевизиски интервјуа рече дека осомничениот, кого официјален претставник го идентификуваше како 31-годишниот Кол Томас Ален од Торанс, Калифорнија, објавил она што Трамп ...

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против 28-годишен гостиварец поради сомнение дека сторил кривични дела „Силување на дете кое не наполнило 15 години“ и „Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина“. Според обвинителството, осомничениот, кој бил вработен во основно училиште, ја навел 14-годишната девојка да му испраќа фотографии и видеа со сексуално експлицитна ...

Светски лидери, американски политичари и дипломати реагираа по пукањето на вечерата на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа во Вашингтон, каде што американскиот претседател Donald Trump беше евакуиран од Тајната служба. Напаѓачот, според американските медиуми, се обидел да помине низ безбедносен контролен пункт пред салата во хотелот „Вашингтон Хилтон“, по што бил совладан од агенти на Тајната служба. Си-Би-Ес Њуз објави дека ...

Заклучокот на Советот на јавни обвинители дека немало надворешно влијание врз професионалниот интегритет на обвинителката Ристоска може да се оцени како манипулација со вистината, т.е. спин, особено зашто во изјавите за заклучокот беше потенцирана формалност, дека „премиерот никогаш не го кажал името на Ленче во конкретниот записник“ Пишува: Теофил Блажевски Претседателот на Советот на јавни обвинители на РСМ (СЈОРСМ) Башким Бесими во врска ...

Владејачката партија се обиде да стави равенство помеѓу оставката на обвинителката Ленче Ристоска и нејзиниот неизбор за државен јавен обвинител кој заврши неодамна, а истовремено и да се огради дека не постоеле притисоци врз нејзе и нејзиниот интегритет, што е спин Пишува: Теофил Блажевски ВМРО-ДПМНЕ само неколку часа по оставката на обвинителката Ленче Ристоска излезе со соопштение со наслов Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет ...

Осомничениот кој беше уапсен по пукањето за време на вечерата на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа е идентификуван како Кол Томас Ален, 31-годишен жител на Торенс, Калифорнија, јавува Ројтерс, повикувајќи се на претставник на безбедносните служби. Торенс е крајбрежен град во областа Саут Беј, во близина на Лос Анџелес и заливот Санта Моника. Според началникот на полицијата во округот Колумбија, истражителите веруваат дека осомничениот ...

Американските власти соопштија дека осомничениот за пукањето на вечерата на дописниците во Белата куќа бил вооружен со сачмарка, пиштол и повеќе ножеви. Претседателот Доналд Трамп изјави дека најверојатно тој бил целта на нападот и го нарече напаѓачот „луд човек“. Трамп, на прес-конференција по нападот рече дека агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) вршат претрес во домот на осомничениот во Калифорнија, кој според американските медиуми ...

Американскиот претседател Доналд Трамп беше итно евакуиран од сцената од агенти на Тајната служба, откако за време на годишната вечера на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа во Вашингтон, во саботата вечерта, биле испукани истрели. Инцидентот се случил во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржувал настанот. Според извештаите, агенти на Тајната служба извикувале „се пука“ додека присутните биле евакуирани. Покрај Трамп, од салата ...

Атина не може да функционира како огромен „хотел“, па затоа градоначалникот Харис Дукас ветува дека ќе го спаси главниот град од прекумерен туризам, пренесува „Гардијан“. Во срцето на Атина, по тесните улици и околу археолошките локалитети, групи посетители се појавуваат насекаде, движејќи се во колони зад туристички водичи. Градоначалникот Дукас е решен да го врати пренатрупаниот центар на градот на неговите жители оти почетокот на ...

Cудски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, во периодот од август лани до 07 април годинава директно примиле награда во паричен износ од 500 евра и 60.000 денари од сведок, за посредување на судскиот полицаец во повисоките судови со цел да издејствува ослободителна пресуда, информираат во Јавното обвинителство. „Сведокот, кој поднел жалба против првостепена пресуда со која бил огласен за виновен и осуден на казна затвор во ...

Во 2025 година во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнати се пријави за 41 новорегистрирано лице на ХИВ/СИДА во Македонија, што е инциденца од 2,1 на 100.000 жители. Лани е регистрирано намалување на бројот на новодијагностицирани случаи во однос на претходната година и десетгодишниот просек, но долгорочниот тренд (последни 10 години) укажува на постепено зголемување на бројот на случаи, што укажува дека епидемијата останува активна, ...

Вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања причинети од Хуман папилома вирус (ХПВ) во Македонија, во 2025 година изнесувал 51,5 отсто, што е далеку под потребниот просек од 95 отсто, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последниот извештај за реализација на програмата за задолжителна имунизација на населението. Најмалку вакцинирани девојчиња и момчиња има во Охрид (9,9 отсто), а вакцинацијата е 100 отсто реализирана во ...

Преку поддршката на Европската команда на САД (EUCOM) , Соединетите Американски Држави соработуваат со општините Штип, Радовиш, Конче и Неготино за зајакнување на капацитетите за одговор во вонредни ситуации. „Сите се сеќаваме на разорните пожари што ја зафатија Северна Македонија пред две години – моќен потсетник дека кога станува збор за подготвеност за катастрофи, не постои нешто како премногу подготвеност. Денес, таа лекција се претвора ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез во петокот го минимизираше значењето на протечениот е-мејл од Пентагон во кој се сугерира дека Шпанија би можела да биде казнета поради тоа што не ја поддржува војната во Иран со суспендирање на нејзиното членство во НАТО, пренесува Политико. „Не грижете се“, изјави Санчез за ПОЛИТИКО по неговото пристигнување на самитот на лидерите на ЕУ во Кипар. „Ние ги исполнуваме нашите обврски кон НАТО“. „Ставот на ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека Министерството ќе донесе конечна одлука за случајот со незаконски уписи на втор и трет циклус студии во понеделник, по разгледување на извештајот од Државен просветен инспекторат. Таа истакна дека институциите немаат избор и мора да постапуваат согласно закон, иако го разбира незадоволството кај студентите. „Постои закон по кој студентите требало да бидат запишани на втор и на ...

Еден градежен работник загина утрово, а четворица се повредени на градилиште во Кисела Вода, откако ги затрупа насип со земја. Градилиштето е во близина на кафулето „Фејс“ на улицата Козјак. На терен утрово имаше багери и камиони, а местето беше опколено со полиција која не им дозволуваше на новинарските екипи и на минувачите да се приближат до заштитната ограда. Според последните информации од Ургентниот центар, примени се вкупно четири ...

На скверот кај КИМ, на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, денеска е поставена нова уметничка интервенција посветена на подигнување на свеста за борбата против говорот на омраза. Станува збор за реалистична скулптура на лута пиперка со димензии 2м x 60см x 70см, која преку пораката „Јади луто, не зборувај луто“ на сликовит и духовит начин ја пренесува идејата за одговорна и внимателна комуникација. Инспирацијата за оваа акција произлегува ...

Националните радиодифузери во Ирска, Шпанија и Словенија нема да го емитуваат натпреварот за песна на Евровизија оваа година, откако одлучија да го бојкотираат настанот поради учеството на Израел. Откако објави дека нема да поднесе национална пријава, словенечкиот радиодифузер РТВ потврди во четврток дека ќе го бојкотира емитувањето на најголемиот музички настан во светот и наместо тоа ќе прикаже серија филмови за Палестина. „Нема да го ...

Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски е сопственик на компанијата „Нар Инвестмент“ од Скопје, на чие градилиште утрово беа затрупани четворица работници, а еден го загуби животот. Според јавно достапни информации, Коневски е сопственик и основач на компанијата, а Илија Коневски е директор. Основана е во ноември минатата година како друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал и е регистрирана на улцата Петар Попарсов ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири акцијата за откривање на нелегален увоз на медицински средства, кои биле користени за естетски зафати. Како што информираат од ОЈО ГОКК, во моментов обезбедени се повеќе лица, но поради обемот и сериозноста на случајот, акцијата се проширува со нови претреси и приведување на други инволвирани лица. „Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и ...

Работници на градилиште во Кисела Вода, утрово биле затрупани со земја, информираат од Центарот за управување со кризи. На местото на настанот, по осум часот утрово, пристигнала Брзата помош, од каде, пак заради сериозноста на настанот, била побарана помош од Протипожарната бригада, полицијата и Центарот за управување со кризи. „Во 8,14 часот е добиен повик за затрупани градежни работници со земја на улица Козјак број 3 и се бара Брза помош. ...

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за Велика Британија доколку не го укинат данокот за дигитални услуги врз американските компании за социјални медиуми, пренесува Гардијан. Данокот за дигитални услуги, воведен во 2020 година, наметнува данок од 2% врз приходите на неколку големи американски технолошки компании. Во разговор со новинарите од Овалната соба во четврток, американскиот претседател рече: „Го разгледуваме ова и можеме многу ...

Војник од американските специјални сили вклучен во воената операција во која беше заробен Николас Мадуро, е уапсен откако наводно се обложувал на отстранување на поранешниот лидер на Венецуела пред информациите да бидат јавно достапни, пренесува Форбс. Министерството за правда на САД (DOJ) го обвини Ганон Кен Ван Дајк откако наводно извршил тргување на Полимаркет, платформа со крипто-системи, врз основа на класифицирани информации. „Тоа е ...

Внатрешен е-мејл од Пентагон ги наведува опциите за САД да ги казнат сојузниците на НАТО за кои веруваат дека не ги поддржале американските операции во војната со Иран, вклучително и суспендирање на Шпанија од алијансата и преиспитување на ставот на САД во врска со барањето на Велика Британија за Фолкландските Острови, изјави американски функционер за Ројтерс. Опциите за политиката се детално опишани во белешка во која се изразува фрустрација ...

Израел и Либан го продолжија прекинот на огнот за три недели на состанок во Белата куќа, посредуван од претседателот Доналд Трамп, кој рече дека е подготвен да почека најдобриот договор за да го заврши конфликтот со Иран. Борбите меѓу Израел и милитантите на Хезболах, поддржани од Иран, во Либан се една од бројните пречки за решавање на поширокиот осумнеделен регионален конфликт, заедно со нуклеарните амбиции на Иран и контролата врз клучниот ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција во Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело, проневера во службата. Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна ...

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија соопшти дека во постапка спроведена согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за нов директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. Како што наведуваат од Програмскиот совет, во постапката биле разгледани вкупно шест кандидатури, при што изборот бил направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа. Гласањето се одвивало анонимно, ...

Администрацијата на Трамп презеде чекори кон рекласифицирање на марихуаната, повеќе од четири месеци откако Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која му наложи на државниот обвинител да ја премести од список 1 во список 3 според Законот за контролирани супстанции, пренесува Гардијан. Класификацијата според список 1 значеше дека марихуаната е заедно со хероинот, ЛСД, МДМА и синтетичките опиоиди, додека класификацијата според список 3 ја ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
50%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
40%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1022
weather icon

Софија

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1022
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
5.6
42%
1021
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 21ᴼ
4.12
72%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
47%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
31%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
3.13
44%
1022
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 23ᴼ
1.54
27%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
8.09
100%
1019
Currency

61.525

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.31

Кобалт

56.29

Злато

141408.63

Родиум

280515.26

Паладиум

43178.45

Сребро

2106.74

Бакар

13.17

Платина

55942.30

Цинк

0.00

Калај

56.26

Рутениум

53852.50