Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија. Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли. Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во ...
На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Општина Гази Баба. „Денес, со длабока почит, се поклонивме пред споменот на сите оние кои ги загубија своите животи во катастрофалните поплави што во 2016 година ја погодија Општина Гази Баба. Десет години подоцна, болката не е помала. Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали ...
Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците во исхраната се толку популарни. Сепак, за да се максимизира неговата ефикасност, важно е да знаете кога и како да го земате. Иако многумина претпочитаат да го земаат наутро, додека други ги избираат вечерните часови, клучот е во правилната апсорпција, пишува Healthline. Витаминот Д е витамин растворлив во масти, што значи дека не ...
Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета на Франција во септември. Ватикан го објави распоредот денеска, кој вклучува посета на седиштето на УНЕСКО, состанок со француските бискупи во Лурд и меѓуверски собир во Мец, објави ABC News. Во посебна изјава, Ватикан потврди дека Папата ќе се сретне со неколку жртви на злоупотреба и истакна дека тие ќе учествуваат во ...
Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои универзално правило. Ако двајцата партнери се задоволни и се чувствуваат блиско, сексуалниот однос еднаш месечно може да биде сосема нормален. Истражувањата покажуваат дека луѓето често ја претеруваат фреквенцијата на сексот, што создава лажни очекувања. Наместо да се споредувате со другите, важно е да ...
Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот избор. Експертите предупредуваат дека дигестивниот систем се забавува навечер, па затоа одредени намирници можат да предизвикаат гасови и задржување на течности во текот на ноќта. Токму затоа некои навидум здрави намирници можат да бидат лош избор за вечера. 1. Мешункасти плодови (грав, леќа, наут) Мешунките се полни со ...
Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на Блискиот Исток ги исцрпија залихите на пресретнувачки ракети. Украина итно бара дополнителни системи за одбрана од секојдневните руски напади со балистички ракети, но војната со Иран ги исцрпи арсеналите во САД и земјите од Персискиот Залив. Во исто време, некои европски земји ги чуваат преостанатите ...
Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб, беше оштетен. Гувернерот Олех Кипер потврди дека едно лице е повредено во нападот. Нападот се случил околу 15:30 часот, кратко откако воздухопловните сили предупредија за приближување на млазни беспилотни летала, пишува The Kiev Independent. 29-годишна жена која била на стадионот е повредена, и добила медицинска ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а ...
Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 90.000.000 денари, односно 1.500.000 евра, преку донации и спонзорства во Македонија. Поддржувавме спорт, култура, здравство, образование, локални заедници и иницијативи кои придонесуваат за подобар и поквалитетен живот на нашите сограѓани. Затоа што за Кожувчанка, луѓето и ...
Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 август започнува со снимање и „Трета смена“ на Ана Опачиќ. Сите четири филмски проекти се ...
Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој со владиниот авион утре ќе биде транспортиран во земјава. „Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција. По итна постапка и во координација со Владата, ...
Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да биде комбинација од овошје, протеини и интегрални житарки за да им обезбеди на децата енергија, подолго чувство на ситост и важни хранливи материи. Најдобрите избори вклучуваат тортиљи од цело зрно со пилешко и зеленчук, хумус со свеж зеленчук, домашни мафини од овесна каша со овошје, грчки ...
Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика и независната музичка сцена преку едукативни и креативни програми. Првата активност во рамките на проектот се бесплатни музички работилници посветени на тереминот, првиот електронски музички инструмент во историјата и еден од најнеобичните инструменти во светот. Создаден пред повеќе од еден ...
Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид ги смета за неправедни, дискриминаторски и спротивни на интересите на Европската Унија, пишува „Еуроњуз“. Доколку Рим не ја повлече одлуката, владата на премиерот Педро Санчез најави „пропорционални мерки“ за заштита на интересите на шпанските граѓани, без да прецизира за какви мерки станува збор. Италија привремено ги воведе ...
Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е ...
Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше утврдена повреда на слободата на јавно изразување во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Стојановска претходно, преку правниот застапник на ЗНМ, побара судска заштита поради тоа што државата не обезбедила соодветна заштита додека известувала од Собранието, но Основниот граѓански суд и ...
Белата куќа предизвика бурни реакции меѓу обожавателите на Марвел откако го искористи ликот на Спајдермен за промоција на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ), пишува „Еуроњуз“. На официјалниот профил на Белата куќа на Инстаграм беше објавена монтажа со опис „Вашите пријатели од соседството – агентите на ИЦЕ“, што е алузија на познатиот опис на Спајдермен како „пријателскиот Спајдермен од соседството“. Објавата содржи четири ...
Општина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија. Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја. Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот ...
Светското првенство во фудбал не се одржуваше само на теренот. Додека националните тимови се бореа за трофејот, во позадина се одвиваше сериозна безбедносна операција предводена од американското ФБИ. Ексклузивни документи добиени од истражувачкиот канал „Пренса Иберика“ откриваат дека за време на целото Светско првенство, безбедносните служби ги следеле терористичките закани, вознемирувањето на фудбалерите, насилните навивачи и сите ...
Триесет и шестгодишен маж од тетовско е приведен откако неговата сопруга го пријавила дека ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа физички ја нападнал. Според МВР, вчера во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ф. (36) од тетовско, со престој во Тетово. Претходно, неговата 26-годишна сопруга пријавила дека околу 21 часот тој ја избркал од нивниот дом заедно со трите ...
Неколку куршуми биле испукани кон паркирано возило во Сарај во кое во моментот се наоѓале две лица. Во инцидентот нема повредени. Според МВР, случајот бил пријавен денеска околу 4 часот во полицијата од Р.З. (25) од скопското село Глумово. Тој пријавил дека додека со негов другар биле во паркирано патничко возило во Сарај, до нив застанале две лица со мотоцикл. Едното од нив испукало неколку куршуми од огнено оружје кон возилото, при што го ...
Шеесет и четиригодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил што вчера се случила во скопската општина Аеродром. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во полицијата во 13:40 часот, а се случила на крстосницата на булеварот „Јане Сандански“ со сервисна улица. Во несреќата учествувале автобус „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П. (47) од село Ново Село, и „форд фокус“, исто така ...
Мигрантската криза во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка, негативно влијаеше на дипломатските односи на европската земја со Мароко, па затоа првиот тим на Барселона нема да патува таму на пријателски натпревар. Тимот на германскиот стручњак Ханси Флик требаше да биде гостин на „Етихад Ријад“ во Танжер, но раководството на шпанскиот шампион донесе одлука да не патува, што можеше да се предвиди. „Со оглед на моменталната неизвесност и ...
Турскиот голман Алтај Бајиндир нема да биде меѓу стативите на Манчестер Јунајтед следната сезона. Клубот од „Олд Трафорд“, го испрати на позајмица во Виго, а тој ќе ја брани мрежата на Селта следната сезона. Сепак, како што често се случува кога играчите ја напуштаат Англија, Селта планира да го купи 28-годишникот по завршувањето на следната сезона, а се зборува за цена што надминува четири милиони евра. Договорот беше постигнат пред ...
Антонио Бандерас откри дека и повеќе од една деценија по разводот останал многу близок со поранешната сопруга, Мелани Грифит. Актерот вели дека таа и денес е една од неговите најдобри пријателки и дека редовно се гледаат, пишува „Пипл“. Бандерас и Грифит се венчаа во мај 1996 година, а во септември истата година ја добија ќерката Стела. Грифит поднесе барање за развод во 2014 година, а бракот официјално заврши во декември 2015 година. „Кога ...
БИТ ФЕСТ добива изложба што не се гледа само со очи, туку се доживува на посебен начин. На 8 август, во 20:00 часот, во Офицерски дом, во рамките на Битолското културно лето, Никола Крнчев и Раде Најдовски ќе ја претстават „ЖИВ ЅИД“ – изложба на фрески и икони со која одбележуваат 25 години заедничко творештво. „ЖИВ ЅИД“ е повеќе од изложбена поставка. Таа е своевиден печат на четврт век пријателство, партнерство и заедничка посветеност на ...
Доколку Исланд на референдумот на 29 август гласа за повторно отворање на преговорите за членство во Европската Унија, земјата и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Унијата, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати. Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави за „Политико“ дека Исланд е „посебен случај“, бидејќи веќе е членка на Европскиот економски простор и на Шенген. Според неа, доколку ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8. „Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Северна Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони ...