Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово во соопштение информира дека Уставниот суд вчера на 17 јуни ја прифатил нивната иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Општина Тетово за преименување на улиците и дека истата е укината. Тие ја поднесоа иницијативата на 11 февруари 2025 година, за одлука на општинскиот совет од 2007 година, плоштадот и неколку улици да бидат преименувани. Оваа општински одлука не доби ...
Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните, соопштуваат од Град Скопје. – На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители – стои во соопштението од Град Скопје. Паралелно, како што дополнуваат, ...
Македонската тениска репрезентација втора година по ред избори пласман во Втората Светска група од Дејвис купот. На натпреварувањето што се одржа во Кишињев, македонските тенисери го освоија третото место откако во решавачкиот дуел ја победија Црна Гора со 2:1. Претходно во групата Македонија загуби од домаќинот Молдавија, а постигна победи против Косово и носителот Грузија. – Успеавме да се вратиме во Втората Светска група, тоа и ни беше ...
Европската ракометна федерација ЕХФ објави список на десет сигурни екипи за новата сезона од Лигата на шампионите, а во групите ќе играат вкупно 24 репрезентации. Десет сигурни учесници според рангирањето на федерациите се: Магдебург, Барселона, ПСЖ, Алборг, Келце, Веспрем, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, Загреб и Колстад, како и шампионот на Европа лигата – Мелсунген. Македонскиот првак Вардар нема директно место во најсилното европско ...
Голманот на германската репрезентација Мануел Ноер е на чекор до нов рекорд. Тој доколку биде меѓу стативите на саботниот натпревар со Брегот на Слоновата коска ќе го има 21.иот настап на Светско првенство и со тоа ќе стане голман рекордер по бројот на натпревари. На дуелот против Куросао Ноер, се изедначи со францускиот голман Уго Љорис со 20 натпревари. – Навистина уживам. Тимскиот дух е јасен. Секако тоа беше само прв натпревар против ...
На првиот дуел од групата К Португалија и ДР Конго одиграа нерешено 1:1, со тоа фаворитот Португалија остана без планираната победа на стартот од Мундијалот, додека ДР Конго најави дека се подготвени за пласман во следната фаза. Португалија поведе со голот на Жоао Невеш во 6.минута и како тоа да беше најава за триумф на фаворитот. Но, така не мислеа репрезентативците на ДР Конго особено откако во судиското надополнување на првиот дел (45+5) ...
Фудбалерот на Брегот на Слоновата коска Елие Вахи бил уапсен поради сомневање дека учествувал во наместени натпревари. Вахи бил уапсен пред три недели, а сега е дел од својата репрезентација на Светското првенство – Брегот на Слоновата коска. На дуелот од првото коло против Еквадор настапи 56 минути, а БСК победија со 1:0. Тој е предмет на истрага на натпреварот на Ница против Мец одигран на 17.мај од француската Лига 1 и тоа како играч на ...
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Општата болница во Струмица, по повод комплетно реализирање на проектот за реконструкција и адаптација на оваа установа, со што значително се подобрија условите за лекување на пациентите во една од најважните регионални здравствени установи во државата. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 279.3 милиони денари, а проектот ...
Коринтскиот канал, што го дели полуостровот Пелопонез од континентална Грција, од денеска е повторно отворен за пловидба во пресрет на туристичката сезона, а по речиси осум месеци работа за санација на косините и заштита од одрони, јави дописничката на МИА од Атина. Коринтскиот канал најчесто во текот на зимскиот период е затворен за пловидба и се изведуваат работи на косините на каналот за да се избегнат одрони, а од надлежната компанија ...
Виетнамската полиција заплени повеќе од 400 мачки во голема акција против синџир за продажба на мачкино месо во Хо Ши Мин – најголемиот град во земјата, објавија групите за правата на животните и тамошните медиуми. Истрагата за низа кражби на домашни миленици во Хо Ши Мин минатата недела ја доведе полицијата до синџирот за продажба на мачкино месо, при што девет лица се уапсени. Повеќе од 40 од спасените мачки им се вратени на нивните ...
Принцот Џорџ ќе го посетува Колеџот на Итон од есенва, следејќи ги стапките на својот татко, принцот од Велс, Вилијам. Имено, 12-годишното момче, кое се појави со своето семејство на кралската свеченост за време на викендов, ќе биде ученик во училиштето каде што оделе и престолонаследникот Вилијам и неговиот брат, војводата од Сасекс, принцот Хари, соопшти Кенсингтонската палата. Младиот принц досега учеше во училиштето Ламбрук – приватното ...
Камион истури стотици литри дизел-гориво на автопат во централна Германија, откако неговиот возач изгубил контрола врз возилото на влажен коловоз, соопшти германската полиција, а пренесува ДПА. Педесет и двегодишниот возач синоќа се движел со брзина несоодветна на условите на патот по автопатот А4 во близина на гратчето Бад Херсфелд во покраината Хесен, кога ја пробил заштитната ограда и го оштетил резервоарот во кој имало околу 600 литри ...
Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) ги објасни своите планови за промена на моторите во Формула 1. Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, ја објави својата намера промените поврзани со погонските единици на болидите да бидат дел од следниот пакет прописи. – Веќе одлучивме да преминеме на V8. Одлуката е веќе донесена. Планирано е моторот да биде воведен во 2031 година, но имаме намера да го забрзаме процесот и да го воведеме ...
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, би можел да се приклучи на Арсенал. Според „El Chiringuito“, тимовите се договориле за размена со дополнителна такса од лондонскиот клуб – Арсенал ќе го испрати напаѓачот Виктор Ѓокереш во мадридскиот клуб за 50 милиони евра. Алварез се приклучи на Атлетико од Манчестер сити во летото 2024 година. Минатата сезона, тој одигра 49 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и девет ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар го дозна и потенцијалниот ривал за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите се разбира доколку успее да го елиминира првакот на Финска КуПС. Победникот од овој дуел во втората рунда ќе игра со поуспешниот од двомечот меѓу Сабах (Азербејџан) и ТНС (Велс). Првиот натпревар би се играл на гостински терен, а реваншот на домашен терен. Термините за одигрување на натпреварите се 21/22.јули односно ...
Македонските екипи од Конференциската лига на УЕФА Силекс и Шкендија, ако ја минат првата пречка познати им се ривалите по денешното извлекување на двојките за следната рунда. Победникот на Купот Силекс, ако го мине Динамо Минск од Белорусија (гостинскиот натпревар ќе се игра во Бугарија) ќе треба да патува и да игра против Нефтчи од Азербејџан. Шкендија Тетово ако ја потврди фаворитската улога против Европа од Гибралтар, следен противник ќе ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински и министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беа дел од почетниот настан на проектот CulTour Crossing Borders (Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми во Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамките на програмата „Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција“ – соопштија денеска од двете министерства. ...
Македонскиот државјанин, Салим Курто, по потекло од долнореканското село Скудриње, Општина Маврово и Ростуше, кој живее и работи во Италија, е вториот нашинец кој обезбеди место во Совет на една италијанска општина. На конституивната седница на Советот општината Видор, тој е избран за претседател на мнозинската советничка група што ќе ја води општината. Победничката советничка група ја предводеше актуелниот градоначалник на Видор Никола ...
Четири нови современи возила денеска доби подружницата на АД Пошта во Штип, со кои се очекува да се подобри услугата кон граѓаните и да се олесни работата на возачите и поштарите на терен. Генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши изјави дека возилата се опремени со современа опрема и ги исполнуваат потребните стандарди за безбедно и ефикасно извршување на поштенските услуги. -Ние како подружница одлучивме од вкупниот број на возилата, ...
Новото крило на ЈЗУ Општа болница – Струмица, чија изградба почна пред речиси четири децении, се очекува целосно да биде ставено во функција од почетокот на септември. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на болницата, до крајот на август треба да заврши последната фаза од доопремувањето на објектот. Мицкоски посочи дека завршувањето на овој проект е дел од пошироките инфраструктурни планови во здравството, ...
Во единственото средно училиште во Дебар, гимназијата „28 Ноември“ во првото пријавување, од првиот уписен рок, во прва година, за учебната 2026/2027 година, пополнети се само 32 од предвидените 238 ученички места. -Во нашата образовна институција за упис беа пријавени 44 завршени одновци, од нив 12 на македонски и 32 за настава на албански наставен јазик. Од нив запишани се 32 ученика, или гледано одделно 7 за настава на македонски и 25 на ...
Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и ОО Црвен крст-Пробиштип денеска на петмина крвадорители им доделија телевизори во знак на признание за нивната хуманост и долгодишна посветеност. Од општина Пробиштип информираат дека денешниот настан е по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството. -Во знак на признание за нивната хуманост и долгогодишна посветеност, денес заедно со Црвениот крст – Пробиштип, им доделивме ...
Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење од ...
Во хрватскиот град Осиек се појави „автомат за лубеници“ – првиот ваков уред за самопослужување со домашни лубеници. Веќе популарниот „Лубеницомат“ им овозможува на клиентите да си купат свежа лубеница во кое било време од денот, без да чекаат или бараат продавач, и без да одат на пазар. Уредот е поставен кај една од автобуските станици во Осиек. Според информациите на неа, лубениците доаѓаат од земјоделскиот посед на Ивица Љедуга од ...
Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Канзас го победи Алжир со 3:0 во натпреварот од групната фаза на Светското фудбалско првенството 2026. Трите гола го постигна Лионел Меси. Капитенот на Аргентинците погоди во 17-та, 60-та и 76. минута. Триесет и осумгодишниот Аргентинец Меси израмни рекордот на Мирослав Клозе од 16 голови на Светските првенства. Аргентина освои три бода и се искачи на првото место во Групата Ј. Алжир е на последното ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, по победата од 3:0 над Алжир ноќеска на Светското првенство во 2026 година, го потенцира своето уживање во фудбалот. Триесет и осумгодишниот фудбалер постигна хет-трик, изедначувајќи се со Мирослав Клозе по бројот на голови во историјата на турнирот. – Сè што доживувам во моментов е бонус. Имав среќа да ги остварам сите мои соништа, и повеќе отколку што некогаш сум сонувал, и професионално и лично. Во ...
Норвешка ноќеска го победи Ирак во натпреварот од 1.коло на Светското фудбалско првенство 2026. Натпреварот се одигра на стадионот „Жилет“ во Фоксборо, Калифорнија и заврши со 4:1 за Норвежаните. Во првото полувреме, норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постигна два гола, додека Ајман Хусеин постигна гол за Ирак. Во 76. минута, резервниот дефанзивец Лео Остигард го постигна третиот гол за Норвешка, а во судиското продолжение, голот на Хусеин ја ...
Австрија рано утрово го победи Јордан со 3:1 во првото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Австријците поведоа со голот на Романо Шмид во 21. минута. Јордан израмни во 50. минута преку Али Олван. Автоголот на Јазан Ал-Араб во 77. минута донесе ново водство за фаворитот. Победата ја потврди 37-годишниот Марко Арнаутовиќ од пенал во 90+12.минута. По првото коло, Австријците се втори во групата Ј со три бода, зад ...
Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси постигна хет-трик ноќеска во победата од 3:0 над Алжир во првото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Меси, кој на 24 јуни ќе наполни 39 години, стана најстариот стрелец во историјата на Аргентина на Светските првенства. Воедно, Меси продолжува да ја чува титулата најмлад стрелец за Аргентина на Светското првенство, откако постигна гол на 18 години на неговото деби на Светското ...
удбалерот на Франција Килијан Мбапе им се обрати на оние кои ја критикуваат неговата игра. Мбапе синоќа постигна два гола во победата од 3:1 над Сенегал во првото коло од Светското првенство 2026. Дваесет и седумгодишниот Французин стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата. – Видовме од другите тимови дека е тешко да се започне Светско првенство со победа. Денес беше тежок натпревар, но знаеме дека можеме да постигнеме гол во ...