Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Лес Векснер кој стоеше зад трговците, вклучувајќи ги „Викторијас Сикрет“ и „Аберкромби и Фич“, одговараше на прашања за неговото пријателство со Епштајн на седница зад затворени врати со американскиот Конгрес, пренесува СкајЊуз. Векснер, кој е прикажан во досиејата на Епштајн, не е обвинет за никакво кривично дело и секогаш негираше какво било знаење или вмешаност во злосторствата на Епштајн. Тој е еден од најистакнатите поранешни пријатели ...
Десетици светски лидери и национални делегации ќе се сретнат во Вашингтон денеска на инаугуративниот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, бидејќи главните европски сојузници одбија да се приклучат на групата и го критикуваа матното финансирање и политичкиот мандат на организацијата. Белата куќа посочи дека самитот за неговиот нов ад хок совет во преименуваниот Институт за мир „Доналд Џ. Трамп“ ќе функционира во голема мера како рунда ...
Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука дали ќе одобри такви акции, велат извори запознаени со ова прашање за Си-Ен-Ен. Белата куќа е информирана дека војската би можела да биде подготвена за напад до викендот, по значителното зголемување на воздушните и поморските средства на Блискиот Исток во последните денови, велат изворите. Но, еден извор ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денес на пленарна седница потврди дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование, иако опозициските пратеници побараа тоа. Јаневска истакна дека за законот сè уште се одвиваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е достапен на ЕНЕР за коментари од сите засегнати страни. Пратеничката на СДСМ, Бисера Костановска-Стојчевска на денешната седница упати прашање до ...
По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. Како што информираат во јавното обвинителство, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 ...
Control Resonant е новонајавена игра што ќе излезе годинава, и се смета за продолжение на играта Control која се играше со женски протагонист со телекинетички моќи и пукање со огнени оружја. Во Control Resonant приказната е насочена како за тоа како реалноста хаотично се распаѓа, а херојот во играта е спореден лик од првата игра по име „Дилан Фејден“ кој се бори со секакви интердимензионални чудовишта, од нормална величина до џиновски главни ...
На денешната собраниска седница, пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска го праша министерот за здравство, Азир Алиу, зошто е скратен буџетот за програмата за ретки болести, за 180 милиони денари или околу 3 милиони евра. „Бројот на пациенти со ретки болести расте, а буџетот се намалува. Лани, Министерството за здравство за болните од ретки болести издвоило 1 милијарда и 260 милиони денари, а сега се предвидени 1 милијарда и 80 ...
Разговорите меѓу Русија, Украина и САД, насочени кон ставање крај на војната завршија без пробив, објави Би-Би-Си. Иако американскиот претставник Стив Виткоф изрази оптимизам во врска со разговорите, и главниот руски преговарач и Володимир Зеленски посочија дека тие биле „тешки“. Според украински дипломатски извор, постигнат е одреден напредок во врска со „воените прашања“, вклучително и локацијата на фронтовската линија и мониторингот на ...
„Ќе се повлечеме од набавка на нов владион авион и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и починеме, претпоставувам дека ќе стане јасно дека дебатата за некоја идна влада и идни премиери е беспредметна“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој денеска ги коментираше обвинувањата на опозициската партија СДСМ дека власта размислува за набавка на нов владин авион, наместо парите да ги пренасочи за плати на работниците ...
Чикунгуња вирусот, кој се пренесува преку комарци, сега може да се појави во поголем дел од Европа, покажува ново истражување. Истражувањето, објавено во „Journal of the Royal Society Interface“, ја утврдило минималната температура за ширење на вирусот преку тигрест комарец (Aedes albopictus), а новите резултати покажуваат дека инфекциите можат да се случуваат при 13-14°C. „Ова е доста шокантно откритие. Ширењето кон север е само прашање на ...
Силен ветер денеска откорнал лимена конструкција од кровот на средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија и ги кренал лимените делови од кровот на една градинка во градот, информираа од Центарот за управување со кризи. Од таму посочуваат дека во двата настани немало повредени лица, а побарана била интервенција од МВР и надлежните институции. „За настанот се известени Противпожарната бригада, Општината Гевгелија, и полициската станица, ...
Сторијата објавена во два дела „Истражување: Што се очекува да се гради на поранешниот Тетовски монопол, дали Касами го продаде јавниот имот за мала сума пари?“ и „Случајот Монопол: На Касами беше да одлучи дали таму ќе се градат станови или не“, на новинарот Ардит Рамадани објавена на Порталб.мк ја освои годишната награда на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално ...
Во 2015 година, со автобусите на ЈСП се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Центарот ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Истражувањето покажува дека само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 ...
Европската унија започна формална истрага против гигантот за брза мода „Шеин“ поради можни прекршувања на дигиталниот закон, вклучително и продажба на секс кукли со детски изглед. Европската комисија, извршната власт на ЕУ, изјави дека ќе испита какви системи има кинеската фирма за да спречи продажба на нелегални производи вклучувајќи содржина што би можела да претставува материјал за сексуална злоупотреба на деца. Исто така, ќе го испита ...
„YouTube“ соопшти дека проблемот што привремено го наруши пристапот до платформата е веќе решен, откако веб-страницата за следење прекини „Downdetector“ регистрираше масовни проблеми на глобално ниво. Од „YouTube“ информираа дека дефект во системот за препораки спречувал видеата да се појавуваат на различни делови од платформата. „Проблемот со системот за препораки е решен и сите наши платформи и апликацијата YouTube, YouTube Music, Kids и TV ...
Фондацијата Метаморфозис, вчера промовираше две анализи на изборниот процес во рамки на конференцијата насловена како „Заштита на демократијата и изборниот интегритет – следење на злоупотребата на административните ресурси, политичкото рекламирање и кампањите од трети страни“ во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Анализите се однесуваа на злоупотребата на административните ресурси на социјалните мрежи и ...
Се поголем број родители во САД се обидуваат да ги одвикнат своите деца од користење училишни лаптопи и таблети, загрижени дека прекумерното време пред екран им штети на образованието, вниманието и здравјето. Наместо дигитални уреди, тие бараат настава со пенкало и хартија, објави Ен-Би-Си. Родители низ САД се организираат преку мејлови и групни разговори, разменуваат совети и подготвуваат барања до училишните окрузи за алтернативи на ...
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат од Гостивар кон селото Чегране, поточно во селото Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од селото Чајле кон селото Старо Чајле кон селото Форино, информираат од АМСМ. Блокиран е и патот кон селото Герман кај селото Станча, бидејќи на коловозот има паднато дрво и во моментот не е прооден. Како што соопштуваат утрово од АМСМ сообраќајот на државните ...
Милиони досиеја поврзани со осудениот сексуален престапник, Џефри Епштајн, укажуваат на постоење на глобално криминално здружување кое извршило дела што го исполнуваат законскиот праг на злосторства против човештвото, соопшти панел од независни експерти назначени од Советот за човекови права на Обединетите нации. Експертите рекоа дека злосторствата наведени во документите објавени од Министерството за правда на САД се извршени во услови на ...
Иран и САД постигнаа договор во вторникот за главните водечки принципи во разговорите насочени кон решавање на нивниот долгогодишен нуклеарен спор, но тоа не значи дека договорот е неизбежен, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи. Фјучерсите за нафта паднаа, а референтниот договор за сурова нафта Брент падна за повеќе од 1% по коментарите на Аракчи, што помогна да се намалат стравувањата од конфликт во регионот, каде што ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Доналд Трамп врши прекумерен притисок врз него во обидот да обезбеди решение за речиси четиригодишната руско-украинска војна. Зеленски, исто така, рече дека секој план што бара од Украина да се откаже од територијата што Русија не ја освоила во источниот регион Донбас ќе биде отфрлен од Украинците доколку се стави на референдум. Во интервју за Аксиос, Зеленски рече дека не е фер што Трамп ...
Општина Кисела Вода реагираше на обвинувањата што денеска ги изнесе иницијативата „Стоп за Усје“, која тврди дека општината ги крие податоците од мерната станица за квалитет на воздухот поставена во кругот на цементарницата „Усје“. Од Општината соопштија дека ги демантираат наводите и дека мерната станица „работи исклучиво во интерес на јавноста“, а измерените вредности се јавно достапни. Во реакцијата, Општина Кисела Вода наведува дека ...
Според истражување на Призма, на отворен плац во кругот на поранешната скопска Железарница, зад челичарницата „Макстил“, со години стојат стотици џамбо-вреќи со филтерска прашина која содржи тешки метали и е класифицирана како опасен отпад. Дел од вреќите се оштетени/скинати, а на терен има видливи траги дека материјалот се расфрла наоколу. Инженерот Филип Иванов (со искуство во животна средина и поранешен директор на Управата за животна ...
Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење на четворица од петтемина кандидати за функцијата државен јавен обвинител. Поддршка добија актуелната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова‑Исајловска, обвинителките Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ, како и судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски. Петтиот кандидат, судијата Владимир Панчевски, беше исклучен уште пред почетокот на разгледувањето на кандидатурите поради ...
„Добар ден на сите освен на министрите во Владата“, вака денес претседателот на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов го започна денешниот протест пред Владата на кој ги повтори барањата на работниците за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. „Денес на овој протест присутни се тројца повеќе луѓе од што налага Законот за јавни собири, односно има 24 ...
Педесет нови единки од белоглав мршојадец ќе бидат донесени од Шпанија во земјава заради зајакнување на популацијата на оваа птица која традиционално живее на Балканскиот полуостров. Македонското еколошко друштво започнува нов проект кој ќе трае шест години и ќе треба да резултира со зголемување на бројот на белоглавите мршојадци во Македонија, Грција и пошироко во регионот, за кои сега се проценува дека во нашата земја се само околу 20 ...
Купишта пластичен отпад, градежен шут, дрвја, грмушки и различно ѓубре, се голем дел од причината зошто дождовите кои минатите денови ја зафатија земјава во некои делови предизвикаа катастрофални поплави и оставија стотици луѓе без кров на главата. Одржувањето на проодноста на речните корита повторно е прашање кое се актуелизира само во кризни состојби, иако треба да е редовна активност на локалните самоуправи и државните институции. Фактот ...
Од вкупниот број вработени во јавниот сектор кои се опфатени во најновиот Регистар, 72,59 отсто се етнички Македонци, 21,39 отсто етнички Албанци, 2,07 отсто се Турци, а останатите заедници се застапени со помалку од 2 отсто , Во Јавниот сектор во 2024 работеле 127.322 лица, а со извештајот се опфатени 108.670 вработени. „Почнувајќи од 2015 година, секоја институција во јавниот сектор изготвува годишен план за вработување и согласно истиот ...
Шпанската влада им наложи на обвинителите да ги истражат платформите на социјалните медиуми Икс, Мета, и ТикТок за наводно ширење материјал за сексуална злоупотреба на деца генериран од вештачка интелигенција, изјави премиерот Педро Санчез, пренесува Ројтерс. Објавата доаѓа во време кога европските регулатори преземаат мерки против големите технолошки компании, наведувајќи ја распространетоста на злоупотребувачките практики на онлајн ...
Џеси Џексон, чие страсно говорништво и популистичка визија за „коалиција на виножито“ на сиромашните и заборавените го направија највлијателна афроамериканска фигура во нацијата во годините помеѓу крстоносните војни за граѓански права на пречесниот д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор и изборот на Барак Обама, почина на 84-годишна возраст, пренесува Њујорк Тајмс. Неговата смрт ја потврди неговото семејство во соопштение, во кое се вели дека Џексон ...