Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат два настани до крајот на оваа недела. Во четврток, на 18 јуни 2026, од 20.30 часот, во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена мултимедијална изложба “Оган“ на Бојана Ариновска. За самата изложба авторката вели “„Оган“ за мене не е само тема туку и состојба низ која поминувам. Тој е повик кон будење, кон соочување со сопствената сила, но и со сопствените стравови. Тоа ...
Според астролозите, четири хороскопски знаци најсилно ги поврзуваат среќата, сигурноста и успехот со парите и материјалните добра. Бик важи за најголем материјалист во Зодијакот. За него финансиската стабилност е основа за удобен живот, а ужива во квалитетна храна, убав дом и луксуз што може да го почувствува со сите сетила. Лавот сака луксуз, но пред сè како симбол на статус и успех. Скапата облека, автомобилите и ексклузивните патувања за ...
Фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска, Елје Вахи, бил уапсен под сомнение за наместување натпревари. Вахи е уапсен две недели пред почетокот на Светското првенство на кое настапува. Тој е предмет на истрага, која се обидува да утврди дали Вахи, додека играл за Ница, намерно заработил жолт картон против Мец на 17 мај. Вахи бил уапсен од француската полиција на 29 мај, веднаш по постигнувањето на гол во победата над Сент Етјен, со која Ница ...
Она што беше објавено минатата недела, потврда доби пет дена подоцна, бидејќи младиот аргентински тренер Мартин Демикелис ја прифатил понуда од Ред Бул Лајпциг. Како што објавува познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг, германскиот бундеслигаш ја активираше клаузулата за откуп што Аргентинецот ја имаше во својот договор со Мајорка, вредна два и пол милиони евра. Доколку нема значајни изненадувања во наредните денови, Демикелис ќе го ...
Тренерот на францускиот прволигаш Брест, Ерик Рој, почина на 59-годишна возраст, беше објавено во среда. Рој страдаше од рак на панкреас повеќе од три години, но тоа не го спречи да го предводи Брест кон постигнување историски успех и да го воведе овој клуб во Лигата на шампионите, откако го освои третото место во сезоната 2023/2024. Во истата сезона, тој беше прогласен за најдобар тренер во француската Лига 1. Сезоната 2024/2025, Брест ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на шега изјави дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе биде виновен доколку пропадне очекуваниот договор меѓу САД и Иран. Одговарајќи на новинарско прашање дали Венс би можел да го потпише договорот наместо него, Трамп рече: „Ми се допаѓа таа идеја. Ако договорот успее, јас ќе ги преземам заслугите. Ако не успее, ќе го обвинувам Џеј Ди.“ Американскиот претседател повторно предупреди дека САД би можеле да ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека отсекогаш одржувал дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп и дека има доверба во него. „Секогаш му кажував како стојат работите. Кога не се согласуваме, тоа го признаваме, но кога нешто ќе вети, тој го исполнува тоа“, рече Макрон на прес-конференција за време на самитот Г7 во Франција. Францускиот лидер ги отфрли критиките дека е премногу помирлив кон Трамп, нагласувајќи дека ...
Полска и Германија потпишаа билатерален одбранбен договор со кој ја прошируваат соработката во областа на безбедноста, во услови на зголемена загриженост поради руската закана. Полскиот министер за одбрана Владислав Косинјак-Камиш изјави дека договорот отвора нови можности за соработка во сајбер-безбедноста, заедничкото командување на Балтикот, развојот на нови технологии и воената мобилност. Според него, договорот ќе придонесе и за ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, поради сомнение за терористичка организација. Според прибраните докази, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група на социјална платформа во која членувале и останатите осомничени. Во текот на 2025 и 2026 година, преку овие комуникациски канали осомничените ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Г7 во Франција упати пофалби кон египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, присетувајќи се на нивната прва средба за време на претседателската кампања во 2016 година. „Се заљубив во него штом го видов. Од самиот почеток имавме добар однос“, изјави Трамп, додавајќи дека Ел Сиси тогаш не сакал да се сретне со неговата противкандидатка Хилари Клинтон. Trump on the President of Egypt: “He ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои златниот медал и се закити со титулата светски училишен шампион, а женската кадетска селекција освои сребрен медал и стана светски вицешампион. Честитајќи им за извонредниот ...
Русија ја обвини Украина дека со дрон нападнала автобус кој превезувал детска фудбалска екипа од Белорусија низ Брјанската област, во близина на украинската граница. Според руските власти, во нападот загинала една жена која ги придружувала децата, а осум лица биле повредени, меѓу кои шест деца. Украинската армија ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека во наведениот период не извршила напади со беспилотни летала врз цели во Брјанската ...
Црна Гора е оптимист дека во наредните месеци ќе успее да реши поголем дел од отворените билатерални прашања со Хрватска, изјави министерката за европски прашања Маида Горчевиќ. Таа по усвојувањето на позитивниот извештај за напредокот на земјата во Европскиот парламент истакна дека комуникацијата меѓу Подгорица и Загреб е добра и дека целта е сите спорни прашања да бидат затворени пред влезот на Црна Гора во Европската Унија. Црна Гора има ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, кој во источните делови на земјата повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе ...
Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија. Истовремено, не помина Амандманот 3, предложен од известувачот за Македонија Томас Вајц, со кој се бараше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Наместо тоа, мнозинството европратеници одлучија спорниот текст да остане дел од конечниот документ. Во ставот 73 Европскиот парламент ја повикува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни ...
Украинскиот министер за одбрана Иван Федоров изјави дека украинските сили успешно спроведуваат стратегија за изолација на Крим преку масовна употреба на дронови и дека полуостровот наскоро би можел практично да стане „остров“. Според него, руската логистика кон Крим е сериозно нарушена, а снабдувањето на руските сили станува сѐ потешко. Коментарите доаѓаат во време кога украинските сили за беспилотни летала ги засилија нападите врз клучните ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека е во заеднички интерес на САД и Европската Унија европските граѓани и компании да имаат безбеден пристап до најдобрите модели на вештачка интелигенција. Говорејќи на ручек со лидерите на Г7 и претставници на технолошки компании, Фон дер Лајен истакна дека САД и ЕУ користат меѓусебно доверлива технологија и имаат тесно поврзани финансиски системи. „Во наш ...
„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think. Тој нагласи ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција. Домаќини на настанот беа директорот на НУ Завод за ...
Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, соопшти Град Скопје. На една од најпосетуваните локации во главниот град поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со цел подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните. Од Град Скопје посочуваат дека со новата опрема просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители. Паралелно со овие активности ...
Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во Босилово. Филипче посочи дека е лицемерно ВМРО да зборува за некакво забрзување кога цела држава, вклучително и земјоделството, оди надолу, во пропаст. „Каков врв на лицемерие токму денеска во Струмица, во овој регион, ВМРО, организирана криминална група, слави роденден. Гледам дека се фалат со некој слоган ...
Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потенцираше дека Преспанскиот договор затворил едно крупно, повеќедецениско прашање – спорот за името со Грција и отвори перспектива за државата, безбедноста и економскиот развој. „Преспанскиот договор затвори едно прашање, повеќедецениски спор за името со Грција. Ние ...
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Општата болница во Струмица, по повод комплетно реализирање на проектот за реконструкција и адаптација на оваа установа. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 279.3 милиони денари, а проектот опфати обемни градежни, инфраструктурни и технички зафати за модернизација на болничките капацитети. „Со оваа инвестиција Општата ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Босилово, имаше средба со земјоделци од струмичкиот регион, на која разговраа за моменталната состојба во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Филипче порача дека Владата на ВМРО наместо да биде потпора и да им даде поддршка земјоделците, тие го доведоа земјоделството до изумирање. „Едноставно наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји. Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската интеграција, во пресрет на ...
Нацрт-извештајот на ЕП ја потврди вистината – нема реформи, нема напредок, а Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ, сметаат од СДСМ. Од партијата велат дека нацрт-извештајот на Европскиот парламент нотира недостаток на напредок во реформите, особено во однос на владеењето на правото, на што, како што велат од СДСМ, алармирале цело време. „Нацр извештајот изразува загриженост дека судскиот систем, независноста на судовите и ...
Фудбалскиот свет падна во „несвест“ поради играта на Лионел Меси против Алжир. Меси постигна хет-трик и сруши еден куп рекорди, неколку дена пред 390от роденден. Еден од оние што јавно го искажаа својот ставе е легендарниот Бразилец, Роналдо. „Рекордите постојат за да бидат срушени, а човекот што ги собори не изненади никого во светот на фудбалот. Освен тоа, Аргентина е актуелен светски шампион“, започна Роналдо и дополни. „Секој пат кога ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна соработка меѓу Министерството и највисоката научна институција во државата во креирањето на стратешките политики во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини. На средбата беше ...
Владата на Северна Македонија ризикува загуби од над една милијарда евра поради непочитување на стекнатите права на приватните организатори на игри на среќа и нивните доделени лиценци. Приредувачите ја поздравуваат одлуката да се одржи јавна расправа за Предлог-законот за игрите на среќа, којшто се заканува да ја урне регулираната индустрија и да ја внесе во црните текови. Предлог-законот за игрите на среќа сериозно се заканува да загрози ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес во Струмица не сакаше да даде каков било одговор на обвинувањата од бугарските политичари дека запалените автомобили на бугарската амбасада во Скопје се атак врз државата, но кажа дека трае распитот на скопјанецот кој ги запали. Тој очекува дека истрагата ќе утврди што стои во позадина на целиот настан. „Ние ако Влада го осудивме тоа, го отфрливме. Она што го направивме како Влада е тоа што веднаш го ...