Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планираните напади врз Иран се одложуваат под услов брзо да се постигне договор што би вклучувал целосно отворање на Ормускиот Теснец и крај на иранската нуклеарна закана. Иран, сепак, негира дека е постигнат каков било договор и предупреди дека ќе одговори доколку САД, Израел или држави од регионот учествуваат во напад врз неговата територија. Во објава на „Трут соушл“, Трамп наведе дека ...
Романски пилот и грчки навигатор загинаа при судир на два противпожарни хеликоптера „Бел“ за време на гаснењето на големиот шумски пожар кај Псата, западно од Атина. Другите двајца членови на екипажите биле спасени. Пилотите на двата хеликоптера биле романски државјани, додека навигаторите биле Грци. Според првичните информации, леталата се судриле додека летале на мала височина. По судирот, едниот хеликоптер се урнал, додека другиот успеал ...
СДСМ реагираше на говорот на премиерот Христијан Мицкоски во Пелинце, обвинувајќи го него и ВМРО-ДПМНЕ дека повторно се обидуваат да создадат историски континуитет со АСНОМ, иако, според опозициската партија, таква организациска, идејна и кадровска поврзаност не постои. „ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и ...
Пожар претпладнево избувна во угостителскиот објект „Гиро хаус“ во Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската општина Карпош. Според информациите од Центарот за управување со кризи, се запалила скарата во објектот, а пожарот бил целосно изгаснат. Во интервенцијата учествувале тројца пожарникари од скопската противпожарна бригада со едно противпожарно возило. Пожар претпладнево избувна во угостителскиот објект „Гиро хаус“ во Трговскиот ...
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови е забележан целосен сообраќаен колапс. Според информациите од терен, се формирала редица возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилипи и Жупа Дубровачка. Според официјалните податоци од Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК), објавени од N1 БиХ, чекањето за преминување на границата е повеќе од десет ...
МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина на Граничниот премин Богородица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.З.(57) од Скопје, патничко возило „пасат“ со српски регистарски ознаки, управувано од С.М.(44) од Србија и патничко возило „шкода октавија“, управувано од А.Д.К.(43) од Романија. Во ...
На 01.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:00 часот упатувал закани кон вработени во Итната медицинска помош Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 01.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот. Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени ер -тракторите. – Пожар којшто беше видлив од подалеку и предизвика одредена ...
Делегација на СДСМ предводена од претседателот, д-р Венко Филипче и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, положија свежо цвеќе на споменикот Слива, кој е симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република. Филипче и на ваков голем, најголем ден не смогна сили да ја избегне партизацијата и да ќари или поверојатно изгуби некој ...
Наместо романтизирана и далечна историја, има неколку историски четива кои нè соочуваат со суровиот, но фасцинантен човечки фактор зад македонскиот бунт од 1903 година. Ова е обид тоа да се стори и со улогата на Питу Гули деновите непосредно, за време и по Илинденско востание потпрено директно на фактите и мемоарите собрани во книгата „Питу Гули“ од Кочо Топузоски. Низ призмата на овие автентични сведоштва, Илинденската епопеја и Крушевската ...
Јапонската компанија „Kakinoki Fireworks“, во соработка со универзитетски професор, разви нов вид еколошки огномет со обвивки што се раствораат во вода и природно се разградуваат по употребата. Целта е значително да се намали отпадот што останува по огнометите и завршува на земјата или во водата. Воздушниот огномет се состои од топка со слоеви барут сместени во надворешна обвивка, која при експлозијата се распрскува и паѓа на земја, ...
Тринаесет лица загинаа при уривање на туристички авион во близина на градот Наска во Перу. Меѓу жртвите има државјани на Италија, Германија и Шпанија, како и двајца членови на екипажот. Перуанската претседателка Фуџимори соопшти дека е отворена истрага за причините за несреќата. Според локалните власти во Наска, авионот полетал од блискиот град Ика и превезувал туристи кои биле на панорамски лет за разгледување на познатите геоглифи во ...
Четиригодишно девојче од Берово било пренесено во Итната медицинска помош откако во својот дом испило дел од капсула за перење алишта. За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за негово целосно расчистување. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 1 август 2026 година, во 20:30 часот, во ОВР Берово од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче ...
На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на ...
До крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец и со температура до 39 степени. Најтопло денеска е во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени, натаму во Гевгелија, ...
Американскиот актер Винсент Пасторе, најпознат по улогата на Салваторе „Биг Пуси“ Бонпенсиеро во телевизиската серија „Сопранови“, почина во њујоршкиот кварт Бронкс на 81-годишна возраст. Неговиот менаџер, Роберт Атерман, објави дека пријателите го пронашле телото на Пасторе во неговиот дом во Бронкс, пренесе „Њујорк тајмс“. Пасторе го пронашол неговиот долгогодишен пријател и асистент Стивен Вилано, кој се загрижил откако актерот не ...
Повеќе од 53.000 мигранти, од вкупно околу 60.000 кои влегоа во шпанската енклава Сеута, веќе се вратиле во Мароко, соопштија шпанските власти. Во меѓувреме, бројот на жртви во мигрантската криза продолжува да расте и, според последните информации, достигнал 86 лица, пренесе „Скај њуз“. Дел од мигрантите кои успеале да стигнат до Сеута за британскиот медиум изјавиле дека се соочиле со сериозни проблеми во обидот да обезбедат храна и место за ...
Пожар избувна утрово во угостителски објект сместен во трговскиот центар Лептокарија во скопската населба Карпош. На местото веднаш интервенирале противпожарни екипи, кои започнале со гаснење на огнот. Според сведоштва на граѓани, пламените јазици за кратко време се прошириле во објектот, по што следувала експресна интервенција на пожарникарите. Жителите од околните згради велат дека пожарот брзо се развил, а густ чад ги прекрил зградите ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека иранскиот режим досега немал противник како претседателот Доналд Трамп, кој, според него, е подготвен да преземе конкретни чекори за спречување на Техеран да развие нуклеарно оружје. Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио изјави дека Иран во изминатите две до три децении бил навикнат меѓународната заедница, вклучително и САД, да толерира негови постапки, како измами, прекршување на договори и ...
Пожар избувнал во оџак на угостителски објект во скопската населба Лептокарија. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите била спречена поголема штета. Пламените јазици се појавиле од оџакот на објектот, по што веднаш била повикана Територијалната противпожарна единица. Екипите на пожарната за кратко време пристигнале на местото и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. Во првичната реакција помогнале и вработените во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, нагласи дека поопасно од секоја криза е моментот кога еден народ ќе престане да верува во себе и нагласи дека нивна најголема задача во моментов не е само да управуваат со институциите, туку повторно да изградат доверба, чувство дека оваа држава повторно му припаѓа на народот, дека законите важат ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, во рамки на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставиле темелите на македонската државност. По церемонијата во Пелинце, владината делегација заедно со висока ...
Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја предводи собраниската делегација на одбележување на 2 Август – Денот на Републиката во Крушево, во своето обраќање од Мечкин камен порача дека нашето востание денес не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца и нагласи дека демографијата е нашата нова борба за Македонија. -Крушево – градот што е симбол на борбата за слобода и ...
Никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа, никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ има право на своја историја. Имаме долг кон историската вистина и кон асномската генерација, којашто со крв извојува слобода и македонска република, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање по повод 2 Август – Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје. ...
Локални руски медиуми, објавија дека бомбата била наменета да убие и осакати гости на летната тераса од ресторанот, каде славел роденден генерал Александар Чаико, командант на руските воздухопловни сили. Три лица загинаа, а најмалку 21, според последните информации, се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи. Полицијата соопшти дека ...
Јован Мрваљевиќ од Никшиќ е убиен вчера вечерта во пукотница во селото Капино Поље во Црна Гора. Мрваљевиќ се сметал за висок член на кланот Шкаљар, а полицијата интензивно трага по сторителите, пишува црногорскиот „ Вијести“ . Полициската управа соопшти дека во саботата околу 20 часот во населбата Капино Поље, непознато лице пукало од огнено оружје кон Ј.М. од Никшиќ. Тие потврдија дека починатиот бил член на организирана криминална група и ...
Непалскиот алпинист стекна светска слава стекна во 2019 година со проектот „Project Possible“, кога ги искачи сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри за само 189 дена. Со тоа го урна претходниот рекорд, кој изнесуваше речиси осум години. Неговото достигнување беше овековечено во документарниот филм „14 Peaks: Nothing Is Impossible“ на Нетфликс, кој му донесе светска популарност и надвор од алпинистичките кругови. Светот на ...
Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава. Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, ...
2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја – уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево беше повик за држава во која Албанците, Македонците и сите заедници ќе ја споделуваат одговорноста и заедничката судбина, се наведува во честитката од претседателот на ДУИ, Али Ахмети по повод Денот на Републиката – 2-ри ...
Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги ...