Најскапото сирење во светот е српското магарешко сирење и неговата цена е 1.300 евра за килограм. Ова исклучително магарешко сирење се прави во Србија според традиционален рецепт кој се пренесувал низ вековите. Молзењето се врши трипати на ден, исклучиво рачно. Со оглед на тоа што во текот на овој процес се произведуваат само мали количини млеко, сирењето е исклучително вредно. Неговата цена достигнува и до 1.300 евра за килограм, а причината ...

Првите три места на најновата Шангајска листа ги држат американските универзитети Харвард, Стенфорд и Масачусетс, а по нив следува британскиот Кембриџ. Во Првите десет и останатите се американски универзитети, а меѓу нив се вмешува само уште еден британски, Оксфорд. Пред него е Беркли од Калифорнија, а следат Принстон, Колумбија, калифорнискиот институт за технологија и Универзитетот од Чикаго. Нашиот Универзитет „Кирил и Методиј“ воопшто не ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека купувањето билети за Светското првенство во 2026 година не гарантира дека странските државјани ќе добијат визи за земјата. – Ќе спроведеме ист процес на проверка како и со сите други странски државјани што влегуваат во Соединетите Американски Држави, изјави Рубио. Функционерот, исто така, истакна дека имателите на билети за Светското првенство во 2026 година ќе имаат приоритет за апликации ...

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија заобразовни историски прашања со Бугарија. Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров ...

Образованието е заедничка општествена одговорност. Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења и ...

Заврши времето на предизборни ветувања и празен популизам. Почна времето на конкретни резултати – време кога институциите работат за младите и народот, соопшти Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече: „Би сакал да ве информирам дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка на студентите за набавка на електронски уреди. Над 55.000 студенти ќе имаат можност да аплицираат, сите запишани на додипломски студии со ...

СДС и натаму по изборниот пораз без решение, без ниту една промена во раководството. Партијата тоне, а Венко Филипче се држи за функцијата како да е приватна сопственост, рече на денешната прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Во СДС веќе отворено врие. Членови, активисти и поранешни функционери јавно бараат реформи и јасно укажуваат дека Филипче го губи секој легитимитет. Наместо да ја прифати одговорноста за најлошиот ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна кпмисија за трагедијата во Кочано, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии. – Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со пглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво ...

Утврдено нелегално користење на електрична енергија од страна на бизнисмен од Штип, објави Електродистрибуција. – Нашиот специјализиран Тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип, стои во објавата. Констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип и ...

Во идните пристапни преговори треба да постојат заштитни мерки кои новите членки нема да ги забележат доколку ги почитуваат правилата на ЕУ, но доколку тоа не е случај, тогаш силно ќе ги почуствуваат, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос. „Мора да постојат заштитни мерки кои нашите нови членки нема ниту да ги забележат доколку ги почитуваат своите обврски, но исто така тие мерки мора да имаат „силен гриз“ кога не се ...

Вредноста на биткоинот падна за 1,61 процент на 80.928,65 евра на најголемата светска берза за криптовалути Binance денес во 15:00 часот.Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа е 66,06 милијарди евра. Индексот на страв и алчност за биткоинот моментално е на ниво 14 во категоријата „екстремен страв“, што е мало подобрување во споредба со вчера кога беше на ниво 10 во истата категорија. Аналитичарите објаснуваат дека падот на ...

Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници. На предлог на дневниот ред на 70. седница се верификација на мандат на пратеници во Собранието, предлог за именување на член на Фискалниот совет, избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, ...

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година. МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение. -По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат ...

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година изнесува 5,2 милијарда денари што е зголемување за 10,4 проценти во однос на истиот период лани. Според Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство зголемување за ...

Ветеното го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер, соопшти Владата. Во соопштение утрово владината прес-служба појаснува дека оваа мерка подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните ...

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко. Заедно со ...

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. УХМР предупредува дека на места врнежите ќе бидат пообилни, со очекувана количина над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Локално се можни и услови за невреме со засилен ветер, кој ќе надминува 60 километри на час, како и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а ...

Овен Вторник носи враќање на теми за кои мислевте дека се затворени. Ретроградниот Меркур во Шкорпија ве поканува да ги преиспитате финансиските прашања или споделените ресурси. Енергијата на Марс во Стрелец ве турка кон авантура, но сега е време за длабока анализа, а не импулсивност. Откријте ги скриените емоции зад фактите. Бик Почетокот на неделата ви претставува потреба да ја преиспитате динамиката на блиските врски. Меркур се враќа во ...

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе ...

Бик Биковите минатата година поминаа низ турбулентни и непредвидливи промени. Но токму сега е моментот кога енергијата се врти во нивна корист. Оние кои останале доследни, работеле тивко и упорно, конечно ги гледаат плодовите од својот труд: • успешен деловен развој; • завршување нешто што долго се одложувало; • ослободување од емоционален товар. Финансиската стабилизација е особено нагласена. Можни се нови приходи, исплата на стар долг или ...

Овен (21.3 – 20.4) Работа: Нагласената осма астролошка куќа во овој период предупредува на финансиски и наследни проблеми, поделба на брачниот имот или алиментација. Секстилот на Уран во куќата на парите и Нептун во куќата на инспирацијата и интуицијата, на 20 ноември, ви носи можности да ги монетизирате вашите креативни идеи преку приватен бизнис, недвижности или здравствена заштита. Слушнете ги советите на Водолија. Љубов: Опозицијата на ...

Овен Овој период може да биде особено предизвикувачки за Овенот кога станува збор за финансиска стабилност. Овенот е познат по својот импулсивен пристап кон животот и има тенденција да донесува брзи одлуки, кои честопати не се најдобри кога станува збор за пари и инвестиции. Ако одлучите да преземете ризични чекори, постои голема веројатност дека ќе ја платите цената за вашите брзоплети одлуки. Скорпија Скорпиите честопати се многу внимателни ...

Доктор предупредува на проблеми што може да ги имате ако спиете без долна облека. Прашањето дали е поздраво да спиете со или без долна облека предизвикува различни мислења кај експертите. Некои тврдат дека е подобро да спиете без неа бидејќи ѝ овозможува на кожата да „дише“, го намалува потењето и го спречува развојот на бактерии. Од друга страна, има и такви кои препорачуваат памучна долна облека бидејќи ја штити интимната зона од бактерии ...

1. Кога сè се претвора во приговор Додека љубовта трае, ситниците се шармантни. Неуредна чаша ќе му предизвика насмевка, а твојот глас му е пријатен и кога си нервозна. Но кога емоциите ќе згаснат, сè започнува да му пречи — твоето смеење, твоите навики, па дури и начинот на кој дишеш. Тогаш сфаќаш дека повеќе не разговара со тебе, туку се брани од тебе. Превртува очи, те прекинува, се лути без вистински причина. А ти стоиш збунета, барајќи ...

Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години – тврди еден од лекарите со најдолг животен век. Овој необичен настан се случил кога Фјодор Ковал имал 96 години. „74-годишен пациент дојде кај мене со вообичаените заболувања поврзани со стареењето. Носеше бастун и куцаше. Го прашав: „Дали имате градина?“ Мавтајќи со раката, тој одговори: „Каква градина? Здравјето ме разочарува. Дојде време да се подготвам за следниот свет.“ И му реков: ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, еден ден пред гласањето во Советот за безбедност на ОН за американската резолуција што ја остава отворена можноста за палестинска независност, денеска изјави дека ќе се спротивстави на сите обиди за формирање палестинска држава. Тој пред Владата додаде дека со децении го блокира секој напредок кон палестинска државност и дека ниту внатрешниот ниту надворешниот притисок не го вознемируваат. – Не ми ...

Американските законодавци кои се обидуваат да го забрзаат објавувањето на досиејата поврзани со истрагата за сексуална трговија против финансиерот Џефри Епстин очекуваат голема победа во Претставничкиот дом оваа недела, откако „низа републиканци“ ја поддржаа примената на законот за декласификација, првично, спротивставувајќи се на раководство на Републиканската партија и на претседателот Доналд Трамп. Сепак, претседателот Трамп во меѓувреме ...

Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд вети дека ќе „воспостави ред“ во системот за азил на Велика Британија преку „радикални промени“ инспирирани од пристапот на Данска, јави ДПА. Махмуд ќе претстави серија реформи во системот за азил пред Долниот дом в понеделник, што ќе ја направи земјата помалку привлечна за нелегалните мигранти и ќе го олесни нивното депортирање. Министерството за внатрешни работи на Велика Британија ги ...

Договор за транспорт на американски течен природен гас (LNG) од Грција до Украина, потпишаа во Атина грчките и украинските државни компании „ДЕПА“ и „Нафтогаз“ во присуство на премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, претседателот на Украина Володимир Зеленски, министерот за животна средина и енергија на Грција Ставрос Папаставру и амбасадорката на САД во земјата Кимберли Гилфојл, јави дописничката на МИА од Атина. Украинскиот претседател е ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
75%
1010
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
63%
1013
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
0.0
82%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1012
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
2.47
82%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
76%
1010
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
64%
1008
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
58%
1008
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
66%
1009
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -5ᴼ
5.14
63%
1014
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
8.23
100%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Родиум

363303.44

Паладиум

54624.12

Злато

156424.63

Рутениум

45750.51

Цинк

3.34

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Калај

54.25

Алуминиум

3.15

Платина

83354.78

Бакар

11.99