Светските лидери го поздравија мировниот договор меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го „историски чекор кон ставање крај на двегодишната војна во Газа“. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја поздрави објавата за договорот со кој се предвидува прекин на огнот, ослободување на заложниците и овозможување на хуманитарна помош за Газа. – Ги повикувам сите страни ...

Од 12 октомври стапи во сила новиот дигитален Систем за влез и излез (ЕЕС) на граничните премини на надворешните граници на 29 земји членки на Шегнен зоната. Новите правила ќе се имплементираат постепно, а процесот, како што претходно беше најавено, целосно треба да заврши до април наредната година. Со стапувањето во сила на новиот Систем за влез и излез, земјите членки на Шенген зоната ќе започнат со електронско регистирање на податоците на ...

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, е осуден на пет години затвор за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“. Боки 13, кој сега е актуелен со свој поткаст, не дојде да ја слушне пресудата. За делото измама е осуден на три години затвор, за перење пари е осуден исто на три години, односно единечната казна е пет години затвор. Обвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и ...

Директор на основно училиште преку мобилна апликација им вршел притисок на вработени да присуствуваат на партиски настани и им се заканувал на тие кои биле со договор на дело дека нема да им ги продолжи договорите доколку не присуствуваат на партиските настани. Овој случај го обелодени Државната комисија за спречување на корупцијата, но не кажа ниту за кое училиште, ниту за која партија станува збор. ДКСК пријавата веќе ја доставило до ...

Иако во Македонија има 28 неработни денови во текот на годината поради државни и верски празници, не се размислува за укинување на бројот на празници што се неработни. Како Влада Ве информираме дека државните празници остануваат непроменети, истите се дел од годишниот календар на неработни денови согласно Законот за празниците на Република Македонија. Календарот го објавува Министерството за социјална политика, демографија и млади, велат од ...

Македонскиот анимиран филм “Златната пеперутка“ со препознатливите Биби и Боби на MIA Mercato Internazionale Audiovisivo (Меѓународен Аудиовизуелен Пазар) 2025 во Рим, Италија, еден од најзначајните европски фестивали за филм и ТВ индустрија, ја освои наградата MIA Development Award for Outstanding Animation Project. Филмот е во режија на Гоце Цветановски и е копродукција меѓу Македонија, Аргентина, Бразил, Колумбија и Шпанија, зад која ...

Зголемен број на случаи на врсничкото насилство во Охрид. Последниот, во кој тројца малолетници му нанесоа телесни повреди на соученик во близина на училиштето го вклучи алармот. Психолозите велат, булингот се јавува во сите форми, психолошко, физичко, и сајбер насилство. Причините се намалената емпатија и ниската емоционалната интелигенција кај децата и адолесцентите. „Најжално е што младите како модел веќе го прифатија по лесниот начин. Да ...

Владејачката партија „Браќа на Италија“ во Италија денес поднесе закон со кој ќе се забранат бурката и никабот на јавни места, што е дел од пошироката борба против она што тие го нарекуваат „културен сепаратизам“ на исламот. Мерката, која во парламентот ја предложија пратениците од партијата на премиерката Џорџа Мелони, ќе забрани носење облека што го покрива лицето на сите јавни места, вклучувајќи ги училиштата, универзитетите, продавниците ...

На социјалните мрежи беше објавена снимка на која наводно се гледа како проф. д-р Игор Кузмановски, директорот на Клиниката за неврологија, зборува за купување кокаин додека изгледа како да подготвува „линии“ за шмркање во домашна атмосфера. Само два часа откако се појави снимката, Министерството за здравство информираше дека министерот Азир Алиу донел решение за разрешување на Кузмановски од позицијата директор на ЈЗУ Универзитетска клиника ...

Комисијата за односи со верските заедници повторно предлага воведување на задолжителна веронаука во државните училишта – овој пат од прво одделение до крај на средното образование, јавува телевизијата „24“. Предлогот, кој веќе е доставен до Министерството за образование и Владата, е поддржан од сите пет уставно признаени верски заедници во земјата, како и од Асоцијацијата на вероучители. Според директорката на Комисијата, Оливера Трајковска, ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање по написи во британските медиуми го повика министерот за надворешни работи Тимчо Муцински да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија. „Го прочитав текстот, го видов во медиумите. тука многу сериозно владата треба да излезе и да каже разговараат или преговараат за таква работа. Со оглед на шпекулациите и написите во многу сериозни светски политички ...

Лекарската комора на Македонија со загриженост ги следи информациите поврзани со докторот Игор Кузмановски и укажува дека докторската професија има специфична дименизија која налага високо етичко и морално однесување. Ова е ставот што Лекарската комора денеска го сподели со медиумите, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа како Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со ...

Стојче Ѓоргиев од Грдовци, кочанско, кој деновиве беше претепан до смрт од боксер во Словенија, кобната ноќ наводно бил удрен повеќе од десет пати во главата, а го пронашол таксист во раните утрински часови, јавуваат словенечките медиуми. Според медиумите, 20-годишниот боксер е од Љубљана, пишува „24ur.com“. Тој наводно се јавил во полиција и рекол дека нокаутирал некого во центарот на главниот град. 28-годишниот Георгиев работел како ...

Барселона и Реал Мадрид ќе го одложат продолжувањето на договорите со Евролигата, објавува „Мундо Депортиво“. Како што објави овој шпански весник, Барселона и Реал Мадрид сакаат да ја задржат слободата да одлучуваат за евентуално преселување во новата европска лига, која НБА планира да ја лансира во 2027 година, поради што сè уште го одложија на потпишувањето на продолжување на договорот со Евролигата. За време на состанокот на 13-те ...

Репрезентацијата на Македонија дојде до херојски бод и реми од 0:0 против репрезентацијата на Белгија. Нашите фудбалери одиграа без грешка во овој многу значаен дуел. Во првото полувреме натпреварот се движеше во тек за Белгија, но нашата репрезентација одолеа на секој налет. По цврсти 45 минути на полувреме се замина со резултат 0:0. Во второто полувреме се одвиваше по „иста песна”, но тоа не ги спречи нашите фудбалери да одиграат без грешка ...

Новак Ѓоковиќ повторно ја презеде контролата во Шангај и продолжи да руши рекорди, станувајќи најстариот тенисер кој се пласирал во полуфинале на Мастерс турнир. По неколку бурни денови исполнети со жештина, замор и медицински тајм-аути, српскиот шампион конечно одигра меч без драма, но со доволно тениска магија да потсети дека и на 38 години, тој сè уште го диктира темпото. Во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, Ѓоковиќ го совлада ...

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години одигра нерешено. На првиот пријателски натпревар против соодветнат селекција а Црна Гора одигран на стадионот во Тузи немаше голови. Македонските фудбалери предводени од селекторот Ерхан Селими подобро го отворија натпреварот и беше подобар противник се до 30-та минута, кога Бајрами доби црвен картон. Во продолжение на натпреварот, фудбалерите на Црна Гора ја презедоја ...

Уште 137 активисти од Глобалната флотила „Сумуд“ кои се обидоа да ја пробијат израелската поморска блокада на Појасот Газа се депортирани во Турција, објави денеска израелското Министерство за надворешни работи. Според извештаите, меѓу депортираните активисти има државјани на САД, Италија, Обединетото Кралство, Јордан, Кувајт, Либија, Алжир, Мавританија, Малезија, Бахреин, Мароко, Швајцарија, Тунис и Турција. Израелското МНР преку соопштение ...

Со впечатлива манифестација во која учествуваа околу 1.200 ученици од основните и средните училишта, Прилеп го започна одбележувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание. Учениците напладне го формираа македонското знаме, продолжувајќи ја традицијата започната во 2010 година. Оваа манифестација го најави почетокот на чествувањата по повод 84-годишнината од востанието, кои ќе продолжат со културни настани, свечени обраќања и ...

Сопственикот на „Марковски компани“, бизнисменот Борче Марковски, сепак ќе оди во ефективен притвор, откако Кривичниот совет во Основниот суд во Битола ја прифати жалбата на Обвинителството, откако судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на бизнисменот. ОЈО соопшти дека се прифатени аргументите за можно бегство на Марковски, кој е осомничен за местење тендер во РЕК Битола вреден околу 1.6 милиони евра. „Предлогот на Основното ...

Станува збор за возачот на министерот за здравство Азир Алиу, кој изјави дека возачот ќе сноси одговорност, но не потврди дали и самиот бил во возилото во моментот на инцидентот. Во СВР Скопје полициски службеници утрово извршиле службен разговор со Б.Б., откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како лице управува службено возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки бесно вози по „Партизанска“, користејќи флешери. Од ...

Денеска во Клубот на пратеници во Скопје се одржа неформален настан во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи ги обедини верските лидери, младите и академската заедница во духот на дијалог, пријателство и доверба. На средбата, на заедничка маса седнаа Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, Скопскиот бискуп и Епарх Струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов, Реис ул Улема ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги посети партнерите на ЕУ од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда попладне ќе престојува во Скопје, соопшти денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. Пињо информира дека за време на престојот во Скопје, Фон дер Лајен ќе има одвоени средби со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во рамки на 142- седница донесе одлука за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори закажани за 19 октомври. За Здружението на граѓани Цивил – Центар за слобода Скопје беа одобрени 51 набљудувачи, за Европскиот парламент дополнителни 12, за Здружението на граѓани за зајакнување на демократските врендости Триси консталтикс-Скопје – 36, за Државната ...

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер претрпеа пораз на вечерашниот дуел од 4.коло од Лигата на шампионите. На гостувањето во Плоцк битолчани загубија со 36:25. Македонскиот првак равноправен беше во првата половина на првиот и последното водство го имаше со 9:8. На полувреме Висла водеше со 18:14. Во вториот дел домашната екипа го зголемуваше водството кое во финишот беше и двоцифрено. Ова за Еурофарм Пелистер беше трет пораз ...

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој ја надминал границата од една милијарда евра во лична заработка, објави „Блумберг“. Четириесетгодишниот Роналдо ја постигна оваа неверојатна бројка со последното продолжување на договорот со саудискиот клуб Ал Наср, во вредност од приближно 360 милиони евра. Според проценката на Блумберг, неговото богатство сега изнесува приближно 1,2 милијарди евра. Блумберг ...

Пропалестинските демонстранти во повеќе градови во Европа вчера го блокираа сообраќајот и вандализираа продавници и ресторани, откако израелските сили ја пресретнаа флотилата со хуманитарна помош што се упати кон Газа. Израел се соочи со меѓународна осуда откако вооружени израелски војници се качија на околу 40 бродови што се обидуваа да ја пробијат поморската блокада за да достават помош до палестинската енклава, апсејќи повеќе од 400 ...

Медицинските сестри во Македонија бараат да имаат лиценци кои што ќе им ги издава тело што ќе го формирааат – Комора на медицински сестри. Тие бараат да биде воспоставена вертикала на нивното образование како што има во сите европски држави. Сите нивни нерегулирани потреби на професијата што ја работат секојдневно во македонските болници ги срочиле во Закон за медицински сестри и акушерки и му го пратиле на министерот Азир Алиу. Што содржи ...

Полицијата ги идентификувала лицата кои вчера го оставија сомнителниот куфер пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на плоштадот „ВМРО“. Според информациите, се работи за швајцарскиот државјанин Рафаел С. (1987) и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (1985), кои во Македонија пристигнале на 1 октомври со лет од Цирих. Се појави и видеоснимка од надзорните камери, на кое се гледаат странците како го оставаат куферот и заминуваат. Според видеонадзорот, ...

На армискиот полигон „Криволак“, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски заедно со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој присуствуваа на артилериско гаѓање со новите артилериски системи „боран“, набавени во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На „Криволак“ беше презентирана и новата униформа за припадниците на Армијата, набавена во рамки ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 4ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
62%
1027
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.82
84%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
90%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
0.89
74%
1024
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
81%
1027
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
0.45
70%
1026
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1024
Currency

61.645

Currency

52.7403

Currency

70.7103

Currency

37.3969

Currency

38.5558

Currency

67.61

Currency

7.66296

Currency

0.68067

Currency

0.3349

Currency

0.52515

Currency

1.19974

Currency

0.57587

Сребро

3043.39

Калај

57.67

Злато

173443.31

Иридиум

212342.22

Родиум

384201.42

Цинк

3.33

Кобалт

64.04

Паладиум

57164.03

Рутениум

45750.51

Платина

75811.46

Алуминиум

3.15

Бакар

12.14