Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат голема додадена вредност за да можеме да го јакнеме и бруто домашниот производ, но и економијата во државата. Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5 проценти на реален БДП во услови кога Европа расте под 1 процент да продолжи во периодот кој следи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница. -Со консолидирење на европскиот пазар, кој е нашиот најголем трговски ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на убиеното 18 годишно момче од скопско Бојане. Како што информираат од ОЈО Скопје дадени се и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото. -Постои основано сомнение дека кривичното дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото ...

Посетителите на скопскиот трговски центар „East Gate Mall“ денеска биле повикани мирно и без паника да го напуштат објектот, поради евакуација што била спроведена во трговскиот центар. Од МВР за Курир информираат дека причината за евакуцијата НЕ Е дојава за бомба. -Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар, велат од Министерството. Во моментов нема официјални информации за причините за ...

Оддадена почит на припадниците кои ги загубија животите во служба на државата Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во седиштето на Единицата за брзо распоредување во Скопје оддаде почит на загинатите припадници на единицата, кои ги загубија животите извршувајќи службени задачи. Во присуство на нивните семејства, претставници на полицијата, синдикатите и институциите, пред споменикот подигнат во нивна чест беше ...

Пошта на Северна Македонија соопшти дека платите за април ќе бидат исплатени најдоцна до утре, а доцнењето го објаснува со административни и оперативни причини. Следува целото соопштение на Пошта на Северна Македонија: „Ве известуваме дека платите за месец април 2026 година за сите вработени во Пошта на Северна Македонија ќе бидат исплатени најдоцна во текот на утрешниот ден, 18.05.2026 година. Еднодневното доцнење во реализацијата на ...

Откупот е зголемен за околу 9 милиони килограми Над 60 милиони килограми пролетна зелка се откупени од почетокот на годината, што е значително повеќе во споредба со истиот период лани, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тој посочи дека пролетната зелка е првата култура што влегува во процесот на откуп и пласман, а најголемо производство има во струмичкиот регион. „Прва пролетна култура која ...

Компанијата барала субвенции од 25 евра по седиште Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека условите што ги побарал нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ за влез на македонскиот пазар се неприфатливи и невозможни за реализација. Според него, компанијата побарала субвенција од 25 евра по седиште, што е значително повеќе од субвенциите што државата во моментов ги обезбедува за авиокомпаниите. „Не мислам дека е добро решение ...

Владата ги продолжи намалениот ДДВ и акцизите до 1 јуни Продолжувањето на мерките за намалување на ДДВ-то и акцизите за горивата ќе обезбеди Македонија и понатаму да има најниски цени на бензините и дизелот во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. „Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како ...

Следната недела ќе се распише јавен повик за физибилити студија Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за нов инфраструктурен проект, експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој според него со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка. Тој посочи дека следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити студија и предпроектно решение, со што практично започнуваат формалните активности за ...

Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам на градоначалникот за исклучително мотивираната и успешна работа. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата овде во Виница којашто исто така ја подржуваат работата на градоначалникот бидејќи без тоа не би можело да се реализираат проекти. Исто така би сакал да се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт и на ...

Владата најавува построга регулација и ограничување на рекламирањето Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот закон за игрите на среќа има за цел да воведе ред и дисциплина во оваа дејност, нагласувајќи дека државата не треба да наликува на Лас Вегас. Тој посочи дека досегашната состојба создавала впечаток на преголема присутност на казина и објекти поврзани со коцкање. „Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас ...

Владата останува силен партнер на општините. Во Виница инвестираме во бројни инфраструктурни проекти во патишта и улици, водоводни системи и други проекти за да го подобриме животот на граѓаните, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Виница. Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Виница, Митко Костадинов, извршија увид во инфраструктурни ...

Компанијата отвора можност за влез во одбранбениот сектор Германскиот автомобилски гигант „Мерцедес“ разгледува опција за вклучување во производство на оружје, потврди извршниот директор Ола Керлениус. Тој истакна дека глобалната безбедносна ситуација се менува и дека Европа мора да го зајакне својот одбранбен капацитет. Според него, компанијата е подготвена да придонесе во тој процес доколку се создадат услови. Керлениус додаде дека ...

Булеварот „Борис Трајковски“ со засилена динамика на градба Булеварот „Борис Трајковски“ и проектот „Момин поток“ ќе бидат завршени до крајот на годината, ова го најави во своето гостување во поткастот „Наткаст“ на „Курир“ градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој зборуваше за текот на изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, истакнувајќи дека проектот има големо значење за граѓаните. „Булеварот „Борис Трајковски“ има темпо и ...

На денешната прес-конференција, Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ изнесе низа критики на адреса на Венко Филипче. Тој порача дека, како што рече, „не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт“. Манасиевски наведе дека, според него, додека бугарските власти користат израз „северномакедонци“, Филипче не гледа проблем и тврди дека Бугарија не го негира македонскиот идентитет. Тој додаде дека ...

Пријава на 192 открила случај со убиство и пронајдено тело Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска го лишија од слобода 19-годишниот М.Б. од село Бојане, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, соопшти МВР. Случајот започнал откако на телефонската линија 192 се јавил неговиот татко И.Б., кој пријавил дека синот му признал оти на 15.05.2026 во шума во околината на село Сарај со пиштол ...

Тврдат за селективност и пропусти во постапувањето на ОЈО ГОКК Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката, продолжува да функционира и во судско-обвинителскиот систем, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, кои делуваат во рамки на ОЈО ГОКК, наместо да гонат криминал и корупција, правеле обиди да заштитат лица блиски до СДС и ДУИ. Според соопштението, овој обвинителски ...

Делегација од Македонија учествува на еден од најголемите глобални настани за урбанизација Министерот за локална самоуправа Златко Перински од денеска до крајот на неделата престојува во Баку, каде ја предводи македонската делегација на Светскиот урбан форум 13. Настанот е еден од најзначајните глобални собири посветени на иднината на градовите, локалниот развој и одржливите заедници, организиран од UN-Habitat. Според Министерството за ...

Пејачката освои 516 поени и ги доби симпатиите од публиката и жирито Бугарската пејачка Дара е победничка на годинешното издание на Евровизија 2026, кое синоќа се одржа во Виена. Со песната „Бангаранга“, Дара успеа да ја освои публиката и жирито, освојувајќи вкупно 516 поени. По речиси четиричасовна неизвесност и напната завршница, Бугарија ја обезбеди победата пред останатите учесници на натпреварувањето. Израел втор, Австралија на третото ...

Две лица во критична состојба, пренесени во болница со хеликоптер Седум лица се повредени во инцидентот што се случи вчера во италијанскиот град Модена, а двајца од нив се во критична здравствена состојба. Станува збор за 55-годишна жена и 55-годишен маж, кои со хеликоптер се пренесени во болницата „Маџоре“ во Болоња. Инцидентот започнал кога возило со голема брзина удрило во излог на продавница во центарот на градот. Напад со нож по ...

19-годишен маж бил застрелан на тераса од семејна куќа Трагедија се случила синоќа во хрватскиот град Дрниш, каде 19-годишен маж бил убиен со огнено оружје, а осомничениот по нападот избегал. Според информациите од Полициската управа на Шибенско-книнската жупанија, пукањето се случило околу 23:05 часот на тераса од семејна куќа. Досегашните информации покажуваат дека 50-годишниот К.А. пукал кон 19-годишен хрватски државјанин, кој починал на ...

Денес изменет сообраќај кон Водно поради спортско-рекреативниот настан Денеска во Скопје се одржува 14-тото издание на спортско-рекреативниот настан „Прв до врв“, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје. Поради одржувањето на настанот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје воведе посебен режим на сообраќај. Сообраќајот се пренасочува по околните сообраќајници. Во рамки на настанот, ...

Продолжена важноста на мерките за заштита на животниот стандард Граѓаните и во наредниот период ќе точат гориво по пониски цени, откако Владата донесе одлука да ги продолжи мерките за намалени акцизи и ДДВ за бензините. Одлуката била донесена на вчерашната вонредна владина седница, а мерките ќе важат до 1 јуни 2026 година. Информацијата преку објава на Фејсбук ја соопшти министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Таа наведе дека ...

Сончеви периоди, но и услови за повремен дожд Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, со брзина која наместа ќе надминува 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 3 до 13 степени, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. ...

Осум лица беа повредени кога автомобил удрил во пешаци во центарот на италијанскиот град Модена, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека возачот, на возраст од триесет години, е уапсен и не е во нема друга опасност. Местото на настанот брзо беше опколено со полициска лента, додека бројни амбулантни возила пристигнаа за да им помогнат на повредените директно на улицата. Како што објавија локалните медиуми, на жена што беше удрена од ...

Швајцарската федерална разузнавачка служба соопшти дека ќе ги отвори запечатените досиеја за озлогласениот нацистички воен злосторник Јозеф Менгеле, но без наведување на рокот. Тој избегал од Европа по Втората светска војна, но со години постоеле гласини дека некое време престојувал во Швајцарија, иако имало меѓународен налог за негово апсење. Историчарите постојано бараа пристап до досиејата, но швајцарските власти одбиваа. Менгеле бил ...

Министерството за економија и труд објави јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, како и за занаетчии, за што се обезбедени 11,34 милиони денари. Со мерката ќе се кофинансираат 40 проценти од докажаните трошоци за набавка на нови машини и работни алати, но не повеќе од 200.000 денари по барател. „Нашата цел е јасна – да им помогнеме на домашните компании полесно да инвестираат, да го модернизираат ...

38-годишен маж бил нападнат од ајкула околу 10 часот наутро во саботата на островот Ротнест, недалеку од Перт, Австралија. Започната е итна операција за спасување и човекот бил пренесен со брод до пристаништето во заливот Џорди. Голем број спасувачи и служби за итни случаи гледале како полицијата и лекарите се обидуваат да извршат кардиопулмонална реанимација. Сепак, човекот не можел да биде спасен, изјави портпаролот на полицијата. A man ...

МВР информира дека денеска (16.05.2026) околу 16,00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес–Скопје, кај наплатната станица “Отовица”, се запалил автобус со прилепски регистарски ознаки. -Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот интервенирале екипи на ТППЕ. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Велес, велат од Министерството. Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје ...

Едукативниот центар во Музејот на Македонија продолжува со работилници за пензионери- нов простор за дружење низ креативност. Секој вторник од 10:00 часот: • моделирање и боење на глина и глинени садови • играње домино со музејски предмети Бројот на учесници е ограничен на 15 лица, а пријавувањето може да го направите на телефонскиот број 070 226 177 Од Музејот истакнуваат дека овие средби се можност за активно исполнето време низ креативно ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.26
40%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.03
60%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.58
70%
1019
weather icon

Софија

27ᴼ / 24ᴼ
0.29
32%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.28
58%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.43
79%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.92
47%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
0.29
37%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.27
35%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.36
61%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
50%
1018
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 26ᴼ
4.11
83%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Родиум

249168.29

Паладиум

38355.84

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Злато

129060.56

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Платина

50476.67

Сребро

1862.96

Бакар

12.22

Калај

50.54

Алуминиум

3.11