Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од населба Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц, општина Илинден и – Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците што се напојуваат од ТС Инџиково 2, општина Гази Баба. Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без ...
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Од 08,30 часот до завршување на работните активности поради изведување на водоводен приклучок стара мрежа со нова мрежа Ф250мм на Ф 100мм на улица Џон Кенеди крстосница со улицата Браќа Реџепагич и дел од населбата Топанско поле. Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Од 08,30 часот до ...
Барселона и Манчестер Сити постигнале договор во врска со трансферот на Родри, објавија сите релевантни шански и светски медиуми. Речиси еден месец траеше сагата околу тоа каде најдобриот играч на Мундијалот ќе ја продолжи кариерата. Се шпекулираше дека Родри ќе се пресели во Реал, но кога доби понуда од Барселона без размислување ја прифати. Потешкиот дел беа преговорите меѓу клубовите. Барселона мораше да испрати четири понуди, а ...
Ејми Хант го оправда својот статус на суперѕвезда пред овогодинешното Европско првенство во атлетика во Бирмингем. Хант е првата атлетичарка во историјата што освоила четири златни медали на едно Европско првенство. Оваа година, Хант победи во трката на 100 метри (11,00), а потоа освои злато и во трката на 200 метри (22,19). Потоа следеа две штафети – прво, Хант беше дел од тимот на Велика Британија што победи во штафетата 4×100 метри ...
Фудбалерите на Ленс се победници на францускиот Суперкуп. Во борбата за првиот трофеј во сезоната во Франција, Ленс го победи Пари Сен Жермен со минимален резултат и покрај тоа што имаше еден играч помалку од 39-та минута. Ленс ја освои првата титула во Суперкупот и тоа во вториот обид, на која чекаше од 1998 година кога загуби од Пари Сен Жермен. Флоријан Туван го постигна единствениот гол на натпреварот во 32-та минута. Lens derrotou o ...
Истрага на „Би-би-си“ откри сериозни пропусти во контролата на инфекциите во болница во Пакистан, каде што биле регистрирани стотици деца со ХИВ. Според истрагата, медицинскиот персонал повторно користел шприцови при давање лекови, што претставува ризик од пренесување на вирусот. Во градот Таунса, во покраината Пенџаб, меѓу ноември 2024 и октомври 2025 година биле идентификувани 331 дете позитивно на ХИВ, покажуваат податоците што „Би-би-си ...
Арсенал го освои Комјунити Шилд откако го победи Манчестер Сити со 3:0 на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф. Головите ги постигнаа Рикардо Калафиори, Каи Хаверц и Мартин Едегор. Грчкиот крилен напаѓач Христос Цолис исто така имаше одлично деби за Арсенал, забележа две асистенции. Kai Havertz vs Manchester City Kai Havertz had a big impact in Arsenal’s 3–0 Community Shield win over Manchester City today. Goal: Havertz scored Arsenal’s ...
Тони Чаловски попладнево на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии на кои се гледа како лица во костими за капење се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на делумно потопената црква „Св. Никола“ во Мавровоското Езеро. Тој ги повика надлежните да интервенираат за ваквото непочитување на црковниот објект. Чаловски тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, ...
Поплави на Пелопонез и голем пожар на островот Скирос ги ставија грчките служби за цивилна заштита пред сериозен предизвик за време на викендот. Силно летно невреме во саботата го погоди регионот Мани, во југозападниот дел на Пелопонез, предизвикувајќи поплави и проблеми на патиштата и инфраструктурата. За околу два часа наврнале 140 литри дожд на квадратен метар во источниот дел на Мани. Една жена била повредена откако гром удрил во ...
ОД МВР информираат дека со повеќемесечна истрага е дојдено до сузбивање на меѓународна криминална група за транспорт на марихуана. -Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и во рамки на меѓународната соработка со надлежните служби од Косово и Грција, спроведе повеќемесечна истрага за организирана криминална ...
Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени. – Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани ...
Повеќе туристи се повредени во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин“ во приморскиот албански град Валона, при што петмина од повредените се туристи од Косово, а еден е албански државјанин. Петмина од повредените биле пренесени на лекување во Тирана, додека еден од нив е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца пациенти се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од нив е во сериозна ...
Триесет и седумгодишен гостиварец е лишен од слобода откако прво вербално ја нападнал својата 32-годишна девојка во нејзиниот дом, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон и физички ја нападнал пред зградата. Инцидентот се случил на 15 август околу 23:20 часот, кога полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Д. (37) од Гостивар. Според пријавеното, тој влегол во домот на 32-годишната жена, каде што ...
Два одделни случаи со заталкани зрна од огнено оружје биле пријавени во СВР Скопје во текот на вчерашната вечер, при што во едниот случај било оштетено покривното платно на гаража. Во 20:45 часот, 39-годишниот С.Ј. од Скопје пријавил дека во близина на неговата куќа, на подрачјето на Драчево, пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Само 25 минути подоцна, во 21:10 часот, 35-годишната Ј.А. од селото Студеничани, Скопско, пријавила дека ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на нападите ...
Дваесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако, според пријавата, со остар предмет се обидел да ограби вработена во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар. На 15 август, околу 19:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје, по претходна пријава дека во обложувалницата ѝ се заканувал на вработената со остар предмет со намера да одземе пари. Од полицијата информираат дека по целосното ...
Повеќе од 700 камиони натоварени со меѓународна хуманитарна помош пристигнаа во Авганистан преку Пакистан и покрај речиси целосното затворање на границата меѓу двете земји, кои се во конфликт една со друга, соопштија денеска ОН. Конвојот е натоварен со „храна и основни хуманитарни производи“, изјави Олга Черевко, портпаролка на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA) во Авганистан. „724 камиони натоварени со ...
Тројца српски државјани се здобиле со тешки телесни повреди, а две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Битола–Прилеп, кај местото викано „Петилеп“. Несреќата била пријавена во 17:09 часот во СВР Битола, а во неа учествувале патничко возило бмв со српски национални ознаки, управувано од 46-годишниот Б.С. од Белград, и патничко возило опел со битолски регистарски ознаки, управувано од ...
Ефикасноста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над селото Драгов Дол, во Општина Македонски Брод, е зголемена со поставување монтажен базен во близина на пожарната линија и реката Треска, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Со поставувањето на базенот, хеликоптерот повеќе нема потреба да лета до езерото Козјак, што претходно траело околу 15 минути. Сега водата ја полни од базенот во ...
ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден и да ги заштити од ниски цени и од исклучување, додека електро-енергетскиот систем да го заштити од преоптовареност. Тоа се постигнува така што батерискиот систем овозможува произведената електрична енергија да се складира во моментот на нејзиното производство, ...
Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период. МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство на 1,01 промил алкохол во крвта. Во ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. – Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било ...
Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убиство на американски војник, изјави денеска командантот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат исплатени 30.000 долари за заробување или убиство на секој американски војник, јавија техеранските медиуми. САД ја означија Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која официјално е дел од вооружените сили на Исламската Република, како терористичка организација. ...
Повредено лице со скршеници на двете потколеници попладнево е спасено од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. Лицето е извлечено и транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер каде ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување. Повикот за помош е примен на Единствениот број за итни повици 112 во 12:04 часот по што се активирани надлежните ...
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче. -Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид. Тоа постапувајќи по претходна пријава ...
Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност со предизвикувањето пожари во ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. -Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта, ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено на Јутјуб. – На пожарот на ...
Карим Бензема е на списокот на играчи на кои тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета, тврдат медиумите од Саудиска Арабија. Искусниот француски фудбалер дојде во Ал Хилал од Ал Итихад пред само шест месеци, каде што пристигна пред неколку години како голема фудбалска ѕвезда. Ситуацијата очигледно се промени во меѓувреме, во Ал Хилал сакаат промени и во тие планови не го гледаат Бензема. Ал Хилал сака да го обнови тимот по сезоната во која не ...
Најмалку 12 луѓе загинаа, а уште 47 се повредени откако автобус со полска регистрација се преврте во Унгарија, на околу 140 километри од главниот град Будимпешта. Несреќата се случила околу 1:00 часот по локално време (2:00 часот по македонско време) ноќеска. Службите за итна помош во Унгарија соопштија дека десетмина од патниците во автобусот добиле тешки повреди, а 37 лица се полесно повредени, посочува ДПА. Во изјава за јавноста, ...