Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници, соопштија денеска оттаму. Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужиле вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од ...

Цената на дизел горивото од ноќеска ќе се намали за 4 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со намалувањето, малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 89,5 денари. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,5 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,5 денари за литар, а килограм мазут ќе чини 49,9 ...

Три танкери што превезуваат сурова нафта излегоа од Ормускиот теснец минатата недела со исклучени тракери за да се избегнат ирански напади, покажаа податоците за испорака од Kpler и LSEG, нагласувајќи го трендот на пораст за одржување на извозот на нафта од Блискиот Исток. Два многу големи носачи на сурова нафта, Агиос Фануриос и Киара М, кои превезуваат по 2 милиони барели ирачка сурова нафта, поминаа низ теснецот во неделата, покажаа ...

Градежните активности на делницата Гостивар-Букојчани се одвиваат интензивно и покрај тоа што станува збор за сложен планински терен со бројни косини, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Koце Трајановски, при посетата на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8. Тој посочи дека во моментов има услови за работа на околу 11 километри од вкупно 31 километар од трасата, а за ...

Очекувам навистина силна посветеност од сите кандидати од Западен Балкан да останат на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по пристигнувањето на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел. Таа кажа дека проширувањето е приоритет за Европската Унија, но дека неговиот успех зависи од спроведените реформи во земјите кандидати. „Ако нашите кандидати имаат резултати, ќе ги имаме и ние. Ние веќе ги имаме. ...

Високиот претставник во Босна и Херцеговина наскоро ќе поднесе оставка од таа позиција, а за сè треба официјално да ја информира јавноста во наредните денови, пренесува Босанскиот Кликс. Според неофицијални информации, Шмит ќе изјави дека поднесува оставка од лични причини, но не планира да ја напушти позицијата додека не се избере нов висок претставник. По оставката, Шмит ќе побара од Советот за спроведување на мирот (СИМ) да го започне ...

Групи патници и членови на екипажот се истоварија од крузерот погоден од смртоносна епидемија на хантавирус во неделата за да бидат евакуирани во нивните матични земји каде што ќе се изолираат според националните протоколи за да се спречи понатамошно ширење на болеста. Владини авиони со шпански и француски државјани слетаа во Мадрид и Париз во недела попладне, каде што патниците беа префрлени во болница, според владите на двете земји. Еден од ...

Дезинсекцијата не доцни и се реализира согласно временските услови и во координација со Центарот за јавно здравје, велат од Градот Скопје и посочуваат дека првото авионско прскање било против ларви, а не против возрасни комарци. Оттаму информираат дека според Програмата усвоена од Советот на Градот, предвидени се по пет авионски прскања против ларви и против возрасни комарци, како и по пет терестични прскања исто така против ларви и возрасни ...

Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зиобро, кој е баран по неколку кривични обвиненија во неговата татковина, потврди дека избегал од Унгарија во Соединетите Држави, откако минатата година доби азил од владата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. „Јас сум во Соединетите Држави“, изјави Зиобро за десничарската полска радиодифузна агенција Република. „Пристигнав вчера и ова ми е трет пат да патувам низ земјата“, рече тој. ...

Брзото отфрлање на одговорот на Иран на мировниот предлог на САД од страна на претседателот Доналд Трамп денеска ги зголеми цените на нафтата, поради загриженоста дека 10-неделниот конфликт ќе се одолговлекува, со што бродовите низ Ормускиот теснец ќе бидат парализирани. Денови откако САД изнесоа понуда со надеж за повторно отворање на преговорите, Иран во неделата објави одговор фокусиран на прекин на војната на сите фронтови, особено во ...

Владимир Путин изјави дека смета оти војната во Украина се приближува кон крајот, само неколку часа откако вети дека ќе ја порази Украина на најскромната парада за Денот на победата во Москва во последните години, иако двајца негови високи советници ја намалија можноста за брз крај на конфликтот, пренесува „Гардијан“. „Мислам дека работата се приближува кон крајот“, рече Путин за најсмртоносната војна во Европа од Втората светска војна ...

Во текот на месец април, пријавени се 5 нови случаи на ХИВ/СИДА, од кои четири се лица од машки и едно лице од женски пол, на возраст од 20 до 39 години, информираат во Институтот за јавно здравје, во месечниот билтен за акутни заразни заболувања за месец април. „Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.04.2026), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р.С. Македонија, за периодот 1987–2026, изнесува ...

Под мотото „Присвојување на достоинството“ третото издание на Студентскиот форум на Форумот за промени во образованието (ФПО) собра во Скопје млади, студенти и активисти од Западен Балкан, кои дискутираа за актуелни прашања кои што директно ги засегаат нив, и она што е најважно, како да ги адресираат истите, пишува Порталб.мк. Оваа година Студентскиот форум настапи со нова програма и активности. Бленди Ходаи, директор на ФПО, нагласи дека ...

„Повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“. Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус. Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв. Посебно загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци, чиј јавно изговорен ...

Патнички автобус што превезувал ученици на екскурзија синоќа бил запрен од полиција и исклучен од сообраќај, по пријава на родители на децата. Учениците се пожалиле дека нивното патување станува патешествие бидејќи автобусот се расипал четири пати и ќе доцнат со часови на враќањето дома. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека автобусот бил пресретнат на наплатна рампа во Велес и исклучен од сообраќај, а децата биле вратени со ...

Ученик во средно училиште во Прилеп лажно се претставил како наставник по англиски јазик од Виница и од Министерството за образование добил пристап до е-дневник. Министерството за внатрешни работи го сомничи за кривично дело компјутерски фалсификат, бидејќи три години ја користел лозинката од МОН и имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата. ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп кој ...

Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност во победата во Украина додека ја надгледуваше воената парада на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна – претстава која не вклучуваше тешко оружје за прв пат по речиси две децении. Безбедноста беше засилена во Москва додека Путин и неколку странски лидери присуствуваа на парадата, која беше намалена дури и откако тридневниот прекин на огнот, ...

Министерот за транспорт Александар Николоски информираше дека земјава нема проблем со снабдувањето со керозин, како и дека во моментов има резерви за 90 дена. Николоски најави и отворање на пет нови дестинации од двата аеродроми, што ќе започнат да функционираат од идниот месец. „Покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, со нашиот керозин целосно се снабдува и аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Имаме ...

Русија и Украина се согласиja на тридневен прекин на огнот и размена на затвореници, што за претседателот на САД, Доналд Трамп би можело да биде почеток на крајот на долгата војна меѓу нив. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Јуриј Ушаков, советник за надворешни работи на рускиот претседател Владимир Путин, го потврдија договорот. „Јас прашав и претседателот Путин се согласи. Претседателот Зеленски се согласи – двајцата со ...

САД и Иран не се поблиску до наоѓање крај на нивната војна откако двете страни разменија оган во Заливот во услови на нестабилно примирје, додека анализата на американските разузнавачки служби заклучи дека Техеран може да издржи поморска блокада со месеци. Во последните денови се забележани најголемите разгорувања на борбите во и околу Ормускиот теснец откако започна примирјето пред еден месец, а Обединетите Арапски Емирати беа под обновен ...

Денеска во земјава се одбележува 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, а премиерот Христијан Мицкоски на свечена церемонија под слоганот „Победа, принципи и вредност“ ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата. Во видео порака Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, им се обрати на граѓаните на Македонија, како на идни членови на Унијата. „Веруваме дека вашата иднина е во ЕУ, а ...

Крузерот на кој беше регистрирана смртоносна епидемија на хантавирус е на пат кон Канарските Острови, каде што се очекува преостанатите патници да бидат вратени во своите земји, доколку не покажуваат симптоми, пренесува Гардијан. Првите патници на холандскиот брод „MV Hondius“, кој пловел од Аргентина кон Зеленортските Острови, се разболеле во април. Симптомите вклучувале треска, гастроинтестинални проблеми, пневмонија, акутен респираторен ...

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и нивните купувачи испратиле повеќе танкери со сурова нафта низ Ормутскиот теснец, откако ги исклучиле системите за следење на локацијата за да избегнат можни ирански напади, со цел да ја извлечат нафтата што останала „заглавена“ во Заливот поради конфликтот на Блискиот Исток, покажуваат податоци од индустриски извори и следење на бродови, пренесува Ројтерс. Иако станува збор за количини значително помали од ...

Мод е модификација на игра и овој мод се однесува на сосема првата игра во Елдер Скролс Серијалот од фирмата Бетезда која еден единствен програмер со надимак „Inferno Plus“ се обидува и труди соло со години да ја преслика и пренесе целата Моровинд игра со графика и енџин на познатиот светски хит Елден Ринг од фирмата Фромсофт. Ова иницијално предизвика реакции од како тоа би било изводливо од правен аспект, но тоа не го спречи програмерот во ...

Бирото за конзуларни работи при Стејт департментот на САД соопшти дека американски пасош може да добијат само лицата кои ги подмириле сите неплатени обврски за алиментација. Доколку, пак, должат повеќе од 2.500 американски долари, според федералните прописи не може да биде издаден американски пасош, а постоечкиот валиден пасош може да им биде одземен. Оттаму појаснуваат дека лицата чиј пасош бил поништен поради неплатена алиментација треба да ...

Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека до Основен кривичен суд Скопје е поднесен обвинителен предлог против член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „телесна повреда“. Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во домот, физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ...

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција. Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни ...

Иако од 2021 година има законска обврска, државата преку институциите не oтворила кризни центри за долготрајна помош на жени што биле силувани, беше истакнато денеска од претставнички на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство чии претставнички одржаа брифинг со новинарки. Такви кризни центри треба да отвори Министерството за здравство, но бидејќи тоа не се случило во изминатите 5 години, Националната мрежа ќе поднесе ...

На 07.05.2026 во СВР Велес 43-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати ...

Дејвид Атенборо денеска наполни 100 години и изјави дека бил преплавен од честитки и им се заблагодари на добронамерниците. Тој рече дека се надевал дека ќе го прослави својот 100-ти роденден тивко. Наместо тоа, пресвртницата ќе биде одбележана со настан во живо во Ројал Алберт Хол, емитуван на Би-Би-Си Уан, со музика од неговите програми, како и приказни и размислувања од јавни личности и водечки застапници за природниот свет. Во снимена ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
50%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.27
42%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
30%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
41%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
5.6
36%
1020
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 23ᴼ
4.12
65%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
5.36
54%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
40%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.68
33%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
44%
1021
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
2.57
27%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
8.09
100%
1018
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

71.9616

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Цинк

0.00

Паладиум

43178.45

Кобалт

56.29

Платина

55942.30

Алуминиум

3.31

Сребро

2106.74

Рутениум

53852.50

Калај

56.26

Иридиум

252383.36

Злато

141408.63

Родиум

280515.26

Бакар

13.17