Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон” за најдобра прочитана песна од млад автор, а поетесата Лју Јуе од Кина ја доби наградата „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65-тите Струшки вечери на поезијата. За наградата „Енхалон“, како што соопшти НУМ Струшки вечери на поезијата“, се пријавиле седум поети со по три песни, додека за најдобра песна посветена на виното, напишана на етикетите на вината на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата, рече дека буџетот во културата е зголемен за 34 проценти и фокусот сега е ставен на реализирањето капитални проекти. -Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34 проценти е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Тука пред сѐ се ...
На Меѓународниот фестивал „Морско коњче“ кој што се одржа во Обзор, Бугарија, Октетот „Струмица“ ја доби првата награда за пејачка група до 10 члена, а КУД „Боро Џони“ пак, ја доби првата награда за фолклорна група до 20 членови, информираа од НУЦК „Антон Панов“. КУД „Боро Џони“ и Октетот „Струмица“, кои функционираат во рамките на ваа национална културна установа, достоинство и со уметничка посветеност ја претставија македонската музичка и ...
Драмски театар Скопје првиот дел на сезоната го заокружува со гостување во Белградскиот драмски театар. Вечерва и утревечер во 20:30 часот ќе се изведе претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното гледалишче ...
Голем интерес има за трите јавни повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, а минатата недела се пристигнати над 2.800 апликации, информираат од Министерството за економија и труд. Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денеска се одржуваат во Ресен, ...
До 18:00 часот вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати, информираат од ЦУК. Активен пожар има во Општина Василево – село Василево, каде гори депонија. Изгаснати се пожарите во Општина Дебар – село Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума), Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива), Општина Валандово – село Касандол (ниска вегетација), Општина Долнени ...
Во Трубарево во општина Гази Баба денеска беше пуштена во употреба нова детска градинка „Кокиче“, која ќе згрижи 60 дечиња. На отворањето присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани. Како што информира Стефковски, персоналот во градинката е веќе вработен во согласност со ресорното Министерство и таа ќе ги отвори вратите за ...
Со голем музички спектакл на плоштадот во Расадник, синоќа беше затворено овогодинешното издание на манифестацијата „Културно лето 2026“ во Општина Кисела Вода, со што беше одбележан и 71-от роденден на општината. Илјадници граѓани присуствуваа на финалната вечер исполнета со музика, еуфорија и силна сценска енергија. Настанот го отворија млади локални бендови, по што следуваа настапите на диџеите Доријан и Марио Трампет. Публиката потоа ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски попладнево информираше дека Град Скопје ќе даде поддршка за уредување на просторот околу седиштето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Тој на својот Фејсбук профил наведе дека МАНУ е една од најзначајните институции во државата, дом на науката, уметноста и знаењето што, како што рече, ја движат државата напред. -Заедно со претседателот на Македонската академија на науките и ...
Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности. Првите 6-7 години во животот се секогаш најзначајни, и тие не пратат ...
Општина Кисела Вода денеска свечено го одбележа својот 71. роденден, со што и официјално ја започна својата осма декада, а по тој повод беше одржана свечена седница на Советот на општината, соопштуваат од локалната самоуправа. Во центарот на свеченоста беше отчетното излагање на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која се осврна на реализираните активности во изминатите седум месеци, потенцирајќи континуиран развој во повеќе ...
Подната фонтана повторно ќе биде симболот на Скопје. Фонтаната што некогаш мамеше погледи од скопјани, гости и туристи – фонтаната што беше едно од најпрепознатливите лица на центарот на градот, по повеќе од една деценија заборав, негрижа и пропаѓање – конечно се враќа во функција, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки ...
По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч. Ѓорческа во првото коло ќе игра против Аманда Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон и на годинашниов турнир е рангирана како шеста носителка. Во пресрет на утрешниот меч Ѓорческа изјави: – Квалификациите минаа одлично. Од секогаш знаев и верував ...
Третиот Гренд слем турнир во годината Вимблдон стартува со денешната програма и мечевите во првата рунда во двете поединечни конкуренции. За Македонија ова е за првпат во тениската историја да има претставник во сингл конкуренција Лина Ѓорческа во првото коло. – Бев возбудена што се вратив и очигледно имав многу спомени од минатата година. Повеќе позитивни отколку негативни. Мислам, учеството во моето прво финале на Гренд слем беше многу ...
Репрезентативците на Канада со триумфот над Јужна Африка први изборија пласман во осминафиналето, а победничкиот гол го постигнаа во судиското надополнување на вториот дел. Задоволството по триумфот секако беше огромно. – Настапот беше добар и дисциплиниран. Навистина сум горд на нашиот тим. И мислев дека беше заслужена победата и добро одигран натпревар. Општо земено, мојата цел на овој турнир, освен инспирирањето на нашата нација, беше да ...
Репрезентацијата на Јужна Африка е првата која во нок аут фазата на Мундијалот го заврши натпреварувањето. По синоќешниот пораз од Канада (0:1), оваа селекција патува дома, но непријатно за тимот е што противникот победничкиот гол го постигна во судиското надополнување на вториот дел. – Денес го загубивме натпреварот затоа што имаше недостаток на моќ и брзина во нашиот тим. Кога го споредувам тоа со нашиот противник, изгубивме многу дуели. ...
Еден човек загина, а друг е повредени во престрелка во центарот на Сан Хозе во Калифорнија. Инцидентот се случил на плоштадот каде се организирани јавни собири и „фан зона“ за следење на натпреварите на Светското првенство во фудбал. За време на престрелката немало натпревар, но имало голем број граѓани. Полицијата соопшти дека инцидентот се води како убиство и оти истрагата е во тек Post Views: 2 јуни 30, 2026 Еден човек загина, а друг е ...
Примероците од вода земени за микробиолошка анализа од 43 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – соопшти во неделниот извештај ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 јуни зел 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во градот Скопје. Post Views: 3 јуни 30, ...
Од попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ...
Лауреат на годинршното издание и добитник на гран при наградата – прво место во категоријата „Македонски поети“, е поетесата Гордана Каракашевска за песната „Хартиени сеќавања“. Наградата ѝ беше врачена во Калишта, на брегот на Охридското Езеро – простор што со својата природна убавина, духовност и културна традиција претставува едно од највпечатливите места за литературни средби во Македонија. Ова признание претставува уште една значајна ...
Кинотеката на Македонија во текот на јули 2026 година ќе понуди богата филмска програма, која ги обединува најзначајните достигнувања на македонската кинематографија – од класиците и филмското наследство до современите авторски остварувања, омажи и специјални проекции, кои отвораат простор за ново читање на македонската филмска историја. Месецот почнува со омаж на Горан Стефановски – еден од најзначајните македонски драмски писатели, ...
На 62-годишна возраст во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер – потврдија од Драмскиот театар – Скопје. – Со длабока тага се простуваме од Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, драматург и долгогодишен член на Драмскиот театар – Скопје, кој со својата исклучителна творечка визија остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност. Во текот на својата богата кариера режира повеќе од педесет претстави во ...
Галичката свадба ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, а годинашни младенци се Александар и Мартина. Најавени се и неколку новитети годинава, што за првпат ќе бидат претставени пред гостите кои ќе присуствуваат на манифестацијата што трае со години наназад и ги негува традицијата и обичаите со доста внимание. Огњен Лазиќ, генералниот директор на Пивара, на денешната прес конференција рече дека скопска Пивара над 50 години дава поддршка за ...
Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со ...
Општина Кочани доцна синоќа упати соопштение со кое ги известува граѓаните дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци. – Додека вообичаената потрошувачка изнесува речиси 23 литри во секунда, во моментот е евидентирана потрошувачка од 53 литри во секунда, што претставува повеќе од двојно зголемување и сериозно го ...
По спроведен целосен ремонт и отстранување на техничките дефекти, од денеска повторно е во функција фонтаната во Паркот на Револуцијата во Кочани. Ова е последица, велат од локалната самоуправа, на максималните заложби на градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и на директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев, после што фонтаната пак ја носи свежината во Градскиот парк во Кочани, според ритамот на музиката. Градоначалникот Грозданов, ...
Општина Ѓорче Петров денеска ја одбележа 105-годишнината од смртта на својот патрон, македонскиот револуционер, просветител и идеолог Ѓорче Петров. Пред неговото спомен-обележје во реонскиот парк, беше положено цвеќе и беше оддадена почит на еден од најзначајните дејци во македонската национална историја. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претставници на институции, политички партии, ...
Црвениот крст на град Скопје започнува со теренски активности насочени кон заштита на граѓаните од последиците од најавените високи температури и топлотни бранови. -Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје ќе патролираат низ градот, ќе укажуваат прва помош, по потреба ќе вршат транспорт на граѓани до здравствени установи, како и ќе ...
По лратко боледување денеска на 65-годишна возраст почина Владо Јаневски. Познатиот македонски поп-пејач и композитор, починал на една од скопските клиники. На социјалните мрежи фановите и македонската естрада со изрази на сочувство се збогуваат со Јаневски, кој важеше за една од нашите најголеми музички ѕвезди. Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје. Има издадено шест студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на осмата трка од шампионатот во Формула 1 2026 возена попладнево во Австрија. Дваесет и осумгодишниот Британец стартуваше од пол-позицијата. Второто место му припадна на четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул, кој трката ја започна од петтата стартна позиција. Тој на крајот заостана 1,611 секунди зад Расел. Другиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, заврши трет (+1,986 секунди). ...