Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини поранешниот министер за здравство Венко Филипче дека не постапувал навремено во случаи кога, како што тврди партијата, институциите доставувале податоци за неисправна вода за пиење во повеќе општини. Од владејачката партија побараа Филипче да престане, како што наведуваат, да „глуми загриженост за јавното здравје“, тврдејќи дека тој во периодот кога бил министер располагал со информации за неисправна вода, но не ...
Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот ...
Соединетите Американски Држави би можеле уште овој викенд да започнат нови воени напади врз Иран, објави CNN, повикувајќи се на двајца американски функционери запознаени со плановите. Иако конечната одлука сè уште не е донесена, а деталите за обемот на операцијата и целите не се целосно дефинирани, официјалните лица посочуваат дека подготовките се во тек и дека плановите можат да бидат изменети или откажани во последен момент. Американскиот ...
Танкер што пловел во Ормутскиот теснец бил погоден од „непознат проектил“, соопшти британската Агенција за поморски трговски операции (UKMTO). Во нападот е оштетен моторот на бродот, но нема повредени членови на екипажот, ниту е регистрирана еколошка штета. Според информациите на UKMTO, инцидентот се случил на околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Ормутскиот теснец е еден од најважните светски поморски коридори, а Иран ...
Македонската православна црква утре го одбележува празникот Свети пророк Илија – Илинден, еден од најзначајните денови во православниот календар. За Македонците, Илинден има двојно значење – се празнува како голем христијански празник, но и како Ден на Републиката, поврзан со Илинденското востание и Крушевската Република. Според црковното предание, Свети Илија живеел околу девет века пред раѓањето на Исус Христос. Потекнувал од градот ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, Македонија ја очекува период на сончево и екстремно топло време, кој ќе трае во текот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека топлотниот бран ќе продолжи во текот на целата прва декада од август. Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар ќе присуствува на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на правниот статус на нивните ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание ...
Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 степени го погоди подрачјето на Неапол вечерва, предизвикувајќи паника кај жителите, прекини на електричната енергија и материјална штета во неколку градови западно од италијанската престолнина. Епицентарот беше во Флегриските полиња, во близина на Солфатара, на длабочина од околу три километри, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Земјотресот беше регистриран во ...
Повеќе од четвртина од населението во Европската Унија постаро од 16 години, односно 27,5 проценти, во 2025 година не можело да си дозволи најмалку една недела годишен одмор надвор од домот, покажуваат податоците на Евростат. Уделот на граѓаните без финансиска можност за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година. Сепак, во однос на 2015 година е намален за 7,7 процентни поени. Најтешка е состојбата во ...
Средствата во ставката за реализирање на капитални проекти се повисоки за 14,5%, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ1. Пратеникот Стојаноски ...
Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од пожари на отворено и шумски пожари. Одлуката стапува во сила утре и ќе важи 30 дена, а Главниот штаб при Центарот за управување со кризи ќе биде во постојано заседавање. Во рок од 24 часа штабот треба да подготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси и план за ...
Италијанската влада привремено го суспендира режимот на слободно движење во рамките на Шенген за воздушните и поморските врски со Шпанија и повторно воведе гранични контроли. Мерката е донесена по масовното пристигнување мигранти во шпанската енклава Сеута, а Италија дополнително ќе ги зајакне и контролите на копнената граница со Франција. „Ова е вонредна мерка, донесена со цел да се заштити националната безбедност и да се спречат можните ...
Двајца полицајци од Струга се суспендирани и против нив е поведена постапка поради сомнение дека во полициска станица употребиле прекумерна физичка сила врз уапено лице кое имало лисици на рацете, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Т.М., полицаец во Полициската станица Струга, и И.Ш., главен полицаец за вршење увид на сообраќајни незгоди во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Струга. Според МВР, на 14 ...
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни се намалила на 4,67 проценти, што е за 0,36 процентни поени помалку во споредба со истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. На месечно ниво каматата на сите кредити се намалила за 0,02 процентни поени. Ист пад е забележан и кај новоодобрените кредити, кај кои просечната каматна стапка изнесувала 4,38 проценти. Кај депозитите, просечната каматна ...
Продолжениот празничен викенд голем број граѓани одлучија да го поминат во Охрид, но и во земјите од соседството. Зголемена фреквенција на возила се забележува на патиштата низ Македонија. Поголем број возила на граничните премини „Богородица“, „Табановце“, „Блаце“ , но и на наплатните рампи кон Охрид, особено на патарината кај Гостивар. Продолжениот празничен викенд голем број граѓани одлучија да го поминат во Охрид, но и во земјите од ...
Триесет и седумгодишен велешанец вчера во 12:30 часот во СВР Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга Н.Т. од Скопје постојано го следела, воспоставувала несакана комуникација со него и преземала дејствија со кои го вознемирувала. За случајот бил известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за негово расчистување. Триесет и седумгодишен велешанец вчера во 12:30 часот во СВР Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга Н.Т. ...
СВР Струмица доставило известување до надлежното јавно обвинителство против 17-годишен малолетник од Радовиш, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, на 30 јуни 2026 година, во струмичкиот регион, осомничениот извршил полови дејствија врз 13-годишно девојче. За случајот е известено надлежното обвинителство, кое ќе ја води ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој е во официјална посета на Македонија. -Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, ...
Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) препорачува навремена подготовка и почитување на следните мерки за заштита на здравјето при патување. Пред да заминете: Информирајте се за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Охрид, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, бил домаќин на српскиот премиер Ѓуро Мацут и на висока делегација од Владата на Србија. Николоски посочи дека пријателството меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, а соработката меѓу двете држави во сите сектори ја оцени како исклучително добра. „Заедно работиме на повеќе проекти кои ќе ја зајакнат економијата, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници од повеќе држави во светот. Школата ќе трае од 31 јули до 6 август и има цел младите генерации од дијаспората подобро да го научат македонскиот јазик и да се запознаат со културата, историјата и традицијата на Македонија. Преку програмата, учесниците треба дополнително да ја зацврстат ...
Законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ е повлечен од Собранието на инсистирање на премиерот Христијан Мицкоски и ќе биде ставен на јавна расправа. Тој рече дека одлуката е донесена за да не остане никаков сомнеж во транспарентноста на процесот, иако тоа ќе предизвика дополнително доцнење во подготовките. Мицкоски посочи дека проектот бил започнат пред десет години, но дека досега не биле преземени потребните активности. ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги оцени како неприфатливи сцените од Сеута, каде што во последните 24 часа околу 49.000 мигранти од Мароко влегле по копно и море во шпанската енклава. Според шпанските медиуми, до денеска напладне околу 25.000 од нив веќе се вратиле во Мароко, додека најмалку 34 лица загинале обидувајќи се да стигнат до Сеута. „Не можеме да дозволиме никому да дојде во нашата Унија без да ги ...
Дирекцијата за заштита и спасување денеска ги претстави специјалните противпожарни возила направени со пренамена на воени транспортери, кои можат да се движат по тежок и стрмен терен, да совладуваат пречки и брзо да интервенираат при пожари и други вонредни ситуации. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истовремено ги повика граѓаните на максимална претпазливост поради најавениот топлотен бран и многу високиот ризик од избувнување пожари. На ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави истрага за постапката во која на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски му беше вратен пасошот и обвини дека јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола извршил „груба манипулација“. Тој не го откри името на обвинителот, ниту наведе која институција ќе ја спроведе најавената истрага. „Тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во ...
Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од ...
Нов стан од 50 квадратни метри во скопски Центар е продаден за 168.000 евра, односно по 3.360 евра за квадрат, што е највисоката регистрирана цена за стан од инвеститор во вториот квартал од годинава. Кај старите станови, највисоката цена е постигната во Охрид, каде за стан од 66 квадратни метри биле платени 211.200 евра, односно 3.200 евра за квадрат. Од 1 април до 30 јуни во Регистарот на цени и закупнини биле евидентирани 8.369 ...
Белата отпадна пена забележана на 24 јули во Вардар, кај вливот на Лепенец, не предизвикала надминување на граничните вредности за испуштање во површински води, покажал прелиминарниот извештај од анализата на земените мостри. Конечните резултати од дополнителното лабораториско испитување се очекуваат на 4 август. Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека, по регистрирањето на белата пена, во координација со надлежните институции ...
По посетата на клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, каде изврши увид на реконструираните одделенија и на набавената нова медицинска опрема, премиерот Христијан Мицкоски беше прашан и дали летово ќе одмара и каде ќе го искористи годишниот одмор. Тој откри дека нема да има класичен одмор. Тоа ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам недела дена во Белгија, четири дена во Бриж, четири дена во Брисел, откри Мицкоски. ...