Пожарникарите и денес продолжуваат со интензивната борба против големите шумски пожари што беснеат во повеќе делови на Грција. Силниот ветер постојано создава нови жаришта и значително ги отежнува напорите за локализирање на огнената стихија, додека властите предупредуваат дека ризикот од нови пожари останува исклучително висок. Најтешка е состојбата во областа Агиа Параскеви во Ретимно, на островот Крит. Противпожарните екипи цела ноќ ...

Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со ...

За време на претстојниот празничен викенд се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот, особено на патните правци кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, Крушево и Пелинце, како и кон излетничките места и граничните премини. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата посочуваат дека во услови на зголемен интензитет на сообраќајот, внимателното и одговорно учество во сообраќајот е ...

Македонија и во следните денови ќе остане под влијание на топлотен бран, со стабилно, сончево и многу топло време. Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, а во најтоплите делови од земјава се очекува да достигнат до 42 степени Целзиусови. Според метеоролозите, времето ќе биде претежно ведро со слаб до умерен ветер, а дневните температури ќе се движат во интервал од околу 35 до 42 степени. Највисоки ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, Министерството за здравство располагало со информации за приближно 400 анализи на неисправна вода за пиење, но, како што тврдат од партијата, јавноста не била навремено информирана. Според соопштението, станува збор за анализи во кои биле утврдени различни неправилности во квалитетот на водата, при што, како што наведуваат, институциите не презеле ...

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Ова го објави претседателката на УЖ, Марија Митева која истакна дека ова е нова енергија и силен кадровски потенцијал, нагласувајќи дека силно верува во овие жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство! -Елена Ивановска е избрана за Генерален Секретар на Унијата на жени! Ивановска е долгогодишен член на партијата со богато професионално ...

Белото троделно одело што Џон Траволта го носеше во култниот филм „Треска во сабота навечер“ ќе биде понудено на продажба на аукција во август годинава. Организаторите очекуваат костимот да достигне цена меѓу 200.000 и 400.000 долари. Оделото го носеше Траволта во улогата на Тони Манеро, ликот кој стана еден од најпрепознатливите во историјата на филмот. Костимот се појавува во легендарните танцови сцени со музиката на групата Bee Gees, кога ...

Комбинирањето алкохол со одредени лекови може да доведе до сериозни здравствени последици, предупредуваат лекарите. Тие посочуваат дека алкохолот влијае врз начинот на кој организмот ги апсорбира и разградува лековите, а ризикот зависи од видот на терапијата, возраста, здравствената состојба и количината на испиен алкохол. Експертите советуваат алкохол да не се консумира заедно со лекови против болка, како што се парацетамол, ибупрофен и ...

Земјите членки на Европската Унија договорија построги правила за украинските државјани на воена возраст кои пристигнуваат во Унијата, со цел да се ограничи користењето на механизмот за привремена заштита од страна на лица кои избегнуваат воена обврска. Одлуката е донесена на барање на официјален Киев, а според новиот договор, украинските мажи на возраст од 23 до 60 години ќе можат да добијат привремена заштита во ЕУ само доколку имаат ...

Обвинителството во Белград побара Апелацискиот суд да ги зголеми казните за родителите на момчето кое во 2023 година го изврши масовното пукање во Основното училиште „Владислав Рибникар“, при што беа убиени 10 лица. Обвинителите сметаат дека првостепените пресуди не се соодветни и дека не ја исполнуваат целта на казнувањето. Во 2024 година, Вишиот суд во Белград го осуди таткото на момчето, Владимир Кецмановиќ, на 14 години и шест месеци ...

Министерството за демографија и имиграција на Хрватска започнува пилот-програма за финансиска поддршка на семејства со четири или повеќе деца, со која ќе се кофинансира купување возила со седум или повеќе седишта. Програмата ќе се реализира во соработка со Фондацијата „Хрватска за деца“, а за нејзино спроведување се обезбедени до 2,2 милиони евра. Министерот за демографија и имиграција Иван Шипиќ оцени дека поддршката за родителството мора ...

Четири плажи во Црна Гора беа затворени, а на нив беа поставени црвени знамиња како предупредување за капачите, откако анализите покажаа загадување на морската вода по излевање фекалии, објави „Вјести“. Според резултатите од испитувањата, морската вода на плажите Жукотрлица 02 и Жукотрлица 03 во Бар, како и на Словенска плажа 01 и Пржно во Будва, првично била оценета како небезбедна за капење. Минатата недела посетители забележале излевање ...

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски не е во бегство, туку престојува во Србија поради работни состаноци и во сабота околу пладне ќе се врати во Македонија, тврди неговиот адвокат Марјан Николоски. И Јавното обвинителство соопшти дека во моментов не може да се смета оти Марковски е во бегство, бидејќи тој сè уште има обврска да се јавува пред судот. Сопственикот на „Марковски компани“, обвинет за злоупотреби при јавна набавка за РЕК ...

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез наводно наскоро ќе стапат во брак. Според пишувањата на светските медиуми, свадбената церемонија би требало да се одржи во сабота, 1 август, во луксузниот имот Квинта да Регалерија во Синтра, Португалија. За венчавката на Роналдо и Георгина долго време се шпекулира, особено откако двојката, која е во врска од 2016 година, се сврши во август ...

Општина Кисела Вода вечерва од 22 до 24 часот ќе спроведе прскање против комарци на целата своја територија, поради што ги повика граѓаните во тој период да ги држат затворени прозорците и вратите во домовите. Акцијата ќе се изведува во вечерните часови, а од локалната самоуправа наведуваат дека затворањето на прозорците и вратите е потребно за прскањето да се спроведе безбедно и ефикасно. Во соопштението не е објаснето зошто е избран ...

Девет лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу две возила што утрово се случила на експресниот пат Градско–Прилеп, во близина на Градско. Двајца од повредените, маж и жена кои се превезувале во истото возило, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во болници во Скопје, додека четири момчиња од Битола попладнево биле пуштени на домашно лекување. На местото на несреќата први пристигнале две екипи на велешката Служба за итна ...

На територијата на Македонија до 19 часот денеска биле регистрирани вкупно десет пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Еден од активните пожари е на територијата на Општина Желино, во регионот на селото Горна Лешница, каде што горат сува трева и мешана шума. Вториот е во Општина Валандово, кај селото Удово покрај реката Вардар, каде што е зафатена ниска ...

Повеќе од 1.100 научници, инженери и експерти од областа на вештачката интелигенција побараа воведување глобални правила за побезбедно управување со развојот на AI технологиите. Во отворено писмо, потписниците предупредуваат дека забрзаниот напредок во оваа област може да создаде ризици доколку не се воспостават јасни меѓународни стандарди. Меѓу оние што го поддржале повикот има вработени и соработници од водечки компании за вештачка ...

Преживеал железничка несреќа, пад од авион, автобус што завршил во река, два пожари во автомобил и уште неколку драматични ситуации, а потоа освоил милиони на лото. Но, дел од неговата приказна никогаш не бил целосно потврден. Роден е во Дубровник, живеел во Петриња. По професија бил професор по музика, се женел неколку пати. На прв поглед, Франо Селак не се издвојувал по ништо посебно. Сепак, неговата животна приказна е толку неверојатна ...

Американскиот милијардер Илон Маск предупреди дека Соединетите Американски Држави се соочуваат со ризик од финансиски колапс доколку не го забрзаат развојот и примената на вештачката интелигенција и роботиката. Според него, токму овие технологии би можеле да бидат клучни за справување со растечкиот јавен долг и идните економски предизвици. Маск, чие богатство според „Форбс“ се проценува на околу 744 милијарди долари, во разговор за подкастот ...

Во раните утрински часови денеска на подрачјето на Скопје била спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Активностите ќе продолжат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и елаборатот подготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје. Во изминатите месеци биле реализирани повеќе авионски и теренски третмани за сузбивање на ларвите и возрасните ...

Економијата на еврозоната во вториот квартал од 2026 година пораснала за 0,4 проценти во однос на претходните три месеци, над очекувањата на аналитичарите. На годишно ниво растот забрзал на еден процент, двојно повеќе од прогнозираните 0,5 проценти, поттикнат од инвестициите во инфраструктура за вештачка интелигенција, зголемената државна потрошувачка и поотпорната домашна побарувачка. Најголем придонес кон растот имале инвестициите, особено ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски му одговори на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој обвини дека Македонија изгубила 60,77 милиони евра од ИПА-фондовите на Европската Унија за железничката делница од Коридорот 8 кон Бугарија. Николоски тврди дека Владата наследила неизводлив тендер за пруга што завршувала во недовршен тунел, поради што постапката била прекината, а со ЕУ и Бугарија било ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град„ на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на „Безбеден град“, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и ...

Крушево е подготвено за одбележувањето на 123-годишнината од Илинденското востание и создавањето на Крушевската Република. Со низа културни, историски и забавни содржини, од 1 до 10 август ќе се одржи традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, која од минатата година има статус на национална установа. Првиот настан во рамки на манифестацијата ќе биде свечениот пречек на Илинденските коњаници, кој ќе се одржи утре вечер од ...

Голем број мигранти денеска влегоа во шпанската северноафриканска енклава Сеута, откако од мароканската страна ја преминаа границата по морски пат. Според шпанската Цивилна гарда, тие масовно пристигнувале преку граничниот премин Тарахал, при што полицијата на бранобранот не успеала да го запре нивниот влез. Портпаролот на Цивилната гарда изјави дека мигрантите „масовно влегуваат од морето“ преку бранобранот кај граничниот премин Тарахал, но ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја обвини Приштина дека се обидува да ја фалсификува историјата и дека преку, како што наведе, притисоци врз Србите и уривање на викендички на граѓани лојални на Србија, настојува со сила да ги наметне своите правила на Косово. Тој оцени дека најавените ограничувања за туристичките тури до српските манастири претставуваат удар врз српскиот идентитет. Одговарајќи на новинарско прашање за најавата ...

Вкупно 51 лице беше евакуирано по морски пат од плажата Превели, во јужниот дел на Крит, поради големиот пожар што избувна вчера и сè уште не е ставен под целосна контрола. Евакуацијата била извршена со патролен брод на крајбрежната служба на Грција и два приватни чамци. Од крајбрежната служба објавија видео од акцијата за спасување, која се одвивала во тешки временски услови поради силните северни ветрови со јачина од осум Бофори. Спасените ...

Седницата на Собранието за пратенички прашања денеска двапати беше прекината откако пратеничката Илире Даути од Албанска лига одби да ја напушти говорницата, а потоа повторно побара збор за процедурална забелешка, иако претходно добила одговор од премиерот Христијан Мицкоски за предлог-законот за правична застапеност. Претседателот на Собранието Африм Гаши најпрво даде половина час пауза, а по продолжението потпретседателката Весна Бендевска ...

Четириесетгодишен земјоделец од Индонезија загинал откако бил нападнат од џиновски питон долг околу седум метри. Неговото тело било пронајдено во стомакот на змијата, потврдила полицијата во индонезиската покраина Северен Малуку. Жртвата, Хасим Лембеси, жител на селото Ваисакаи на островите Сула, исчезнал во понеделникот вечерта додека се враќал дома од соседно село. Откако не се вратил, неговите роднини и мештаните организирале потрага. По ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Калај

46.54

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32