Голманот Јан Зомер и дефанзивецот Франческо Ачерби ова лето ќе ги напуштат редовите на Интер, објавија денеска италијанскиот првак. Триесетиседумгодишниот Зомер пристигна во Милано во јули 2023 година по позајмица во Баерн Минхен, и оттогаш „остави неизбришлив белег во историјата на Интер“, се вели во соопштението на актуелниот италијански шампион. Зомер во дресот на Интер одигра 139 натпревари, вклучувајќи го и финалето во Лигата на шампиони ...

„Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја“, изјави денеска американскиот министер за внатрешна безбедност Марквејн Мулин, откако иранската репрезентација го заврши настапот на Светското првенство во групната фаза. Иран беше веројатно најнесреќниот тим во групната фаза на Светското првенство. Во својата Група Г, ремизираше три пати, а во рангирањето на најдобрите третопласирани тимови, поради ...

Шпанскиот репрезентативец Алехандро Грималдо е нов фудбалер на Атлетико Мадрид на кој му се приклучи од германскиот Баер Леверкузен. Вредноста на трансферот се проценува на околу 20 милиони евра. „Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен постигнаа договор за трансферот на Алехандро Грималдо, кој потпиша договор до јуни 2030 година“, објави денеска шпанскиот клуб. Триесетгодишниот лев бек роден во Валенсија го носеше дресот на Баер во изминатите три ...

Норвешка е првата европска репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во фудбал, откако вечерва во Далас триумфираше во првиот круг од нокаут фазата над Брегот на Слоновата коска со 2-1 (1-0). Норвешка дојде во водство во финишот на првото полувреме со голот на Антонио Нуса, а откако Амад Дијало го израмни резултатот, во вториот дел, Ерлинг Халанд со гол во завршницата ја однесе норвешката репрезентација во ...

Португалскиот напаѓач Гонсало Рамос му се приклучи на Милан од европскиот првак ПСЖ со петгодишен договор, објави вечерва италијанскиот клуб. Милан не ги откри финансиските детали за трансферот, но италијанските медиуми објавија дека ПСЖ ќе добие повеќе од 70 милиони евра, што го прави 25-годишниот португалски репрезентативец најскапиот играч во составот на клубот од Милано. Рамос, кој е првото големо засилување на Милан под водство на новиот ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. Во ...

На територијата на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор до 12 часот денеска. Од нив, пет се сѐ уште активни, а другите два биле изгаснати – информираа од Центарот за управување со кризи. Од активните, првиот е на територија на општина Шуто Оризари – кај „Џиди комерц“, каде што гори ѓубре и сува трева. Вториот е во подрачје на општина Старо Нагоричане – село Ругинце, каде што се зафатени ниска вегетација, стрниште и ...

Македонскиот непокор и гордост преку НУ „Танец“ и хрватската безвременска традиција преку ансамбл „Ладо“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност. Кога двете најголеми фолклорни сили на Балканот ќе ги здружат своите чекори, гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо, пишува во денешното соопштение на НУ „Танец“, каде се најавени двата концерта во Битола и Скопје. Првиот концерт ќе се ...

Во рамките на 41.издание на Штипско културно лето во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ денеска беа промовирани две книги „Јасновидец, трагичен македонски пророк“ од Ставре Џиков и „Гоце Делчев љубов и смрт“ роман од Зоран Спасов Ѕоф. Џиков истакна дека неговата книга „Јасновидец, трагичен македонски пророк“ се однесува за Кочо Рацин, но големата историска врска е поврзана со починатиот претседател Киро Глигоров. -Јас ги барав ...

Поштата во Дебар доби две нови возила за извршување на поштенски услуги. На церемонијата на предавањето присуствувал генералниот директор на Македонска пошта, Орхан Куртиши, и градоначалникот на општина Дебар, Фисник Меља. -Уште една добра вест за граѓаните на Дебар. По долгогодишен недостиг на инвестиции, поштата доби две нови возила, кои значително ќе ја подобрат ефикасноста на поштенските услуги и ќе ја олеснат секојдневната работа на ...

Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во општина Дојран и сè уште е активен – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од подружницата на ЦУК во Гевгелија, пожарот е пријавен околу 10 часот, а на терен се две противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран“ со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со тројца пожарникари. Местото е обезбедувано и од едно полициско ...

Како Универзитет, имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена – се потенцира во соопштението од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип по денешното приведување на 39-годишната Т. А., професорка на Факултетот за медицински науки, која побарала мито од 300 евра од студент од Република ...

Јавната установа Национален парк Шар Планина информира дека денес со свечен настан во месноста Лешница е одбележан петгодишниот јубилеј од прогласувањето на Шар Планина за Национален парк. Од Установата велат дека прогласувањето е историски чин со кој последното парче од сложувалката беше поставено и Балканот го доби едно од своите најголеми прекугранични заштитени подрачја, со површина од речиси 240.000 хектари поврзана природа што ја ...

Со предлогот на ребаланс на Буџет предвидени се дополнителни над 1,4 милијарди денари за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и околу 100 милиони денари за капитални инвестиции во водостопанство – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. -Со одговорни политики обезбедуваме поголема конкурентност и подобри услови за секој земјоделец. Со вистинска поддршка на земјоделците ...

Попладнево околу 16 часот воздухолов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување се вкучи во гасењето на големиот пожар кој денеска околу 10:40 часот избувна на раскрсницата на експресниот пат Велес – Штип, десно под Градската депонија и кој потоа се распламти и зафати голема територија со повеќе краци на ширење. Пожарот се уште гори и покрај брзата и непрекината интервенција на пожарникарите со неколку екипи од Територијалната ...

Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив. -Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен ...

Не е важно кој од СДС ја води Општина Центар, Општина Центар крати пари од сите програми што нзначат развој за да се покријат дупките и штетите од неспособноста и расипничкото работење на градоначалниците на СДС во Центар – вели Марина Вишинска, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изјава што МИА ја објавува интегрално. Додека центарци очекуваат повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и поквалитетни услуги, локалната ...

Над 60.000.000 денари вложуваме во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север. Големата градежна офанзива се одвива со силна динамика. Она што беше барање на граѓаните на Скопје Север – го реализираме, соопшти попладнево градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, на неговата Фејсбук-страница. – Денес ја завршивме реконструкцијата на вториот крак на улицата Боро Менков. Реконструкцијата ги опфати и тротоарите, како и ...

Зошто нашиот мозок постојано сака да скроламе низ „Тикток“ или „Инстаграм“? И што ќе се случи кога вештачката интелигенција може веднаш да креира цели видеа „само за Вас“? Имајќи ги предвид овие прашања, научниците предупредуваат за намалена концентрација и зависност кај луѓето. За многумина, денот почнува со тоа што, само што ќе ги отворат очите – веднаш посегнува по телефонот. Па во целото слободно време, сѐ до легнувањето в кревет, скрола ...

Биографскиот филм за Мајкл Џексон, насловен „Мајкл“, собори рекорди со заработка од 977 милиони долари, со што стана најпрофитабилниот биографски филм на сите времиња. Со тоа филмот го симна од првото место „Опенхајмер, а претходно го надмина и „Боемска рапсодија“ („Bohemian Rhapsody“), а со тоа стана музички биографски филм со најголема заработка во историјата. „Мајкл“ е во режија на Антоан Фукуа. Филмот го раскажува животот на Мајкл Џексон, ...

Поп-пејачката Тејлор Свифт и нејзиниот свршеник, НФЛ-играчот Тревис Келси, се очекува да се венчаат оваа недела. Имено, иако американската двојката официјално не објави датум на свадбата, а тамошните медиуми не можат да го потврдат времето, ниту местото на церемонијата, според „Њујорк тајмс“, градските дозволи и другите показатели укажуваат дека свадбата би можела да се одржи на Менхетен. Но, дури и без официјална потврда, возбудата расте за ...

Мик Џегер не ја крие својата заинтересираност за можноста да се сними биографски филм за легендарниот бенд „Ролинг стоунс“. Тој засега не сакаше да открие кој период од музичката кариера на рок-бендот би бил опфатен во него. Фронтменот на „Ролинг стоунс“ призна дека му се допаѓа идејата за снимање на приказната за животот на светски познатиот бенд. – Да, заинтересиран сум, одговори Џегер. Тој нагласи дека не сака да открива што сè ќе содржи ...

Би-би-си њуз Како што се приближуваше летото, Касин забележа промена додека го средуваше својот гардеробер: имаше повеќе „машка облека“ отколку женска. Кошулите, маиците и шорцевите не беа купени за нејзиното момче или нејзиниот татко – тие беа таму за неа. Кесин не е сама во ова. Сè поголем број млади Кинескинки – и во нивните социјални кругови и онлајн – велат дека ја прифаќаат машката облека од слични причини, како што се подобар квалитет, ...

Македонската репрезентативка во планински велосипедизам Дуња Иванова, членка на велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка, се искачи на 33. место на најновата светска ранг-листа на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), поставувајќи нов највисок пласман за македонското велосипедизам. До овој значаен резултат Иванова стигна по серијата успешни настапи на три трки од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, ...

Репрезентацијата на Мароко успеа да се пласира во осминафиналето откако утрово по изведување пенали ја победи Холандија. Натпреварот заврши нерешено 1:1, а по пеналите беше 3:2. Холандија поведе во 72.минута со голот на Коди Гакпо, додека Мароко изедначи во судиското надополнување на вториот дел (90+1) преку Иса Диоп. При изведувањето голови за Мароко постигнаа: Рахими, Талби и Саибари, додека стрелци кај Холандија беа: Копмајнерс и Вегхорст. ...

По голема борба и серија од шест пенали Парагвај успеа да го елиминира фаворитот Германија, откако во регуларниот дел беше 1:1 на пенали Парагвај победи со 4:3, а голманот Орландо Хил одбрани два пенала. Тој успеа да ги запре ударите на Каи Хаверц и на Ник Волтемаде, додека последниот пенал Џонатан Тах биеше над голот. – Сега кога работите се смирија, ќе седнам и навистина ќе анализирам што постигнавме. Искрено, против германската ...

Репрезентацијата на Мароко успеа да постигна голем успех со пласманот во осминафиналето откако ја елиминираше Холандија по изведување пенали. Исмаел Саибари го реализираше клучниот пенал, откако претходно Иса Диоп во судиското надополнување на вториот дел (90+1) постигна гол за изедначување. – Мароко ја стекна почитта на сите. Фудбалерите знаат дека милиони и милиони луѓе стојат зад нив. Игравме кога беше два часот наутро во Мароко и сигурни ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...

Претставата „Ана“, во режија на Нина Николиќ, во продукција на Театар „Комедија“ и „Перипетија продукција“, освои гран при – највисокото признание на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг. На овој фестивал актерката Маја Љутков беше наградена за главна женска улога за интерпретацијата на ликот на Ана. Во образложението на жирито за актерската награда се истакнува дека Љутков „една од најтешките улоги од ...

Во музејот „Стерјо Спасе“ во селото Глобочени, Општина Пустец, се одржа промоција на книгата „Прогонот на Македонците од преспанското село Горна Горица (1924–1933)”, од авторот Васил Стерјовски. Пред присутните за значењето и научниот придонес на книгата говореше Ефтим Митревски. Делото на Стерјовски е од огромна важност бидејќи претставува значаен историски запис за страдањата на Македонците од Горна Горица и вреден придонес во зачувувањето ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.3
37%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
62%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.95
53%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.31
42%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.21
39%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.88
81%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
48%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.59
51%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.98
47%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 23ᴼ
3.58
65%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
1.79
41%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
100%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Злато

130712.08

Бакар

13.13

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

265243.66

Сребро

1873.42

Калај

54.92

Платина

52920.13

Паладиум

40863.60

Алуминиум

3.19