Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Повеќе од 8.300 повици биле примени на Единствениот број за итни случаи 112 во периодот од 17 до 21 часот, по силното невреме што денеска го зафати Скопје, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека операторите на службата работат со полн капацитет, а поради наглото зголемување на бројот на повици, уште во првиот час биле ангажирани дополнителни смени за да се обезбеди побрз одговор кон граѓаните. И покрај тоа, ...
Цената на војната на Соединетите Американски Држави во Иран досега се искачи на 37,5 милијарди долари, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Само шест месеци пред среднорочните избори на кои републиканците на претседателот Доналд Трамп може да се соочат со тешка битка за да го задржат мнозинството во Претставничкиот дом и Сенатот, демократите се високо рангирани во анкетите на јавното мислење додека се обидуваат да ја поврзат ...
Францускиот парламент го одобри нацрт-законот со кој се забранува пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години, што ја прави првата земја во ЕУ што ќе им забрани на децата апликации како што е Инстаграм, ТикТок и Фејсбук. Претседателот Емануел Макрон се залагаше за забраната како клучна реформа на неговиот последен мандат на функцијата и вети дека ќе ја спроведе до септември. „Франција го води патот во Европа кога станува збор за ...
До петок, под влијание на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. По невремето кое вчера го зафати Скопје и уште неколку градови низ земјата, УХМР најавива дека и денеска и во текот на следните неколку дена се очекуваат краткотрајни невремиња проследени со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни ...
Невремето што во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје направи голема материјална штета, Според пријавите од граѓани кои простигнуваат до Министерството за внатрешни работи евидентирани се 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица. Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на Оснвното јавно обвинителство, комплексот „Вили ...
Грција започна кампања насочена кон оние кои живеат во странство и нивните потомци, со цел да ги информираат за можностите и постапките за стекнување грчко државјанство. Кампањата, која ја сподели на Фејсбук и Амбасадата на Грција во Македонија, испраќа порака за зачувување на врските меѓу дијаспората и матичната земја, нагласувајќи ја важноста на историјата, културата и традицијата. Според информациите објавени од грчките институции, лицата ...
Владата на денешната 195 седница одлучила да прогласи кризна состојба во општина Гостивар во рок од 30 дена, информираат оттаму. „Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок“, ...
За да може да се знае што точно може да предизвика на долг рок во човечкиот организам континуирана изложеност на енормно загадена вода за пиење, треба да се знае што носи пациентот во себе, а тоа се прави со лабораториско испитување фецес. Тоа во моментов е и најголем проблем, со денови никој од здравствените власти не зборува дали е испитуван фецес кај пациентите и што покажуваат тие резултати, вели за Мета проф. д-р Никола Пановски, ...
Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, денеска оствари средба со претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во официјална посета на земјава. Посетата на Мурму е прва посета на индиски претседател на Македонија и претставува значаен чекор во развојот на билатералните односи меѓу двете држави. На средбата двете претседателки разговарале за можностите за унапредување на политичката, економската и ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во Делчево е уапсен возач од Берово кој управувал возило со 4,35 промили алкохол во крвта. Тој бил откриен при рутинска контрола на сообраќајот во попладневни часови и бил спроведен во полициска станица. „На 20 Јули во 15 часот во Делчево, полициски службеници го лишија од слобода А.Т.(26) од село Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските ...
Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, изјави дека неговата земја нема да одржи избори наскоро, изјава што ги нагласува напорите на моќникот да го продолжи своето речиси 20-годишно владеење и ги разбива надежите на опозицијата дека можеби ќе ги послуша нивните барања за демократско гласање, пренесува Асошиејтед Прес. Објавата ефикасно ги откажа следните избори во Никарагва, првично закажани за ноември 2027 година, откако Конгресот, ...
Маж избодел и ранил двајца туристи во вторник наутро во близина на античкиот Акропол во Атина, главната туристичка атракција во Грција, соопшти полицијата. Напаѓачот нападнал маж и жена, двајцата грчки Американци, со нож на пешачка улица во близина на влезот во самиот Акропол и во близина на влезот во Музејот на Акропол, кој се наоѓа во подножјето на ридот Акропол. Жената претрпела лесни повреди на ногата, додека мажот бил потешко повреден со ...
Македонската ватерполо репрезентација до 16 години го заврши настапот на Балканското првенство во Солун со серија на големи порази од страна на Унгарија, Грција, Србија, Бугарија и Турција. Нашите млади ватерполисти ги загубија сите пет натпревари против земјите коишто играа, при што примија вкупно 138 голови, а постигнаа само седум голови на целото првенство. Најтежок пораз Македонија доживеа против Унгарија, која славеше со убедливи 41:0. ...
Рестораните и кафулињата во Гостивар кои ќе сакаат да продолжат да работат ќе мора да обезбедат техничка вода која може да се користи за подготвка на храна. Истото ќе важи и за сите јавни институции, меѓу кои се и болниците и градинките, бидејќи водата во градскиот водовод се уште е забранета за пиење, но и за подготовка на храна и за одржување на хигиена, информираше денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов. ...
Доналд Трамп воведува царини од 50 отсто за повеќето канадски стоки како одговор на одмаздата на земјата против претходните американски царини, објави Белата куќа во понеделник, прогласувајќи дека Канада неправедно дискриминирала американски автомобили, алкохол и млечни производи, пренесува Гардијан. Царините ќе погодат широк спектар на производи, соопшти Белата куќа, вклучувајќи вино, стапови за хокеј и цемент. Тие исто така вклучуваат стоки ...
Што се однесува до најновиот трејлер за играта Вулверин, тоа што прво се забележува е дека трејлерот е намерно така монтиран за да бидат тотално избегнати покажувањата на крвавите сцени што се сеприсутни во самата игра како што можеше екплицитно да се види од гејмплеј трејлерот излезен пред месец дена. Што е веројатно обид за автоцензура поради достигање поширока публика и купувачи како и привлекување на младите генерации гејмери. Во оваа ...
Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, изјавија дека ќе воведат поморска блокада врз Саудиска Арабија, отворајќи потенцијален нов фронт против САД во нивната војна со Иран и зголемувајќи ја заканата за глобалните енергетски резерви и трговија надвор од Заливот. Ескалацијата доаѓа по еден од најсмртоносните периоди во војната за американските трупи. Пентагон во понеделникот идентификуваше двајца американски војници кои беа убиени кога Иран ...
Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за три денари за литар, а на дизелот за шест денари за литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 90 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 92 денари. Дизелот, пак, ќе се продава за 94 денари за литар. РКЕ донесе одлука за ...
Три лица ќе одговараат за тешки дела против животната средина и природата, за случајот со загадувањето на водата во Гостивар. Основното јавно обвинителство од Гостивар ќе спроведе истражна постапка В.Д. директорката на ЈП “Комуналец” Артана Асани, техничкиот раководител на Секторот за технички работи Леон Нуредини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното претпријатие Вадедин Дервиши. Тие се сомничат ...
Директорката на јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар Арта Асани и уште две лица денеска се лишени од слобода, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Ова следува откако денеска беше соопштено дека 3.100 лица побарале лекарска помош со симптоми на труење од водата во водоводот. „Полициски службеници од полициската станица Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство – Гостивар лишија од слобода три лица ...
Енди Барнам и официјално ја презеде функцијата премиер на Обединетото Кралство, наследувајќи го Кир Стармер, кој поднесе оставка по внатрепартиските превирања во Лабуристичката партија. Со тоа Барнам стана седмиот британски премиер во изминатата деценија, во период што се смета за еден од најтурбулентните во поновата политичка историја на земјата. По средбата со кралот Чарлс III во Бакингемската палата, Барнам се обрати пред Даунинг стрит 10, ...
Иако беше свикана посебна прес-конференција, претставниците на државните институции не ги споделија со јавноста резултатите од анализата на водата во Гостивар каде до сега се затруја над 3.100 граѓани. Како што призна новиот министер за здравство, Сашо Клековски, резултатите ги имаат и тие се веќе предадени до Обвинителството но за да ги кажел јавно морало прво одговорните во Јавното обвинителство да му дадат дозвола. Мострите од водата во ...
Владата денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе биде продолжена кризната состојба и ќе се намалат акцизите на бензините и дизелот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата се соочува со предизвици кои ги диктира состојбата во заливот и конфликтот меѓу САД и Иран што предизвикаува раст на цените на нафтата на светските берзи. Мицкоски очекува со намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, да се запре растот на цената ...
Сите надлежни во Општина Гостивар и јавните претпријатија треба да сносат морална одговорност за епидемијата прогласена заради загадувањето на водата во градскиот водовод, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека во Општината владее летаргија, заради што Владата морала да преземе дел од обврските за да се менџира состојбата и да им се олесни животот на граѓаните во овие услови. „Морална одговорност треба да има за сите од ...
Доналд Трамп и Џани Инфантино беа исвиркувани додека излегоа на теренот за церемонијата на претставување пред американскиот претседател да се обиде да ја прекине победничката забава на Шпанија, пренесува Гардијан. Трамп пристигна на стадионот со „Марин Уан“, а хеликоптерот на претседателот првпат прелета над стадионот околу 45 минути пред почетокот. Тој седеше во застаклен дел од луксузните седишта за натпреварот, заедно со Инфантино. Други ...
Енди Бернам ќе стане премиер на Велика Британија денес, заменувајќи го Кир Стармер. Стармер ќе го одржи своето последно обраќање како премиер, пред тој и Бернам да го посетат кралот Чарлс во Бакингемската палата, пренесува Би-Би-Си. Новиот премиер потоа ќе го одржи својот говор на Даунинг стрит – тој ќе вети „повеќе простор за дишење“ за Велика Британија, додека се залага за „постабилна и одговорна“ политика. Лидерот на конзервативците, Кеми ...
Триесетина стари лица чекаат на ред за прием во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, но поради недостиг на кадар во установата, вратите за нив остануваат затворени. Недостигот од кадар го намалува и квалитетот на услугите за постојните жители, пишува Порталб.мк. Недостигот на кадар во оваа институција го оневозможува примањето на други стари лица, а обезбедувањето на услуги за оние кои актуелно се сместени во оваа институција ...
Институциите знаеле за небезбедната вода во водоводот во Гостивар,но не реагирале навреме, обвинуваат од опозициската партија СДСМ. Тоа според нив, резултира со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош и прогласување на епидемија. „Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции. Тие уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и ...
Три починати лица се пронајдени во превртено возило на патот од граничниот премин Блаце кон Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, синоќа по 22 часот е пријавено дека на патот има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Полицијата утврдила дека во возилото има три починати лица, едно машко и две женски лица. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во полициската станица Бит ...
Русија започна еден од најголемите напади со балистички ракети врз Украина откако ја започна својата целосна инвазија пред повеќе од четири години. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Москва започнала масовен комбиниран напад врз Украина со употреба на беспилотни летала и разни видови ракети лансирани од воздух и земја во текот на ноќта, и дека главната цел бил главниот град Киев. „Непријателот лансирал повеќе од 40 ракети од ...