Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Политиката на западните земји кон Украина сè повеќе ги оптоварува самите нејзини застапници, бидејќи доведе до губење на предностите што Европа ги имаше во партнерство со Москва, оценува швајцарскиот неделник „Die Weltwoche“. Во текстот се наведува дека сегашниот курс кон Украина стана фактор што „труе сè“, бидејќи, како што пишува весникот, секој повик за мир со Русија или посочување на стратешките грешки на Западот се соочува со санкции, ...
Како што објавува „Украинска правда“, украинските сили синоќа нападнаа цели во Русија. Серија експлозии ги потресоа Јарослав, Москва и Ростов на Дон, а најголема штета доживеа голема рафинерија за нафта откако се запали по ударот. Сè започна синоќа, кога првите беспилотни летала беа забележани во близина на руската престолнина. Руската агенција за воздухопловство (Росавијација) реагираше и воведе привремени ограничувања за летови на ...
Ханс Флик, тренерот на Барселона, потврди дека сака да ја продолжи соработката со каталонскиот гигант. Според информациите на познатиот инсајдер за трансфери Фабрицио Романо, германскиот стручњак ги прифатил условите на новиот договор што би го задржал на клупата на Барселона до 2028 година, со опција за продолжување за уште една сезона. Романо претходно објави дека менаџерот на Флик, Пини Захави, пристигнал во Барселона за да ги финализира ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „не препорачува“ доаѓање на странски претставници на воената парада на 9 мај во Москва, откако Русија се закани со одмазда во случај на кршење на едностраното примирје прогласено од Владимир Путин. Руското Министерство за одбрана вчера ја потврди најавата на Путин за еднострано примирје од петок до недела. Министерството тврди дека во овој период „сите руски воени единици целосно ...
Иранската државна телевизија IRIB објави, повикувајќи се на воен претставник, дека иранската војска испукала ракети врз „непријателски единици“ по американскиот напад врз ирански танкер во Ормускиот теснец. Според ирански претставник, целите претрпеле штета и ја напуштиле областа по нападот. BREAKING: REPORTS OF AN EXPLOSION AT SEA NEAR BANDAR ABBAS SOUTHERN IRAN pic.twitter.com/JDgX80G3KX — Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) May 7, 2026 Во ...
Иранската државна телевизија IRIB објави дека системите за воздушна одбрана се активирани во западниот дел на Техеран. Sound of an explosion in air in the west of Tehran pic.twitter.com/HkzZEGX2vD — Sprinter Press Agency (@SprinterPress) May 7, 2026 Во исто време, новинската агенција Mehr објави дека иранската воздушна одбрана дејствува против „непријателски цели“. Сè уште нема официјални информации за тоа кои биле целите или кои биле ...
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека американските сили пресретнале „неиспровоцирани ирански напади“ и одговориле со одбранбени напади врз воени цели во Иран. Според соопштението на американската војска, инцидентот се случил додека американските разурнувачи USS Truxtun, USS Rafael Peralta и USS Mason минувале низ Ормускиот теснец кон Оманскиот Залив. „Иранските сили лансирале повеќе ракети, дронови и мали пловила кон американски ...
Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати објави дека нивната воздушна одбрана во моментов се бори против „напади со ракети и беспилотни летала што доаѓаат од Иран“. Според официјалното соопштение, одбранбените системи на ОАЕ пресретнуваат балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала. Засега нема извештаи за повредени или смртни случаи. تتعامل حالياً الدفاعات الجوية الإماراتية مع اعتداءات صاروخية وطائرات مسيرة قادمة ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД преговараат со Иран, и покрај тоа што двете страни разменија оган во Ормускиот теснец минатиот четврток. Зборувајќи во Вашингтон, Трамп се пофали дека САД го „победиле“ Иран и го повтори своето претходно тврдење дека американските сили потопиле неколку ирански бродови. Осврнувајќи се на мировните преговори, американскиот претседател потврди дека Техеран и Вашингтон сè уште преговараат, ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио во четврток најави нови санкции против воено-индустрискиот комплекс на Куба и неговата државна компанија за природни ресурси, зголемувајќи го притисокот врз кубанските лидери со таргетирање на изворите на странски инвестиции. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите на САД против Куба. Според наредбата, администрацијата на Трамп ги ...
Доналд Трамп денес ќе се обрати до јавноста од Белата куќа, потврдија официјални извори. Американскиот претседател ќе зборува околу 18 часот по македонско време, но Белата куќа не ги откри точните теми што ќе се дискутираат. Обраќањето доаѓа еден ден откако САД и Иран разменија оган во близина на Ормускиот теснец. Техеран претходно го обвини Вашингтон за кршење на прекинот на огнот и одговори со напад на американски воени бродови. По ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако американската војска соопшти дека нејзините сили пресретнале „неиспровоцирани ирански напади“ и одговориле со напади за самоодбрана врз местата за лансирање ракети во Иран. „Три американски разорувачи успешно поминаа низ Ормускиот теснец под оган. Немаше штета на трите разорувачи, но иранските напаѓачи претрпеа голема штета. Тие беа целосно уништени, заедно со бројни мали бродови со кои ...
Претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до ...
Фудбалерите на Астон Вила и Фрајбург ќе се борат за пехарот во Лига Европа. Вила во англиската пресметка го декласира Нотингем Форест со 4:0, додека Фрајбург ја искористи предноста, играше од седмата минута со фудбалер повеќе и ја победи Брага со 3:1. Специјалистот за Лига Европа, Унаи Емери, сега тренер на Астон Вила, шести пат во кариерата ќе се бори за трофејот во ова натпреварување. Три пати победи со Севилја, еднашп со Виљареал, пораз ...
Фудбалерите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе играат во финалето на Конференциската лига за сезоната 2025/26. Кристал Палас ја продолжија својата сезона од соништата и се квалификуваа за европското финале за прв пат во историјата, бидејќи го елиминираа Шахтјор од Донецк во полуфиналето со вкупен резултат од 5:2. Во реваншот на стадионот „Селхерст Парк“, победија со 2:1. Истото важи и за Рајо Ваљекано, малиот клуб од шпанската престолнина ...
Зборовите што ги користиме во врската можат да имаат големо влијание врз врската, а познатите психолози д-р Џон Готман и д-р Џули Шварц Готман тврдат дека една едноставна фраза може да открие дали врската има долгорочна иднина. Откако проучувале дури 40.000 парови, тие заклучиле дека благодарноста е еден од најважните темели на успешна врска, објавува „YourTango“. Фразата што ја издвојуваат е: „Ти благодарам“. Овие два збора, според ...
Продолжувањето на трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина „не би било целисходно“ во моментов, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, пренесуваат медиумите во регионот. Според него, дијалогот е можен само откако Киев ќе ги повлече своите трупи од делот од Донбас што го контролира. „Додека украинските сили не се повлечат од овие територии, продолжувањето на ваквите преговори нема смисла“, нагласи Ушаков. Москва ...
„Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција – Мицкоски и Тошковски најавуваат одложување на скандалозната партизацијата на МВР, објави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Полицијата, додава тој во објавата, не смее да служи на криминалната група ВМРО, на шефот на мафијата Мицкоски и да служи за заштита на криминалот и корупцијата. „Ова е победа на СДСМ за сите граѓани на Македонија и за професионалците во полицијата, победа на ...
Вардар 1961, вечерва во својот дом, стави крај на три годишната доминација на Еурофарм Пелистер во македонскиот ракомет. Црвено-црните го декласираа најголемиот ривал, во рамките на 29-то коло со 34-19 (18:12), со што во голем стил ставија печат на 17-та титула во клупската историја. Вардар 1961 го декласира Еурофарм Пелистер како ретко кога, во играта не се почувствува заморото од исрпувачкиот натпревар со Монпелје пред 48 часа. Прашањето ...
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, наводно ќе отсуствува повеќе од една година поради неговата последна сериозна повреда. 30-годишникот беше принуден да го напушти теренот по само 14 минути од победата на Реал Мадрид од 2:0 над Еспањол минатиот викенд. Првичните извештаи сугерираа дека тој ќе отсуствува околу пет месеци по операцијата, но повредата се чини дека е полоша отколку што првично се мислеше. Според новинарот на „COPE“, ...
Некои луѓе имаат силна потреба да веруваат во најдоброто кај другите. Дури и кога нивното искуство покажува поинаку, тие сепак им даваат уште една шанса, надевајќи се дека работите ќе се променат. Оваа вера често доаѓа од љубезност, емпатија и желба врските да функционираат, но може да ги чини најмногу. Астрологијата покажува дека овој модел на однесување е особено чест кај одредени знаци кои тешко се откажуваат од луѓето, дури и кога тоа би ...
Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба против тероризмот во која ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам поради масовната миграција и отворените граници, објавува француската државна агенција France24. Стратегијата, исто така, значително го проширува домашниот фокус на САД врз „насилните левичарски екстремисти“, вклучувајќи ги „радикално ...
Во случај украинската армија да се обиде да ги наруши руските прослави за Денот на победата на 9 мај, Москва ќе започне масовен ракетен напад врз Киев, објави денес руското Министерство за одбрана. „Доколку украинските вооружени сили го прекршат прекинот на огнот во зоната на специјални воени операции или се обидат да нападнат населени места и објекти во руските региони, вооружените сили ќе обезбедат соодветен одговор“, се вели во ...
Уште еден сателит во одбрана на криминална група ВМРО во момент кога Мицковски повеќе не може да одговори на граѓаните на ниту едно прашање. Левица е партија која е создадена и финансирана од ВМРО, велат од СДСМ. „Партија која фиктивно треба да глуми сериозна опозиција на власта, а всушност е осудена засекогаш да биде опозиција. Која е против НАТО во земја членка на НАТО, во која 72% од граѓаните го поддржуваат НАТО. Партија која е против ...
Трагична несреќа се случи вчера вечерта во Минхен во која тригодишно момче го загуби животот. Тригодишното дете падна од прозорец на четвртиот кат од станбена зграда и покрај брзата интервенција на службите за итни случаи, почина неколку часа подоцна во болница, објавува „Билд“. Службите за итни случаи добија повик околу 23:35 часот. Тешко повредено дете беше пронајдено на тротоарот пред нова зграда во градскиот кварт Нимфенбург. Спасувачите ...
И покрај неколку недели американски и израелски напади, Иран сè уште има значајни балистички ракетни капацитети и способност да издржи економски притисок најмалку три до четири месеци, според анализа на американското разузнавање доставена до Белата куќа, до која денес имаше пристап „Вашингтон пост“. Еден американски функционер изјави дека проценките покажуваат дека способноста на Иран за долгорочен економски отпор е значително поголема од ...
Ученик во Битола на социјални мрежи објавувал вознемирувачки пораки за соучениците и нивните родители. Директорот на ООУ „Стив Наумов” – Битола, Николче Пискачев, преку соопштение, апелира до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено, како што подвлекува, имајќи предвид дека станува збор за малолетници. „Во врска со настанот поврзан со ученик ...
Овогодинешната парада за Денот на победата на 9 мај во Москва ќе се одржи без тенкови и ракети, Украина изјави дека „не гледаат причина да го почитуваат прекинот на огнот“, а се чини дека нема да има „звучни имиња“, пишуваат светските медиуми. Советникот на Владимир Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Русија не поканила конкретно странски претставници на парадата оваа година. Путин, сепак, ќе се сретне со својот белоруски ...
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денес му го додели мандатот за формирање нова влада на победникот на парламентарните избори, Румен Радев, чија партија „Прогресивна Бугарија“ освои убедливо мнозинство на гласањето одржано минатиот месец. По добивањето на мандатот, Радев го претстави составот на идната влада, за која парламентот треба да гласа утре, објави Ројтерс. Радев поднесе оставка од функцијата претседател на Бугарија во ...
Турција го претстави прототипот на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM) „Џилдиримхан“, како дел од нејзините напори да ја зајакне својата воена независност и да се позиционира како клучен одбранбен актер на Блискиот Исток и во рамките на НАТО алијансата. Според достапните податоци, „Џилдиримхан“ (молња) има дострел од околу 6.000 километри и може да погоди цели во Европа, Африка и Азија, додека засега производството на ракетата сè ...