Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Џини Бас, гувернерката на Лос Анџелес Лејкерс, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестри да ги продадат преостанатите 17,8 проценти од семејниот удел во клубот на Џош Кушнер и Боб Игер. Доколку зделката биде рреализирана, Бас би можела да ја изгуби позицијата што ја има од 2013 година. Семејството Бас гласаше овој месец за продажба на преостанатиот удел во Лејкерс, но Џини тврди дека гласањето е неважечко. Нејзиниот адвокат, ...
Цените на билетите за натпреварите на Филаделфија, достигнаа рекордно ниво пред почетокот на НБА сезоната 2026/27, а нивниот прв натпревар против Њујорк Никс би можел да стане најскапиот прв натпревар во историјата на лигата. Њујорк ќе биде домаќин на Филаделфија во „Медисон Сквер Гарден“ на 20 октомври, кога бранителот на титулата ќе го подигне шампионското знаме. Најевтините билети достапни за овој натпревар на секундарниот пазар се ...
Заштитниот знак на Боде/Глимт, Патрик Берг, би можел, по четири сезони во тимот од северот на Норвешка, да замине во странство и да игра за Севилја, која има намера да ангажира двајца играчи до крајот на преодниот рок. Андалузискиот клуб едвај успеа да го зачува својот елитен статус на крајот од минатата сезона, но остана без неколку играчи во централниот дел од теренот. Според „Естадио Депортиво“, нов лидер во редот за врска би можел да ...
Јубилејната година на Фолтин продолжува да се движи низ градовите, низ музиката и низ луѓето со кои три децении ја споделуваат својата приказна. Изминатиов викенд Охрид беше една од станиците на Фолтин. Во KULT културен центар се одржа слушачка промоција на FOLTIN LIVE, двојниот винил со кој концертната енергија на Фолтин продолжува да живее и надвор од сцената. Албумот се слушаше на врвен звук обезбеден од инженерингот на „ТЕОХАРОВ”, во ...
Понекогаш е важно родителот да го остави детето само да одлучува, да каже што мисли или јасно да покаже што сака, а токму таквите мали слободи можат да му помогнат да стане посигурно во себе и понезависно. Родителството е полно со ситуации каде што треба да поставите граница и да останете доследни, дури и кога детето не е среќно со тоа. Сепак, има моменти кога не е потребно да инсистирате дека родителот е во право. Некои родителски битки ...
Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан. Имаше 76 години. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, провокативен и често контроверзен стил. Во своите текстови и јавни настапи, таа со години без двоумење коментираше за политиката, општеството, медиумите, бракот, семејството и положбата на жените, поради што редовно предизвикуваше силни реакции од јавноста. Таа е авторка на голем број романи и ...
Рики Џервејс објави дека ќе се жени со својата долгогодишна партнерка Џејн Фалон само за да избегне данок на наследство, иако со години се противи на институцијата брак. Комичарот (65), чие богатство се проценува на 141 милион фунти, зборуваше за своите планови во интервју за Saga Magazine. Кога го прашале дали данокот е причината за бракот со Џејн, чие богатство се проценува на 1,3 милиони фунти, Џервејс одговорил потврдно. „Да, е. И тоа ќе ...
На почетокот на судењето за убиството на Тупак Шакур, обвинителството го опиша поранешниот водач на бандата Дуан „Кефе Д“ Дејвис како лицето кое го организирало нападот во кој раперот бил убиен од одмазда. Сведоците ја реконструираа пред поротата во Лас Вегас ноќта на смртта на Шакур пред триесет години, во време кога бандите доминираа на хип-хоп сцената, а длабоката недоверба кон полицијата ја направи истрагата невозможна. Поради ова, ...
Москва ѝ се закани на Обединетото Кралство со „последици“ по извештаите дека британски беспилотни летала биле употребени за прв пат во украински напад врз цели длабоко на руска територија. Украина користела беспилотни летала од две британски компании како дел од таканаречената кампања за длабок удар, објави „Сандеј Тајмс“. Киев ги засили нападите врз Русија оваа година, при што ракетите со долг дострел и роевите беспилотни летала сè повеќе ...
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени ...
35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати. 6 лица во критична состојба на интензивна нега. А во општина Кисела Вода, токму во Драчево, каде што е прогласена епидемија – организираат кино на отворено, велат од СДСМ. „Потполн аматеризам и непрофесионализам во водењето на епидемијата од страна на Мицкоски и Клековски. Истата шема како и со водата во Гостивар: нема навремена превенција, нема систем, нема одговорност, само ...
Украина изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва и нејзината околина преку ноќ. Според извештаите од руските канали на Телеграм, кои се повикуваат на изјави од жители, нападот го оштетил магацинот на најголемата онлајн продавница во Русија „Вајлдберис“, која се нарекува и „руски Амазон“. Ова ги продолжува украинските напади врз компанијата, пишува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека ...
Министерот за здравство Клековски самиот призна дека анализите на водата се прават секојдневно. Сега вели дека сака транспарентно да ја информира јавноста ама ќе ги објави дневните анализи за водата во Гостивар дури по два месеци, велат од СДСМ. „Во Гостивар, од почетокот на кризата, од моментот кога 5.000 граѓани се отруја, па по пет недели, нема ниту еден единствен објавен документ. Сега министерот најавува дека ќе објави резултати и од ...
Во извонредниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата концерти од музичката програма на „Охридско лето“. Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до ...
Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Српскиот кошаркар Никола Калиниќ одлучи да ја заврши кариерата. Веста дека 34-годишниот кошаркар се повлекува од активната кариера дојде како гром од ведро небо. „Луѓе, ја завршувам кариерата. Станувам помошник тренер во Звезда. Поради мојата животна ситуација, сакам да бидам блиску до Белград. Ви благодарам на сите што бевте дел од лудото возење“, напиша Калиниќ на социјалните мрежи. Калиниќ ги помина изминатите две сезони во Црвена Звезда ...
Фудбалскиот клуб Милан го договори трансферот на Диего Мореира. Клубот од „Сан Сиро“ на Стразбур ќе му плати 45 милиони евра, дополнителни пет милиони францускиот клуб може да заработи преку бонусите. Мореира беше меѓу најбараните играчи во текот на целиот преоден рок. Германски и италијански клубови сериозно се бореа за неговите услуги. Рома упати официјална понуда од фиксни 35 милиони евра, со 10 милиони преку бонуси и 10 отсто од ...
Манчестер Јунајтед нема да го продаде Бруно Фернандеш ова лето по никоја цена, објави „Скај Спортс“. Галатасарај е заинтересиран за 31-годишниот капитен на Јунајтед, кој, според турските медиуми е подготвен да даде голема понуда, но од „Олд Трафорд“ стигна јасна порака дека Португалецот не е на продажба. Фернандеш влегува во последната година од договорот, но Јунајтед има опција автоматски да ја продолжи соработката за уште една сезона. ...
Принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк го објавија името на нивната ќерка, која се роди пред две недели. Девојчето, нивното трето дете и помлада сестра на петгодишниот Август и тригодишниот Ернест, се вика Аделаида Елизабет Анина Бруксбанк. Јуџин го откри името на Инстаграм, каде што сподели и неколку нови фотографии од девојчето. „Нашето мало девојче пристигна пред точно две недели. Оттогаш уживаме во мирни семејни моменти ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран сака да постигне договор со САД за неговата нуклеарна програма, но сè уште не е подготвен да прифати услови што, според мислењето на Трамп, би го спречиле да развива нуклеарно оружје. На прашањето дали двете страни се поблиску до конечно решение по принципиелниот договор во јуни, Трамп потврди дека Иран е подготвен да преговара, но не и да се согласи со условите на САД. „Тие ...
Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си побара од судот во Флорида да издаде судски покани за членовите на семејството на Доналд Трамп. Овој потег е дел од правната одбрана во тужбата што Трамп ја поднесе против Би-Би-Си барајќи 10 милијарди долари отштета за клевета, според судскиот поднесок објавен во петок, објави CBS News. Правниот тим на Би-Би-Си побара од Окружниот суд во Јужниот округ на Флорида да одобри доставување судски ...
Кражбата на четири слики од ренесансниот мајстор Антонело да Месина може да биде поврзана со организиран криминал и ја доведува во прашање безбедноста на музејот во родниот град на уметникот, изјави во понеделник локален службеник, објави „Ројтерс“. Енцо Карузо, советник за култура во Месина, верува дека е тешко да се разбере како крадците успеале да ги отстранат делата за само неколку минути без да го знаат деталниот распоред на музејот. ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш вчера се извини за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на планината Лиса Хора во источна Чешка, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно. Во видео објавено на Фејсбук, Бабиш рече дека ги берел цвеќињата во спомен на починат колега од неговото движење АНО, со кого претходно се искачил на планината. „Можеби сум прекршил некој закон, за што се извинувам и сигурно ќе платам казна доколку е потребно“, рече ...
Утре без вода ќе останат делови од Општина Центар. „Од ЈП Водовод и канализација известени сме дека на ден 18.08.2026 година (вторник) без водоснабдување ќе останат: -поради уличен дефект од ф -2“ на ул. РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН бр.18 . со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Маџир Маало (Центар). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности, и -поради водоводен приклучок од ф ...
Иран одлучи да ја промени својата политика од дефанзивна во целосна офанзивна поради застојот во напорите за постигнување траен крај на војната со Соединетите Американски Држави, изјави денес за „Ројтерс“ висок ирански функционер. Напредокот кон мировните преговори и продолжувањето на сообраќајот на танкери за нафта низ стратешкиот Ормутски теснец е целосно запрен, без индикации дека завојуваните страни се приближуваат кон завршување на ...
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за организиран транспорт на марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Од Обвинителството соопштија дека обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, ...
Владата на Венецуела и дел од опозицијата постигнаа договор за заедничко барање за враќање на 31 тон злато во вредност од 4 милијарди долари, кое се наоѓа во трезорите на британската централна банка од 2018 година. Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус дојде по две недели преговори со посредство на САД, а целта е да се деблокираат средствата до кои Венецуела нема пристап откако ...
Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности. „Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот за судовите, како ...
Синоќа полицијата казни 63 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, уапсени се осум возаччи. „Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од ...