Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со нов државен рекорд на 10 км – 29 минути и 34 секунди денес победи на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 секунди. На трката учествуваа над 2000 тркачи од 16 земји. Трката и оваа ...
Првиот светски рекет Арина Сабаленка објасни зошто побарала физикална терапија за време на натпреварот со Кирстеа. Таа го коментираше нејзиниот пораз во третото коло од Мастерсот 1000 во Рим – 6:2, 3:6, 5:7. Во решавачкиот сет, Белорусинката направи медицинска пауза поради проблеми со долниот дел од грбот. – Мислам дека играв лошо од самиот почеток до самиот крај. Го започнав натпреварот добро, но потоа моето ниво нагло падна. Чувствував како ...
Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, е разочаран од прикажанат игра на неговиот тим во поразот од Интер вчера во 36. коло од италијанското фудбалско првенство. – Голот на Лаутаро Мартинез е резултат на нашиот пристап. Примивме по аут, кога имаше двајца противници во шеснаесетникот. Обично има пет или шест напаѓачи, но денес беше премногу лесно. Вториот гол беше истата приказна: тие направија пет додавања во нашиот шеснаесетник без никаква ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, одговори дали смета дека загарантираното место во Лигата на шампионите следната сезона е доволно за тимот. – Секако, тоа е исклучително важно, но главната цел на клубот, како на Барселона и Реал Мадрид, е да станеме шампиони. Беше тешка сезона, тешко е да се објасни. Од една страна, го загубивме Купот на пенали, но од друга страна, се боревме напорно во Лигата на шампионите, играјќи неверојатно ...
Иднината на извршниот директор на Милан, Џорџо Фурлани, во тимот е под знак прашалник поради протестите на навивачите, објави „Калчомеркато“. Незадоволството на навивачите може да доведе до тоа сопствениците на Милан да го отпуштат 46-годишниот Италијанец многу пред да му истече тековниот договор. Се очекува статусот на Фурлани да биде утврден во следните неколку недели. Фурлани беше назначен на 11 ноември 2022 година. Милан моментално е ...
Во организација на Планинарски спортски клуб „Голак“ Делчево денеска се одржува планинарски марш долг околу 18 километри, посветен на големиот јубилеј од Разловечкото востание. Со силни пораки за зачувување на историската меморија, љубовта кон природата и почитта кон македонските револуционери, денеска започна планинарскиот марш во чест на 150-годишнината од Разловечкото востание. Маршот, кој се организира од ПСК „Голак“ Делчево, обедини ...
Првиот светски тенисер Јаник Синер ја забележа својата 29-та последователна победа на турнир АТП 1000. Од 1990 година, само Србинот Новак Ѓоковиќ имал подолга серија (30 и 31). Синер се изедначи со Швајцарецот Роџер Федерер. Следни на ред се Шпанецот Рафаел Надал (23) и Американецот Пит Сампрас (19). Дваесет и деветтата победа на Синер дојде во второто коло на Мастерс турнирот во Рим, победувајќи го Австриецот Себастијан Офнер (6:3 и 6:4). Во ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, се осврна на третиот натпревар од серијата на Лејкерси против Оклахома Сити (108:131) во второто коло од плејофот на НБА. – Не сум лут ниту разочаран. Очигледно, сме разочарани само затоа што губиме со 3:0. Но, сè уште имаме шанса, и тоа е сè што можеме да побараме, рече Џејмс во интервјуто по натпреварот. На ветеранот му беше поставено и прашањето дали Оклахома Сити се споредува со најдобрите ...
Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, кој годинава го запали сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, синоќа беше отворено 54-то издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“. Фестивалот беше отворен со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, што е првпат две претстави да бидат изведени на почетокот на фестивалот. -Овој фестивал повеќе од пет децении е симбол на врвната ...
Ракометарите на Охрид забележаа победа над Вардар 1961 со 26:24 за прв триумф над „црвено-црните“ во својата клупска историја. Со оваа победа охриѓани се зацврстија на второто место на табелата. Ова беше натпревар од 8. коло во плејофот. На вториот саботен натпревар од ова коло, Алкалоид на гости го победи Тиквеш со 30:23. Вардар е прв со 56 бода, Охрид има 50, Еурофарм Пелистер трет со 48, Алкалоид има 42, Бутел и Тиквеш собраа по 24. Post ...
Вардар е уште поблиску до шампионскиот трофеј по денешната победа над Силекс во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига. Победа забележа и Шкендија која не дозволи Вардар уште денес да слави титула. Резултати на денешните средби од 31.коло на ПМФЛ: Пелистер – Шкупи 7:0 Шкендија – Струга Вардар – Силекс 2:1. Вардар е лидер со 77 бода, Шкендија има 71, Струга 62… Post Views: 2 мај 10, 2026 Вардар е уште поблиску до шампионскиот трофеј по ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, одговори на прашањето дали верува дека може да ги врати симпатиите на навивачите на клубот. – Да, верувам. Не оваа сезона – тие ќе имаат свое мислење за оваа сезона и тоа нема да се промени. Но, ако можеме да го имаме летото што го сакаме, тогаш сум 100 проценти убеден дека ќе бидеме различен тим следната сезона. Различен во однос на резултатите, различен во однос на тоа како ќе изгледаат работите. Не е ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, го сподели своето мислење за тоа колку далеку може да стигне репрезентацијата на Португалија на Светското првенство 2026. -Португалија може да направи сè. Тие имаат неверојатна генерација. Минатата година ја освоија Лигата на нации. Во 2016 година го освоија Европското првенство. Оваа генерација е технички супериорна во однос на онаа. Секако, тука е Бразил на Карло Анчелоти, тука е Аргентина, но Португалија ...
Манчестер сити го победи Брентфорд со 3:0 дома во 36. коло од англиската Премиер лига. Трите гола паднаа во второто полувреме. Ги постигнаа Жереми Доку, Омар Мармуш и Ерлинг Халанд негов 26-ти во Премиер лигата. Норвежанецот е лидер во трката за голови во лигата. Манчестер сити има 74 бода и е втор на табелата во Премиер лигата. „Граѓаните“ се два бода зад Арсенал, а на двете екипи им остануваат уште три натпревари до крајот на првенството. ...
Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар. – Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика и гурмански специјалитети. Годинава настанот го посветуваме на 9 Мај, Денот на ...
Ливерпул попладнево ремизираше 1:1 со Челзи на домашен терен во 36. коло од англиската Премиер лига. На голот на играчот од средниот ред на Ливерпул, Рајан Гравенберг во 6. Минута, одговори Енцо Фернандез во 35. минута. На почетокот на второто полувреме, судијата Крег Посон го поништи голот на играчот од средниот ред на Челзи, Кол Палмер, поради офсајд по интервенција на ВАР. Ливерпул има 59 бода и е четврти на табелата во Премиер лигата, а ...
Раководството на Реал Мадрид останува заинтересирано за селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешам. Според „Ел Мундо“, поканувањето на 57-годишниот Французин на тренерската позиција на мадридскиот клуб е план Б доколку не може да се постигне договор со Жозе Мурињо, кој моментално е тренер на Бенфика. Преговорите со португалскиот менаџер веќе се започнати. Реал Мадрид, под водство на Алваро Арбелоа, е втор во Ла Лига со четири ...
На граничниот премин „Џепиште“, што е втор премин на македонско – албанската граница, кај Дебар, во првите четири месеци годинава, се регистрирани 14.918 патници, забележувајќи благ раст, споредено со истиот период минатата година. – Во периодот јануари-април на овој премин се регистрирани 14.918 патници што е за 1% повеќе споредено со истиот период лани, кога минале 14.708 патници. Овој премин е од локален карактер, што подразбира дека право ...
По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев, претставници на Советот на Општина Велес, од Армијата, од институции и од Општинскиот Сојуз на борци денеска положија цвеќе на Спомен – костурницата од Народноослободителната војна, а изградена во чест на жртвите од фашизмот од Велес и велешко. На Спомен костурницата во Велес, почиваат 90 – тина борци загинати во текот на ...
Во општина Кисела Вода поставени се нови 15 контејнери за текстилен отпад кои се распоредени пред основните училишта и детските градинки. Со ова, информираа денеска од општината, иницијативата добива изразена едукативна димензија, директно насочена кон развивање на еколошката свест кај најмладите и поттикнување на одговорни навики за заштита на животната средина уште од најрана возраст. Ова претставува втора фаза од проектот кој се реализира ...
Делегација на ЕУ во земјава денеска во Градскиот парк во Скопје е домаќин на централниот настан по повод Денот на Европа, кој е отворен за сите граѓани. Манифестацијата започна со настап на детски танцови групи пред летната сцена „Школка“, а потоа напладне евроамбасадорот Михалис Рокас и официјално со пригоден кус говор и порака го прогласи настанот за отворен. Во Градскиот парк со евроамасадорот денеска беа и министерот за европски прашања ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба. Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и оти веднаш штом бидат ...
Напаѓачот на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг, е повлечен од составот на тимот за 33. коло од Лига 1 против Ле Авр на гостински терен по инцидент на тренинг-центарот, објавува „Л’Екип“. За да изгради тимско единство пред последните два натпревари од француското првенство, раководството на клубот организираше четиридневен тренинг-камп на тренинг-центарот на клубот. На последниот ден од кампот, неколку играчи, предводени од напаѓачот од Габон, ...
Нант претрпе пораз од Ленс со 1:0 синоќа во натпревар од 33. коло од Лига 1, со што ги загуби и теоретските шанси да остане во Француската прва лига. Тимот е на 17. место со уште два преостанати натпревара во лигата. „Канаринците“ се вратија во Лига 2 по 14 години, откако последен пат играа во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Франција во сезоната 2012/13. Последниот пат кога Нант испадна од лигата, му требаше четири години за ...
Раководството на Реал Мадрид и тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, веќе се во директни преговори за соработката следната сезона, објавува А Бола. Португалскиот фудбалски стручњак има уште една година од договорот со Бенфика. Договорот вклучува откупна клаузула од три милиони евра. Реал Мадрид, под водство на Алваро Арбелоа, е втор во Ла Лига со четири преостанати натпревари, 11 бода зад лидерот Барселона. Реал Мадрид има преостанати натпревари ...
„Откривање и ритам”, е насловена изложбата на Мартин Џепароски, што синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. На настанот беше кажано дека Џепароски е мултимедијален уметник чија практика опфаќа скулптура, видео-инсталации и дигитални концепти. Дипломирал вајарство и сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Ибрахим Беди. Неговото уметничко истражување е насочено кон односот меѓу човекот, ...
По повод 81-годишнината од победата над фашизмот и 76-годишнината од Денот на Европа, денеска во Делчево се одржа свеченост пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот. Во рамки на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ подготвија пригоден реферат посветен на Народноослободителната борба во Македонија и победата над фашизмот, како и осврт за значењето на 9 Мај – Денот на Европа. Пред споменикот на паднатите борци се ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, изјави дека нема намера јавно да ги казни играчите од средниот ред Федерико Валверде и Орелиен Чуамени за тепачката. На 7 мај беше објавено дека избувнала тепачка меѓу играчите во соблекувалната на мадридскиот клуб, што резултирало со исеченица на главата на Валверде и негово носење во болница. Според новинарот Фабрицио Романо, секој од играчите од средниот ред добил казна од 500.000 евра за ...
По повод 150 – годишнината од Разловечкото востание, АД Национални пошти изработи официјална поштенска марка со мотиви од Разловечкото востание. Печатењето на марката, како што информираа од Општината, беше завршено кон крајот на месец април оваа година, а официјалната промоција на поштенската марка „150 години Разловечко востание” ќе се одржи на пригодна свеченост на 18 мај во Спомен – домот АСНОМ во Делчево во рамки на манифестацијата за ...
Научниот институт за тутун – Прилеп ќе добие поддршка од 25.500.000 денари за набавка и инсталирање на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии во контролирани услови на површина до 0,6 хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Министерот Трипуновски во објава на Фејсбук сподели дека ги посетил лабораториите на Институтот во кои се врши анализа на почва и производи ...