Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ја освои денешната пол позиција за спринтот и главната трка за Големата награда на Чешка во шампионатот Мото ГП. Бањаја стигна до првата пол позиција оваа сезона на патеката во Брно со време од 1.52.303. Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше блиску до освојување на пол-позицијата, но падна од моторот во последниот обид и заврши втор, со заостанување од 0,219 секунди. Фабио Куартараро од Јамаха го освои ...
Ракометарите на Вардар 1961 ќе бидат во групата Ф со Кристијанштад од Норвешка, Феникс Тулуз од Франција и победникот од двомечот меѓу хрватските состави Дуго Село и Сесвете. Ако нема измени заради ТВ правата на одредени земји, вардарци ќе започнат и ќе завршат во групната фаза со домашни натпревари. Европска лига Група Ф Распоред на натпревари: 14 октомври.2025 – Вардар 1961 – Дуго село/Сесвете 21 октомври 2025 – Тулуз – Вардар 1961 11 ...
Успешно заврши акцијата на Дирекцијата за заштита за спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) за извлекување на планинар со скршеница на ногата од непристапен терен на планината Пелистер. За епилогот на акцијата попладнево преку објава на својот фејсбук-профил информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој напиша дека во неа од страна МВР учестувале тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и ...
Министерството за здравство информира дека од именувањето на министерот Азир Алиу на 9 јуни, започнал интензивен процес за засилување на здравствениот кадар низ целата држава. Во изминатиот месец се реализирани или се при крај над 950 нови вработувања во јавните здравствени установи, вклучувајќи лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари, психолози, социјални работници, хигиеничари и друг неопходен персонал. Од Министерството ...
Антикорупциска ќе продолжи да работи и да ги извршува должностите-ова е нивниот став за дел од медиумите по поднесеното обвинение против актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска. Претседателката Димитровска и денеска недостапна за медиумите, а од ДКСК ни кажаа дека со официјален став ќе излезат утре, бидејќи денеска е недела. На Димитровска, на товар ѝ се ставаат две кривични дела, оддавање службена тајна во врска со предметот ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, продолжува со имплементација на мерките за директна финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за потрошена електрична енергија. Овие мерки се насочени кон унапредување на животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи. Ве информираме дека Министерството донесe Решенија за финансиска поддршка на ...
Од ССМ велат дека синдикалната минимална кошничка сега изнесува 65 328 денари или околу 1 100 евра За нешто повеќе од 10 евра пораснала вредноста на минималната синдикална кошничка од јуни до јули, согласно последните анализи што ги прави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Оттаму велат дека сега синдикалната минимална кошничка изнесува 65 328 денари или 1062 евра, а доколку во пресметката влезе и изнајмен стан од 60 квадрати за еден ...
Дејмиан Лилард е последната голема НБА ѕвезда која одлучи да се врати во јатото кое го одведе до најголемите височини во американската кошарка, па по низата шпекулации кои се појавија во изминатите неколку дена, сега самиот потврди дека е официјализиран кам-бекот во Портланд. Фантатичниот плејмејкер пред две години со тешко срце го напушти Портланд во потрага по шампионски прстен, но откако не се снајде баш најдобро во Милвоки, реши да се ...
Македонскиот олимписки комитет ја претстави младинската олимписка делегација која ќе ја претставува Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Оваа година, земјата ќе настапи со рекорден број од 203 учесници, меѓу кои 181 спортисти, придружени од тренери, официјални лица и доктори. Фестивалот што ќе се одржува од 20 до 26 јули во Скопје ќе обедини над 6000 учесници, вклучувајќи 4300 спортисти и тренери, 700 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар Фридрих Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“ од првично планираното, со цел да ги даде на Украина, пишува денес американскиот весник „Волстрит џурнал“ (WSJ). „Во телефонски разговор со Мерц, Трамп му понудил на Берлин да продаде не два, туку пет системи „патриот“. Германскиот лидер веднаш се согласил, иако финансирањето на купувањето треба да го ...
Во гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино, со кој се зафатени сува вегетација и грмушки, од 16 часот ќе бидат вклучени два авиона „Ер трактор“, најави Дирекцијата за заштита и спасување. На терен веќе се дејствува со еден армиски хеликоптер, еден полициски камиони марка МАН со цистерна од осум тона и воден топ, два пинцгауери, еден „хермелин“, 30 војници и повеќе екипи на скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите ...
Подобри услови за работа, признавање на образованието, преквалификации од една специјалност во друга, доедукација, повисоки плати се меѓу причините поради кои медицински сестри заминуваат на работа во други земји. Со недостиг на медицински сестри се соочуваат земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, но и дел од другите европски земји… Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението ...
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од бугарски служби и медиуми, со поддршка од опозициската СДСМ. Лефков тврди дека операцијата се води преку мрежа од бугарски портали и т.н. „mushroom“ веб-страници кои ширеле дезинформации и лаги со цел да ...
Историски подвиг на доктор Сашко Кедев – стана првиот Македонец кој успеал да се качи на сите 14 планински врвови над 8000 метри надморска височина. Тој утрово беше дел од тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“, кој успешно го искачи Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Во тимот беа д-р Сашко Кедев (Македонија), Ванг Жонг (Кина) и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа. „Со ова успешно искачување, д-р Кедев го ...
Образовните асистени не може трајно да бидат вработени, како што бараат родителите на децата со атипичен развој, бидејќи потребите во училиштата се менуваат, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска во интервју за Радио Слободна Европа. Ако во иднина се појави можност за такво нешто, мнистерката вели дека со задоволство ќе го прифати, но сега нема да дава лажна надеж. -Мојата порака до родителите е да бидат мирни. ...
По пожар во стан, шест лица и едно дете поради зашеметеност од чад и болки во градите вчера биле пренесени на Универзитетска клиника за токсикологија. Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, вчера во 16:30 часот по пријава за пожар во стан на булевар „Кочо Рацин“ бр. 75, на втор кат, во Скопје, полициски службеници од ПСОН-Центар на местото констатирале дека од засега непознати причини настанал пожар во станот. Територијалната ...
Фудбалерите на Вардар не успеаа да остварат втора победа над Ла Фиорита, но и ремито од 2-2 е доволно за македонскиот претставник да се пласира во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. „Црвено-црните“ беа на чекор од втора победа, меѓутоа во 93 минута Јанкулов си постигна комичен автогол откако не се разбра со голманот Талески. Претставникот на Сан Марино го отвори мечот со голот од пенал во 10 минута преку Фелипе. Овој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разговара со медиумите заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, од Белата куќа. Во разговор со новинарите, Трамп ѝ се закани на Русија со нови тарифи од 100 проценти ако не постигнат мировен договор во Украина во рок од 50 дена. „Многу сум незадоволен од Москва“, рече тој. Потоа Трамп додаде дека постигнал договор за испорака на оружје во Украина. „Ќе испратам врвно оружје до НАТО, кое потоа ќе ...
„Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи. „Кампањата „Македонско најдобро“ ќе биде препознатлива по специфично лого кое преку сонцето и почвата не потсетува дека ...
Во врска со новинарските објави и јавниот интерес за прашањето на евентуални злоупотреби поврзани со програмите финансирани од Европската Унија, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја информира јавноста. Постапувајќи согласно своите надлежности, по споделена информација со Европската комисија, изврши вонредна проверка (ECHE Check) на исполнувањето на условите за користење на статусот „Erasmus Charter for Higher ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Хелсиншкиот комитет ги тужат Министерството за здравство и Владата во граѓанскиот суд Скопје поради дискриминација врз жените земјоделки. Жените земјоделки во Македонија, поради неажурноста на Министерството за здравство кое не иницира измени на Законот за здравствено осигурување – не можат да добијат стандардни исплати за породилно отсуство и боледување. Наместо да бидат третирани како ...
-Наместо разбирање, добиваме манипулации. Наместо сочувство, добиваме потсмев и обвинувања. Наместо поддршка, добиваме директно понижување. Во понеделник, на 7 јули на средба во кабинетот на премиерот ни беше кажано нешто што ниту еден родител не смее да го слушне — „Одредете си цена за вашите деца“. Ова го обелоденија родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во обраќање до јавноста во кое открија дека конечно биле на ...
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Томас Вајц, во разговор за ТВ „24“ изјави дека е отворена истрага поради заканите по животот кои ги добил по предлагањето на извештајот за земјава во ЕП. Вајц минатата недела рече дека добивал закани дури и откако беше изгласан извештајот, кој ги налути екстремните националистички кругови во Бугарија и нивните политички артикулации во Стразбур. Вајц денеска изјави дека дел од ...
Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше промовирана нова артилериска батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема, кои се набавени од Турција во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На промоцијата, премиерот Мицкоски истакна дека „нема повеќе ...
Македонија и Бугарија се чекор поблиску до реализација на заедничкиот проект за изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу Ѓуешево и Деве Баир, како дел од завршницата на источниот сегмент на Коридорот 8. На состанок во Брисел, двете страни се договорија до крајот на јули да го финализираат текстот на меѓувладиниот договор, со кој ќе се дефинираат техничките, финансиските и оперативните аспекти на проектот. На состанокот, организиран од ...
Во комисијата за правосудство на американскиот Конгрес вчера се одржа сведочење на кое истакнати експерти на фондацијата Херитиџ дискутираа како американските власти преку УСАИД ја финансирале шарената револуција во Македонија и организирале смена на власта. Мајк Гонзалез, експерт за надворешна политика на фондацијата Херитиџ, ги споредуваше активностите на УСАИД во Македонија и Унгарија, и изјави дека американската државна организација тесно ...
Пратеничката група на опозициската Левица до претседателот на Собранието поднесе предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО, по скратена постапка. За поднесениот предлог-закон денеска на Фејсбук информира пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев. „Конечно, дојде денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разноразни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го ...
Ревизор од Државниот завод за ревизија во име на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска го полагал тестот за класифицирани информации после кој претседателката добила безбедносен сертификат со највисок степен – „државна тајна“. За ова Обвинителството поднесе обвинителен предлог против неа „компјутерски фалсификат“. Таа е обвинета и за друго дело – дека оддавала документи со понизок степен на ...
Поради проблем со водоснабдувањето, децата кои имаат потреба од хоспилатизација на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, времено ќе бидат згрижени на Клиниката за детски болести и Инфективната клиника, соопшти Министерството за здравство. Болницата „Козле“ во Скопје од вчера остана без вода, откако изминативе денови во болницата имале слаб притисок. Не станува збор за дефект туку, бидејќи болницата се наоѓа во висока зона, ...
Австрискиот екстремен спортист, Феликс Баумгартнер денес починал после несреќа со параглајдер во Италија, на 56 годишна возраст. Тој изгубил контрола врз параглајдерот, по што паднал во базен во Порто Сант Елпидио. Феликс е најпознат на јавноста по неговиот скок од вселената во 2012 година, кога со неговиот спонзор Ред Бул решија да изведат нешто што дотогаш се сметаше за невозможно. Тој тогаш скокна од статосферата на 39 километри ...