Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Меѓународната еколошка организација Гринпис предупреди дека поради климатските промени до 2100 година би можеле да исчезнат околу 40 отсто од плажите во Португалија, пренесува Еуроњуз. Во извештајот се наведува дека покачувањето на нивото на морето, ерозијата на брегот и екстремните временски услови веќе предизвикуваат повлекување на плажите, кое на некои места достигнува и до 40 метри. Според Гринпис, Португалија е особено ранлива поради ...
Кина воведе нови економски контрамерки против Соединетите Американски Држави, меѓу кои се контрола на извозот на дронови и санкции за шест американски компании, како одговор на неодамнешните американски трговски ограничувања, пренесува Euronews. Кинеското Министерство за трговија соопшти дека мерките се реакција на американската забрана за увоз на кинески дронови и на одлуката на Вашингтон да стави 43 кинески компании на листата на ...
Четворица мажи се избодени денеска во лондонската населба Ковент Гарден, а полицијата приведе жена на возраст од околу 40 години, јави „Скај њуз“. Жената е уапсена под сомнение за напад и недозволено поседување оружје. Повредените добиле прва помош на местото на настанот, по што биле пренесени во трауматолошки центар во близина на центарот на Лондон. Засега не се соопштени информации за тежината на нивните повреди. Лондонската полиција ...
СДСМ обвини дека здравствениот систем во Гостивар не располага со доволно капацитети за справување со епидемијата предизвикана од загадената вода и дека во болницата дежура само еден специјалист инфектолог, четворица специјализанти и дерматолози. Од партијата тврдат дека поради состојбата пациентите од Гостивар се префрлаат на лекување во Тетово и ја обвинуваат Владата за несоодветно справување со кризата. Во соопштението се наведува дека ...
Двајцата членови на екипажот на авионот „Цесна 182“, кој пред два дена исчезна за време на патролирање над шумските пожари во руската Иркутска област, се пронајдени живи, соопштија регионалните служби за вонредни состојби. Гувернерот на Иркутската област, Игор Кобзев, изјави дека пилотите успеале да се искачат на височина, од каде преку импровизирана радиостаница ги испратиле своите координати. Тие се наоѓале на околу 90 километри од градот ...
Чешката авантуристка Кејт редовно ги документира своите патувања низ Европа на Инстаграм, каде што ја следат голем број луѓе. За време на неодамнешната посета на црногорското крајбрежје, решила да провери колку чини изнајмувањето лежалки и чадори за сонце на некои од најпознатите плажи во Милочер и на Свети Стефан. Цените што ги затекнала прилично ја изненадиле. Најпрво ја посетила плажата во Милочер, каде што дознала дека користењето ...
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ...
Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да ја напушти функцијата и во авторска колумна за „Дејли мејл“ упати низа сериозни обвинувања против првиот човек на светската куќа на фудбалот. Фиго, кој во минатото требаше да биде противник на Инфантино на претседателските избори на ФИФА во 2016 година, но подоцна се откажа, верува дека сегашниот претседател го изгубил кредибилитетот и повеќе не ...
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во четврток (6 август) поради санација на улични дефекти ќе има прекин на водоснабдувањето на две локации во Скопје. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Драчевска“ во близина на црквата, без вода од 8:30 часот ќе останат корисниците во Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 ...
Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ, реагира компанијата „Кожувчанка“. „Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од ...
РБ Лајпциг ја доби сакната сума за Јан Диоманде. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе стане најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид. „Атлетик“, објави дека сите детали околу трансферот се договорени, се чека само тој да биде официјализиран. Според овој извор, но и според новинарот на „Скај Спорт“, Патрик Бергер, трансферот треба да вреди помеѓу 130 и 140 милиони евра. Диоманде го привлече вниманието на најголемите ...
Полска води разговори со Соединетите Американски Држави за отворање постојани американски воени бази на својата територија, изјави заменик-министерот за одбрана Павел Залевски, кој ги предводи преговорите. Во моментов во Полска се распоредени околу 10.000 американски војници – главно на ротациска основа. Според Залевски, Варшава и Вашингтон веќе разменуваат предлози за постепена трансформација на постојните бази во трајни воени објекти. ...
Бредли Купер и Џиџи Хадид ги поттикнаа гласините дека тајно се венчале, откако двајцата беа фотографирани во Париз со нови прстени на левата рака. Според „Пејџ сикс“, станува збор за венчални прстени од француската златарска куќа Boucheron. Засега ниту Купер ниту Хадид не ги коментираа шпекулациите за наводниот брак. Двојката е во врска од крајот на 2023 година, а уште минатата година извори за Page Six тврдеа дека Купер размислува за брак ...
Поранешни високи функционери од Велика Британија, Франција и Германија во јули одржале тајна средба во Виена со поранешен претставник на Кремљ, на која разговарале за можните услови за мировни преговори за Украина, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според информациите, станува збор за неформален дипломатски канал без официјален мандат, кој служи за разгледување можни решенија што подоцна можат да им бидат ...
Бразилската манекенка Алесандра Амбросио (45) го поминува летото со своето момче, Бака Палмер, кој е заслужен и за нејзините совршени фотографии на Инстаграм. Сезоната на бикини е во полн ек, а убавата Бразилка дефинитивно има што да покаже. Иако објави серија од неколку фотографии, кои вклучуваат и снимки од природата, најголемо внимание украде првата и најубава, онаа на која Алесандра е во бикини. View this post on Instagram A post shared ...
Денеска полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода 39-годишниот М.Ш. од селото Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена ...
Поминаа десет месеци откако Никол Кидман објави дека се разведува од пејачот Кит Урбан, а бурното раскинување на нивната 19-годишна врска беше објавено од медиумите. Набргу потоа, новата романса на Урбан (наводно) почна да ги исполнува насловите на таблоидите, додека Кидман го посвети своето време по разводот на своите деца и личната благосостојба. Сепак, сега ситуацијата многу се промени, бидејќи актерката пронајде нова среќа со ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...
Во текот на ноќта, Русија изврши еден од најсмртоносните напади врз Киев и неговата околина оваа година. Најмалку 21 лице беше убиено во нападот со балистички ракети и дронови, а десетици беа повредени. Украинските власти објавија дека едно лице загинало во самиот Киев, додека уште 16 лица се убиени во поширокиот регион на Киев. Најмалку 44 лица се повредени, а спасувачите ги пребаруваат урнатините бидејќи се плашат дека под нив има останато ...
„Две вести ја покажуваат вистинската слика за здравството под оваа власт. Прво: Пациент морал од свој џеб да плати околу 130.000 евра за биолошка терапија – затоа што државата не му ја обезбедила. Кој одлучува кој ќе добие терапија? Комисија. Без јасни критериуми. Без транспарентност. Второ: Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најавува дека 456 онколошки пациенти ќе добијат еднократна парична помош. Пријавени биле 1.200. Значи – ...
Овие жени се чиста магија, веројатно поради хороскопскиот знак под кој се родени. Секој хороскопски знак носи различна привлечност. Од нежната елеганција на Рибите, до фаталниот шарм на Шкорпијата, до гламурот и харизмата на Лавот. Овен – смела и енергична убавина Овните зрачат со самодоверба, сила и спортски дух. Нивната убавина е впечатлива и тешко е да се помине незабележано. View this post on Instagram A post shared by Mariah Carey ...
Грижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско ...
Секторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани. Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности, извести Општина Карпош. Во исто ...
Денес се асфалтираше новиот паркинг простор во поранешната касарна кој е изграден на СТУ9 АРМ Четврт 3. Вкупната површина на овој паркинг простор е 1550 м2 и се обезбедуваат нови паркинг места во тој дел на градот, извести Општина Битола. „Проектот кој е од вториот владин повик преку Министерството за транспорт предвидуваше и се изведе коловоз, атмосферска канализација, сообраќај и осветлување. Вредноста на договор изнесува 6.256.014,18 ...
Албанските пожарникари денес се бореа со пожар во јужниот регион Малакастер, принудувајќи евакуација на околу 15 семејства, нивниот добиток и домашни миленици, додека големи делови од јужна и источна Европа продолжуваат да се борат со топлотен бран. Топлотен бран ги погоди јужна и источна Европа Европа, континентот што се затоплува најбрзо, беше погодена од рекордни топлотни бранови и разорни шумски пожари ова лето, особено во Франција и ...
Атлетико Мадрид ја подготвува првата понуда до Тотенхем за Кристијано Ромеро во износ од околу 30 милиони евра. Аргентинскиот репрезентативен стопер го претпочита мадридскиот клуб пред Интер и сака трансфер, а ова е нов обид на Атлетико да го доведе играчот што тренерот Диего Симеоне долго го следи. Клубот се подготвува да го реализира трансферот со продажба на Матео Руџери и Нахуел Молина, што е предуслов за нови инвестиции, пишува „Марка“. ...
Постојат модни додатоци кои не се само додатоци за гардеробата. Тие носат одредена атмосфера, евоцираат патување и го менуваат начинот на кој го доживуваме летото. Шапката е една од нив. Штом го најде своето место во куферот, како да го најавува почетокот на одмор, лежерни денови и долги прошетки покрај морето. Не е случајно што големите модни куќи секоја година обрнуваат посебно внимание на неа. Освен што обезбедува заштита од сонце, ...
Министерството за финансии информира дека издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието. Дополнително издавањето на овие емисии на државни хартии од вредност се транспарентно објавени на веб страницата на Министерството за финансии во календарот на аукции на ...
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни ...
Во текот на изминатиот викенд била ограбена канцеларијата на директорот на Јавното комунално претпријатие „Сарај“. Според информациите на МВР, вчера И.Х.(41) – директор на ЈКП Сарај, пријавил во полиција дека во периодот од 16:30 часот на 31 јули до 06:40 часот на 04 август, во неговата канцеларија која е сместена во објектот на општината, со употреба на сила била отворена влезната врата од канцеларијата и фиока од негово работно биро, при ...