Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, му се извини на селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, за неговите коментари околу составот на репрезентацијата за Светското првенство. Клоп и поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Томас Милер, кои работат како експерти на Мундијалот, изјавија дека Џамал Мусијала треба да започне на резервната клупа на средбата со Курасао (7:1), додека Дениз Ундава треба да биде вклучен во почетниот состав. По ...

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Марк Кукурела му се придружи на Реал од Челзи, објави прес-службата на мадридскиот клуб. Дваесет и седумгодишниот Шпанец потпиша договор до 30 јуни 2032 година. Кукуреља беше во Челзи од летото 2022 година. Тој одигра 163 натпревари, постигна девет гола и имаше 13 асистенции. Фудбалерот е производ на младинскиот систем на Барселона. На Светското првенство во 2026 година Кукуреља ќе биде дел од шпанскиот ...

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ќе го преземе Милан, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, 41-годишниот Португалец ќе потпише договор со Милан оваа недела. Важноста на договорот ќе биде до летото 2028 година, со опција за продолжување на договорот за една година. Аморим е без ангажман, откако беше отпуштен од Манчестер јунајтед во јануари оваа година. Претходно работеше во Спортинг Лисабон. На 25 мај, ...

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Реал Мадрид и Германија, Сами Кедира, ќе стане асистент на Жозе Мурињо во тренерскиот штаб на Мадрид, објави „Марка“. Кедира играше за „Кралевите“ од 2010 до 2015 година, приклучувајќи се на тимот во исто време со главниот тренер Жозе Мурињо. Со Реал Мадрид, Германецот ја освои Ла Лига, Лигата на шампионите, две титули во Купот на кралот, Суперкупот на УЕФА, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско ...

Фудбалската федерација на Тунис донесе одлука по само еден пораз на Светското првенство да го смени селекторот Сабри Ламуши. Тунис ноќеска загуби убедливо со 5:1 од Шведска, а високиот пораз беше причината за отказот. Ламуши е првиот селектор што доби отказ. Селекторот Ламуши беше само пет натпревари на клупата на Тунис, а ова за туниската репрезентација беше еден од најубедливите порази на големите натпреварувања. Набрзо ќе се знае кој ќе го ...

Првата голема сензација на Светското првенство се случи попладнево откако еден од фаворитите за шампионскиот пехар Шпанија одигра нерешено – 0:0 со репрезентацијата на Зелено’ртски Острови. Ова беше првиот натпревар во групата Х. Шпанија во текот на целиот натпревар имаше иницијатива, но не успеа да постигне гол, а еден од најдобрите поединци на дуелот беше голманот на Зелено’ртски Острови Возиња. Искусниот голман (40 години) одлично ...

Првиот натпревар од групата Г одигран вечерва во Сиетл меѓу Белгија и Египет заврши без победник 1:1. Неочекувано репрезентацијата од Африка поведе, додека Белгија успеа да изедначи во вториот дел. Египет поведе по асистенцијата на капитенот Мохамед Салах, а Емам Ашур го совлада Тибо Куртоа во 19.минута за водство на „фараоните“. Со овој резултат заврши првиот дел, а нешто поквалитетно се играше во вториот дел. Египет пропушти да зголеми ...

Оставањето на полначите за мобилни телефони, лаптопи и други електронски уреди во штекер кога не се користат претставува непотребен безбедносен ризик и може да доведе до зголемување на сметките за електрична енергија. Експертите од областа на енергетиката и електротехниката советуваат сите адаптери што не се во употреба да се исклучуваат од струја, со цел да се намали можноста од електрични удари и потенцијални пожари. Иако станува збор за ...

Според Џеф Безос, четвртиот најбогат човек во светот, вештачката интелигенција нема да предизвика масовно уништување на работни места. Наместо тоа, верува дека веќе живееме на почетокот на така наречени „златни времиња“. – Мојата компанија „Прометеус“ користи вештачка интелигенција за трансформација на производството и инженерството. Оние кои непромислено заклучуваат дека сите работни места ќе исчезнат се оние кои едноставно не се во право. ...

На социјалната мрежа Фејсбук се забележани нови кибер-напади насочени кон кражба на лични податоци и кориснички сметки, при што измамниците користат внимателно осмислени манипулативни пораки со цел да ги доведат во заблуда корисниците, предизвикувајќи панични реакции. Според првичните информации, станува збор за психолошки манипулации, при што жртвите се наведуваат да поверуваат дека нивните профили се соочуваат со трајно бришење. Овој тип на ...

Италијанската актерка и поранешна манекенка Моника Белучи нагласи дека не вреди убавината доколку немаме талент за глума, а годините се само бројка. -Искрено, не ме интересираат годините. Бесмислено е да се бориш со времето кога веќе знаеш дека ќе изгубиш. Треба да среќни што старееме, особено ако сме опкружени со луѓе кои ги сакаме и нè сакаат. Работите поради кои се чувствувам жива и кои не го одразуваат минувањето на времето се моето ...

Најмалку шест лица загинаа при судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, додека полицијата проверува дали меѓу жртвите е и американскиот пејач и комичар Оливер Три. Несреќата се случила над квартот Рекреио дос Бандирантес, по што леталата се урнале на паркинг на автосалон во западниот дел на градот. При падот избувнал пожар, а биле оштетени околу 20 автомобили. Противпожарните служби соопштија дека сите шест жртви се наоѓале во двата ...

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез беше специјална гостинка на спектакуларниот концерт на францускиот диџеј и музички продуцент Дејвид Гета, кој се одржа на стадионот „Стад де Франс“ во Париз. Пред речиси 80.000 посетители, Лопез неочекувано се појави на сцената за време на првиот концерт од серијата „Алтимет монолит шоу“ (Ultimate Monolith Show), воодушевувајќи ја публиката. Таа заедно со Гета го изведе нивниот заеднички хит „Save ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, рече дека по почетните неколку трки не размислувал за евентуални шанси за рекордна осма шампионска титула во Формула 1. Сепак, Хамилтон се подобри во неодамнешните трки, а вчера ја освои Големата награда на Барселона-Каталуња, намалувајќи ја својата негатива во однос на Андреа Кими Антонели на 41 поен во генералниот пласман. – Да бидам искрен, со оглед на тоа како започна оваа сезона за мене, дури и не ...

Ракометната федерација на Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврди кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028, објави попладнево РФМ. Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август 2028 година, а ќе претставува можност нашата земја уште еднаш да ја потврди својата организациска ...

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Роналд Куман, не е задоволен од нерешените 2:2 на неговите избраници на дуелот со Јапонија во првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. – Треба да се подобруваме како што напредува турнирот. Треба да играме подобро. Секако, би претпочитале да го добиеме првиот натпревар и очекувавме да го сториме тоа затоа што двапати водевме. Тоа не се случи, но тоа не значи ...

Во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град, соопшти УХМР. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните ...

На територијата на државата до 20:00 часот денеска се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Како што соопштваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен пожар има во општина Бутел и во Визбегово каде гори депонија, додека пак пожарот на градската депонија во Демир Хисар е ставен под контрола. Изгаснати се 11 пожари на различни локации во ...

Актерката на Театар Куманово, Владанка Крстевски, ја освои наградата за најдобра актерка на овогодишното издание на интернационалниот фестивал на монодрама „MONO AKT“ кој се одржа во Приштина, информираа денеска од кумановскиот театар. На фестивалот учествуваа актери со монодрами од Италија, Колумбија, Франција, Албанија, Украина. Жирито во состав Нина Мазур потпретседател на Меѓународниот форум за монодрама театарски критичар, театролог и ...

Со богата програма исполнета со спортски, креативни и музички содржини успешно заврши првото издание на манифестацијата „Младински Фест Пехчево“. Настанот како што информираа на денешната завршан прес-конференција од Општина Пехчево обедини голем број млади и посетители во заедничка промоција на активниот животен стил, уметноста и дружењето. -Фестивалот беше реализиран низ три тематски целини. Во рамки на спортскиот дел „Пехчево на точак“, ...

Пожарот меѓу штипските села Долани и Љуботен е под контрола. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели дека утринава екипа на ТППЕ интервенирала на местата каде што се уште чади, односно има активен оган на опожарениот дел. -Во 10.00 часот повторно ќе пратиме екипи, која што ќе дежура до 15 часот. Пожарот во моментов е во дол, непристапен терен за пожарникарите. Околу 12 часот кога се зголемува ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенираше на четири пожари на различни локации во градот и околината. Една од интервенциите, како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи е кај „Багрем бања“, простор кој граѓаните го посочуваат како критична точка за чести пожари и палење отпад. Пожарникарите од ТППЕ Куманово првата интервенција ја реализирале во периодот од 15:00 до ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините. Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Перински истакнал дека Министерството преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на ...

Дипломираниот архитектект на престижниот универзитет во Венеција, Тарик Семси, од турската етничка припадност, по потекло од село Коџаџик, Општина Центар Жупа, испиша историја, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција. Дваесет и осум годишниот Тарик, кој живее во Италија, обезбеди место во 36-члениот општински совет на локалните избори во овој италијански град, како кандидат на независната листа на кандидатот за ...

Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица. По пријавата за пожар во во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна ...

Викендов, 13-14 јуни 2026 година, Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт. На Балканското првенство настапија над 350 натпреварувачи во повеќе категории. Во одлична спортска атмосфера, во Охрид се натпреваруваа најдобрите триатлонци од земјите од регионот, но и голем број рекреативци, штафетни тимови и млади триатлонци ...

Кошаркарите на Њујорк Никс триумфираа рано изутринава над Сан Антонио Спарс со 94-90 во петтиот натпревар од финалната серија во НБА лига и со 4-1 во победи ја освоија шампионската титула, прва по пауза од 53 години. Џејлен Брансон одигра брилијантен натпревар со 45 поени и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалната серија. Во редовите на Спарс, дебитантот Дилан Харпер беше најефикасен со 25 поени, додека најголемата ѕвезда во ...

Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, изјави оти поразот од Њујорк Никс во финалната серија во НБА лигата била најголемата лекција во неговиот живот. „Ова е најголемата лекција во мојот живот, најголемиот момент на учење. Учам повеќе од кога било во мојот живот“, рече 22-годишниот Вембањама. Сан Антонио остана без шампионската титула, откако загуби од Њујорк во финалната серија до четири победи со 1-4. Њујорк утрово триумфираше во ...

Кошаркарот на НБА лигашот Кливленд, Џејмс Харден, е ослободен од притвор во Хјустон, откако беше уапсен во сабота наутро по обвинение поврзано со поседување оружје. Како што јавија американските медиуми, 36-годишниот Харден возел низ центарот на Хјустон во друштво на уште четири лица, кога биле запрени од полицијата околу 3:40 часот наутро. Кога Харден го запрел своето возило зад друг автомобил, полицаецот забележал пиштол во држачот за чаша ...

Во воведното коло во групата Ц на Светско првенство, Бразил и Мароко одиграа без победник 1-1, а Шкотска минимално го совлада дебитантот Хаити со 1-0, додека стартна победа во групата Д извојува Австралија, триумфирајќи над Турција со 2-0. Иранкунда во 27 минута ѝ донесе водство на Австралија на „БЦ Плеј“ стадионот во Ванкувер, а Меткалф во 75 минута стави печат на победата. Шкотска во својот прв мундијалски настап од 1998 година го совлада ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.73
24%
1015
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
2.68
41%
1015
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.05
31%
1014
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
3.54
24%
1016
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
2.58
21%
1016
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 29ᴼ
0.18
51%
1015
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
8.05
36%
1013
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
3.42
14%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.27
21%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
37%
1016
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 35ᴼ
0.89
27%
1015
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
5.31
40%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Сребро

1954.91

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Паладиум

43242.75

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Злато

133030.14

Калај

55.95

Родиум

269262.50

Бакар

13.37

Платина

56295.96