Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Каталонскиот клуб го продолжи договорот со тинејџерската фудбалска сензација до 2031 година – и одржа мала церемонија на стадионот за да го одбележи овој настан. На церемонијата присуствуваше целото семејство на фудбалерот, вклучувајќи ја и неговата баба, која Ламин ја држеше за рака додека одеа кон салата за церемонија. Јамал ќе добие и нов број на дресот – култната „десетка“ што ја носеа само неколкумина избрани во Барса. Пред сите Меси, ...
Петнаесетгодипниот битолчанец Арабел Рустемовски, кој го освои бронзениот медал на Европското јуниорско првенство во бокс, вели дека му го посветува на клубот „Пелистерски јунак“ каде под водство на тренерот Јове Петровски-Оцо тренира веќе седум години. „Медалот му ги посветувам на клубот каде тренирам од мојата осма година. Секој ден тренирам, два пати по два часа. Боксот е мојот живот, ова е мотив плус да продолжам понатаму да боксувам“, ...
Комитетот за домашна безбедност и владини работи на американскиот Сенат утврди дека неприфатливи пропусти од страна на Тајната служба на САД (USSS) довеле да се случи обидот за атентат врз Доналд Трамп пред една година за време на претседателската кампања, пренесуваат светски агенции. За потсетување, лани на 13 јули, за време на предизборен митинг во градот Батлер во американската сојузна држава Пенсилванија, во Трамп како кандидат за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз Украина биле лансирани најмалку 1.800 беспилотни летала, над 1.200 лизгачки бомби и 83 ракети. „Русите го зголемуваат теророт врз нашите градови и општини со цел дополнително да го заплашат народот“, изјави Зеленски преку Телеграм, пренесува германската новинска агенција ДПА. Според него, ...
Се проширува блокадата на патиштата кои водат кон реката Дошница на планината Кожуф, по зголемениот отпор против изградба на мали хидроцентрали на Дошница. Активистите објавија дека сега е блокиран и патот од страната на Кавадарци. „Во Гевгелија сме распоредени на неколку клучни локации и блокираме сите патишта кои водат кон нашата река. На сите одговорни им порачуваме: СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!“ порачаа од граѓанската иницијатива“ се вели во ...
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира на загрижувачките бројки за менталното здравје на младите. Според ХБСЦ студијата, повеќе од половина од девојчињата (53%) и речиси една петтина од момчињата (19%) на 15-годишна возраст доживуваат депресивно расположение. Причините се поврзани со врсничко насилство, исклучување, онлајн малтретирање и други социјални притисоци. „Врсничкото насилство остава длабоки последици ...
Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија донел на својата седница одржана на 21 мај 2025 година, Светиот архијерејски синод на Православната Црква во Америка. Истовремено, ПЦА го потврдува целосното евхаристиско општење со македонските епископи, свештенство и верници. Оваа вест беше соопштена од страна на поглаварот на Православната Црква во Америка, Неговото Блаженство Архиепископот ...
Една година по најавата за инвестиција, започнува изградбата на ветерниот парк во близина на Штип, каде „Алказар енерџи партнерс“ треба да инвестира 500 милиони долари за изградба на 55 ветерници. Ветерниот парк ќе се протега на површина од 326 хектари и се очекува да произведе струја за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк, кој се најавува како најголем во Западен Балкан, се очекува да биде значаен чекор кон зајакнување на ...
Изминатите три дена од оваа недела (14./15./и 16.07.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентирале вкупно 2490 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила, соопшти МВР. -Заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 513 прекршоци, за ...
Шкендија посакуваше полесно да го победи ТНС и да обезбеди место во втората квалификациска рунда за Лигата на шампионите, но на крајот славеше (2:1) во исцрпувачки натпревар во кој се играа дополнителни триесет минути. Македонскиот шампион на првиот натпревар избори реми без голови и мораше да оди на победа за пласман во следното коло, а на денешниот натпревар успеа да поведе со голот на Тамба во 18. минута. Дваесет минути подоцна, ТНС ...
УФЦ официјално го објави своето враќање во Перт, Западна Австралија. Четвртиот по големина град во Австралија ќе биде домаќин на УФЦ Фајт најт во недела, 28 септември 2025 година. Ова ќе биде четврти пат градот да биде домаќин на настан на УФЦ, но ќе биде прв пат да биде домаќин на УФЦ Фајт најт, наместо на настан со платено гледање. Перт претходно беше домаќин на УФЦ 221 во февруари 2018 година, УФЦ 284 во февруари 2023 година и УФЦ 305 во ...
Прекинувачите за контрола на горивото на моторите на авионот на „Ер Индија“ што се урна минатиот месец биле преместени од позиција „работи“ во позиција „исклучи“ неколку моменти пред падот, со што двата мотора останале без гориво, се вели во прелиминарниот извештај од истрагата. Извештајот, издаден од Бирото за истрага на авионски несреќи на Индија, исто така посочува дека двајцата пилоти биле збунети околу промената на поставката на ...
Согласно новите измени на Законот за управување со конфискуван имот, од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени, а со кои располага Агенцијата за управување со одземен имот, информираше денеска директорката на Агенцијата Ирена Илиевска, на 17. сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Ефикасноста на институционалниот одговор во Република ...
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за „Канал 5“ изјави дека бил предмет на жестоки напади поради извештајот за земјава вели дека е задоволен од извештајот за напредокот на земјава кој минатата недела беше изгалсан во ЕП. Според Вајц, заканите по неговиот живот продолжиле и по изгласувањето на извештајот минатата недела. „Да, бев под силен напад, тоа беше цела кампања за оцрнување против мене. Ме ...
Бугарскиот политичар и поранешен европратеник Ангел Џамбаски во негов препознатлив стил ја критикуваше словенечката европратеничка Ирена Јовева, за нејзиниот говор во Европскиот парламент којшто беше во одбрана на Македонија. Јовева, која има македонско потекло, им се обрати на македонски јазик на бугарските колеги во ЕП, кога се гласаше извештајот за напредокот на земјава. Џамбаски го нападна нејзиниот говор, нарекувајќи ја „најзлобен и ...
Апелациониот суд пак го осуди Васил Јованов, возачот кој ја прегази младата Фросина Кулакова на три години и десет години затвор за поседување и трговија со дрога, откако Врховниот суд ја укина претходната пресуда и го врати случајот на повторно судење. Одлуката била донесена на јавна седница одржана на ден 11.06.2025 година. -Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за ...
Врз основа на доказите добиени преку Скај комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Во текот на утрово беше извршен претрес на три локации, при што едно лице е приведено. Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, во два наврати организирале неовластена набавка, ...
Победникот на првото издание на Светското клупско првенство во проширен формат со 32 учесници, англиски Челзи, заработи 97 милиони евра, додека светскиот вицешампион ПСЖ инкасираше 90 милиони евра, јави денеска Би-Би-Си. Наградниот фонд на Светското клупско првенство изнесуваше околу 856 милиони евра, од кои 450 милиони евра се резервирани за клубовите само за нивното учество, додека 406 милиони евра се распределени врз основа на постигнатите ...
Македонската репрезентација во електронски спортови го постигна еден од најголемите успеси во својата историја, освојувајќи ја титулата Европски шампион во DOTA 2. На Европското првенство во организација на Меѓународната е-спорт федерација (IESF), кое се одржа во Приштина, Косово, нашите репрезентативци во големото финале славеа над селекцијата на Белорусија со резултат 2:1. Овој триумф е круна на еден доминантен турнир за македонскиот тим, ...
Манчестер Сити потпиша нов договор со производителот на спортска опрема Puma во вредност од неверојатни 1.18 милијарди евра. Со овој договор, соработката продолжува барем до 2035 година, а годишната вредност на договорот се зголемува на 118 милиони евра, што е значително зголемување во однос на досегашните 77 милиони евра годишно. Според „Гардијан“, ова е рекорден договор за еден клуб од Премиер лигата, највисокиот ранг на англискиот фудбал, ...
Вниманието со кое го слушаат предавањето за македонската култура, историја и географија, љубопитноста при поставувањето прашања и ентузијазмот кога зборуваат за Македонија, ги покажуваат искрената посветеност и желба на студентите што го изучуваат македонскиот јазик на Универзитетот за странски студии во Пекинг за осознавање што е можно повеќе за државата илјадници километри оддалечена од нив. Тоа можеше да се забележи на неодамнешното ...
„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС освен што е некрофилска е и пироманска. За среќа, оваа слика исчезна со брзата реакција на Владата и институциите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Прашањето е дали оваа група на луѓе, која палеше низ државата, имаше за цел да создаде хаос низ Скопје и Македонија? Прашањето е сосема легитимно, бидејќи на местата на пожарите беа најдени ...
Сите понуди се доверливи и така ќе ги третираме додека не се избере најповолната и додека не се декласифицира за да можеме да ја соопштиме во јавноста. Граѓаните да бидат мирни и спокојни, сигурно нема да класифицираме и склучуваме договори како во минатото кога се носеа на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаме. Она што ние ќе го прифатиме ќе биде најдобро, јас сум оптимист дека така и ќе биде, ние работиме исклучиво и само во ...
На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска операција во која е сузбиена шестчлена организирана криминална група, која подолг временски период била инволвирана во вршење на кривични дела од областа на криумчарење на мигранти на ...
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска достави кривична пријава против градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и уште неколкумина вработени во општината во која наведува дека во општината наводно се користи фалсификувана деловодна книга во која се воделе барањата за легализации на дивоградби. Според кривичната пријава, граѓаните кои навремено поднесувале барања да ...
Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави во јавноста дека „Германија би можела да развие нуклеарно оружје во рок од неколку месеци, доколку е тоа политички определено“. Со отворањето на оваа тема, Гроси отвори низа прашања поврзани со нуклеарното оружје. За да ја пополни безбедносната празнина, Германија има четири опции… „Волстрит џурнал“ во своето издание пишува дека „главните промени во ...
Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос Алкарас во ситуација кога не реализираше меч топки во финалето на Ролан Гарос, но еден месец подоцна, светскиот рекет број еден докажа дека ги оставил лошите спомени далеку зад себе. Италијанскиот тенисер влезе како благ аутсајдер во своето прво вимблдонско финале, но со прикажаната игра на централниот терен, дефинитивно ги демантираше експертите и покажа дека знае да победува и на трева. ...
Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како шесто пласирана на Балканскиот шампионат за одбојкари. Во последниот меч од првенството што се одржа во Бања Лука, селекцијата на Македонија беше поразена од Црна Гора со 1:3 во сетови. Во привите два сета, двете селекции имаа свои одлични периоди на игра. Така Црна Гора го доби првиот со 17-25, а вториот и припадна на Македонија со 25-20. Во третиот сет се играше израмнето се до ...
Европската комисија денес објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови од штетите предизвикани од руската инвазија. Средствата вклучуваат 1,8 милијарди евра гаранции за кредити и 580 милиони евра грантови од меѓународни и билатерални јавни финансиски институции, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на конференција во Рим за плановите за обнова на Украина. Вкупниот износ од 2,3 ...
Ига Швјонтек мораше да чека 13 месеци за својата прва голема титула по онаа што ја освои на Ролан Гарос минатата година, а начинот на кој дојде до истата дефинитивно ќе послужи и за замолкување на критичарите кои и правеа дополнителен притисок во последно време. По четвртиот трофеј на Френч Опен, Ига влезе во голема резултатска криза и наиде на доста неочекувани и непотребни критики во јавноста, па така минатогодишната најдобра тенисерка во ...