Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Астронаутите од мисијата „Артемис II“ се соочуваат со необични услови во вселената – делат еден тоалет, спијат во бестежинска состојба и се справуваат со технички проблеми, но велат дека мисијата засега тече успешно. Веднаш по влегувањето во орбитата, екипажот пријавил дефект на тоалетот, откако се појавило трепкачко светло што укажувало на проблем со контролорот. Поправката траела со часови. „Најважниот дел од опремата досега? Отпушувач на ...
Во денешните ирански напади врз Обединети Арапски Емирати, Јордан и Кувајт повредени се вкупно 14 луѓе. Во Абу Даи повредени се 12 лица во подрачјето на Аџбана. Повредените се државјани на Непал и на Индија. Во ОАЕ не работи гасоводот Хабшан откако врз него паднале остатоци од иранските проектили. Армијата на ОАЕ соопшти дека денеска пресретнала вкупно 18 балистички ракети, четири крстосувачки ракети и 47 дронови. Во Јордан повредени се две ...
Израелската армија соопшти дека ја напаѓа „терористичката инфраструктура“ во Бејрут. Локалните медиуми објавија дека цел на напади се јужните предградија на Бејрут. Во меѓувреме, од јужен Либан истрелани се седум ракети кон северниот дел на Израел. Израелската Команда за цивилна заштита соопшти дека се огласиле сирените за тревога во Нахирија и делови од западна Галилеја. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална ...
Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки. Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи ...
Електронските изводи од матичните книги се меѓу најкористените услуги на порталот uslugi.gov.mk, информира министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, нагласувајќи дека целиот процес – од аплицирање до добивање на документот – е целосно дигитализиран. „Документот го добивате и во своето електронско поштенско сандаче, нешто што го промовиравме во декември минатата година. Го добивате и на својата мејл-адреса, па потоа може да го ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право. За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на ...
Анета Антова-Пешева, јавна личност и влијателна бизнис лидерка, јавно ја отвори темата за оставката на Ленче Ристоска, но наместо формална реакција, испрати директна и остра порака за целиот проект на поранешното Специјално јавно обвинителство. Во својот коментар таа не жали за оставката, туку потсетува дека вистинската одговорност требало да дојде многу порано – уште во времето на Катица Јанева. Прашањето што го поставува е суштинско: ...
Изградбата на автопатот Прилеп–Битола е сериозно загрозена поради двегодишна блокада на пристапот до државен каменолом кај селото Ореовец, при што проценките укажуваат дека штетите може да достигнат и над 150 милиони евра. Проблемот го предизвикуваат група сопственици на луксузни имоти, кои не дозволуваат пристап до позајмиште од кое треба да се обезбеди градежен материјал за Коридорот 10-Д. Снимки од дрон покажуваат дека станува збор за ...
Политичката партија СДСМ, по бројните препукувања со неколку медиуми, тргна и во војна со редакцијата на Инфомакс и нивниот главен уредник Александар Митовски, во јавноста познат по надимакот Мечка. Во партиското соопштение кое до јавноста стигна попладнево, СДСМ жестоко реагираат на критиките кои ги добиле од медиумот кој важи за ревносен критичар на владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски. Соопштението на СДСМ ви го пренедуваме во ...
Трамп ја истакна потенцијалната економска придобивка од отворањето на критичниот морски премин Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле брзо да го овозможат премин низ Ормутскиот теснец, морски пат кој игра клучна улога во глобалниот транспорт на нафта и течен природен гас. Трамп оцени дека отворањето на теснецот би можело да донесе значителни економски придобивки за Соединетите држави и за светската економија. „Со ...
Во изјава за МИА, Цветановски вели дека засега нема добиено официјално решение за укинување на првостепената дисциплинска одлука и оти очекува прво да се запознае со утврдените пропусти, пред да даде поконкретен став. -Сѐ уште немам добиено решение во однос на укинувањето на првостепената дисциплинска одлука. Имам решение само за укинување на суспензијата. Треба формално да ми биде доставено решението, да видам кои се пропустите што се ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. За прв пат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи ...
Оставката според неа не е принципиелен чин Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу ја коментираше оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за потег кој не произлегува од принципи, туку од избегнување одговорност. „По мојот настап – наместо одговори, добиваме оставка, а можеби и оставки, ќе видиме. Не како одговорност, туку како бегство од одговорност. Кога аргументите недостасуваат – тајмингот станува ...
Подготовки и ограничувања во сообраќајот Унгарските власти започнаа интензивни подготовки за посетата на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, која ќе се одржи следната недела по Велигден. Полицијата во Будимпешта објави дека за вторник и среда се планирани затворања на повеќе улици во центарот на престолнината, со цел обезбедување на безбедноста на високите гости и нивните придружби. Средби и цели на посетата Според соопштението на Белата ...
Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија поради утврдени пропусти во постапувањето на дисциплинска комисија. Истовремено, Советот одлучи дисциплинскиот предмет против него да се врати на повторно разгледување. Во изјава за МИА, Цветановски вели дека засега нема добиено официјално решение за ...
Нов систем за мониторинг на 60 локации Управата на Националниот парк „Маврово“ започна со воведување на видеонадзор за зголемување на безбедноста на дивиот свет и посетителите, како и за поддршка на заштитата на природата. Во соопштението до јавноста, одделението за заштита и мониторинг на паркот наведува дека новиот систем е поставен на 60 локации низ целата територија. Поставувањето на опремата е во согласност со законските надлежности и ...
Општина Кавадарци ќе гради нов кружен тек во централното подрачје на градот, во близина на комплексот Литл Америка и маркетот Лидл, соопшти денеска градоначалникот Митко Јанчев. Проектот е дел од стратегијата за модернизирање на урбаната инфраструктура и олеснување на сообраќајот во градот. – Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерната и ...
Според Дескоски, новиот обвинител треба да се фокусира на три краткорочни приоритети. Како најважен го посочува случајот со трагедијата во Кочани, за кој вели дека претставува „национална траума“ и бара правда. Тој изразува сомнеж во квалитетот на актуелното обвинение, посочувајќи на проблеми со причинско-последичната врска кај дел од обвинетите, како и на можноста да недостасуваат лица кои би можеле да сносат одговорност. Вториот приоритет ...
Партнерство за иновации, претприемништво и технолошки развој Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше дел од настанот каде што беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и државните универзитети. Меморандумот има за цел да ја зајакне врската помеѓу образованието, науката и економијата, како и да овозможи развој на иновациите, технологијата и претприемништвото. ...
Истражна постапка по акција на австралиската полиција Основното јавно обвинителство Битола започна истражна постапка против 31-годишно лице за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија, член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот, кој бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 до 1 април 2026 на своите домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со ...
Амнестијата опфаќа лица со добро однесување и здравствени проблеми Кубанската влада вчера соопшти дека ќе ослободи 2.010 затвореници, што е втор пат оваа година да најавува масовна амнестија, јавуваат државните медиуми. Државниот весник Гранма ја опиша одлуката како „хуманитарен и суверен гест“ и наведе дека ослободувањето се базира на внимателна анализа на сторените злосторства, добро однесување во затворот, отслужен дел од казната и ...
Мерака за младите граѓани во Општина Аеродром Гоце од Долно Лисиче денеска стана првиот граѓанин кој од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии. Овој чекор не е само административен, туку симболизира нов почеток и поддршка за младите кои се решиле да ја изградат својата прва куќа. Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, со што испрати ...
Во март значително намален бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд за евидентираните сообраќајни прекршоци со системот „Безбеден град“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Од Кривичен, воедно, информираат дека веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговор. Во март 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје се ...
Одлука донесена поради засилени тензии и можни нарушувања на јавниот ред Француските власти донесоа одлука да го забранат одржувањето на годишниот собир на муслиманите, кој требаше да се одржува од денеска до 6 април во Париз. Причината е зголемен безбедносен ризик и можни нарушувања на јавниот ред, соопшти шефот на париската полиција Патрис Фор. Четириесеттиот собир на муслиманите на Франција требаше да се одржи во изложбениот центар „Париз ...
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици Во недела, на 5 април 2026 година, во Скопје ќе се одржи улична трка во организација на Сојузот на спортови на градот. Настанот ќе започне во 10:00 часот и ќе се движи по траса од булевар „Илинден“ пред фонтаната Лотус (старт и цел), право по булеварот „Илинден“ до крстосницата со булевар „8-ми Септември“, каде учесниците ќе се вратат полукружно назад до целта. Единицата за безбедност на ...
Автентични аудиоснимки откриваат финансиски врски на Заев СДС и Заев се соочуваат со нови контроверзии поради аудиоснимки на кои контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака тврди дека му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште на поранешниот премиер. Следи целото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Поврзаноста на владата на СДС под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат дел од корисниците во неколку скопски општини. Според соопштението од РЦУК Скопје, од 08:00 до 10:00 часот струја нема да имаат корисниците на ул. Борис Трајковски Бр. 1 (Пегла), Влез 1, како и мал дел од становите во истиот влез во општина Кисела Вода. Во општина Сопиште, прекинот ќе трае од 08:30 до 16:00 часот и ќе ги опфати улиците 1, 10, 11 и 12. Во општина ...
Гласање за безбедност на поморскиот премин Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе гласа за предлог-резолуција поврзана со обезбедување на премин низ Ормускиот теснец. Предлогот, поднесен од Бахреин, предвидува употреба на одбранбени, но не и офанзивни мерки за заштита на бродовите. Околу една петтина од светската нафта поминува низ овој воден пат. Затоа, неговата безбедност има значително влијание врз глобалните енергетски ...
Ескалација на заканите кон иранската инфраструктура Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати закани за засилување на нападите врз инфраструктурата на Иран. Тој преку платформата Truth Social порача дека американската војска „дури и не почнала да го уништува она што останало во Иран“. „Следно мостови, па електрични централи!“ напиша Трамп доцна синоќа. „Новото раководство на режимот знае што треба да се направи, и мора да се ...
Клучен моторен потисок ја отвори лунарната траекторија Мисијата Artemis II успешно го изведе значајниот моторен потисок што ја насочи вселенската капсула Orion кон далечната страна на Месечината. Леталото ја напушти орбитата на Земјата и продолжи по лунарната траекторија, означувајќи нова фаза во патувањето. Астронаутите опишаа дел од искуството како „спектакуларно“, забележувајќи го погледот кон Земјата. Командантот Рид Вајсман рече дека ...