Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа, во Туминец, на 10 мај организираат посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај. -На 10-ти мај, гордото Туминец ќе биде центарот на македонскиот дух. Организацискиот одбор упатува покана до сите, кои имаат можност, дека се добредојдени на свеченото откривање на споменикот посветен на македонските херои од овој крај, оние кои се вградија во нашата ...

лубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ од Кочани, на 17 мај, недела, ќе ја реализира традиционаланта велосипедска планинска тура „Манданата“ 2026. Се стартува од манастирот „Св. Илија“ во месноста Бочвенец, во атарот на селото Речани на Осоговските Планини, па се вози кон Крушка и Бела Река. Потоа следуваат манастирот во с. Небојани, Стришко, Мишино, Бела Река, Качаник и Крушка. Висинска разлика и денивелација од 890 м.н.в. што ...

Претседателот на Денвер Нагетс, Џош Кронке, коментираше за иднината на центарот Никола Јокиќ во тимот. -Мислам дека сите опции се на маса во моментов. Ќе кажам сите, освен размената на Никола Јокиќ, бидејќи моите зборови беа извртени на многу интересен начин минатото лето. Но да, освен размената на Никола, апсолутно сè е на маса. И мислам дека опцијата едноставно да се задржи овој состав и да се оди во следната сезона со него, исто така, ...

Фудбалери на Марсеј предизвикаа хаос во тренинг кампот на клубот за време на тренинг кампот, објави „Footmercato“. Раководството на клубот организирало четиридневен тренинг камп за да го собере тимот пред последните два натпревара од Лига 1. На последниот ден од кампот, неколку играчи организирале импровизирана забава, поместувајќи кревети, предизвикувајќи хаос во собите и користејќи противпожарен апарат во тренерската соба. Инцидентот ...

Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, се осврна на гласините за можното заминување од клубот на играчот од средниот ред и капитен Бруно Фернандеш. – Мислам дека е јасно дека Бруно е среќен и игра фантастичен фудбал, можеби најдобриот во неговата кариера. Имаше неколку навистина извонредни периоди. Изгледа среќен. Мислам дека треба да ја заврши сезоната на висока нота. Го очекува напорно лето. Воодушевени сме што Бруно е со нас. Тој е ...

Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“, свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир Жерновски, во кураторска ...

Повеќе од 20 години по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок-состав „Архангел“ официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје. Звукот и лириката на „Дни оловни“ носат специфична тежина и ...

Сан Антонио изутрина на гостински терен ја победи Минесота во третиот натпревар од второто коло од плејофот на НБА со 115:108. Најзаслужен за победата на Спарс беше Виктор Вембањама кој постигна дабл-дабл со 39 поени и 15 скока. Сан Антонио спарс водат со 2:1 во серијата прв до четири победи. Четвртиот натпревар ќе се игра на 11 мај. На другиот натпревар одигран ноќта петок кон сабота, Њујорк исто така како гости на совлада Филаделфија со ...

Валенсија синоќа го победи Панатинаикос на гостински терен во четвртиот натпревар од плејофот на Евролигата. Натпреварот, кој се одигра во Грција, заврши 89:86 во корист на гостите. Серијата „подобар од пет“ е нерешена 2-2. Петтиот натпревар ќе се одржи на 12 мај во Шпанија. Победникот ќе се пласира во Финалната четворка на Евролигата за сезоната 2025/26, каде што Олимпијакос, Реал Мадрид и Фенербахче веќе изборија учество. Post Views: 2 мај ...

Фудбалерот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, во интервју за „Ло де Поло“ забележа дека отсекогаш имал добар однос со Кристијано Роналдо. – Јас бев во Барселона, а тој беше во Реал Мадрид. Бевме ривали во сè, па луѓето секогаш нè споредуваа. Но, нашиот однос отсекогаш беше добар и респектабилен. Денес сме во различни фази од нашите животи, но она што се случи беше големо спортско ривалство, изјави Меси. Аргентинецот играше за ...

Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, наврна во Претор, 33 литри на метар квадратен. Следуваат Битола со 23, Охрид, 19, Струмица, 12, Гевгелија, 11, Тополчани, 10, Прилеп, Kрушево и Демир Капија, 8, Кавадарци, 7, Берово, 6, Велес, 5, Скопје-Зајчев Рид, 4, Тетово, Mаврови Анови и Попова Шапка, 3, Крива Паланка и Пожаране, 2 и 1 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи. ...

Со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 54. „Мајски оперски вечери“. Првпат две претстави ќе бидат изведени на почетокот на фестивалот. Официјално ќе биде отворен со палење на фестивалскиот оган од сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, која вечер ќе настапи во втората опера на Пучини. Годинава МОВ е во знакот на дела од Џакомо ...

Во Ресен синоќа се одржала трибина „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која, како што објави на својот Фејсбук профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, се разговарало за предизвиците, но и за можностите за развој на земјоделството. Според Трипуновски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е отворено за предлозите, критиките и иницијативите од земјоделците. – ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ...

Помладиот брат на фудбалерот на европскиот првак ПСЖ, Хвича Кварацхелија, е на проба во редовите на германскиот првак Баерн Минхен, јави денеска агенцијата ДПА. „Да, можам да потврдам дека момчето е тука и тренира со нас“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со шеснаесетгодишниот Торнике Кварацхелија. „Тој е талентиран. Да се каже дека е добар како неговиот ...

Во изложбениот простор „Ex Capella Buon Pastore“ во Венеција, вечерва официјално е отворен павилјонот на Република Северна Македонија на 61. Венециско биенале. Нашата држава на најпрестижната меѓународна изложба на современата уметност годинава се претставува со проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?) на уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес. ...

Францускиот велосипедист Пол Мание (Судал Квик-Степ) е победник на првата етапа на трката Џиро д’Италија, чие 109. издание годинава стартуваше во Бугарија. Првата од трите етапи што ќе се возат во Бугарија, беше во должина од 147 километри од Несебар до Бургас на брегот на Црното Море. Мание мина попладнево низ целта со време од три часа и 21 минута и до победата дојде во спринтерска завршница, која беше проследена со масовен пад во ...

Четвртиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во третото коло на Мастерсот во Рим, откако вечерва загуби од Хрватот Дино Прижмиќ во три сета со 6:2, 2:6, 4:6. Најуспешниот тенисер на сите времиња и шесткратен освојувачот на турнирот во Рим беше поразен од 79-от тенисер на АТП листата по два часа и 17 минути. „Тешко ми е да кажам нешто. Новак е мојот идол, имам голем респект кон него. Играв неверојатно. Но, сакам да ...

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги казни своите фудбалери, Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени, со по 500.000 евра поради тепачка за време на тренинг. Реал ги изрече казните денеска, ден по физичката пресметка меѓу двајцата фудбалери, во која Валверде со повреди на главата бил пренесен во болница. Клубот објави дека двајцата играчи се извиниле еден на друг, како и на своите соиграчи, по инцидентот. Валверде и Чуамени се стандардни во средниот ...

Англискиот прволигаш Борнмут објави денеска дека започна истрага во врска со објавите на социјалните мрежи кои покажуваат наводна преписка меѓу неговиот фудбалер Алекс Хименез и малолетна девојка. Премиерлигашот посочи дека шпанскиот дефанзивец, како резултат на истрагата, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Фулам. „Фудбалскиот клуб Борнмут е свесен за објавите што циркулираат на социјалните мрежи, а кои се однесуваат на десниот бек, ...

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја објави официјалната песна за претстојното Светско првенство, насловена „Dai, Dai“. Колумбиската пејачка објави дел од новата песна на социјалните мрежи во видео снимено на легендарниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Песната на која настапува и нигерискиот пејач Бурна Бој официјално ќе биде објавена на 14 мај. Во видеото, Шакира е прикажана заедно со група танчари облечени во боите на неколку ...

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, која на 28 години стана најмладата секретарка за печат во историјата на Белата куќа, на социјалните мрежи сподели фотографија од своето второ дете – ќерката по име Вивијана. „На 1 мај, Вивијана, или Виви, се придружи на нашето семејство и нашите срца веднаш се исполнија со љубов“, напиша Левит. „Таа е совршена и здрава, а нејзиниот постар брат среќно се адаптира на животот со новата сестра. Уживаме ...

Актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик изјави дека прво размислува за успешен крај на сезоната, а дури потоа за сопствената иднина на „Олд Трафорд“. Карик во моментов е привремено решение на клупата на „црвените ѓаволи“, откако во јануари го наследи Рубен Аморим. Тој има успешни резултати, а тимот со победата од 3:2 против големиот ривал Ливерпул во претходното коло на три натпревари пред крајот обезбеди пласман во Лигата на ...

Речиси еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез изјави дека е отворен за евентуално враќање во националниот дрес, иако во септември 2024 година објави крај на својата репрезентативна кариера по конфликтот со селекторот Марсело Биелса. Пред повеќе од година и пол, Суарез го обвини Биелса дека создава раздор во репрезентацијата и оти се ...

Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш Кавадарци доби забрана од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и национално ниво поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ. Според официјалното известување од ФИФА, забраната ќе остане во сила сè до целосно намирување на обврските, а најдолго до три последователни регистрациски периоди. Воедно, ФИФА побара од Фудбалската ...

Општина Кочани, во соработка со училишта и невладини организации, четврти пат учествуваше во собирање отпад во рамките на најголемата национална акција „Генералка викенд“. Со акцијата беа опфатени четири локации во Кочани: Градскиот стадион „Никола Мантов“ со Градскиот базен, дел од населбата Тикешински Лозја, АСНОМ и Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“. Учесниците во акцијата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ упатија јавен повик секој да се ...

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, заедно со шведскиот амбасадор Ола Сулстром и Лесли Милер од Канцеларијата на УНИЦЕФ, како и претставници од здружението LEAD беа дел од презентацијата на проекти за иновативни решенија во рамки на програмата UPSHIFT, реализирана во партнерство со LEAD и УНИЦЕФ, со финансиска поддршка од Шведска. Во рамки на проектот UPSHIFT, седум ученици од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип го ...

Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија по повод Неделата на сестринство на градскиот плоштад во Тетово одржа симулациска вежба. Во рамки на вежбата беше симулирана сообраќајна несреќа во која мотоциклист е удрен од возило. Волонтери од Црвениот крст први му укажаа помош на повредениот, по што интервенираше екипа на Итната ...

Селекторот на машката македонска репрезентација Кирил Лазаров го закажа собирот за бараж дуелите од Светското првенство со Словачка на 10.мај (недела). Воедно Лазаров го скрати списокот на 20 играчи, кои треба да бидат во хотелот „Александар Палас“ во 13:30 часот. На списокот се наоѓаат: Мартин Томовски, Никола Митревски, Васил Гогов (голмани); Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов, Ненад Костески, Александар Петковски (крила); Филип Кузмановски, ...

Екипите на Детроит и Оклахома Сити поведоа со 2-0 во полуфиналната конференциска серија откако ноќеска постигнаа нови победи на домашен терен против Кливленд односно ЛА Лејкерс. Детроит го совлада Кливленд со 107:97 и ја продолжи серијата победи, откако се врати од негативата 1-3 против Орландо и сега има пет триумфи во плеј офот. Кејд Канингем со 25 поени и 10 асистенции и Тобиас Харис со 21 поен беа најдобрите поединци кај победникот. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.79
42%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
64%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.45
40%
1012
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.86
39%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
58%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.41
72%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.92
53%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
37%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.29
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Калај

56.46

Родиум

274085.11