Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Американскиот долар минатата недела забележа значителен пад на светските девизни пазари, откако инвеститорите се соочија со стравувања дека монетарните власти би можеле повторно да интервенираат на девизниот пазар за да ја зајакнат јапонската валута. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на шест главни светски валути, падна за 1,63 проценти и неделата ја заврши на 99,802 поени. Тоа е најголем неделен ...
„Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина“ рече во Крушево претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој порача дека „денес, повеќе од еден век ...
Илинден е повеќе од празник и датум во календарот, туку претставува завет, карактер и симбол на истрајноста на македонскиот народ, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. „Илинден не е само датум, туку завет, карактер и најсилен доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани и ...
Битката кај Слива – симбол на храброст и саможртва. На ова свето место со длабока почит им оддаваме признание на храбрите илинденци кои во Битката кај Слива го дадоа својот живот за идеалот за слобода, напиша вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Нивната непоколеблива решителност, пожртвуваност и љубов кон татковината остануваат врежани во нашата колективна меморија како пример за достоинство, чест и херојство. ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Во своето обраќање, тој истакна дека историските идеали се патоказ за градење современа и правна држава. „Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред визионерството, храброста и ...
По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на историското значење на Првото заседание на АСНОМ и темелите на современата македонска државност. -На 2 август 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, беа поставени темелите на современата македонска држава. Со донесените одлуки беше потврдена ...
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во Илинденското послание порача дека трите Илиндена претставуваат сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и симбол на стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Тој оцени дека слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачувува. Во пораката се наведува дека Илинден од 1903 година го означил востанието за слобода, АСНОМ од 1944 ...
Утрово најголемите задржувања на македонските гранични премини се бележат на Табановце, каде за влез во државата се чека повеќе од еден час. Сообраќајот на државните патишта, пак, се одвива непречено и по суви коловози, иако интензитетот на возила надвор од градските средини е зголемен, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, на граничниот премин Богородица за излез од државата задржувањето изнесува околу 15 минути. На ...
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод 2 Август – Илинден порача дека празникот претставува еден од најсилните симболи на македонската борба за слобода, државност и достоинствен живот. Во партиското соопштение се наведува дека Илинден ги поврзува идеалите на илинденците од 1903 година со делото на генерацијата која преку АСНОМ ги поставила темелите на современата македонска држава. „Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека САД засега ги одложуваат планираните нови воени напади врз Иран, наведувајќи дека постои напредок во обидите за постигнување дипломатски договор. Според него, прекинот на воените активности ќе зависи од тоа дали договорот ќе биде постигнат во краток рок. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп посочи дека американските сили биле подготвени да извршат напади „со полна сила“, но дека Иран и ...
Македонија денеска го одбележува Илинден – Денот на Републиката, во чест на двата најзначајни настани во македонската државност – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. Централните прослави ќе се одржат во Крушево, Пелинце и Скопје, каде што највисоките државни претставници ќе им оддадат почит на илинденците и на основоположниците на современата македонска држава. Главната ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најсветиот ден во македонската историја и симбол на борбата за слобода, државност и републиканските вредности. Таа порача дека современите генерации имаат обврска да го продолжат илинденскиот завет преку изградба на правна, демократска и европска држава. „Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е ...
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се ...
Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, упати честитка по повод 2 Август – Илинден, најавувајќи дека делегации од Британската амбасада и Британската армија ќе учествуваат на државните чествувања во Скопје и Пелинце. Во објава на социјалните мрежи, Лосон истакна дека присуството на британските претставници е по покана на Владата и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. „Честит Илинден – Денот на Републиката! По повод националниот ...
Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, на Инстаграм објави видео со панорамски поглед на Скопје и порача: „Скопје, Македонија, е убав град“. Од Владата потврдија дека Гренел на 29 јули престојувал во приватна посета на Скопје, при што остварил приватна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. „Амбасадорот Гренел ...
Утре, 2 август, Македонија ќе го одбележи Илинден – Денот на Републиката, еден од најзначајните државни празници, со кој се чествуваат два клучни историски настани: Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ) во 1944 година. Илинденското востание, кое започна на 2 август 1903 година, останува симбол на борбата за слобода и самостојност, а Крушевската ...
Од граѓани на 50 земји при аплицирање за американска туристичка или деловна виза ќе може да се бара финансиска гаранција до 20.000 долари. Новото правило се однесува на визите Б1 и Б2, а стапува во сила на 3 август. Конзуларните службеници ќе одлучуваат дали кандидатот треба да уплати депозит како услов за добивање виза. Според американските власти, мерката треба да го намали бројот на странци кои остануваат во земјата и по истекот на ...
Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за ...
Шпанските власти денеска почнаа да монтираат 500-метарска пливачка препрека на морската граница меѓу Сеута и Мароко, откако при масовното преминување на мигранти во изминатите денови загинаа најмалку 67 лица. Во меѓувреме, Шпанија соопшти дека во текот на изминатата ноќ не биле регистрирани нови случаи на илегално влегување во ексклавата. Според податоците на шпанските власти, од четвртокот досега околу 50.000 луѓе влегле во Сеута по копнен ...
Видео на кое се гледаат млади лица качени врз автомобил, додека во позадина се слуша гласна музика, а едно лице пука во воздух со огнено оружје, се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции кај граѓаните. Дел од јавноста побара надлежните институции да го истражат случајот, предупредувајќи дека ваквото однесување претставува сериозна опасност доколку навистина се случило во урбана средина. Снимката првично ја објави активистот ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилизирана и останува под постојан надзор, соопшти Министерството за здравство. На 31 јули биле евидентирани 60 први прегледи, значително помалку од 18 јули, кога во еден ден биле регистрирани 649 прегледи. Иако има мали дневни разлики, податоците покажуваат постојан пад на бројот на заболени. Во периодот од 14 до 31 јули биле извршени вкупно 4.543 први прегледи. До здравствените служби досега ...
Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од ...
Шест лица се приведени, а уште едно е повикано на службен разговор по полициската акција во гостиварското село Добридол, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое млади лица пукаат со оружје за време на семејна веселба. При претресите на повеќе локации биле пронајдени и одземени пиштоли, ловна пушка, муниција и испукани чаури, соопшти МВР. Во 18 часот полицијата извршила претрес кај И.С. (21) од Добридол, а пет минути подоцна и кај ...
И покрај повеќенеделните напори, епидемијата на ебола во Централна Африка не само што не е под контрола, туку и се влошува во Демократска Република Конго, при што се зголемува ризикот од нејзино ширење во соседните земји, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Оваа епидемија е најголемата со која земјата се соочила досега, наведува здравствената агенција на ОН. „Потребно е значително да се зголемат активностите за одговор ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови воени напади врз Иран и порача дека американската операција ќе продолжи сè додека Техеран не прифати, како што рече, сериозни преговори. Во исто време, Си-Би-Ес њуз, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека САД и Израел разгледуваат силни напади врз иранската енергетска инфраструктура, кои би можеле да почнат уште викендов. За време на состанок со членовите на неговата ...
Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Свеченоста е закажана за 9 часот, а во рамките на програмата Мицкоски ќе се обрати пред присутните. Во Пелинце традиционално се одбележува Илинден, еден од најзначајните државни празници, со кој се оддава почит на борбата за слобода и државност на Македонија. Поради присуството на ...
Педесетгодишен жител на село во близина на Македонски Брод добил 30-дневен притвор поради сомнение дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз 20-годишна девојка со здравствени проблеми од истото село. Осомничениот М.В. бил лишен од слобода на 31 јули од полициски службеници на ОВР Македонски Брод. Надлежните институции ја продолжуваат постапката за целосно расчистување на случајот. Педесетгодишен жител на село во близина на ...
Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево упати апел до дебарчани да ја користат водата одговорно и исклучиво за неопходни потреби. – Свесни сме дека во изминатите денови и недели голем број жители во неколку населби од градот се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме ...
Процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е при крај, а премиерот Христијан Мицкоски очекува граѓаните многу скоро да добијат вода безбедна за пиење и готвење. Во моментов се врши хиперхлорирање од експерти на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, додека секојдневно се земаат мостри и се прават анализи. – Веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во Гостивар граѓаните ќе можат да ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека натамошното опаѓање на водостојот на Дунав може да предизвика сериозни проблеми во Србија, особено во Војводина и Банат, каде што недостигот од врнежи веќе остава последици. Тој најави и „десет дена пекол“ со температури над 38 степени и зголемена потрошувачка на електрична енергија. „Ако падне за уште 30 сантиметри, готово е. Во земјите што имаат нуклеарни централи што зависат од нивото ...