
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Аналитичарите сметаат дека Бафет и неговиот тим проценуваат дека цените на акциите се превисоки и дека во моментов не гледаат сигурни можности за профитабилни инвестиции. Индексот S&P 500 неодамна достигна ново рекордно високо ниво и се зголеми за 4% во 2025 година, по две години раст над 20% годишно. Готовината и државните акции на Беркшир Хатавеј, контролирани од еден од најголемите светски претприемачи, Ворен Бафет (94), достигнаа ...
На денешен ден 1955 година е роден Стив Пол Џобс соосновач и директор на Епл позната како „Apple Computer, Inc.“ — американска мултинационална корпорација со седиште во Купертино, Калифорнија која дизајнира, развива и продава електроника, компјутерски софтвер и лични сметачи. Нивните најпознати хардверски производи се линијата на компјутери Мак, iPod музички изведувач, iPhone паметен телефон и iPad таблет компјутери. Помеѓу 1986 и 2006 година, ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави договор со турската компанија „Казанчи Холдинг“ за изградба на когенеративни централи и на секундарна гасоводна и топловодна мрежа со која домаќинствата ќе имаат пристап до евтин природен гас и до топлина. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави мегаинвестиција во енергетиката со која ќе се обезбеди и чист амбиентен воздух – ќе се градат гасни централи, а домаќинствата бесплатно ќе се приклучуваат на ...
Да, сериозни сме, а сериозен е и професорот Бјелиќ. Тој самоиницијативно ги собира средствата потребни за купување на трговската марка и името. Плус, Бјелиќ е добро-познат во европската автомобилска индустрија бидејќи работи на високи позиции ширум Европа веќе две децении. Секако, тој планира да соработува со некој етаблиран производител кога ќе стане збор за сериското производство. Тој најавува дека планира новото Yugo да користи мотор со ...
Покрај моделот Грок 3, компанијата на Илон Маск, Икс АИ работи и на други проекти, вклучително и на развој на игри со интегрирана вештачка интелигенција. Илон Маск и неговиот тим од компанијата Икс АИ го претставија Грок 3, нов модел со вештачка интелигенција, за кој велат дека е најпаметен во светот. Овој модел има значителен скок во способностите во однос на неговиот претходник, Грок 2, со дури 10 до 15 пати поголема моќност. Исто така, Икс АИ ...
Компанијата објави дека, првично, ќе им даде на корисниците 90 дена да одлучат што сакаат да прават со нивните стари снимки пред тие трајно да бидат избришани. Има неколку опции. Фејсбук најави дека од оваа седмица ќе ги промени правилата за зачувување снимки од пренос во живо (LifeStream). Имено, наместо неограничено време на задржување, сите видеа во живо автоматски ќе се избришат по 30 дена. Оваа промена ќе влијае на сите корисници кои ...
Украинците развија нов дрон. Ќе делува како мамка за руската противвоздушна одбрана. Јуришниот дрон „Трембита“, долг е околу два метри, со едноставен дизајн. Моторот е на врвот, ракетниот засилувач е одзади. И во суштина тоа е помала верзија на германската бомба V-1 од Втората светска војна, но со модерно GPS насоки. Сепак, „Трембита“ и другите локално произведени беспилотни летала се клучни за опстанокот на Украина, покрај војниците на фронтот. ...
Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ објави дека планира да инвестира најмалку 380 милијарди јуани (52,44 милијарди долари) во нејзината инфраструктура за клауд-компјутери и вештачка интелигенција (AI) во следните три години, пренесе „Анадолија“. Компанијата веќе соопшти дека планира да инвестира во секторот кога ги објави своите резултати во петокот, но тогаш не ја понуди точната сума што планира да ја инвестира. „Алибаба“ објави приход од ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ изминатата вечер го одигра својот најдобар натпревар откако е во редовите на Лејкерс и тоа во победата над Денвер на Никола Јокиќ со 123:100. Лејкерс со овој триумф ја прекинаа и серијата на Денвер од девет победи во низа. Дончиќ беше блиску до трипл-дабл и натпреварот го заврши со 32 поени, 10 скока и седум асистенции. Трипл-даблл на спротивната страна запиша Јокиќ со 12 поени, 13 скока и 10 асистенции, но ...
Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет денеска се согласи да ја прифати оставката на претседателот на Томас Бах како член на ИОК, која ќе стапи на сила по 23 јуни 2025 година. Ова ќе биде денот на предавањето на новиот претседател на ИОК, кој ќе биде избран на 20 март 2025 година во Коста Наварино, Грција. Томас Бах беше избран на 10 септември 2013 година, за деветти претседател на ИОК. Тој беше реизбран за втор четиригодишен мандат ...
Денеска во рамките на 27 коло во Премиер лигата фудбалерите на Манчестер сити славеа минимално со 1:0 на гостувањето кај Тотенхем. Стрелец на единствениот гол за „граѓаните“ го реализираше Халанд во 12 минута по асистенцијата на Доку. Во самиот финиш од средбата Халанд повторно ја затресе домашната мрежа, но голот беше поништен поради играње со рака. На табелата тимот на Пеп Гвардиола после 14 победа оваа сезона се наоѓа на четвртото место со 47 ...
Акциите на производителот на електрични автомобили „Тесла“ паднаа за повеќе од 40 отсто по нивната највисока вредност од 488 долари во декември, откако продажбата на возилата на компанијата во ЕУ и Велика Британија речиси се преполови во јануари. Падот на вредноста на акциите ја врати пазарната капитализација на „Тесла“ под трилион долари за првпат од ноември лани, пишува „Би-би-си“. Само во средата, акцијата на „Тесла“ на Њујоршката берза ...
Соединетите Американски Држави воведоа санкции против шест субјекти со седиште во Хонг Конг и Кина поради наводите за вмешаност во синџирот на снабдување за производство на ирански беспилотни летала. Американското Министерство за финансии соопшти дека ентитетите биле ангажирани во набавка на компоненти за беспилотни летала (UAVs) во име на иранската компанија Pishtazan Kavosh Gostar Boshra (PKGB) санкционирана од САД и нејзината филијала Нарин ...
Индиската полиција отвори случај против моќниот бизнисмен Шјам С.Барти и уште три лица за закани и силување на актерка од Боливуд, јавува Би-Би-Си. Барти е основач и претседател на Jubilant Bhartia Group, чија подружница Jubilant Foodworks ја има најголемата франшиза на Domino’s Pizza надвор од САД. Жената, чие име не е објавено поради законите за анонимност во Индија, го обвинува Барти дека ја дрогирал, а потоа брутално ја силувал во Сингапур. ...
Косовското Министерство за одбрана на Косово денеска ги демантираше медиумските наводи дека е планирано повлекување на американската армија од Косово. – Оваа вест, која ја делат некои веб-страници и телевизиски канали е дезинформација која ја шират надворешни актери со цел да се дестабилизира земјата и Западен Балкан, се наведува во соопштението од косовското МО. Во соопштението се истакнува дека повлекувањето на американските трупи од НАТО ...
Хрватскиот пратеник и поранешен министер и вицепремиер, Јосип Дабро, попладнево беше уапсен од полицијата откако Парламентот на барање на Државното обвинителство му го укина имунитетот поради кривична постапка и евентуален притвор за кршење на правата на децата и недозволено оружје, јавуваат хрватските медиуми. Уапсениот 42-годишен политичар ќе биде изведен на понатамошна постапка во Општинското државно обвинителство во Осиек – соопштија од ...
Мандарините кои хрватските власти ги вратија во периодот од 29 ноември до 11 декември 2024 година, откако анализите покажаа дека содржат пестициди опасни по здравјето на луѓето, не биле уништени, туку продадени на локалниот пазар. – Околу ова прашање Обвинителството на Берат веќе подолго време водеше истрага, која беше завршена денеска, со приведување на три лица. Од обвинителството соопштуваат дека се уапсени земјоделец од оваа област, ...
Денеска беше повеќе од бурен ден за вработените и учениците од Петтата белградска гимназија. Новата директорка на училиштето пристигна пред три дена, а денеска ја искористи можноста да се претстави пред вработените, по што требаше да се одржи Наставничкиот совет. Но, 76 од присутните 80 наставници ја напуштија собраниската сала, претходно со образложение дека за време на прекинот на наставата во кој се од 20 јануари, не присуствуваат на ...
Во населбата Ивици на периферијата на босанскиот град Брчко, денеска беа пронајдени повеќе од 30 бебиња и деца, сите помали од 12 години, а властите го истражуваат случајот со сомнежи за трговија со луѓе. Новинарот од Брчко, Мирослав Обрадовиќ, за „Н1“ откри нови детали и ја пренесе атмосферата од градот чии жители се шокирани од случајот. Уапсени се петмина осомничени, а Обрадовиќ вели дека има индиции дека ќе бидат уапсени уште тројца. Поголем ...
„Имаме надлежност над „инфлуенсерите“. Ќе се направи правилник со кој ќе се прецизираат критериумите за нив, на кој начин ќе се идентификуваат и кои ќе бидат предмет на регулација“ изјави денеска Емилија Петреска Камењарова од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната панел-дискусија „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“ во организација на Институтот за медиуми и аналитика ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ), предводена од претседателот Али Ахмети, на седница на Генералниот Совет како највисоко партиско тело меѓу два конгреси, денеска ја објави својата непоколеблива посветеност на партиските реформи, нагласувајќи ја важноста од транспарентност, отчетност и интегритет во своите редови. Во согласност со оваа заложба, ДУИ е посветена на продолжување на процесот на ветинг во партијата за да се осигура дека ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на „Алсат“, запрашан за тоа кога Артан Груби ќе се врати во Македонија, рече дека слушнал оти Али Ахмети има редовна комуникација со Груби и го советуваше да се врати во земјава и да се соочи со правдата.„Кога ќе се врати Груби не знам, колку што успеав да го слушнам Меџити, тој кажа дека Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе ...
Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска вечерва во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ зборуваше за последните чекори на Владата во надворешната политика и поставеноста на македонската дипломатија во однос на резолуциите во ООН посветени на војната во Украина. Чупеска осврнувајќи се на коспонзорството на резолуцијата за Украина поддржана од САД и „воздржаното“ гласање за другата резолуција поддржана од ЕУ, рече дека „ние сме во ситуација каде што ...
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16:42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК била добиена пријава од чешки планинар – скијач дека негов колега е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош. „По примањето на информацијата дека треба да се извлекува и спасува повредениот на крајот од денот, пред да настапи ноќта, кога студот и видливоста се ...
Гугл развива напреден систем за вештачка интелигенција кој ќе ги препознава корисниците помлади од 18 години, настојувајќи на тој начин да ја подобри безбедноста на децата на интернет, пишува „Си-ен-би-си“. Гугл ја објави новата техника за одредување на возраста на корисниците како дел од блогот фокусиран на „нова дигитална заштита за деца, тинејџери и родители“. Автоматизацијата ќе се користи низ производите на Гугл, вклучувајќи го и Јујтуб, ...
Граѓаните, научниците и љубителите на природата ќе можат во секое време да пристапат до податоци за загаденост, температурата на водата, нивото на кислород, состојбата на биолошките видови и други значајни фактори кои влијаат на екосистемите на езерата. Група студенти разви веб-апликација која овозможува интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро. Оваа апликација е создадена да ги прикаже клучните еколошки ...
Технолошкиот гигант Мета ги објави плановите за изградба на подморски кабел долг 50.000 километри, кој ќе ги поврзува САД, Индија, Јужна Африка, Бразил и други региони. Проектот наречен Waterworth ќе биде најдолгиот подморски кабел во светот кога ќе биде завршен. Мета, сопственик на Facebook, Instagram и WhatsApp, веќе некое време го шири своето влијание надвор од социјалните мрежи, особено во областите на вештачката интелигенција (AI) и ...
Полн резервоар за гориво и батерија: новиот грандиозен SUV може да помине 1,115 km • Новиот SUV на тест: со plug-in hybrid во GS ниво на опременост може да поминете 380 km на електрична енергија без емисии, со едно полнење благодарение на регенеративното сопирање • Идеален за флотна продажба и физички лица: погон совршен за секој кој сака да патува на електрична енергија и сака да помине повеќе километри на особено ефикасен начин за заштеда на ...
Тајлер Хиро од Мајами утрово ја освои шампионската титула во шутирање три поени, додека Мек Мекланг од Оскеола Меџик од Развојната лига го одбрани трофејот во забивање, во рамките на НБА Ол-стар кошаркарскиот викенд, кој се одржува во Сан Франциско. Хиро го победи Бади Хилд од Голден стејт во финалето во шутирање тројки. Мекланг стана првиот играч во историјата на НБА кој три пати по ред победил на натпреварот за забивање на Ол-стар викендот. ...
Рана елиминација за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на турнирот во Доха, Катар. Ѓоковиќ беше поразен во првото коло од Италијанецот Матео Беретини со 2:0, во сетови 7:6 (4), 6:2. Ова беше прво натпреварување за Ѓоковиќ откако поради повреда се повлече од полуфиналниот меч на Австралија опен. Во дуелот на два одлични сервери, Италијанецот успеа да го добие првиот сет во тај-брејк со 7:4, додека во вториот веднаш направи брејк и рутински го приведе ...