Конечниот ревизорски извештај за работењето на Врховниот суд за 2024 година открива низа предизвици од недостиг на судии и административен кадар до финансиски ограничувања и активни судски спорови со вработени. Но и со тужби од вработени кои во судски постапки бараат 4.280 илјади денари, односно околу 70 илјади евра, покажува конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Врховниот ...

Загадениот воздух, топлотните бранови и сушите се најголемите климатски закани за децата во Македонија, покажува новиот глобален извештај на УНИЦЕФ. Промените кои се последица на климатските промени веќе предизвикуваат ризици за здравјето, развојот и благосостојбата на децата. Околу три четвртини од нив се засегнати од суши (73 проценти), речиси девет од десет деца се изложени на топлотни бранови (87 проценти) и речиси сите деца (99,9 ...

Според извештајот на УНИЦЕФ, половина од децата во светот се изложени на најмалку три преклопувачки климатски опасности кои го загрозуваат нивното здравје, образование и опстанок. На глобално ниво, децата се соочуваат со зголемени закани од топлотни бранови, бури, поплави и суши како што се влошува климатската криза, при што повеќе од една милијарда се соочуваат со најмалку три од нив одеднаш. Впечатливи снимки објавени од агенцијата на ОН ...

Осум членови на екипажот беа потврдени загинати откако бомбардер Б-52 се урна експлозивно во воздухопловната база Едвардс во Калифорнија за време на рутинска тест мисија, соопштија претставници на воздухопловните сили. „Полета и веднаш по полетувањето се запали“, изјави полковник Џејмс Хејс, заменик-командант на 412-то тестно крило, на попладневната прес-конференција. Тој ја нарече несреќата „ужасна трагедија“ што ги одзеде животите на „осум ...

Полицијата го пронајде и го успаси човекот што опожари две службени возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје. Од МВР соопштуваат дека е идентификувано лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото, И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. „При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител ...

Бенјамин Нетанјаху сака неговата заедничка војна заедно со Доналд Трамп да ги собори иранските клерикални владетели и да зајакне пред изборите дома, но наместо тоа, најдолгогодишниот премиер на Израел е на пат на судир со Трамп, бидејќи претседателот на САД се обидува да се извлече од војната, со неисполнети цели и ограничени израелски воени операции во Либан. Засега, израелските претставници беа претпазливи во јавноста од страв да не го ...

Владата најостро го осуди вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, оценувајќи го како сериозен напад врз безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право. Од Владата порачуваат дека ваквите постапки „не смеат да имаат место во демократска држава“, нагласувајќи дека инцидентот претставува обид за нарушување на јавниот ред и поттикнување тензии. ...

Цените на бензините и на дизелот се зголемуваат, а поевтинуваат екстра лесното масло за домаќинство и мазутот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од полноќ, цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари за литар и ќе се продава за 87,50 денари, додека цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за два денари и ќе изнесува 90 денари. Дизелот поскапува за половина ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува цените на горивата оваа недела да останат речиси непроменети, со минимално поскапување на бензините, а од следната недела да следува позначително поевтинување поради падот на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи. „Цените на нафтените деривати почнаа од денеска да се намалуваат, а одлуката која што би требало да ја донесе Регулаторна комисија за енергетика се однесува за минатата ...

„Денес е мега-понеделник за проширување на ЕУ“, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос. Таа, во објава на социјалните мрежи ги спомена Украина и Молдавија, кои денеска ги почнуваат преговорите за пристапување кон ЕУ и Црна Гора, која затвора уште две поглавја, во очи на Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Црна Гора и конференциите со Украина и Молдавија, кои денеска ќе се започнат во Луксембург. Кос им порача и на кандидатите ...

Британската влада планира да го забрани пристапот до социјалните медиуми за сите деца под 16 години, изјави премиерот Кир Стармер во понеделник, по недели во кои нацијата дебатираше за тоа како ќе воведе нова заштита за децата на интернет, пренесува Њујорк Тајмс. Стармер рече дека владата ќе ги воведе новите регулативи во Парламентот пред Божиќ и ќе ја стапи во сила забраната на почетокот на 2027 година. Мерките ќе вклучуваат и ограничувања ...

Пожарот што изби во атарот на селото Долани, Општина Штип е изгаснат, а очевидци тврдат дека е подметнат. Според информациите од Центарот за управување со кризи, вчера попладне добиена е пријава за пожар во кој гори голема површина сува трева, стрниште и нискостеблеста шума. Во гаснењето учествувале противпожарната бригада од Штип со 4 возила и 15 пожарникари, доброволното противпожарно друштво со 2 возила и 6 доброволци, механизација од ...

Прилепчанка која живеела во Тетово физички го малтретирала и го фрлила на асфалт своето тримесечно бебе. Новороденчето го спасиле случајни минувачи, кои пријавиле во полиција, а мајката била уапсена. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Тетово вчера ја лишиле од слобода В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а подоцна го уапсиле и Б.С.(37) од селото Сараќино. „Претходно, во СВР Тетово било ...

Цените на нафтата паднаа, а акциите пораснаа откако САД и Иран соопштија дека се согласиле на рамковен договор за ставање крај на војната, за кој американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе доведе до повторно отворање на клучната бродска рута низ Ормускиот теснец. Суровата нафта Брент, глобалната референтна цена за нафта, падна за 4,7% на 83,24 долари за барел, а акциите во Азија и Европа скокнаа како реакција на договорот. Пакистан, ...

Американскиот алтертнативен поп музичар и интернет личност Оливер Три беше меѓу шесте лица кои загинаа кога хеликоптерот со кој патуваше се судри со друг хеликоптер во Бразил, пренесува Би-Би-Си. 32-годишниот музичар бил на светска турнеја кога несреќата се случила над Рио де Жанеиро во неделата. Еден од хеликоптерите потоа паднал на паркингот на продажен салон, запалувајќи околу 20 возила. Снимките објавени од бразилските медиуми покажуваат ...

Женевската полиција во неделата испука солзавец врз демонстрантите кои запалија возило на Тесла и скршија прозорци на агенција на Обединетите нации, додека го изразуваа својот гнев на самитот на Групата седум што требаше да се одржи преку границата во Франција. Околу 20.000 луѓе се собраа на марш кој првично беше мирен, но демонстрантите подоцна ги таргетираа она што го претставија како симболи на капитализмот и мултилатерализмот, вклучувајќи ...

Четири лица се убиени, додека манастирскиот комплекс Киевско- печерска лавра, симбол на украинската духовна и културна историја, е запален, во најтешкиот руски воздушен напад врз украинската престолнина во последните две недели, соопштија властите утрово, повикувајќи ги жителите да се засолнат. Новите напади дојдоа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за ...

Американските и иранските претставници изјавија дека се согласиле за рамка за завршување на нивната војна, запирање на американската блокада на Иран и повторно отворање на Ормускиот теснец, прелиминарен договор што ги намали цените на нафтата, но ја остави судбината на нуклеарната програма на Иран на понатамошни преговори. „Договорот со Исламската Република Иран сега е завршен“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата ...

Британските вооружени сили денеска пресретнаа санкциониран танкер за нафта од руската флота во сенка во Ла Манш, во прва операција за спречување на приходите од нафта што помагаат во финансирањето на војната на Русија во Украина. На бродот „Смиртос“, кој пловел под камерунско знаме, се истовариле командоси на Кралската морнарица и претставници на Националната агенција за борба против криминалот (NCA) во раните утрински часови, со поддршка од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека од следната недела ќе започнат разговори со колаиционите партнери за реконструкција на Владата. Разговорите, како што посочи, ќе започнат по 17 јуни, кога во Струмица ќе биде одбележан роденденот на ВМРО-ДПМНЕ. „Следниот ден почнуваме со разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата“, одговори премиерот. За реконструкција на Владата се зборува од август минатата ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека Македонија, на европскиот пат не треба да се фрустира од перцепцијата дека е мала држава и не треба да се однесува субмисивно. Таа во интервју за МИА, вели дека и Европската Унија треба да размисли за методологијата на преговорите, а не како што вели, да ги води по принципот „молчи и слушај“, бидејќи и кандидатите за кандидати имаат што да кажат. „Македонија мора да ги изнесе националните ...

Пет поетски книги, од вкупно 37 пристигнати од 35 автори, се дел од потесната листа од која годинава ќе се избере добитникот на наградата Златен венец на Струшките вечери на поезијата. Фестивалот ќе започне на 24 јуни со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата, Анеке Брасинга од Холандија, а официјалното отворање ќе биде вечерта во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во ...

Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. Како што информираат од Судот, платформата е создадена како дел од заложбите за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на ...

Околу 200 демонстранти во саботата ги урнаа металните и оградите од бодликава жица околу луксузен градежен објект на јадранскиот брег на Албанија, што е уште еден знак за растечкиот гнев против градењето во еколошки чувствителни области. Албанците со недели протестираат против планираниот луксузен проект поддржан од компанија поврзана со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, во близина на Валона, која е позната по ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека договорот за прекин на борбите меѓу САД и Иран е закажан да биде потпишан во недела, откако Иран изрази сомнеж во врска со времето. Во објава на социјалните мрежи, Трамп рече дека Ормускиот теснец, клучен поморски пат, ќе биде отворен за сите откако ќе се постигне договор. Во саботата, Пакистан, клучен посредник, исто така изјави дека веројатно се очекува договорот да биде финализиран во рок од 24 часа и ...

Основното јавно обвинителство — Битола поднесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен маж, осомничен дека од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полови односи со девојче на 12 години. Според обвинението, со дејствата е сторено продолжено кривично дело — силување на дете кое не наполнило 15 години, по член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што се наведува во Наредбата, осомничениот стапил во контакт со ...

Играта „Pokémon Go“ е сè уште активна. Додека беше во подем играчите „ловеа покемони“ со сликање локации, каде виртуелните покемони се појавуваат во реалниот свет на улица или во околината на играчите, и се детектираат со мобилен телефон. Податоците собрани од локациите што милиони играчи ги сликале, моментално служат за систем за навигирање дронови напаѓачи и тренираат ВИ модели за милитаристички цели, во случај на леталата да им се попречи ...

Автопатот Скопје-Блаце ќе го гради македонската градежна компанија „Гранит“, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Министерот денеска оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговарало за изградбата на автопатот Скопје-Блаце. Од Министерството информираат дека на средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во ...

Со изложбата „Пркосните 12“, поставена во КСП Центар Јадро во Скопје, беше заокружен тримесечниот инклузивен курс за фотографија организиран од граѓанската организација Пркос, под менторство на фотографот Драги Неделчевски. Изложбата содржи 30 портретни фотографии создадени во рамки на две фотосесии реализирани за време на практичниот дел од курсот. На фотографиите се претставени самите учесници, кои во текот на програмата биле и фотографи и ...

Американските војници го убија водачот на венецуелската банда Трен де Арагва во воздушен напад, објави претседателот Доналд Трамп, пренесува Би-Би-Си. „По моја наредба, Јужната команда на Соединетите Американски Држави изврши брз и смртоносен кинетички удар за успешно да го егзекутира Нињо Гереро“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Нињо Гереро, чие целосно име е Хектор Растенфорд Гереро Флорес, беше долгогодишен водач на Трен де Арагва. ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
4.54
23%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
3.13
47%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.93
37%
1015
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.63
38%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.42
33%
1018
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 31ᴼ
1.7
47%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.81
45%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.6
51%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.36
34%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
2.25
31%
1018
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 37ᴼ
1.79
28%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.49
99%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Бакар

12.33

Калај

50.56

Сребро

1902.84

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Паладиум

38195.09

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Злато

131072.82

Алуминиум

3.20

Кобалт

56.29