Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На скопскиот аеродром вчера бил уапсен жител на Словачка кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол. Според информациите на МВР, вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија. ...
Ватикан денеска објави дека папата Лав ќе ги посети Уругвај, Аргентина и Перу од 6 до 17 ноември како дел од големото патување на католичкиот лидер, кој помина децении како мисионер и епископ во Перу пред да стане папа минатата година. Папата ќе биде во Уругвај од 6 до 8 ноември, во Аргентина од 8 до 11 ноември и во Перу од 11 до 17 ноември, соопшти Ватикан. Лав, првиот папа роден во Соединетите Американски Држави, е исто така граѓанин на ...
Каја Гербер, ќерка на познатата манекенка Синди Крафорд, работи напорно на промоција на серијата „The Shards“. Досега ни покажа неколку модни изданија кои зрачат со чиста елеганција, а некои дури и со сексапил. View this post on Instagram A post shared by Kaia (@kaiagerber) Сега се појави на уште една премиера на серијата во Берлин, а за оваа пригода донесе монохроматско издание на брендот Прада. View this post on Instagram A post shared ...
За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6%. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, велат од ДУИ. Според партијата, ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. „Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа ...
Поддршката за реформите во правосудството и зајакнувањето на владеењето на правото беа дел од темите на разговор на средбата меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. Метју Лосон. Во изминатиот период, преку заедничките иницијативи и реализираните проекти, се обезбедува поддршка за модернизација на правосудниот систем, зајакнување на институционалните капацитети ...
Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја рекреираше својата позната фотографија од 1997 година на која седи пред компјутер. Фотографијата стана популарно меме низ годините, особено со шегите за канцелариската работа, работата од дома и почетоците на интернетот. Пејачката, која сега има 49 години, објави нова верзија на фотографијата, направена во речиси иста поза и амбиент. Објавата брзо предизвика бројни шеги и коментари на социјалните мрежи како ...
Иако разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли беше финализиран во 2024 година по осум години судски постапки, нивните конфликти не се завршени. Во најновиот развој на случајот, правниот тим на Пит побара од Џоли да достави доказ за нејзиниот приход, што таа делумно го одбива. Ова е продолжение на долготрајниот спор што поранешниот холивудски пар го води дури и по официјалниот развод, пишува LADbible. Анџелина Џоли тврди дека морала да направи ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на македонскиот трофеен автомобилист Игор „Иџе“ Стефановски. „Ми беше чест да бидам дел од овој посебен момент и да дадам поддршка на еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам. Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а македонското знаме да продолжи гордо да се развева на победничките подиуми ширум ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, на која беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството и поддршка на реформските процеси. Се разговараше за реформите во правосудството, размената на искуства и добри практики, како и реализацијата на нови студиски посети, специјализирани обуки ...
Град Скопје и Општина Гази Баба ги известуваат граѓаните дека в четврток, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје ќе изведува работи за санација на патниот премин на улица „Перо Наков“, во непосредна близина на Железничката станица Маџари. „За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улица „Перо Наков“, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде целосно во прекин. ...
Ливерпул, покрај за Бредли Баркола, сериозно се заинтересирани и за крилниот напаѓач Ибрахим Мбаје. 18-годишниот талент сака да го напушти ПСЖ, откако јасно им стави до знаење на клупските челници дека сака повеќе да минува време на теренот. „Црвените“ се сериозни во намерите да го реализираат трансферот и се очекува наскоро да започнат преговори со ПСЖ, кои се подготвени да го продадат својот млад играч. Иако сè уште не е испратена ...
Ако сте родени во еден од овие четири знаци, август 2026 година е меѓу најважните љубовни месеци во годината. Астролошката слика од август 2026 година е силно фокусирана на врските. Венера влегува во Вага, знакот со кој владее, на 6 август и ја интензивира потребата за блискост, реципроцитет и јасен избор на партнер. Затемнувањето на сонцето во Лав на 12 август започнува ново поглавје во љубовта, додека Јупитер во истиот знак го проширува ...
„СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата. Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Но, наместо решенија и транспарентност, граѓаните добија молк“, вели Валентин ...
„На 3 август 2026 година, автобус на „Дурмо Турс“ се запали на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Но, безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна“, велат од партијата Левица. „Кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо врзано со Ласкарци, државата нема ...
Арсенал и Њукасл постигнаа договор, во врска со трансферпт на Бруно Гимараеш. Актуелниот англиски првак за услугите на Бразилецот ќе плати 87,5 милиони евра. Бруно Гимараеш беше голема желба на менаџерот Микел Артета. Тој го идентификуваше 28-годишниот играч од средниот ред како клучно засилување за тимот што ја освои Премиер лигата минатата сезона. За трансферот на Гимараеш на стадионот „Емирати“ се зборува со месеци, а реализацијата на ...
Паметните телефони, социјалните мрежи, различните стилови на воспитување и очекувањата што им се поставуваат на младите луѓе денес целосно се променија. Децата што пораснаа во осумдесеттите и деведесеттите години имаа многу поголема слобода – тие сами знаеја како да се забавуваат, ги решаваа своите проблеми сами и поминуваа часови надвор без контрола на возрасните. Иако таквото детство не беше идеално, тоа на децата им даде чувство на ...
Со вокален раскош, пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија и уметничка емоција на фестивалската сцена. ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. На 20.04.2026, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште во атар на селото Мислодежда, тој без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 ...
Дрон е забележан во близина на украински авион на германскиот аеродром Лајпциг/Хале во текот на ноќта, потврди НАТО, откако летовите беа суспендирани поради безбедносен инцидент. Според безбедносни извори, дронот бил опремен со експлозиви и детонатор и се приближил многу блиску до украински товарен авион Антонов. Неколку авиони, вклучувајќи патнички авион, беа пренасочени откако беше забележан неидентификуван летачки објект и беше пронајден ...
„Водата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија. И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот“, вели Симона Цветаноски – членка ...
Денеска во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината 53-годишната И.Т. од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Денеска во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината 53-годишната ...
Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври” се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. „Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова ...
Општина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречека најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор. Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните ...
Ноќеска, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче ...
„Мачкин Камен беше празен на Илинден. Местото каде што некогаш народот се собираше за големиот празник Илинден, беше место каде што со сила, се собираа неколку стотини луѓе да глумат статисти. ВМРО-ОКГ повеќе не можат ни луѓето да ги натераат да дојдат“, велат од СДСМ. „Секојдневните лаги на Мицкоски ја соголија вистината. На сите им е јасно – од патриотизмот останаа само криминални тендери и разурната економија. Мицкоски клечеше и молеше да ...
Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагира Министерството за ...
Платформата за родова еднаквост бара независна и темелна стручна истрага за случајот со 19-годишната родилка Станка Михајлова од Струмица, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка. „Изразуваме поддршка за Станка и нејзиното семејство во овој исклучително тежок период и апелираме нејзините права, достоинство и здравје да бидат ставени во центарот на сите постапки. ...
Мохамед Салах (34) беше претставен како нов играч на Трабзонспор. Трансферот на легендарниот египетски крилен играч во Трабзонспор е неочекувана зделка со оглед на тоа што во последните месеци тој најмногу беше поврзуван со клубовите од Саудиска Арабија и Бешикташ. Приказната за Трабзон се појави неодамна и работата експресно беше завршена. Поранешниот играч на Ливерпул, со кого спогодбено се раздели, ја даде првата изјава за веб-страницата ...
Општина Аеродром продолжува со реализација на проекти насочени кон унапредување на јавниот простор и подобрување на условите за живот на своите жители. Во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“ започна изградбата на ново современо детско игралиште, кое е едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени на различни локации низ општината. Како што информираат од Општината, новото игралиште ќе биде опремено со современи и ...
Андреј Жерновски од СДСМ тврди дека Владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. „Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални ...