Италија од четврток ќе прогласи највисок степен на предупредување поради екстремни горештини во сите 27 поголеми градови, соопшти Министерството за здравство, пренесува „Ројтерс“. Црвениот аларм означува дека високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето на целото население, а не само за ранливите категории. Локалните власти им препорачуваат на граѓаните да избегнуваат престој на сонце и изложување на високи температури од ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на ...

Фудбалските великани и илјадници навивачи се збогуваа со легендарниот капитен на Милан, Франко Барези во базиликата Сант’Амброџо во Милано. Толпа се собра на плоштадот пред базиликата за да го испрати еден од најголемите играчи во историјата на Милан. Навивачите на „Росонерите“, вклучувајќи ги и членовите на групата „Курва Суд“, го исполнија просторот пред црквата долго пред почетокот на церемонијата. Со аплауз и скандирања ги поздравија ...

Граѓаните на Гостивар во наредниот период треба максимално да ја испуштаат водата од чешмите во своите домови за да се забрза прочистувањето на примарната и секундарната водоводна мрежа, апелира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Тој информираше дека водата од градскиот водовод и понатаму не е безбедна за пиење и може да се користи исклучиво за технички потреби. Ограничувањето ...

Египетскиот крилен напаѓач Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со турски Трабзонспор, објавија неколку релевантни турски медиуми. Поранешниот играч на Ливерпул, годишно ќе заработува 17 милиони евра, а платата со бонуси може да достигне до 22 милиони. Салах исто така ќе добива 20 проценти од продажбата на дресови со неговото име. Салах го напушти Ливерпул ова лето по девет години, во кои стана еден од најголемите играчи во историјата ...

РБ Лајпциг повторно го ангажираше норвешкиот голман Орјан Ниланд. Голамнот потпишал договор до 2028 година, објави клубот од Бундеслигата. 35-годишникот се враќа во Лајпциг, каде што веќе настапуваше како позајмен играч во сезоната 2022/23. Ниланд во Лајпциг дојде како слободен играч откако неговиот договор со Севилја истече на крајот на јуни. Ниланд стана национален херој за време на историскиот пат на Норвешка до четвртфиналето на ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили нападнале четири украински брода – три во пристаништето Миколаив и еден во Црното Море во близина на Одеса, тврдејќи дека биле користени за потребите на украинската војска, пренесува „Ројтерс“. Москва соопшти и дека бил нападнат контејнерски терминал во пристаништето Чорноморск, како и складиште во кое, според руските тврдења, имало беспилотни летала и нивни компоненти. Ројтерс ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку седум пати јавно се заканил со напади врз иранска цивилна и енергетска инфраструктура, а потоа ги одложил или откажал во надеж дека ќе ги поттикне преговорите со Техеран, објави „Еј-би-си њуз“. Последниот таков случај беше во саботата, кога Трамп соопшти дека се откажува од напад врз иранската енергетска инфраструктура. Истовремено предупреди дека САД и натаму се подготвени за воена акција ...

Речиси 70.000 мигранти ја напуштиле шпанската енклава Сеута по минатонеделниот масовен влез од Мароко, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка. Според него, околу 72.000 лица влегле во Сеута, а приближно 70.000 веќе се вратиле. За останатите се утврдува нивниот правен статус, а оние што немаат право на престој ќе бидат вратени во согласност со шпанското и меѓународното право. Министерот соопшти и дека бројот ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло ...

Најмалку 22 лица се повредени во руски воздушен напад со две наведувани авиобомби врз центарот на Краматорск, соопшти началникот на воената администрација на Доњецката област, Вадим Филашкин, пренесува „Киев пост“. Авиобомбите погодиле станбена зграда, а оштетени се и околните станбени и деловни објекти. Спасувачките служби сè уште ги пребаруваат урнатините, додека властите предупредуваат дека бројот на жртви и обемот на штетата сè уште не ...

Дел од ракетата Falcon 9 на SpaceX, лансирана во јануари 2025 година за транспорт на двата роботски лендера Blue Ghost и Resilience, денес ќе се судри со Месечината. Горниот степен на ракетата останал во вселената по завршувањето на мисијата и, под влијание на Сонцето и гравитацијата, завршил на траекторија кон Месечината. Според НАСА, нема никаква опасност за Земјата. Судирот ќе биде искористен за научни набљудувања, а местото подоцна ќе го ...

Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи достапна, безбедна и целосна медицинска грижа во текот на породувањето и постпородилниот период. Промоцијата важи за трудниците што ќе се породат до 1 октомври 2026 година, како и за оние што до овој датум ќе уплатат аванс, независно од планираниот термин за породување. Достапни се пакети за спонтано породување и за ...

Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц ја прославуваат седмата годишнина од бракот на одмор, а таа сподели серија фотографии на социјалните мрежи. Парот, кој се венча во 2019 година, објави интимни моменти од плажата, вклучувајќи бакнежи и играње со кучето во морето. Моделот објави и неколку фотографии во топлес, направени за време на пикник на плажа. Други фотографии ја покажуваат Клум, 53, опкружена со црвени балони во облик на срце и ...

Доенчињата и предучилишните деца се особено чувствителни на високите температури, бидејќи нивниот организам потешко ја регулира телесната температура и зависат од возрасните за соодветен внес на течности, избор на облека и обезбедување безбедна средина. Поради тоа, при топло време тие имаат зголемен ризик од прегревање, дехидратација и други здравствени последици поврзани со топлината. Институтот за јавно здравје објави препораки за ...

Џенифер Лопез (57) ги поминува последните денови од летото со своите 18-годишни близнаци, Макс и Ема, пред да започнат со колеџ оваа есен. Пејачката сподели серија фотографии од нејзиното семејно патување во Италија на социјалните мрежи. На фотографиите се гледа како заедно посетуваат италијански знаменитости, уживаат во заеднички оброци, пазаруваат и прават селфиња. „Патуваме пред да одат на колеџ 😭“, напиша Лопез покрај објавата. View ...

Во врска со информациите дека телевизиска екипа била задржана на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, не му било дозволено снимање и како што тврдат била одземена опрема, како Јавно претпријатие „Комуналец“ кое е одговорно за овој објект ја информираме јавноста дека станува збор за неовластено влегување во објектот, без најава дека телевизијата има намера да изврши снимање внатре во објектот, соопшти претпријатието. „Како јавно ...

Џорџина Родригез сподели серија фотографии од нејзиниот одмор во Шпанија на Инстаграм, каде што ги поминува деновите со својот вереник Кристијано Роналдо и нивните деца. Објавата предизвика голем интерес кај нејзините следбеници. Додека многумина ја пофалија, некои од коментарите беа за нејзиниот изглед и тело. „Џорџина е нападната затоа што е природна“, напиша еден следбеник, осврнувајќи се на негативните коментари што се појавија под ...

Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар, кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа, велат од СДСМ. „Стерилизаторите не работат поради загадената вода. Операции, ортопедија, гинекологија, урологија – сѐ е блокирано. Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени. Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина. Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста – затоа што ...

Во следните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки“, објави градоначалникот. Тој ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува попречувањето на професионалната работа на снимателот на ТВ Тера од Битола, Никола Најдовски, од страна на лица ангажирани како обезбедување на ЈП „Комуналец“ – Битола. Инцидентот се случил на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде што Најдовски снимал инсерти поврзани со културните манифестации во градот. При вршењето на својата професионална работа, лицата ангажирани ...

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари, велат од СДСМ. „Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе ...

Вчера во полиција било пријавено дека околу 12:00 часот во двор од куќа во село Сарај, скопско, сопственост на Н.С.(62), за време на семејна прослава, имало пукање со огнено оружје. Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и пронашле 23 испукани чаури од огнено оружје, кои се подигнати за понатамошна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на ...

Од ноќеска на полноќ, цените на бензините ќе се намалат за два денари, додека дизелот ќе поскапе за еден денар,одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 93,00 ...

На Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај на западнонилска треска. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, информира Министерството за здравство. Од таму велат дека, во координација со надлежните здравствени установи, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и велат дека навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови релевантни податоци. Во врска ...

Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Андреј Жерновски од СДСМ. „СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 ...

Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот. Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди, изјави Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка во СДСМ. „Мицкоски од ...

Кај зрелата коса, важно е да се избегнува претерано агресивно осветлување, бидејќи косата може да стане почувствителна со возраста. Изборот на прамени за коса може да биде предизвикувачки, бидејќи вистинската нијанса и техника се клучни за природен и хармоничен резултат. Кога се појавува седа коса, изборот на прамени станува уште поважен, бидејќи целта не е само да се покрие, туку да се создаде помек, посвеж и поприроден изглед. Кај зрелата ...

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело, извести СВР Охрид. „Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското ...

Општина Ѓорче Петров започнува со реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија, со кој повторно поставува нови стандарди во локалното управување и одржливиот развој, извести Општината. „Станува збор за првиот проект од ваков вид во Република Македонија, кој ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на покривите на сите седум општински ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Цинк

3.76