За еден месец од формирањето на Работниот тим за сузбивање на недозволената трговија со дрога, полицијата запленила 43,3 килограми марихуана, 693,37 грама кокаин, 691,34 грама амфетамин и други наркотични средства, а привела или лишила од слобода 241 лице. Во акциите бил пресечен и меѓународен транспорт на околу 25 килограми марихуана на граничниот премин „Деве Баир“. Во истиот период биле запленети и 141,42 грама хашиш, 50 грама ...

Нивото на водата во реката Дунав, кое на одделни места е на рекордно ниско ниво, им создава проблеми на производителите на електрична енергија во Австрија, Романија и Унгарија. Поради недостиг на вода, хидроелектраните и нуклеарните централи денеска мораа да го намалат производството или дури привремено да прекинат со работа. Засегнати се исто така туризмот и рибарството. Локалната управа за водостопанство соопшти дека нивото на водата на ...

Српската компанија на Борче Марковски, поради чие работење одбраната барала да му биде вратен пасошот, и натаму работи профитабилно, иако во последните три години бележи пад на приходите. Истовремено, друга фирма што Марковски ја основал во Србија преку македонската „Марковски компани“ уште во првата година остварила добивка од 6,7 милиони српски динари. По добиено позитивно мислење од Јавното обвинителство, Основниот суд во Струга одлучил ...

Гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана, предупреди државниот ревизор Максим Ацевски во интервју за ТВ 24. Според Ацевски, долгогодишното несоодветно управување со претпријатието укажува на сериозни слабости во неговото финансиско и оперативно работење. Тој алармира дека проблемите не се нови, туку траат речиси две децении, без да бидат ...

Првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, се одржа денеска во Софија. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. ...

Шумските пожари и натаму беснеат во повеќе делови на Турција, а најтешка е состојбата во округот Мугла, каде што поради силниот ветер беа евакуирани државна болница и жители на стотици куќи. Високите температури и неповолните временски услови продолжуваат да ја отежнуваат работата на противпожарните екипи, јави Анадолија. Најкритично е во округот Мугла, на егејскиот брег, каде што пожарот што избувна вчера брзо се проширил под влијание на ...

Кина ги отфрли тврдењата дека во наредните недели планира да му испорача на Иран прва пратка од 400 преносни противвоздушни ракетни фрлачи од кинеско производство. Од Пекинг порачаа дека ваквите медиумски извештаи се неточни и дека не се засновани на факти. Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на редовниот брифинг во Пекинг изјави дека Кина повеќепати јасно го соопштила својот став по ова прашање. „Овие ...

Шехај се најде во центарот на голем скандал откако беше обвинет дека го украл нацрт-договорот за заем од 302 милиони долари од САД од канцеларија во Парламентот и избегал трчајќи. Снимката од безбедносните камери покажува како Шехај бега, додека вработената, од која насилно го земал документот, брзајќи по него паѓа по скали. Првиот човек на Специјалното обвинителство на Албанија против организран кримнал и корупција (СПАК), Клодијан Брахо ...

Двајца пациенти со западнонилска треска, на возраст од 76 и 66 години, се во критична состојба и се на механичка вентилација на Одделот за интензивно лекување на Клиниката за инфективни болести. На Клиниката се хоспитализирани вкупно седум пациенти со потврдена инфекција, а за уште тројца, примени со акутно воспаление на мозокот и мозочните обвивки, во текот на денот се очекуваат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје. ...

Меколи Калкин, детето-ѕвезда на првите два филма од серијалот „Сам дома“, наводно, разговарал со „Дизни“ за можно враќање во приказната. Според наводите што новинарот Мет Белони ги објави во својот подкаст, продукциската куќа е заинтересирана за американскиот глумец како Кевин Мекалистер кој сега е родител. Според замислата претходно претставена од самиот Калкин, навестеното продолжение би го следело возрасниот Кевин кој се соочува со ...

Околу 9.800 луѓе починале во Германија од почетокот на 2026 година поради топлотни бранови, според податоците од германскиот институт Роберт Кох (RKI), објавени во неговиот неделник, цитирани од Ројтерс. Податоците доаѓаат откако метеоролозите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 степени Целзиусови во неколку региони на земјата во наредните денови. Според институтот, најголем дел од жртвите се кај луѓето на возраст од 75 ...

Базниот тунел Бренер (BBT) помеѓу Австрија и Италија е пробиен. Со должина од 55 километри, тој е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа. Неговото отворање, закажано за 2032-2034 година, значително ќе го растерети автопатот Бренер, еден од најпрометните патишта во Европа. ⚒️ With over 220 tunnel kilometres excavated, the completion of the EU co-funded Brenner Base Tunnel is one step closer! 🇦🇹🇮🇹 Miners have now connected ...

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов и претставници на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новата Клиничка болница во Штип. Проектот е проценет на околу 109 милиони евра (6,7 милијарди денари) и предвидува завршување на главниот болнички објект, набавка на современа медицинска опрема и ...

Уставниот суд соопштува дека судијката Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Судот. – Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба – стои во соопштението од Уставен суд. Оттаму дополнуваат дека на ...

Леброн Џејмс сè уште не одиграл ниту една секунда во дресот на Филаделфија, а успеа да сруши еден рекорд, што најдобро покажува колку внимание предизвика неговото доаѓање. Новиот дрес со број 23 на Леброн стана најпродаваниот дрес од кој било спортист во Америка во првите 48 часа од неговото објавување, покажуваат податоците од компанијата „Фанатикс“. Тој го надмина претходниот рекорд на јапонската бејзбол ѕвезда Шохеи Охтани, поставен ...

Стотици туристи се евакуирани додека пожарникарите се борат со големи шумски и пожари на отворен простор во Лондон и во англиската грофовија Сафок. Речиси половина од Англија е погодена од пожари, а властите предупредуваат и на исклучително сериозна суша што дополнително ја влошува состојбата. Пожарот во областа Данвич Хит избувнал вчера околу 17:30 часот и брзо се шири кон нуклеарната електрана „Сајзвел Б“, која се наоѓа на околу четири ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(25) и Р.Ј.(27) од Кочани и Н.А.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.05.2026 на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, при што третопријавената голтнала поголема количина хероин, а при испитување на ...

Физичка пресметка поради недоразбирање за паркинг место била пријавена на подрачјето на скопската населба Карпош. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, утрово околу 09:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека, по претходно недоразбирање околу паркирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М. (44) од една страна и А.Н. (23) и Т.Н. (55), сите од Скопје, од друга страна. Од МВР информираат дека по ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата на пратенички прашања, одговарајќи на прашање на пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, се осврна и на економските показатели во државата, нагласувајќи дека економски споредбени параметри покажале дека растот на БДП и растот на пензиите е за три пати поголем сега отколку за време на владата на СДСМ и ДУИ. Тој рече дека побрзо растат и платите, цените на горивата се најевтини во регионот ...

Американскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал беа принудени да го напуштат својот дом во југоисточна Франција, откако разорни шумски пожари го зафатија подрачјето каде што живеат со своите деветгодишни близнаци, Ела и Александар. Во писмо до градоначалникот на Брињол, Дидие Бремон, брачниот пар изрази страв дека не знае дали нивниот дом ќе ја преживее катастрофата. Тие порачаа дека, без оглед на исходот, ќе останат дел од локалната ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде што се запознал со секојдневната работа на службениците, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат во справувањето со семејното насилство. Тошковски објави дека статистиката за последните пет години покажува промени во бројот на пријавени случаи. Во 2022 година биле евидентирани 326 пријавени ...

Двајца од најголемите и највлијателни артисти во историјата на електронската музика, Paul van Dyk и Paul Oakenfold, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје! Од Градскиот парк во Струмица беше најавен уште еден грандиозен настан којшто ќе биде во склоп на одбележувањето на 35 ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања нагласи дека сите лаги на Владата на ВМРО за наводниот економски напредок пропаднаа. Филипче посочи дека граѓаните живеат сè потешко, а Македонија е на дното во Европа по животен стандард. „Паѓаат во вода приказните за стандардот. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на ...

Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година. За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната нето исплата по корисник ...

Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, беше уапсен синоќа по наредба на УСКОК, потврди објави порталот „Индекс“. Апсењето е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Коноба пршут“, која се однесува на угостителски објект во сопственост на Керум во Каштел. „Слободна Далмација“ објави дека Керум бил во Вела Лука на Корчула во времето на апсењето, каде што се одржувал настан посветен на Оливер Драгоевиќ. Во случајот се вклучени ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информираше дека утрово, во раните утрински часови, била спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Тој посочи дека активностите ќе продолжат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје. Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца сопственици и управители на фирма и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување, со кое, според наводите, буџетот е оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари. Според соопштението од Финансиската полиција, првопријавениот Н.О., државјанин на Република Турција и реален сопственик и управител на пријавеното правно ...

За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија“, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан ...

Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелацискиот суд Скопје откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судијка на Уставниот суд. За в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34