Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Владата денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе биде продолжена кризната состојба и ќе се намалат акцизите на бензините и дизелот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата се соочува со предизвици кои ги диктира состојбата во заливот и конфликтот меѓу САД и Иран што предизвикаува раст на цените на нафтата на светските берзи. Мицкоски очекува со намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, да се запре растот на цената ...
Сите надлежни во Општина Гостивар и јавните претпријатија треба да сносат морална одговорност за епидемијата прогласена заради загадувањето на водата во градскиот водовод, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека во Општината владее летаргија, заради што Владата морала да преземе дел од обврските за да се менџира состојбата и да им се олесни животот на граѓаните во овие услови. „Морална одговорност треба да има за сите од ...
Доналд Трамп и Џани Инфантино беа исвиркувани додека излегоа на теренот за церемонијата на претставување пред американскиот претседател да се обиде да ја прекине победничката забава на Шпанија, пренесува Гардијан. Трамп пристигна на стадионот со „Марин Уан“, а хеликоптерот на претседателот првпат прелета над стадионот околу 45 минути пред почетокот. Тој седеше во застаклен дел од луксузните седишта за натпреварот, заедно со Инфантино. Други ...
Енди Бернам ќе стане премиер на Велика Британија денес, заменувајќи го Кир Стармер. Стармер ќе го одржи своето последно обраќање како премиер, пред тој и Бернам да го посетат кралот Чарлс во Бакингемската палата, пренесува Би-Би-Си. Новиот премиер потоа ќе го одржи својот говор на Даунинг стрит – тој ќе вети „повеќе простор за дишење“ за Велика Британија, додека се залага за „постабилна и одговорна“ политика. Лидерот на конзервативците, Кеми ...
Триесетина стари лица чекаат на ред за прием во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, но поради недостиг на кадар во установата, вратите за нив остануваат затворени. Недостигот од кадар го намалува и квалитетот на услугите за постојните жители, пишува Порталб.мк. Недостигот на кадар во оваа институција го оневозможува примањето на други стари лица, а обезбедувањето на услуги за оние кои актуелно се сместени во оваа институција ...
Институциите знаеле за небезбедната вода во водоводот во Гостивар,но не реагирале навреме, обвинуваат од опозициската партија СДСМ. Тоа според нив, резултира со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош и прогласување на епидемија. „Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции. Тие уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и ...
Три починати лица се пронајдени во превртено возило на патот од граничниот премин Блаце кон Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, синоќа по 22 часот е пријавено дека на патот има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Полицијата утврдила дека во возилото има три починати лица, едно машко и две женски лица. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во полициската станица Бит ...
Русија започна еден од најголемите напади со балистички ракети врз Украина откако ја започна својата целосна инвазија пред повеќе од четири години. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Москва започнала масовен комбиниран напад врз Украина со употреба на беспилотни летала и разни видови ракети лансирани од воздух и земја во текот на ноќта, и дека главната цел бил главниот град Киев. „Непријателот лансирал повеќе од 40 ракети од ...
Американските сили го нападнаа Иран деветти ден по ред, а загриженоста за превозот низ Ормускиот теснец расте откако Иран соопшти дека два танкери за нафта експлодирале. Во соопштението, Централната команда на САД соопшти дека започнала нов бран напади со цел деградирање на способноста на Иран да напаѓа комерцијални бродови во виталните бродски линии на теснецот. Нападите се дел од ескалирачкиот циклус напади меѓу САД и Иран откако се ...
По наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена, а во меѓувреме се чекаат анализите на водата од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информираат денеска од Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со ИЈЗ, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска објави препораки за населението нво Гостивар, по забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водоводен систем, која Агенцијата за храна и ветеринарство ја изрече на 17 јули, поради сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба. Од ИЈЗ апелираат граѓаните строго да ги почитуваат препораките сѐ до официјално известување од надлежните институции дека водата повторно е безбедна за ...
Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани случаи со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар, а тоа значи дека треба да се прогласи епидемија, реагираше вчера микробиологот проф. д-р Никола Пановски во објава на Фејсбук. „Во еден град оболеле 30 отсто од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија. Ова не е политика, епидемиолозите треба да реагираат. Ако прашаат студент на ...
Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран, кое се одржа од 8 до 15 јули, со прогласување на победниците го заврши петтото издание. Најдобар филм во избор на жирито составено од продуцентот Мирослав Митиќ (Србија), сценаристката и режисерка Елеонора Венинова (Македонија) и фестивалската програмерка Емили Ришел (Франција) е „Држи се за мене“ на режисерката Мирсини Аристиду од Кипар. Во нејзината „coming of age“ ...
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за спречување службено лице во вршење службено дејствие, кривично дело санкционирано според член 382 став 3 од Кривичниот законик, информираат во Јавното обвинителство. Како што се наведува во соопштението, завчера, на локалитетот „Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посетил болницата „Д-р Ферид Мурад” во Гостивар и во изјава за медиумите кажа дека во последните 24 часа овде биле примени 260 лица со стомачни тегоби, од кои 100 на детскиот оддел и 160 на инфективниот оддел. Првите случаи во болницата се регистрирани на 13 јули, во доцните ноќни часови, иако се можни претходни индивидуални случаи. Вкупниот број надминува илјада пациенти. Вчера, инспектори на ...
Додека не видиме напредок во испорака на правдата, судиите и обвинителите нема да добијат повеќе пари, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го извештајот на Европската комисија (ЕК) кој беше објавен вчера, а се однесува на земјите-членки како и на земји-кандидатки за членство во ЕУ. „Од сите споредено претходно овој е најдобар извештај. Не е одличен, констатитрани се забелешките, има многу пофалби, но има и критика. Прво, ...
Со порастот на температурите се зголемува и ризикот од појава на заболувања што се пренесуваат преку храна, поради што здравствените власти апелираат до граѓаните и до сите кои ракуваат со храна доследно да ги почитуваат основните правила за безбедност и хигиена. Како што наведува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), ена од најважните препораки е редовното и темелно миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди, особено пред подготовка и ...
Израелските министри за одбрана и финансии објавија планови за воспоставување три нелегални населби во Газа и за обезбедување повеќе од 400 милиони долари (околу 300 милиони фунти) за проширување на изградбата на населби на окупираниот Западен Брег, пренесува „Гардијан“. Во меѓувреме, израелскиот воен командант задолжен за регионот ги пофали насилните населби, нарекувајќи ги свои „безбедносни партнери“. Со националните избори закажани за 27 ...
Независноста на судството во Македонија е многу ниска, политичките притисоци продолжуваат, а високопрофилните корупциски предмети ретко завршуваат со правосилни пресуди, што го засилува чувството на неказнивост. Ова се дел од главните оценки во најновиот Извештај за владеењето на правото за Северна Македонија, што Европската комисија го објави вчера, на 17 јули. ЕК посочува дека избрани функционери и владини претставници ги засилиле личните ...
Градот Пеќ деновиве е домаќин на 17. издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анибар“, кој обединува филмски автори, уметници, млади креативци и љубители на анимацијата од Западен Балкан, Европа и светот. Во текот на седумте фестивалски денови, посетителите имаат можност да проследат стотици анимирани филмови, мастер-класови, изложби, панел-дискусии и други културни настани. Со текот на годините, „Анибар“ прерасна во повеќе од ...
Најновата најава за експанзијата наречена „Hidden Mountain“ на играта Where Winds Meet пристигнува на 23 јули. Најдолго очекуваниот новитет е Користењето на „Fist Weapons“ односно оружја за тупаници со кои изведувате секакви техники со удари со раце и нозе, а движењата и потезите се анимирани според популарни боречки вештини, „Челичните Тупаници“ конечно доаѓаат во играта со следниот голем апдејт заедно со редица нови мини-игри во стилот на ...
„Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2“ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка“, вели поранешната обвинителка Ленче Ристоска, откако Савески денеска изјави дека Ристоска многу брзо си дала оставка откако ѝ ги одзема овластувањата за предметот. Тој денеска рече дека Ристоска донела лична одлука да си замине, но доколку останела ќе работела на овој предмет. „Овластувањата што беа ...
Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уште вчера заедно со полицијата и претставници на Министерството за животна средина извршиле инспекциски надзор и утврдиле дека во главниот цевковот нелегално е поставена пумпа која дирекнто вбризгува вода од реката Вардар. Надзорот тие го направиле по известување од јавниот обвинител заради сомнеж дека водата е загадена откако добиле поплаки од граѓаните. Во меѓувреме, на социјалните ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги повика граѓаните кои не ја завршиле регистрацијата во системот е-Даночни услуги (Е-ППД) да ја комплетираат постапката, откако во системот биле евидентирани повеќе од 35.000 незавршени регистрации. Од УЈП информираат дека станува збор за граѓани кои поднеле барање за отворање кориснички профил како даночни обврзници – физички лица, но регистрацијата не била целосно завршена. Во рамки на активностите за ...
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...
Косовски државјанин доби кривична пријава откако на граничниот премин Блаце се обидел да избега и со автомобил го влечел цариникот што правел контрола при што тој се здобил со лесни телесни повреди. Како што информираат од Царинската управа, Р.Е. е лишен од слобода, бидејќи сакајќи да избегне царинска контрола, насилно и противзаконски ја преминал границата со автомобил во кој криумчарел дрога. „На 15 јули, во вечерните часови, царинските ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го претстави Пекинг како шампион на новиот глобален поредок за вештачка интелигенција, користејќи ја водечката технолошка конференција на Кина за да промовира технологија со отворен код и да го предизвика влијанието на САД врз правилата што го регулираат брзорастечкиот сектор. Во говорот на церемонијата на отворањето на Светската конференција за вештачка интелигенција во Шангај, Си ги повика земјите да ...
Ракетата „Старшип“ на „Спејс Екс“ го прекина полетувањето на својот тринаесетти тест лет од Тексас, бидејќи некои од нејзините 33 мотори не успеаја да се запалат. Извршниот директор Илон Маск изјави дека веројатно повторниот обид да се лансира ќе се направи на почетокот на следната недела. Акциите на „Спејс Екс“, кои беа јавно објавени минатиот месец, паднаа за околу 3% во дополнителното тргување по одложеното лансирање. Акцијата заврши на ...
Иран соопшти дека во утрово извршил нови напади врз американски објекти во Заливот, откако шест ноќи по ред е цел на американски напади. Американската војска соопшти дека завршила уште една ноќ на напади врз Иран за дополнително деградирање на иранските воени капацитети, вклучително и на островот Кешм и во близина на Бандар Абас, каде што се наоѓаат најголемото пристаниште на Иран и клучните објекти на морнарицата и Револуционерната гарда. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот ги декласификува документите за кои тврдеше дека покажуваат мешање на Кина во изборите во САД, оживувајќи ги своите долгогодишни напади врз безбедноста на изборите и покрај проценката на американските разузнавачки служби во која не беа пронајдени докази дека Пекинг влијаел на гласањето во 2020 година што тој го загуби. 25-минутното обраќање во ударниот термин го нагласи напорот на Трамп да ...