Во период на економска неизвесност и монетарни предизвици, изборот за нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија добива особено значење. Меѓу предложените имиња, се истакнува и проф. д-р Трајко Славески, еден од најискусните економисти во земјава – универзитетски професор, поранешен министер за финансии и активен глас во јавните економски дебати. Познат по својот принципиелен пристап кон фискалната дисциплина, ниските даноци ...

Во компанијата „Renewable Energy Supplies“ (РЕС) која има 16 вработени, просечната месечна плата лани најмногу пораснала – за речиси три и пол пати (236%) и сега изнесува околу 7.000 евра, објави порталот „Пари“. Станува збор за компанија која порано беше во сопствеништво на поранешниот вицепремиер и македонски енергетски могул ставен на американската „црна листа“, Кочо Анѓушев, која сега е во целосна сопственост на бугарска фирма. Во 2023 ...

Во однос на изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 50-процентна царина за производи од Европската Унија, Мицкоски рече дека Македонија нема да биде погодена од тие мерки, бидејќи се работи на воведување нулта царинска стапка за американски производи. Половина од царинските тарифи ќе бидат нивелирани и намалени од 1 јули, а останатите 50 отсто ќе се укинат на 1 јануари 2026 година, соопшти премиерот Христијан ...

Таванот во средното училиште во Бечеј, Србија, се урна за време на часот, а според Н1, една ученичка е полесно повредена. Парче од таванот паднало врз раката на една ученичка, а двајца други ученици биле изгребани. Според еден од сведоците, ученичката чија рака била повредена е транспортирана со амбулантно возило во Нови Сад. „Одеднаш слушнавме тресок, како некој да фрли стол, се свртевме и видовме делови од таванот на подот и ја слушнавме ...

Високaта претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска ја посети Северна Митровица, каде во зградата „Европска куќа“ е во тек средба со првиот човек на Управата на училиштата за Косово, Блажо Драговиќ. Пред оваа средба Калас ја посети зградата на судот во Северна Митровица, како и вработените во мисијата ЕУЛЕКС. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, вчера во Приштина изјави дека ...

Телата на двајца мигранти се пронајдени викендов на територијата на Суботица. Истрагата за овој случај ја води Вишото јавно обвинителство во Суботица, соопштија за Танјуг од СВР Суботица. Телото на еден мигрант беше пронајдено во петокот на 16 мај, а уште еден ден подоцна, на 17 мај. Засега не се знае дали смртта била предизвикана од насилство, но според тамошните медиуми постои сомнеж за меѓусебен конфликт. Во извештајот на Глобалната ...

Општиот заклучок на здруженијата на потрошувачи и производители во ЕУ е дека цените на храната растат, земјоделците добиваат сè помалку пари за своите производи, а профитот сè повеќе оди во касата на големите преработувачи и синџирите на супермаркети. Цените на храната неразумно растат во Европската Унија, а особено на Балканот, и покрај бранот бојкоти на супермаркетите, па така бугарското Министерство за земјоделство неодамна одлучи да формира ...

– Во Косовска Митровица денеска се случи инцидент кога косовски полицајци опколија српски матурант во центарот на градот. Еден од полицајците го зграпчи за вратот и го малтретирал, а на вратот на младиот човек се видливи траги од крв. Граѓани и професори го спасија матурантот од понатамошно малтретирање, јавија косовските и српски медиуми. Инцидентот се случил во центарот на Косовска Митровица, кога матурантите, во придружба на професори и во ...

Српското МВР не соопшти детали за националноста на убиениот и приведените, ниту за тоа колкумина мигранти во вкупно биле дел од инцидентот. Еден мигрант е убиен, четворица се уапсени, а неколку лица се во бегство, откако попладнево дошло до вооружен судир меѓу српската полиција и група нерегуларни мигранти во близина на границата со Хрватска, јавуваат српските медиуми. Инцидентот се случил во подрачјето помеѓу Шид и хрватската граница, каде што ...

Во првиот квартал од годинава забележан е пад на населението во Албанија за 883 лица, бидејќи забележани се повеќе смртни случаи отколку родени, соопшти албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Според податоците на ИНСТАТ, бројот на новородени бележи значително намалување од 14,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во регионот на Тирана и натаму има најголем број новороденчиња или 1.750 регистрирани во првиот квартал. Од друга ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека државата ќе се обиде да ја зголеми минималната плата од 457 евра на 550 евра, во два чекора, до 1 јануари. Тој нагласи дека ќе се погрижи и пензиите да не се зголемат за помалку од осум проценти и најави дека просечната плата, во најдобар случај, би можела да изнесува повеќе од 1.170 евра во јануари 2026 година. „Ова значи дека минималната плата во Србија тогаш би изнесувала 64.400 динари. Мислам ...

Косовското Собрание ниту во 21 обид не е конституирано, бидејќи денеска немаше кворум за гласање за Комисијата за тајно гласање. На денешната седница беа присутни 90 пратеници, а 53 гласаа „за“ и еден „против“. Во последните 12 обиди, седницата не успеа по истата точка – предлогот на претседавачот Авни Дехари да се премине од отворено на тајно гласање за избор на претседател на Собранието. Првата конститутивна седница на деветтиот состав на ...

За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос кон СДС. Наместо да го судат и гонат криминалот и сите засегнати да ги изведат пред лицето на правдата, тие спасуваат од обвиненија или од пресуди луѓе од највисокото раководство на СДС. После пресудата за Модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е ...

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, и зборуваше на темата за Законот за работно ангажирање на лица-можност за дополнителна заработка, притоа истакнувајќи дека со овој Закон се мотивира работоспособното население да биде проактивно и претставува одлична можност за дополнителна заработка на младите, пензионерите и другите лица кои сакаат да бидат дополнително ...

Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно СИТЕ ОД НАША СТРАНА констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои сеуште никој не постапува од надлежните институции. Во градот Скопје во три (3) години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби. Спречивме градење на асфалтни бази во населени места, поднесовме кривични пријави за УСЈЕ и други големи загадувачи ...

Најмалку 1.500 проекти низ Европа за чиста енергија се запрени или одложени поради недостаток на мрежни приклучоци, а потребни се 700 милијарди долари инвестиции во мрежата за земјите да ги постигнат своите зелени цели. Истите предизвици ги има и МЕПСО. Во својот план за развој 2025-2030 пишуваат дека интегрирањето на обновливите извори на енергија (ОИЕ) се предизвик за МЕПСО бидејќи ветерните и фотоволтаичните електрични централи имаат несакани ...

Генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Латифи, заедно со својот тим во Приштина оствари средба со в.д. извршниот директор на косовскиот оператор КОСТТ, Шабан Незири, на која станало збор за проектот за изградба на нова интерконективна линија од 400 kV Тетово – Призрен. – Во центарот на разговорот беше стратешкиот проект за изградба на нова интерконективна линија од 400 kV Тетово – Призрен, со кој ќе се создаде силна енергетска врска помеѓу ...

Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека од Охридскиот аеродром ќе се реализираат летови до Базел. Првиот лет на оваа линија ќе се реализира од октомври. – Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано. ,,Европскиот аеродром” како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави – Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу ...

Нема потреба за нова лидерска средба, велат од ВМРО-ДПМНЕ по најавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека ќе предложи конкретни точки за што би требало да разговараат најголемите политички партии на заеднички состанок. Филипче да не ги користи приликите за да си го крева рејтингот, порачаа од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. „Лидерска средба имаше пред само еден месец и сметаме дека нема потреба за истото. Доколку Филипче сака да си прави ...

Преговорниците на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулатива за постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), електронски систем што ќе овозможи конечно укинување на печатот во пасошите. Овој договор сега треба формално да биде потврден од двете законодавни институции. После тоа, Комисијата треба да донесе посебна одлука за почеток на постепеното воведување на EES. Транзицискиот период ќе трае шест месеци. EES е ...

Украина и нејзините европски сојузници ќе бидат разочарани, па дури и загрижени по рускиот приказ на телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, оценува московскиот дописник на „Скај њуз“, Ивор Бенет. „Мислам дека европските лидери и Украина ќе бидат многу разочарани што Доналд Трамп очигледно не изврши поголем притисок врз Владимир Путин. Тие се надеваа дека ова ќе биде моментот кога Трамп конечно ќе ги спроведе своите закани во ...

Поголем дел од светот нема своја претплата на „YouTube Premium“ а доколку имате платежна корисничка сметка повторно ќе бидете подложни на спамирањето со реклами и со оваа најнова употреба на вештачка интелигенција. Ситуацијата со рекламите на Јутјуб секојдневно оди кон полошо поради тоа што со употреба на вештачката Интелигенција ќе се анализира патерни на однесување, и преку алгоритми ќе одредува кога сте „најфокусирани“ за во тој момент да ...

As the dust settles, at least for now, on the latest clashes between India and Pakistan, it’s clear that the nations’ respective air forces played a very active role in the fighting. Many observers are already pointing to the potentially significant impact made by the Pakistan Air Force’s Chinese-made Chengdu J-10C multirole fighters, as well as their much-vaunted PL-15 air-to-air missiles — the latter of which you can read about in depth here. ...

В недела на 18 мај се одржа меѓународниот турнир „Скопје опен“ – 2025 во организација на Џудо клубот Ипон од Скопје. На овој турнир настапија клубови од осум држави (Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Молдавија, Грција, Албанија и Македонија) со околу 260 натпреварувачи. Џудо клубот Сеишин Прилеп учествуваше со 22 натпреварувачи при што се освоени 15 медали од кои три златни, три сребрени и девет бронзени. Во продолжение погледнете ги ...

Кошаркарите наб ТФТ од Тафталиџе испишаа историј и стигнаа до своето прво финале во македонскиот кошаркарски шампионат, откако со максимални 3-0 ја добија полуфиналната серија против Работнички. По двете стартни победи на домашен терен, избраниците на Боро Смилковски ставија печат на серијата и на гостински терен, совладувајќи го најтрофејниот македонски клуб со убедливи 73-92 во салата „Градски парк“. Работнички се држеше само во првата ...

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил денеска им се заблагодарија на сите што им дадоа поддршка откако беше објавено дека на поранешниот шеф на државата му е дијагностициран рак на простата. „Како и многумина од вас, и јас и Џил откривме дека сме најсилни во најтешките моменти. Ви благодариме што нè бодрите со вашата љубов и поддршка“, напиша брачната двојка во објава на профилот на Бајден на социјалните мрежи. ...

Израел ќе ја преземе контролата врз целата територија на Појасот Газа, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во услови на обновена воена офанзива на палестинската територија.„Борбите се интензивни и ние напредуваме. Ќе ја преземеме контролата врз целата територија во Појасот Газа. Не попуштаме. Но, за да успееме, мора да дејствуваме на начин на кој тие нема да можат да нè спречат“, рече Нетанјаху во видео објавено на неговиот ...

„Се одржа специјален состанок посветен на нашите дипломатски напори. Мораме да го искористиме секој механизам за мир и да покажеме јасна посветеност“, напиша Зеленски на Фејсбук. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави формирање на постојана проширена национална преговарачка група, која ќе работи на дипломатски напори за завршување на војната и воспоставување вистински и траен мир. „Се одржа специјален состанок посветен на нашите ...

Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека до крајот на 2025 година, руските вооружени сили ќе ја пробијат одбраната на Украина и ќе стават под целосна контрола четири клучни области – Народните републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), како и регионите Херсон и Запорожје, пишува Блумберг, цитирајќи извор близок до руската влада. Путин игра на долги патеки Според извори, Москва е подготвена за долготрајна војна за да ги постигне целите на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со својот украински колега Володимир Зеленски за потенцијален прекин на огнот во конфликтот меѓу Киев и Москва, објави Си-ен-ен. Трамп на тој начин ги започна денешните дипломатски напори, наместо прво да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што претходно се очекуваше, додава Си-ен-ен. Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит претходно денеска изјави дека се очекува ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
72%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
73%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.38
66%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
93%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
3.6
36%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
83%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
73%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
60%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
74%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
38%
1014
Currency

61.535

Currency

52.5676

Currency

72.2077

Currency

34.3826

Currency

38.3919

Currency

65.5592

Currency

7.33901

Currency

0.6731

Currency

0.36421

Currency

0.52505

Currency

1.32441

Currency

0.61418

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69