Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ е првиот градоначалник на Штип кој добива втор мандат на локални избори, потврдувајќи го уште во првиот круг. Јорданов е осми штипски градоначалник во независна Македонија. Иако резултатите не се официјално соопштени, Јорданов врз основа на големата разлика во гласови ја прослави победата на Градскиот плоштад во Штип заедно со своите соработници, членови на неговата партија и голем број граѓани. „Разликата во гласови ...

„Морам да истакнам дека огромната поддршка која ја добивме со некаде од околу 80% од гласачите кои излегоа на овие избори е една огромна одговорност, но исто така и легитимитет за сите проекти, коишто ги работиме во овој момент и за продолжување на развојот на нашиот град. Согласно добиените резултати од избирачките места, верувајте поддршката е огромна и верувам дека тој сооднос ќе се движи некаде 5:1 или 6:1 до крајот на броењето на овие ...